1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонска книготека- Македоника

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од s1a1n1d1r1a1, 31 декември 2013.

  1. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Толку сум пријатно изненадена!
    Вакво нешто беше многу потребно во Македонија.

    Да објаснам се работи за виртуелна бесплатна библиотека со македонски дела!
    Сеуште нема голем избор на дела, ама идејата е ТОП!
    Многу се заинтересирав и сакам да го слушнам вашето мислење.

    Страницата е: www.makedonika.mk

    :* :inlove:
     
    На Marossa и sofijanoka им се допаѓа ова.
  2. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Мама многу ќе се израдува на ова...
     
  3. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    И мајка ми исто. Аи мене ми се допаѓа има добри книги :)
     
  4. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Jас се зачленив и веќе почнав една книга.Dобра идеја пред се,малку да се запознаеме со нашите писатели.Tаман кога ќе нема што да читам тука ми е Mакедоника :)
     
  5. tropical

    tropical Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    61
    Зошто не можам да се најавам на странава? Успешно се регистрирав и мислам дека после регистрацијата треба меил да испратат, но се' уште немаат..Што е работава?
     
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    ^ Пробај пак, да не си го утнала мејлот при пишување?
    Мене веднаш ми испратија мејл за да го активирам профилот.

    Инаку, ми се допадна идејата за објавување македонски книги, баш и немавме голем избор во електронски верзии. Единствено имам замерка за тоа што не може да се симнуваат книгите, па наместо на киндл морам да ги читам на лап топ.
     
  7. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.024
    Допаѓања:
    2.253
    Пол:
    Женски
    Веќе при првото отварање на книготеката, додадов неколку книги во мои. Следни за читање ми се
    • „Бед инглиш“ на Дарко Митревски
      „Захариј и други раскази“ - Михаил Ренџов
      „Бунар“ од Димитар Башевски
      „Штамата на Енхалон“ - Ненад Јолдески и уште три- четири драми.
    Speaking of that, имала ли досега некоја од вас проблем при отварање на некоја книга? Откако се регистрирав пред неколку недели, ми прави проблеми со отворање на „Приказни од дивиот исток“ на Горан Стефановски. Ја барав низ книжари, никаде ја нема, таман се израдував и сега ова... На почетокот ниту ми отвараше, постојано на екранот читав Вчитување на книгата, Ве молиме почекајте. Денес кооонечно ми ја отвори, сега ми покажува само 1/2 of 17, а при првото отворање беа 18 страници. Колку што знам оригиналното издание е 161 страна, ме буни некако ова.
     
  8. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Бра-во!

    Јас ја поздравувам идејата, ова стварно ми се допаѓа, само што ете исто имам замерка ради фактот што не можат да се симнуваат книгите, а јас имам страшен проблем со очите доколку поминувам долго време пред монитор, па ми претставува проблем тој дел.

    Пробав со Snipping Tool да го исечам текстот па да го ставаm во Word, и директно да го носам на печатење, испадна добро, малце се као заматенки буквите, али во ред е сепак.
     
  9. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Ау, супер за идејава. Навистина. премногу ми се допадна.
    Јас малку сум назад со настаниве, па дури сега дознавам, случајно, ама важно дознав. Супер. Штом ја завршам веќе почнатава си избрав книга, "Улица" од Славко Јаневски, И онака долго време се токмев да ја земам од библиотека, вака на лаптопов ќе си ја прочитам.
    Уште еднаш браво за идејава, ни требаше нешто вакво :clap: :clap:
     
  10. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Многу добра идеја и супер реализација. :)

    Како прво, супер е да се имаат на дофат повеќето дела од македонски автори.. иако, искрено, за повеќето од насловите немав чуено. Потоа, реализацијата им е многу добра. Ми се допаѓа како е среден сајтот и филтрирањето на книгите, што прави се` да е полесно.

    Плус, убаво е што голем дел од лектирите и делата за на училиште ги има на сајтов, па не морам да трчам до библиотека постојано. :lol:

    Покрај тоа што не можат да се спуштат книгите, замерка ми е и тоа што мејловите мнооогу им каснат.
    2 пати ја заборавив лозинката и се изначекав додека стигна нова. Ама се надевам ќе го средат и тоа.
     
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Штета што оние кои не се задоволни од Chrome а не се навикнати да користат Apple Safari не може да го користат сајтов. :( Се надевам дека услугите ќе бидат достапни со сите пребарувачи, или барем оние најкористените во регионов.
     
  12. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    Online книги

    на makedonika.mk се регистрирав..и ми стаса на емаилот порака се е ок, ама неможам да се најавам го пишувам емалиот...****.****@hotmail.com и пасвордот и не ме најавува..стегнав заборавена лозинка, ми дојде новата на емаилот, ја пишав неа и не ме најавува и така, што е проблемот, нешто во емаилот?
     
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.040
    Пол:
    Женски
    Идејата е добра, сајтот е добар, се регистрирав ама прво, има недоволно понудени книги и второ, пробав да читам ама некако не оди, се откажав. Поубаво ми е кога читам книга печатена, вака да зјапам и да се зрачам... :|