Има некој искуство со овој лосион ? Вистина ја зацврстува и застегнува кожата ? И така планирав да земам од обичните, па го видов овој до нив иста цена се, и ајде, го зедов ... Скептик сум инаку за вакви работи, ама си велам нема што да изгубам
Здравоо Сакав да ве прашам дали некој видел каде ги има овие и која им е цената? На линкот има слика од производот http://www.sassisamblog.com/2012/02/20/i-lovemoisturising-body-lotions-get-pumped/
Dali moze nekoj da mi posoci losion za telo za suva koza...Nesto najmrsno za mackanje.. Do sega koristev na Nivea i gelovi za tusiranje i losioni ali nekako ne sum bas zadovolna, a i veke ne mi se frlaat tolku pari, a ne mi se rizikuva da eksprimentiram Sovet?
млекото за тело Елдена мислам се викаше, го има во Кам маркет, премногу е хидратантно и доста евтино.
Прашај паталец Од овие два сум најзадоволна досега А бев и многи позитивно изненадена од чоколадниот путер на Балеа, како и од нивниот лосион од косос што e во кутивче. Цената на путерот не ја паметам додека лосионот во актуелниот каталог (кој за жал завршува денес) е 149 ден за 500 мл, што е страшно исплатливо. едит: Лосионот со косос како таков повеќе не постои туку е заменет со овој, ванила и косос и претпоставувам дека мириса боженствено
Ова ми е еден од омилените производи општо: Хидратанден е, мириса неутрално (има некој блед класичен мирис на крема), light е за кожата (многу мразам кога ја/го осеќам кремата/лосионот на кожата како слој отткако ќе ја/го нанесам) и брзо се апсорбира. Текстурата е одлична, лесно се нанесува. Ми се допаѓа и пакувањето, лесно е за користење. Плус, пакувањето е 300 мл, а цената е 200 денари (реално, не е скапо).
Млекото за тело Еldena од кам маркет и кремата за тело Elcurina за сува кожа исто од кам маркет, проверено. Млекото ти е околу 120 денари, а кремата околу 75
Девојчички, имаше една козметика од коноп, имаа страна на фб и преку неа ја продаваа. Бев фан на страната и сакав да нарачам едно време, ама заборавив. Сега се сетив и уште сакам да нарачам (имаа путер за тело, крем за раце... знам дека баш тие ги сакав), ама не можам да ги најдам зашто не знам како се викаше страната. Некој да помогне? Mислам дека имаше hemp во насловот. Оооокеј, еве - ги најдов во меѓувреме. Ова е - клик Да не го бришам мислењево, па нека оди како прашање - пробал некој? Имам претчувство дека се ептен, ептен добри. Страната не им е активна од летоска, се надевам уште доставуваат. хмммм @Biodevojka ?
Има некој користено од Росал? Лабелата се супер, но други производи немам пробано, а овој ме бендиса http://www.rosal.hr/proizvodi/njega-tijela/body-butter-s-avokadovim-uljem-i-karite-maslacem-250ml
Дали користите кокосово масло како замена за лосиони/ млека путери за тело, и ако да кое кокосово го препорачувате?!?
За. Толку сува кожа имам што ако не се мачкам, кожата се ,,перута,, Го употребувам ЕЛДЕНА од Кам...пристојна цена и доволно масно. Еднаш неделно после туширање, на влажна кожа ставам Џонсон уље-бебешко и оставам да се впие заедно со водата од туширањето.Ефектот е одличен, но за жал немам секогаш трпение и време да стојам пиштол-гола во тоалет и да чекам да се впие.
јас не би препорачала зошто мислам дека ги затвара порите, особено после депилирање. А и не знам после како би реагирало со облеката, некако не ми иде. За лице да, али за тело јас препорачувам лосиони/млека.
Јас повремено си ставам од косовото масло на критичните делови кои ми се посуви (пр. колената не знам зашо ама ми се појавува сува кожа, или лактите) Се немам мачкано на цело тело. Инаку имам пробано многу млека за тело и немам некој спрема кој сум се посебно приврзала. Моментално користам Елдена од Кам и не е лош, доволно масен и прифатлива цена.
Јас обично кога се туширам пред спиење или преку ден доколку не излегувам после тоа,се мачкам со кокосово или бадемово масло.Не го сакам мирисот на кокос па обично користам рафинирано кокосово за надворешна употреба.Немај гајле за облеката ке почекаш малку да се впие,ако си користела до сега знаеш дека има поинаква текстура.Пробај, мене ми е супер.
Јас порано ич не сакав да користам лосиони( кожата ми беше како мрсна откако ќе ставев па затоа решив да не ги користам).Сега ги користам,ама не секој ден,и тоа ставам само на нозете и на рацете.Користам само на Нивеа,други немам пробано.