1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лектири за основно

Дискусија во 'Образование' започната од Name, 12 октомври 2010.

  1. _ааннаа

    _ааннаа Нов член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2016
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Плизз калеш анѓа
    Ја има ли некој?
     
  2. Ayushka

    Ayushka Активен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2016
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Ми треба прераскажана Шагринска Кожа...
     
  3. bibuska

    bibuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    DOBRO UTRO DALI JA IMA NEKOJ RASKAZANO EDNOROGIOT ELEN MI TREBA HITNO ;0
     
  4. bibuska

    bibuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Dobro utro mi treba hitno raskazana Ednorogiot elen
     
  5. queen_k_16

    queen_k_16 Нов член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2016
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    4
    Zdravo, jas sum nova. Dali ke moze da mi pomognete so fizickiot, psihickiot opis I izdrzlivosta na kuceto Bak od lektirata "Povikot na divinata". Ve molam za pismena mi e.
     
    На Fabulous girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Fabulous girl

    Fabulous girl Нов член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2016
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Можеби е малце доцна и никој нема да ми врати на време, но ми утре правам писмена и немам инспирација за ништо. Можните теми ми се:
    1.Колку сакам значи постојам
    -колку ни значи зборот сакам
    2.Крсте Петков Мисирков
    -неговото значење за нас како негови наследници
    3.Кучето Бак (ПОВИК НА ДИВИНАТА)
    -негова издржливост, прилагодување
    -наше размислување за него
     
    На queen_k_16 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Fabulous girl

    Fabulous girl Нов член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2016
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    оууу катааа :D:D:D
     
  8. queen_k_16

    queen_k_16 Нов член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2016
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    4
    јанаа изненадуваш:D:)
     
    На Fabulous girl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Fabulous girl

    Fabulous girl Нов член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2016
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Белешка за писателот- Џек Лондон е роден во 1876 година во Сан Франциско. Во младоста работел различни работи, дури бил и трагач по злато. Известувал како воен дописник во Руско-јапонската војна. По уверување социјалист, бил чест говорник на разни социјалистички собири. Поет на природата и бунтот, ги слави силните и бунтовни личности кои не се мират со околностите во кои што живеат, туку ги совладуваат препреките со борба. Познати дела му се: „Морски волк“, полуавтобиографскиот роман „Мартин Идн“, „Повик на дивината“, „Белиот очник“, „Месечева долина“, „Луѓе од дното“, „Железната пета“(визија на фашистичката опасност во Америка), и дуги. Во романот „Повикот на дивината“ ги претопил своите доживувања од Аљаска во приказна во која луѓето и кучињата се борат за опстанок во потрага по племенитиот метал. Умрел 1916 година во Глен Елен.

    Тема- Животот на кучињата во запрегата, во Аљаска.

    Време и место- 1897-1898 година, Санта Клар, Аљаска.

    Поука- Во животот треба да се биде истраен и храбар. Треба да се пружи помош на сите, а особено на блиските.

    Главни ликови- кучето Бак, Џон Тортон и други.

    Кучето Бак- Бил големо и силно куче. Имал богато и густо крзно, бела муцка, широки гради и продорни очи. Бил величествено и храбро куче. Го спасил животот на својот господар. Поднесувал големо студенило и влечел големи запреги. На Аљаска го почувствувал повикот, кој го влечел во дивината меѓу неговите претци.

    Џон Тортон- Бил копач на злато. Го спасил Бак и го засакал. Му помагал и го негувал додека бил болен. Бил висок, со смеѓа коса. Благодарение на Бак и опкладата заработил пари со кои купил опрема за копање на злато. Го пронашол, но настрадал несреќно со своите пријатели.

    Кратка сорджина- Во големата куќа во долината Санта Клар живеело кучето Бак. Тоа било величенствено животно. Бак живеел со лагоден живот. Со измама на еден слуга, Бак бил продаден на некој непознат човек. Непознатиот го качил Бак во воз и го однел далеку од неговиот дом. Бак повторно го продале. Неговиот нов сопственик бил владин службеник кој што превезувал пошта меѓу оддалечените места во Аљаска. Таму Бак за прв пат почувствувал снег и многу ниски температури. Влечел санки со останатите кучиња, превезувајќи пошта. Со оглед на тоа што бил храбар, успеал да се избори на чело на запрегата. Повторно ги сменил господарите. Новите господари не биле запознаени со терање на запреги со санки. Ги измачувале кучињата. Запрегата застанала покрај Џоновата куќа. Бак бил изнемоштен. Запрегата тргнала понатаму, но пропаднале во езерото. Бак останал да живее со Џон. Тој го чувал и негувал, а Бак му ја возвраќал љубовта. Еднаш му го спасил и животот. Благодарение на Бак, Џон заработил илјада долари на облог. Џон и неговите пријатели со тие пари купиле алат за копање злато. Тргнале во дивината во потрага по злато. Пронашле злато, а кучињата за тоа време се одмарале. На тоа место бак го почувствувал повикот на дивината. Нешто го влечело се подлабоко и подлабоко во шумата. Тоа чувство го оддалечувало од неговиот најдраг господар Џон. Отишол во шумата и таму запознал помлад волк. Во него се разбудил нагонот за лов, па така уловил ирвас. Додека бил во шумата, логорот го нападнале индијанци и го убиле Џон. Кога се вратил Бак и видел што се случило, ги нападнал индијанците, а овие се разбегале од страв. Бак бил тажен и осамен. На езерото стигнал чопор волци и по куса борба Бак им се придружил. Се вратил на природата и бил потполно слободен. Но сепак, се раскажувала легенда во која ловците повремено можеле да видат голем пес-волк као седи до колибата на езерото и тагува по својот господар, а потоа се враќа во шумата.




    Ова го најдов тука низ фемина, ако ти помогне
     
    На queen_k_16 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. queen_k_16

    queen_k_16 Нов член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2016
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    4
    Да живееш... Да копнееш... Да се будиш секое утро со помислата дека си некому потребен...
    Најубавото чувство. Тоа што нè исполнува. Ни го прави животот посебен и единствен. Единствен, на начин на кој некогаш бил само дел од нашите сонови. Што е тоа? Кое е тоа чувство кое може да ги помине сите препреки само за да спои две срца? Да, тоа е љубовта!

    Љубов – толку мало зборче, а сепак исполнето со многу емоции, чувства... Исполнето со огромна светлина и радост, но понекогаш и тага. Љубовта постоела отсекогаш и претставувала чувство без кое ако размислам, човечкиот род не би можел да опстане. Без разлика на времето, местото и положбата во која се наоѓале, луѓето секогаш биле способни да дадат љубов, па дури и да го дадат својот живот за оние кои ги сакале.

    Што е тоа љубов? Понекогаш ќе се прашаме. Всушност мислам дека тоа е најчесто поставувано прашање. За некого љубовта претставува само болка и страдање, додека за некого претставува најубавото и најпрекрасното нешто на светот, единствена причина за живеење. За мене љубовта е еден вид пријателство, да бидеш со тој што го сакаш во добро и во зло, да растете заедно, да плачете, да се смеете... Да ги поминувате заедно најубавите моменти. Да си верувате еден на друг, но пред се да верувате во вашата љубов. Едноставно, тогаш целиот свет е само ваш, а на него постоите само вие двајца и нормално вашата љубов.

    Се уште не можам да зборувам за љубовта и нејзината убавина, но сепак мислам дека таа е дел од секого и дека декој има право да ја почувствува. Пролетта е време за вљубување. Па затоа се вели дека на вљубените целиот живот им е пролет. Љубовта е најубавото нешто на светот. Кога сум вљубен чувствувам дека целиот свет е мој, а светот е обоен со розова боја, прекрасна волшебна боја...

    Љубовта знам колку е слатка, но знам и колку боли. Не се откажав од љубовта, бидејќи таа доаѓа кон оние кои веруваат во неа. И секој пат кога ќе ги осетам оние пеперутки во стомакот, ја осеќам љубовта на своја кожа, сите убави мигови, се осеќам најубаво. Па дури и кога нема љубов во мојот живот, остануваат спомените од нешто поминато, спомени кои ми го одржуваат животот. Љубовта е најсилната сила. Сила која го врти светот. Во школо не учат за гравитациона, електростатичка и други сили кои не опкружуваат, но дали се тие и најважни? Тие се сили кои ги проучуваат некои научници, кои го трошат својот живот затворени во својата работна соба, проучувајќи ги законите и она што не опкружува. Но ниту еден човек, ниту еден научник или слично не може, не е способен да ги открие сите закони на љубовта. На таа сила која според мене има најголема моќ.

    Но љубовта е секогаш непредвидлива. Иако ни ја носи најголемата среќа во животот, знае да донесе и болка, тага и мнгоу солзи. Но сепак тој баланс помеѓу среќата и тагата е неопходен во нашите животи и сето тоа се надминува. Најбитна е убавината на љубовта, за која доколку е вистинска вреди да се ризикува животот. Дали само еден цвет ја прави ливадата шарена? Дали само една ѕвезда го прави небото чудесно? Само еден лебед ли ги прави водите на езерото романтични? Започнав со мелодијата на пријателството, а завршувам со песната на љубовта. Љубовта е како музичка кутија која е затворена со катанче, а клучот на тоа катанче го има тој што го сакаме. А душата, таа претставува огледало, при секој поглед во него се гледа нашата љубов.

    Ако си го отвориме срцето, љубовта ќе ни ја отвори душата. Кога музиката од музичката кутија допира до мојата душа, започнува љубовта. А, кога ќе запре музиката се крши огледалото и се губи клучот – тука лежат одговорите на сите прашања. Неверствата и лагите ја трујат љубовта. Помалите лаги и неверства бавно ја уништуваат љубовта. Големите лаги и неверства ја уништуваат побрзо. Љубовта не значи само болка и повредување. Љубов значи: Љубовта да ја подариш на оној што мислиш дека му е потребна и искрено и безусловно да го сакаш. Љубовта е најубавото нешто на светот, но само ако е возвратена!

    Секогаш носи љубов во твоето срце, затоа што само така ќе бидеш среќен и ќе те сакаат. А тоа, да бидеш сакан е најубавото нешто што може да ти се случи.

    Деновите потрошени без љубов, се залудно потрошени денови...
     
    На Fabulous girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Fabulous girl

    Fabulous girl Нов член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2016
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски


    фала Катенцеее :l::l:
     
    На queen_k_16 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. queen_k_16

    queen_k_16 Нов член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2016
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    4
    ништо Јанчее:l::inlove::)
     
  13. queen_k_16

    queen_k_16 Нов член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2016
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    4
    ‘’Првите гласови што ги имаме чуено се гласовите на нашите татковци и мајки.... Преку нив ја добиваме нашата духовна храна.... Да се откаже човек од својот народен јазик значи да се откаже од народниот дух.’’

    Македонец! Човек кој во своето срце ја носел и успеал да ја пренесе македонштината! Делувањето на Крсте Петков Мисирков било насочено кон неутрализирање на Македонија и македонците во однос на Бугарија и Србија, да се оддалечи од двете држави и да говори свој, единствен јазик-македонски. Тој е првиот кој го оформил мислењето дека македонскиот јазик не е дел од останатите соседни јазици и тоа го потврдил со повеќе докази. Ги користел централните говори. Мисирков употребувал азбука, која што била база за денешната македонска кирилична азбука. Истовремено во својот пишан збор дава и предлози за македонското народноослободително движење. Тука тој ја разоткрил асимилаторската политика на соединетите земји насочени против македонскиот народ, македонскиот јазичен и етнички идентитет.

    ‘’За Македонските работи’’е дело преку кое Мисирков ја започнал борбата за наше подобро утро. Утро каде македонскиот јазик ќе се слуша насекаде, во слободна и единствена Македонија. Народ македонски вечен да си!
    еве ти нешто и за 2та тема:l::l::D
     
    На Fabulous girl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Znaenje

    Znaenje Нов член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2017
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    И мене исто ми треба.. Ако некој ја знае, Ве молам да ни напише
     
    На JessieT му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Znaenje

    Znaenje Нов член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2017
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Може ли и на мене да ми пратиш?
     
  16. Znaenje

    Znaenje Нов член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2017
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Доби ли одговор? Ако да, можеш ли и на мене да ми препратиш?
     
  17. ShApEoFyOu1127

    ShApEoFyOu1127 Нов член

    Се зачлени на:
    5 април 2017
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Ја има ли некој прераскажана Хаклбери Фин?Благодарам однапред!:P

    Не сеуште.Никој ми ја нема пратено
     
    Последна измена од модератор: 18 април 2017
  18. bat man

    bat man Активен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2017
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Дали некој ја има раскажана Хаклбери Фин, Марта, Бојан, Девојките на Марко или Калеш Анѓа?? Итно ми е за утре:worried::worried::$
     
    На Dekilini му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Лебедово езеро

    Лебедово езеро Нов член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2017
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Итно ми треба прераскажување на лектирата Калеш Анѓа од Стале Попов!
     
  20. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168
    Ова е еден од најубавите македонски романи и е жално да ја немаш прочитано, ко грев да правиш.

    Творештвото на Стале Попов е свртено кон сликање на обичаите и луѓето од мариовскиот крај и е еден од првите современи македонски романсиери, творец на битовиот роман и расказ во нашата литература. Во првите векови од Османлиското ропство, во Македонија единствено Мариовците биле слободни селани, заборавени од Турците заради непристапноста на крајот и заради некој ферман. Во 16-от век Турците решаваат да го покорат Мариово, и организираат грабеж на деца за јаничарската воска и тогаш била грабната и убавата Анѓа и однесена во Прилеп во сараите на кадијата. И покрај најпримамливите ветувања за раскошен живот во турските хареми, грабнатата девојка ја брани својата чест и своето име и одбива да се потурчи. Таа сака да ја сочува својата убавина за саканиот човек, но нешто поголемо од љубовта ја прави силна и смела во нејзиното откажување да се потурчи. Тоа е чувството на верска припадност. Напуштањето на верата за неа е напуштање на самата себе и на своите. Тоа и дава сила да издржи до крај. Започнува акција за ослободување на Анѓа од нејзиниот сакан Стојан и неговите другари, но и подготовки за вооружена одбрана на Мариово за да продолжат да живеат слободно. Мариовците се бранат од нападите во тврдината Пешта, но предавството си го прави своето и тие биваат покорени. По потресната средба на Анѓа со нејзинот брат близнак Ангеле, кого што турците го грабнале на пет годишна возраст, Мариово е повторно слободно со изготвување на нов ферман од везирот по молба од Арслан односно Ангеле. Повеста Калеш Анѓа ни ја прикажува црната судбина на македонците за време на Османлиското владеење, но и решеноста на Македонскиот народ да ја брани својата слобода и својата чест.

    Според народното мислење, Мариовците се досетливи луѓе, силни и инаетливи борци против неправдата. Зад ваквиот став стојат многу приказни низ историјата. Една од нив е токму и легендата за Калеш Анѓа, која е опеана и во роман на Стале Попов.
    [​IMG]
    Кога ќе се спомене името на Калеш Анѓа сите си споменуваат за девојката што стана синоним на македонската борба против потурчувањето.

    Црномурната Анѓа му запнала за око на кадијата, кој ја грабнал и ја однел во своите сараи во Прилеп. Никако не можел да ја потурчи, а ја ослободиле селаните, што било повод за Мариовската буна. Организирале одбрана во тврдината Пешта, а Турците оставиле два жедни коња да ријат по земјата за да им го најдат и секнат изворот со вода. Така ги натерале да излезат и да се борат. Анѓа ја однеле во Цариград, каде што се сретнала со нејзиниот брат Анѓеле, кој бил јаничар, и се препознале по бенката на ногата. Никогаш не се потурчила.
    [​IMG]


    Нејзината родна куќа во селото Старавина била типична мариовска куќа. Таа е ѕидана од камен, што е сосема разбирливо, не е малтерисана ни однадвор, ни однатре. Се состои од една просторија, без душеме, со две врати: една голема на средината од едниот ѕид и друга мала, колку за човек да помине, на средината од спротивниот ѕид.
    [​IMG]


    Од пред некое време куќата на Калеш Анѓа е целосно реставрирана и конзервирана. Целосно се реновирани ѕидовите, конструкцијата, покривот и скалите, а реконструкцијата е автентична со цел да се зачува духот на Мариово.
     
    На tina2018, Лебедово езеро и boo3 им се допаѓа ова.