1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Маски за лице

Дискусија во 'Лице' започната од anste, 19 декември 2009.

  1. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    10.072
    Се' уште немам 25 и лицето ми е супер, така што засега покрај потребната хидратација и хигиена не планирам да го гушам со состојки за позрела кожа, тоа здравје за некоја година. Иако не верувам дека од една маска кој знае што ќе се случи, ама сепак сакав да најдам некоја што редовно ќе ја користам.
    Овие што се впиваат ми се многу убави за хидратација и најчесто ги користам вака во зима и пред и после летен одмор.
    А инаку Нивеа ме има тотално разочарано. Едно лабело не сум си погодила, а камоли нешто друго. Ниту шампон, ниту млеко, крема, апсолутно се што сум пробала ме разочарало. Ќе и дадам шанса на маската, ама не се надевам нешто премногу, ама ај да не зборам пред да пробам.
     
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Хидра термал маската не е со лифтинг ефект, има друга што е баш со тој лифтинг ефект. Хидра термалот е за хидратација, а хијалуронот ја нуди таа длабинска хидратација. Нема возрасни граници за маскава, ниту пак за кремите од истата линија, јас ги имам користено. Хијалуронот не стриктно наменет за здрела кожа.
    Тие на Eвелин што содржат Q10 пак не е ништо страшно ниту пак наменето за здрела кожа, коензимот почнува да се намалува после 20 и некоја година така да баш добро ќе му дојде. Ама вие си знаете.
    Инаку имаш маски и на природна база на Лавера, за хидратација исто се добри за млада кожа, а и од оние маските Montagne Yeunesse тие имаат за се и свашта. :)
     
  3. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    1.446
    До кога ќе читам вакви препораки дека после 20-тата година е сосема нормално да се користат козметика наменета за после 40-тата? |( Кој ве научи така па и на другите да препорачувате?
    Ако некој ја има користено, не значи и дека е тоа правилниот начин да се одржува лицето.

    Сите немаме исто лице за да може да се одредува што може да се нанесе. Општо е познато дека козметиката со состојки наменети за позрела кожа не смеат да се користат од оние кои што се помлади. Тоа е правило кое веќе не го пишува на сите креми бидејќи се смета дека веќе сите го знаат. Секој дерматолог ќе ви го каже и НАГЛАСИ ова!
    Ако некој наполнил вчера 20 години, не значи дека веќе денес може да користи козметика која е наменета за 30години.

    Ако уште од сега почнете да употребувате креми со состојки наменети за постара кожа, тогаш на 40 и 50 години што ќе употребувате? Цемент? Тогаш ништо нема да може да помогне при проблемите кои се случуваат на тие години, а вие сте почнале со нивно лекување 20 години порано кога воопшто немало потреба и сега ништо нема да делува.

    На крај, ваше е лицето. Можеби имате повеќе бројки во годините, но тоа не укажува дека сте и нешто порационални.
     
    На Hipster и oblace1 им се допаѓа ова.
  4. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    Ејј значи не знам што сакате да постигнете со паметување и цитирање, мене вие истите ме цитиравте и негиравте во темата пудри, сега и овде стигнавте. Не знам што сакате да покажете, изгледа некој впечаток дека сте експерти за нега на кожа, ама со коментариве сте....
    Има разлика од производ до производ, наменет за зрела кожа. Ти знаеш ли што е тоа Q10? Сигурна си дека креми со Q10 треба дури после 40та да се користат. Не би рекла, можеби не после 20тата, ама после 25тата година би требало да се користи вакви креми. А маска што се користи па еднаш неделно, голема работа ако имала Q10, освен ако немаш 15 години, тогаш ајде не е во ред. Кожата денес со брзото темпо на живот и стрес ја губи еластичноста, се намалува овој коензим, па нема да и дојде лошо ваква крема.
     
    На Beauchamp и mims-89 им се допаѓа ова.
  5. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.819
    Допаѓања:
    102.671
    Пол:
    Женски
    Од неодамна и ја почнав да користам двапати неделно маски за лице, најчесто ги користам на Apivita,најприродни маски што досега сум ни нашла на пазарот

    [​IMG]

    [​IMG]

    Пред 1 недела бев да купам ув крема за лице во боја и со неа доаѓаше кремава за лице

    [​IMG]

    Идеална за суво лице,но iako имам мрсно лице и не ми прави проблем , туку напротив кога ке ја нанесам и за тие 10 мин осеќам голема хидратација , а од кога ќе го измијам сјаје од чистота, меко е како бебешка кожа, најважно е што 91% е од природни состојки :)
    негативното им е што тие во тубата се околу 9,50 евра а тие малите две заедно околу 4,50 , ама сепак знам дека нема ништо вештачко внатре :)

    сакам исто така да ги пробам и овие маски

    [​IMG]

    ги имате ли пробано? читав за таа што е со јагода , дека има и скраб внатре и незабележителен глитер :D ако знаете нешто повеќе кажете :)
     
    На elisabeta му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Paolita

    Paolita Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2014
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    150
    Пол:
    Женски
  7. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    Моментално ја користам оваа маска за лице ,не е лоша NVS-12894-Aqua-Effect_Refreshing-Moisture-Mask_normal-skin_Layer-e1354637290825.jpg
     
  8. Srekichka

    Srekichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    39
     
    На Love86 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. maichka

    maichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2009
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    девојки денес една другарка ми кажа маска за подмладување на лицето (за ревитализирање) 2 лажици пченкарно брашно и едно јајце...може да се стави и некоја капка масло доколку кожата ви е премногу сува... сето тоа се меша и се остава на лицето се додека не се исуши :) се плакне со млака вода... а откако ќе се исплакне на крај еднаш со ладна вода се поминува... девојката беше премногу задоволна... а за црнки само витамин Ц му е мајката... издробен со една капка вода (во буквална смисла капка) за смесата да личи на паста ... тоа се става на местот каде што има црнки...се остава 2-3 саати... исчезнуваат како со магично стапче :)
     
    На macence4 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    10.072
    @cooll не сакав да ја трупам темата беспотребно со прашања па затоа те повикав тука, мислам посоодветно е. Кажи ми како си задоволна од маските во туба од Queen Helena? Гледам дека ги имаш порачано, сакав и јас, па таман ми дојде ова како кец на десетка. Таа со минт е за мрсна кожа ако не се лажам, нема да ми треба, за другата повеќе прашувам.
     
  11. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    2.826
    Допаѓања:
    9.746
    Пол:
    Женски
    Ова другово е пилинг за лице , не е маска.Има маски од истава фирма наменети баш за сува кожа , а и пилингов е исто за сува.Ќе ти пишам и за пилингов ако те интересира.Јас имам комбинирана кожа и сакам малце појаки пилинзи , со повеќе гранули овој баш е нежен , добар е за секојдневно користење. :)
     
  12. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    10.072
    Јас имам норамално-комбинирана кожа, така што премногу агресивни средства за мрсна кожа не ми одговараат, а ниту за сува кожа освен некогаш во зима кога имам проблем со хидрираност, но за овој период ќе ми треба нешто друго.
    Како и да е фала, а можеш општо да пишеш како си задоволна од фирмава, затоа што воопшто не се скапи производите, па ако се добри да им дадам шанса и јас.
     
  13. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    2.826
    Допаѓања:
    9.746
    Пол:
    Женски
    Па досега само 2 производи имам користено и немам баш некое мислење.
    По толку време конечно ја имам маскава , би ја купила повторно и повторно , е малце агресивна , ама мене не ми прави никаков проблем.Нареден пат ја земам во големо пакување .Сега на ред ми е пилингот за лице исто од ментол како маскава.Огромни им се пакувањава :D :D
    Пробај , нема што да изгубиш :) :)
     
    На Giovanna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Love86

    Love86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    195
    Го користиш ли лосионот од ловоров лист? И како си задоволна
     
  15. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Женски кажете некоја ефикасна маска за лице иначе имам комбинарана кожа..
     
  16. Srekichka

    Srekichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    39
    Мене ми е одличен, ако ми излезе некоја акна мачкам и преку ноќ ја нема, избегнувај на цело лице да ставаш зошто ја суши кожата многу :)
     
    На Love86 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Love86

    Love86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    195
    Секој ден си правиш нов, или може повеќе денови да се користи? Инаку ќе треба кујната со ловорови листа да ја наполнам:D
    И дали знаеш колкав временски период може да ставам од лосионот, па да не ја претераме... Си викам природно е белким:lol:
     
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Девојки неодамна купив маска за лице од мед и овес.
    Наменета е за нормална до сува кожа, што ми одговара, ја освежува кожата и дава мекост и еластичност.
    Последните две употреби(ја користам еднаш неделно) приметив дека ми има испаднато по една мала акна.
    Иако не беше нешто трагично и бргу исчезнаа а и не знам сеуште дали е од маската, се запрашав дали е нормална таква реакција и дали истото би се протолкувало како позитивно?
    У смисол и покрај секојдневното длабинско чистење на кожата од останатите препарати, преку маскава дополнително да се исфрли што е вишок:?:.
    Bildschirmfoto 2015-05-20 um 13.18.12.png
     
  19. Love86

    Love86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    195
    Вака и јас користам маска за лице од овесни снегулки и камилица, ама домашно приготвена. И јас ја користам еднаш неделно и заприметувам после 1-2 дена некоја мала брункичка.И јас истото прашање си го поставувам. Инаку имам комбинирана кожа.
     
  20. jloves

    jloves Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    219
    Пол:
    Женски
    За подочњаци
    Сварете зелен чај,а може и зелен чај со лимон бидејќи лимонот ја осветлува кожата.Изрендајте крставица на страна и изрендајте компир на страна.Во длабоко тањирче истискајте ги соковите од компирот и од крставицата.И потоа ставете уште неколку лажици од чајот.Исечете едно округло памукче на пола и потопете го целосно во тањирчето и потоа ставете го под очите.Не само што се осеќам свежа откако ќе го извадам туку има и ВИДЛИВА разлика.Првите пати по 15 20 минути го држев и се чудев на резултатите.Кожата под очите не ми е така падната,надуена и не е темна.Пробајте
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.