Маски за лице

Дискусија во 'Лице' започната од anste, 19 декември 2009.

  1. anste

    anste Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    108
    кажете маски за лице зошто јас барам барам и нигде не наоѓам.
    уз пат сакам да ве прашам да не знаете како моиве образи да ги смалам некако :D
     
    На AvonSkopje му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.230
    Допаѓања:
    477
    Пол:
    Женски
    Draga anste . Znachi ubavi i kvalitetni maski mozes da najdesh vo 0riflame koj gi ima za site tipovi na koza i vozrasti. A isto taka mozesh da naredish i krastavi4ki po celo lice ili sama da si napravish nekoa prirodna maska :))

    A, sto se odnesuva do smaluvaneto na obrazi... toa e nevozmozno znaesh i samata :D No mozesh da probash so pudra vo praf i rumenilo malku da gi prekriesh nedostatocite...!

    Pozzdrav ;)
     
    На AvonSkopje му/ѝ се допаѓа ова.
  3. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    105
    какви маски за лице користите,дали повеќе преферирате да користите домашно приготвени маски или пак пакувани(купечки) и ако знаете некој рецепт за приготвување на домашна маска споделете со нас.
     
  4. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    105
    Маска за природен лифтинг
    Добро изматете белка од јајце,нанесете го на лицето и оставете да делува 15мин.Потоа измијте го лицето со млака вода и нанесете хидратантен крем.Резултатите се видливи 2 часа по миењето,а ако ова го повторувате неколку пати неделно резултатите се трајни.


    Оцетен раствор против акни
    Во половина литар зовриена оладена вода,додајте една супена лажица јаболков оцет.Со вата наснесувајте го растворот секоја вечер пред спиење и цревенилото ке се намалува веке по вториот ден,а исто така ќе се насмалат и акните.

    Магдонос против митесери
    Со ситно исецкан магдонос трите ги местата кај што имате митесери.Потоа на врела вода испарете го лицето,одкако сокот од магдоносот ке насвлезе во порите,тогаш митесерот полесно ке можете да го отстраните.


    Маска од авокадо за сува кожа
    Измешајте две лажички мед со пасирано авокадо,лажичка јаболков оцет,снег од една белка,три лажички маслинов зејтин и три лажички крема која има неутрален ph фактор.Смесата се држи на кожата 20 мин.потоа лицето се мие со млака вода.Маската и дава на кожата влажност мекост,а есенцијаслните киселини кои ги има во авокадото го обновува ткивото на кожата.
     
    На AvonSkopje и simonaspase им се допаѓа ова.
  5. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    3.973
    Маска за чистење на лицето
    Во сад измешајте две лажици пресно млеко и исцедете околу една лажица лимон. Додадете бражно колку што е потребно да биде погуста смесата, за нанесување на лицето. Треба да стои од 30-45 минути.
     
  6. marti.cookie

    marti.cookie Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    10
    Домашни маски за лице

    Јас често си правам маски за лице низ дома од овошје, природен сок од моркови и сл, бадемово и маслиново масло...
    Ја отворив оваа тема за да си споделиме искуства и рецепти за домашни маски за лице и за која примена се ( флеки, брчки, суво лице, акни,итн)...
    Еве што најчесто користам

    **Лимонов сок за белење флеки**
    Свежо исцеден лимонов сок од половина лимон разблажен со млака вода. Ставете 2 пати повеќе вода од лимоновиот сок затоа што лимонот е јака киселина и може да ви го иритира лицето. Во почетокот моче да ве прчи малце ама не е страшно. Оваа маска е убаво да ја нанесете навечер пред да си легнете и да ја оставите до наредниот ден, или додека сте дома минимум 1 час... Не ја препорачувам за сува кожа.

    ** Сок од моркови со бадемово масло**
    Свеж сок од моркови и неколку капки бадемово масло ( го има по аптеки) за лифтинг . Јас ја оставам маската додека не се исуши, понекогаш ја оставам и подолго.

    ** Маска од јагоди***
    Гмечам една јагода и ја ставам на лице додека не се исуши, незнам конкретна намена ама знам дека јагодите се богати со антиоксиданси и киселини, па не верувам дека е лоша, ја храни кожата. Кога имам витамин Е ставам и тоаво изгмечената јагода..
     
    На Evellin.a му/ѝ се допаѓа ова.
  7. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    62
    Сум читала дека за природен пилинг на лицето најдобро е кафето,односно талогот од кафето.Откако ќе го испиете кафето на лицето нанесете од талогот и оставете го нека постои 2-3 минути.Потоа лицето исплакнете го со ладна вода.Ова повторувајте го 3-4 пати во неделата.Се уште не сум го пробала,но моите блиски кои го пробале ми кажуваат дека има резултати.
     
    На AvonSkopje му/ѝ се допаѓа ова.
  8. marti.cookie

    marti.cookie Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    10
    Исто за пилинг јас користам палента со малце млекце, многу нежно го масираш лицето и ја оставаш да се исуши после тоа само го плакнеш лицето.

    Исто за акни имам прочитано дека е добро чај од босилек како лосион, не сум пробала ама ќе пробам и ќе ви кажам.

    Јас најчесто како маска за акни растварам едно лажиче сода-бикарбона со млака вода и нанесувам на лицето со памукче и оставам така да стои дур не ме фати сафра, па плакнам со млака вода.
     
  9. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.291
    Допаѓања:
    2.361
    Vo edna fantasticna kniga koja ja procitav a se vika ubava zena imase dosta maski za lice no edna ja primenuvam vekje dolgo vreme i e mnogu efikasna ja obozavam a toa e samo MED da stoi 15-20 min a potoa da se isplakni so topla voda OBAVEZNO PROBAJTE SUPER E ;)
     
  10. Peace.Love.Happiness

    Peace.Love.Happiness Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    18
    Mmmmm taa so medot e top, ja znam....
    Aj da vidam da najdam imam povekje maski so med...
     
  11. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.291
    Допаѓања:
    2.361
    mozis i med i mleko da izmesas se znae najdobra kombinacija
     
  12. Vega

    Vega Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    16
    за акни и воспаленија-
    обичен квасец се раствора со малку млеко како паста да биде и се остава на лице додека не се исуши
    ја обожавам оваа маска
    исто и грозје и јагоди ми се супер
    а од мајка ми белка и лимон против пеги...делува и за мрсна кожа исто и магдоносот и доматот како облоги
    за сува- мелени бадеми и млеко
     
  13. Saraa

    Saraa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    1.063
    Допаѓања:
    147
    За луѓето кои имаат мрсна кожа и кои секако имаат проблчем со акни и мозолчиња им препорачувам кога имаат акони да ги премачкаат со лимон или со лук ( навистина лукот непријатно мириса меѓутоа навецер пред да си легните премачкајте и ке видите дека има резултати) навистина делува
     
  14. Balea

    Balea Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Многу често наместо пилинг користам јогурт со мелени ореви. Уште подобро и од пилингот ми делува. А во недостаток на ореви, ставам и само јогурт на лицето, посебно ако ми е многу иритирано после капење. Вреди да пробате :)
     
  15. Ripka

    Ripka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Маска за лице најдобри ми се на мене тие од гарниер ,ги има во поголемите маркети ,од мед , прекрасна маска негде се двизи цената околу 74 денари мислам
     
  16. A.srcuska

    A.srcuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    13
    :clap: Утре ќе испијам кафе па дефинитивно ќе го пробам ова па ќе ти кажам резултати по една недела ;)
     
  17. soledad

    soledad Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    131
    баш ке побарам од таа маска јас користев од орифламе добри се ја имав од алги од домат и глина од мед и млеко ама сега сакам да сменам.а исто за домашна маска можеш со јајце да се намачкаш на лицето многу го затегнува и со краставици наредени
     
  18. anastasija19

    anastasija19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    33
    добра маска е онаа со млекото квасецот и медот се промеша да се добие густа смеса ставиш на лицето и после 10 тина минути измиеш со топла вода и лицето е позатегнато поубаво
     
  19. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.291
    Допаѓања:
    2.361

    Јас имам пробано и да пробате и двете вреди :lol:
     
  20. ljubov1

    ljubov1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    7
    piling so kafeaf sheker i bademovo maslo izmeshajte go vo dlanka i nanesete na liceto so kruzni blagi dvizenja .extra e
     

Сподели ја оваа страница