Магнетна резонанца

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од renata76, 3 ноември 2010.

  1. ana-banana

    ana-banana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    468
    Значи мене одамна ми е покачен пролактинот и се симнува по малку со бромергонот, но пак не доаѓа во граници. Сега на последната контрола кај ендокринологот ме испрати да направам магнетна на хипофизата. Може ли некој да ми го опише целиот процес? Што е со тој контраст што се става? Имам многу проблематични вени :( . А и голем паничар сум и имам фобија од игли :tmi: . Плус ми е страв и од тесна просторија и стварно паника ме фаќа. Магнетната ќе ја правам во државна болница. Е сега има и друго нешто што ме буни. Закажана ми е во април и тоа во 15.15 часот. На ливчето кое ми го дадоа со датумот и часот ми пишува ГЛАДНА, значи јас ќе треба да бидам гладна. Е сега тоа значи дека од претходниот ден не треба ништо да јадам? :?: Не дека ќе умрам од глад цел ден да не јадам, ама кога прегладнам почнува да ми се гади и да имам страшни главоболки. Па ако некој знае нека сподели совет. А вода смеам да пијам? Или доколку некоја феминка има телефонски број од онаму кај што се закажува нека ми даде број да прашам таму.
     
  2. bllakce

    bllakce Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    26
    devojce jas dosega tri pati su pravela magnetna na hipoviza i nikogas ne mi rekle da bidam gladna.stom ti rekle ne jadi samo toj den i ne se plasi ne e nisto strasno.
     
  3. Tinna2

    Tinna2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    Јас правев магнетна резонанца. Исто поради страшни главоболки и дезориентираност.
    Не е ништо страшно, околу 10тина- 15 мин. се наоѓаш во посебна просорија. Легнуваш и ти ја ставаат главата во еден ,, калап ''. Потоа те ставаат во скенерот. Предност е што е отворен и нема да се чувствуваш клаустрофобично.

    И да напоменам дека ќе слушаш цело време глупав звук од скенерот.
     
  4. eva11

    eva11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.855
    Допаѓања:
    679
    АНА-БАНАНА ЕВЕ ТИ БРОЈ ОД ДРЗАВНА НА ПРИЕМНО КАЈ СО СЕ ЗАКАЗУВА ПА ПРАШАЈ ШТО ТЕ ИНРЕРЕСИРА
    3147-582
     
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Saraa

    Saraa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    1.063
    Допаѓања:
    147

    ас три години по ред одам да ме синимат нахипофизата и а си гладнае задолжително, вецерта пред да одиш ќе се најадиш и не е страшно, наредната ден ќе изджиш, а вода, можеш да пииш, и не се паничи не е ништо страшно, инекција мора да ти стават дека таков е процесот кога станува збор за хипофиза, снимањето не е многу долго15 - 20 минути се во прашање ќе издржиш. Јас бев пред некој ден, па сегачекам резултати, пздрав и пиши како ќе поминиш. Со среќа! :)
     
  6. Flow

    Flow Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    20
    Има апарат за магнетна во Охрид? Не е важно дали на приватна или државна клиника, ако знае некој нека сподели, ве молам. :)
     
  7. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.209
    Допаѓања:
    3.029
    Нема апарат во Охрид туку само професор кој чита снимки и тоа приватно.
    Последниве 2-3 месеци е донесен нов апарат во државната болница во Битола, а на приватно има и во Дијагностичкиот центар во Кравари (моментално е расипан). Има и во Систина.
     
  8. leon-aron

    leon-aron Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Правев РТГ на цервикален рбет, и во наодот пишува:
    Скелетот на ц рбет со сочувана морфологија. Редуцирана цервикална лордоза со стеснување на ив простори ц4/ц5.
    Бидејќи дури другата недела ми е тука докторот ако може некој да ми каже (ако знае) што значи ова. Многу ме плаши втората реченица- редуцирана цервикална...
    Вајда не е нешто страшно :( :sweat:
     
  9. nina55

    nina55 Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    6
    пишувате дека МР на хипофиза трае 15-20 мин.јас бев на МР на хипофиза и траеше 40 минути.Незнам зошто толку многу.Ме интересира дали на МР на хипофиза се гледа и целиот мозок за недај боже да имаш нешто дали се гледа????
     
  10. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.234
    Допаѓања:
    419
    татко ми ќе се снима на колено, има некој искуство или исто е снимањето кога станува збор за МР?
     
  11. babyboy123

    babyboy123 Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    13
    Девојки, имав едно прашање, воопшто не сум во насока медицина и немам со тоа никаква допирна точка а и со оглед на годините ништо не разбирам од резултатите. Денеска тато се снимал и ништо не ми кажуваат а јас ги пронајдов резултатите, пишува:
    РТГ на цервиален рбет
    Цервиален цел од рбетот е со редуцирана лордоза и дегеративни промени на ниво Ц5-Ц6 и Ц6-Ц7 со ункарироза на тие нивоа.
    Може ли некој, ве молам да ми го протолкува ова? Многу се плашам и загрижена сум за неговото здравје.
     
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.588
    Допаѓања:
    20.566
    Пол:
    Женски
    ^Има народски кажано шилци, не знам дали постои некој конкретен лек за тоа, докторот ќе го упати повеќе. Најверојатно ќе има болки во вратот, рамениците и рацете, ама не е ништо страшно.
     
  13. babyboy123

    babyboy123 Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    13
    значи тој веќе 15тина дена има постојано болки во глава, освен тоа други симптоми се несоница нели предизвикана од болките, повремени нагони на повраќање(но не повраќаше ниту еднаш)... и денеска отиде и му го кажаа ова. Значи не е нешто сериозно?
    Благодарам многу.
     
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.588
    Допаѓања:
    20.566
    Пол:
    Женски
    ^ Такви болки има и татко ми како последица од тешка сообраќајка и има проблеми при спиење, не може убаво да се намести. Баш пред некое време почна со масажи, вика дека му е подобро од тоа, а конкретен лек за вакви работи мислам дека нема :worried:
     
  15. chavenera

    chavenera Активен член

    Се зачлени на:
    14 март 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    3
    Koja e најдобра магнетна резонанца во Скопје т.е каде има најдобри радиолози кои знаат да ракуваат со магнетниот скенер.Ве молам за ваша препорака,доколку некој правел некаде и ако е задоволен.
     
  16. bojananana

    bojananana Активен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Истото ми се случува и мене, болки во глава, врат, грб... Ама не се сеќирај не се ништо страшно шилците. Веројатно докторот ќе го упати на некакви масажи.
     
  17. carina

    carina Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    6
     
  18. mickoska

    mickoska Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Srcki ja sum nova na forumot pa ne sum mnogu dobra vo koristenjeto.Sepak ako moze nekoj da mi pomogne vo vrska so Zdrvuvanjeto na racete .Imam 18 godini i imam neprekinat problem so toa . Dali moze nekoj da mi pomogne odnosno da mi dade sovet . Zdrvuvanjeto mi trae nekolku nedeli i mnogu mi smeta odnosno mi predizvikuva nervozi. pozz :* vi blagodaram odnapred
     
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.588
    Допаѓања:
    20.566
    Пол:
    Женски
    Мегамед нема толку добар апарат како оној што е на Клиника.
    Има многу пациенти што д-р Дамјановски ги препраќа на Клиника да направат мри, затоа што апаратот таму е многу понов и има многу повеќе опции. Ова од сигурни извори ти го кажувам.
     
  20. chavenera

    chavenera Активен член

    Се зачлени на:
    14 март 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    3
    Значи таму е најдобро!За радиологија збориме ако не се лажам така.Колку чини магнетна на глава дали знаете случајно?
     

Сподели ја оваа страница