1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лепињи

Дискусија во 'Рецепти' започната од gelkaa, 3 ноември 2013.

  1. gelkaa

    gelkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    1.490
    Ај ве молам доколку некоја има рецепт за лепињи нека го постира тука :*
     
  2. gelkaa

    gelkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    1.490
    ЛЕПИЊИ

    :)
     

    Прикачени фајлови:

  3. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Лепињи
    1 кгр. брашно
    2 врекички истант квасец или 40 гр. свеж
    1 лажица шекер
    2 лажици сол
    150 мл. вода
    500 мл. млеко

    1. Квасецот, шеќерот и водата растворете ги, додајте малку брашно и оствете да стаса.
    2. Брашното пресејте го, додајте ја солата, стасаниот квасец и млекото. Замесете не многу тврдо тесто. Оставете на околу 1 саат време да стаса.
    3. Префрлете го тестото на работна површина, размесете и поделете и направете 8 топки. Покријте ги и оставете ги на 10 минути да се одмори тестото.
    4. Со дланката секоја топка налегнете ја во дебелина од околу 1 прст оформувајки лепиња (не со сукало), пренесете ги на плех постелен со пек папир. Со тапата страна од ножот направете линии врз тестото во хоризонтална и вертикална страна, покријте ги со влажна крпа - а преку неа ставете сува. Нека стојат околу 1/2 час.
    5. Ставете ги да се печат во предходно загреана рерна на 250 степени.
    Забелешка
    Пред да ги печете можете да ставете одозгора и некој зачин. Јас ставам исклучиво Сусам .
    Подобро е да се печат за едно ниво погоре. Горниот грејач да е поблизу до тестото бидејки така добивате подобар резултат. Тие ке се надигнат многу повеќе и средината им е празна или како знам да кажам за нив - воздушни лепињи.Баш онакви како што ви ги даваат во сендвичари :!: :)
    [​IMG]
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.006
    Допаѓања:
    2.266
    Пол:
    Женски
    Еве еден рецепт го најдов на нет за индиските лепчиња - наан

    [​IMG]

    Потребни состојки:

    900 г брашно
    1 супена лажица шеќер
    1 супена лажица сол
    1 квасец
    300 мл млеко
    80 мл павлака
    2 супени лажици маслиново масло
    1 јајце, малку проматено
    Начин на подготовка:

    Во сад со средна големина, промешајте ги брашното, квасецот, солта и шеќерот и тргнете го садот настрана.

    Во друг сад помешајте ги млекото, павлаката, маслиновото масло и јајцето. Потоа во него префрлете го миксот со брашното и заедно измешајте ги убаво, додека не добиете тесто. Со миксер за тесто, промешајте го тестото барем уште три минути. Потоа извадете го тестото од садот и ставете го на површина покриена со брашно. Исчистете го садот убаво, намачкајте го со путер и вратете го тестото назад. Оставете го да стаса 30 минути.

    Рерната пуштете ја да се згрее на 250 степени.

    Откако тестото ќе стаса, поделете го на 12 еднакви парчиња и покријте ги со крпа или со целофанска фолија. Земете неколку, растегнете ги во еднаква должина и ширина и ставете ги во тавче намачкано со путер. Вака приготвените лепчиња во тавата, ставете ги да се попечат барем 10 минути, додека не се заруменат малку, но притоа проверувајте каква е состојбата бидејќи секоја рерна е различна.
     
    На crvenkapa :* му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Мојот рецепт за лепињи- се прави тесто исто како за леб (брашно, квасец, малку шекер и сол, малку масло, се замесува со топла вода).

    Тестото мора да биде премеко, скоро лепливо за раце. Се остава да покисни 20-30мин.

    Тепсијата ја ставаме наопаку во релната и ја оставаме да се загрее. На жешката тепсија ставаме 2-3 лепињи (колку собира) развлечени во круг. Се печат многу кратко време.

    [​IMG]