1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Летни пинџури

Дискусија во 'Рецепти' започната од 17mart, 13 јули 2012.

  1. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Aj ako saka neka kaze nekoj recept za nekoj vid letni pindzuri..:)
     
  2. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Letni pindzuri

    Еве ти наједноставен
    Печеш пиперки, ги лупиш, ги сецкаш на парчиња и ги пржиш на зејтин околу 10 мин.
    Потоа додаваш патлиџан, лупен и сецкан на поситни парченца (јас имам блендер па го блендирам да добијам нешто како салца).
    Го додаваш кај пиперот, ставаш сол по вкус и пржиш додека да подиспари течноста (уствари се пржи онолку колку што сакаш да биде течен пинџурот).
    Количината на пипер и патлиџан е по вкус, мене ми е повкусно со повеќе патлиџан.
     
    На Ne znam koj му/ѝ се допаѓа ова.
  3. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Letni pindzuri

    Не мора да го печеш прво, можеш директно така исецкан да го ставеш да се прже, за после патлиџаните да ги ставеш.
    Пред да го тргнеш стави му исецкан лук. Повкусно и полетно од ова нема.
     
  4. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Може и вака: печени пиперки, се лупат, се сечкаат и се толчат. И тука може лук да се стави. Потоа ставаш 1-2 патлиџани (зависи дали сакаш повеќе на пиперки да биде или на патлиџани) кои претходно се излупени и на коцки исечкани и нив ги толчиш со пиперките, посолуваш и тоа е тоа. Ова е повеќе како макало за со топол леб или како салата, додаток со јадење.

    А да, додаваш и зејтинче, како за салата. :D :D
     
  5. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.306
    Допаѓања:
    16.761
    Мене овој ми е најубав: Ги сечкаш пишеките и ги ставаш на се пржат, за тоа време ги лупеш патлиџаните (тие што се помеки обично ние ги ставаме) и кога ќе почне да поцрнува пипетор ги ставаме патлиџаните и се пржи таму незнам точно колку време, но кога ќе мислиш дека е готово го тргаш, посолуваш и со лепче да го макаш мх,мх.
     
  6. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398

    Можеш да додеш и лукце и бамја....премногу е вкусно!!! :rofl: :rofl:
     
  7. pikolino

    pikolino Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    55
    Се исецкуват неколку патлиџани и 5-6 главици кромид, прво се упржува кромидот да омекне, потоа се додава патлиџанот може и повеке патлиџан и малку вода се додава ,се осолува и се остава на тивко да се крчка ,кога половина од течноста ке испари се става една лажичка шекер, и една рака фиде се докрчкува додека фидето да омекне ,превкусно кога се мака со меко лепче прсти да изедеш

    Испечете во рерна зелени пиперќи и зелени патлиџани , се лупат и се толчат се осолуваат се додава сецкано лукче и се попарува со врел зејтин мераци со топло печено лепче и додаток сиренце

    Испржете една главица кромид и додате исецкана лобода се упржува убаво се осолува и се додава грав може варен па исцеден а може и од конзерва исцеден исплакнен од неговата течност се заедно се упржува уште малку и се трга превкусно
     
  8. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    60.970
    Најубавото летно јадење, дефинитивно!!!
    Јас правам пинџут по традиционален македонски рецепт - нема наведено количини, од се се става по желба на конзументите!!!
    Се печат пиперки (благи, лути - по желба) и модар патлиџан (1-2), се лупат. Во поголем сад се толчи лукче со една лажичка сол. Се додава излупениот модар патлиџан и убаво се толчи да се добие хомогена смеса. Се додаваат излупените и исецкани пиперки и малку се згмечуваат со толчникот. Се додава излупен и ситно исецкан домат (2-3). Се досолува по вкус и се посипува со добро загреан зејтин. Се промешува и се ужива во вкусот - најдобро со топло лепче и сирење!!!
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  9. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Јас го правам слично како Val-Dim. Пиперките и модрите домати ги мијам, бришам и редам во тава на хартија за печење и ги ставам во рерна. Откако ќе се испечат ги ставам во ќеса да се оладат малку, ги лупам и толчам. Црвените домати ги попарувам со врела вода и лупам, ги пропржувам најпрво нив и после ги додавам пиперките и модрите домати и оставам убаво да се згусне. На крај додавам малку толчено лукче , сечкан магданос и сол.
     
  10. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    330
    Пол:
    Женски
    Летен“ пинџур за 4 сезони
    Потребни состојки
    Начин на подготовка
    1. 1.Пиперките се печат, се ставаат во пластична кеса и откако малку ќе се оладат се лупат и им се вадат семките. Во кесата тие се задушуваат и полесно се лупат. Доколку одберете темно зелени пиперки тогаш пинџурот ќе биде малку потемен.
    2. 2.Доматите се попаруваат со врела вода, се оставаат 2-3 минути да постојат во водата и пото лесно се лупат. Се сечкаат на не многу ситни парчиња, се сместуваат во тенџере, се ставаат на оган и се пржат додека течноста скоро исчезне но не смее да се со дозволи да се испари целата течност
    3. 3.Модриот патлиџан се пече на силен оган и се сече на парчиња.
    4. 4.Излупените пиперки, испрчениот домат и испечениот црн патлиџан се ставаат во блендер и се блендираат додека се иситни целата смеса, но не смее таа да изгледа како каша, треба да се забележуваат мали парчиња од пиперките.
    5. 5.Со вака добиената смеса може да се постапи на два начина: 1. Еден дел може да се смести во соодветен сад и да се смрзне, за зима или рана пролет, или кога ќе биде потребен, 2. Може да се спреми за јадење. Во тој дел се додава изгмечен лук, сол и масло според вкусот. Маслото може да се загрее, но и не мора (вака е поздраво). Добро се меша со дрвена лажица и уште така топол може да се консумира.
    6. 6.Напомена: Доколку сте љубител на лут пинџур, тогаш може да се испече и некоја лута пиперка или едноставно на крај да се додаде лут буковец.
    Пинџур од суви пиперки и компири
    Потребни состојки
    Начин на подготовка
    1. 1.Во длабок сад за варење на дното поставете ги убаво измиените суви пиперки. Врз нив наредете ги убаво измиените компири (со лушпата). Сварете ги на тивок оган.
    2. 2.Извадете ги компирите од врелата вода за малку да се подоладат (за полесно да ги излупите). На пиперките извадете им ги дршките, исечкајте ги ситно и заедно со празот ставете ги во сад за толчење.
    3. 3.Излупете ги и компирите и додајте ги кај пиперките и празот. Посолете малку и убаво истолчете ја смесата. Ако е потребно, досолете.
    4. 4.Загрејте го маслото за јадење за кога ќе го додавате во смесата да чврчори. Убаво промешајте и уживајте.
    Пинџур
    1.Пиперките, доматите и модриот патлиџани во рерна се печат. Кога ќе се испечат треба да се излупат, па потоа да се сомелат на машина за мелење месо.
    2. Ги додавате орасите, сецканиот магдонос, лук и сол(по вкус)
    3.На крај зејтинот се загрева добро и се прелива.
     
  11. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Модар патлиџан печен и мелен, со малку маслиново масло, сол и по желба лукче. Ммм... (fingers)
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 2 други им се допаѓа ова.