1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Машко-женските пријателства

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од mysterious, 26 јануари 2010.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Сам се најде во ова за гаќите. Тоа беше мое мислење на темата, а не за тебе и твојата другарка.
     
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Од кај знајш, стварно?
     
  3. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Само еден другар сум имала што ми бил на рамниште со најдобрата другарка, можеби и поблизок. Ама прекинавме да се дружиме затоа што затера по лош пат а не заради вмешување на чувства.
    Сега имам неколку машки другари, некои поблиски од другите. Проблемот е што сите овие другари ми се пријатели веќе со години, а со кој и да се здружам сега можам да забележам флерт ( од моја или негова страна). Така да за темава стварно имам контрадикторни мислења и не можам да дефинирам став..
     
    На Annora, Herrera и WildMk им се допаѓа ова.
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.697
    Пол:
    Женски
    Ги има.
    Имам 4ца предобри другари.
    Со двајца се знам од 9то-1ва и порано почесто искачавме и се гледавме.Сега некогаш одиме на кафе па тогаш си кажуваме што има.
    Имам и други двајца.Со едниот се дружам околу 1година ама го знам од прва исто.
    Последниот исто го знам одамна ама последниве месеци многу се здружив.
    Имам муабет со секој од нив, си гледаме утакмици, одиме на утакмици, си пиеме пивце, ако им треба женски совет им го давам и они мене ако ми треба.
    Секогаш биле тука за мене било кога за било што и многу си ги сакам.
    Вака не ги двојам ама ако веќе треба некој да одберам како најблизок тогаш е третиот тоа.Знае буквално сЀ за мене.
    И општо имам повеќе машки него женски пријателства и повеќе искачам со машко него со женско друштво.
    Ми прија муабетот и не се замараат со рекла казала муабети и не издаваат ништо што ќе им кажам.
    Куваме и планови заедно и се
     
    На DushkoFH и WildMk им се допаѓа ова.
  5. fezolol

    fezolol Активен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2017
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Машки
    Не гледам дека има поента во машко-женско другарство (збориме за блискост) затоа што истите тие работи можеш да ги правиш и со некоја личност што си интимен/на.

    Не заборавајте дека тешко е да се одржи платонска љубов затоа што во поголемиот број од ситуациите некој сака да легне некого иако мислам дека тоа девојките тоа никогаш нема да го признаат и си мислат дека се е во ред.

    Другарки имам, да ама не на толку блиско ниво, само за одредени активности како дискотеки / журки и од време на време по некое меме / смешно видео ќе улета. Губење време ми е да излагам со некоја личност ако знам дека нема ништо меѓу нас. Сум пробал неколку пати ама сум сфатил дека не вреди. Немам ништо против нив како личности се супер луѓе ама едноставно различна цел имаме.

    Знам другар што се заљубува во другарки што ги сретнал преку друштво после подолго време дружење, а тие не ни знаат дека ги сака. Манипулации колку сакаш.
     
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    А гледаш поента во машко-машко другарство? Пошто таква блискост можеш да ја имаш и со личност со која си интимен.

    Значи и со машки не излегуваш, ако нема нешто меѓу вас?

    Дежа ву имав во моментов...
    Ебате сексистите, ебате!
     
    На theowndemon, Annora, Alisa22 и 10 други им се допаѓа ова.
  7. fezolol

    fezolol Активен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2017
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Машки
    Да, гледам поента во машко-машко пријателство. Од мажи (позитивна машкост, а не токсична на која што феминизмот се фокусира, скроз различни се како север и југ) можам да научам нешто ново од машка страна како функционира светот и да добијам нови идеи од нивни искуства кои што можам да ги применам во мојот живот.

    Ако воопшто те интересира да истражиш детално како функционираат двата пола, гледните точки од двете страни, кои се проблеми ги имаме во општеството, ќе сфатиш дека е скроз различно од тоа што го знаеш до сега и се што те имаат излажано за правата на жените. Вие жените имате многу повеќе и појаки права од што мислиш ако гледаме реално на работите.

    Има еден многу добар документарец за целата оваа војна меѓу половите, во која што главната улога ја има феминистката која што ги истражува сите страни (од двата пола, повеќе активистички групи) и сите проблеми што се случуваат во денешницата. Вознемирувачка е содржината и не е за секого. Нема да ти се верува што гледаш. Треба многу отворен ум за тоа, премногу информации се, скроз ќе те збунат. Егото ќе ти го скршат целосно.

    Јас лично немам ништо против жените, ги сакам и почитувам такви какви што се, колку и да тоа не ми одговара или не е по мое. Не ни имам намера да навредам некој. Се зависи тоа кој како ќе го сфати со моменталните знаења и колку е политички коректен.

    Тоа што напаѓаш не е мој проблем, тоа е твој проблем и го разбирам целосно.

    Знам дека темава не е за војната меѓу половите ама сакав да го споделам како идеа.
     
  8. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Секако. Пошто од жена што можеш да научиш, што има она да каже, безгласна буква.
    Направи му услуга на женскиот свет и држи си се до интелектуалните браќа.
     
    На theowndemon, Annora, candy.cane и 10 други им се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Во право си, нема поента во машко-женско другарство. Тоа ти е како да кажеш дека крава ти е другарка, едноставно нема логика :?:
    Жените и мажите се два различни вида. Мажите се луѓе, а жените не знам што се ама сигурно не се луѓе, така да, никако нема поента да се дружат маж и жена. Немаат исто развиени мозоци, не функционираат исто, немаат свесност уште развиено жените за да се дружат со мажите.
    Може жена да ти е милениче, ама другар? Таман работа... Какви се овие небулози...
     
    На theowndemon, Biljarkata, Alisa22 и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Па и стварно за нормална жена нема поента во пријателство со мажи ко типчево погоре (врска уште помалку), или пак скраја да е дека може да научи нешто од нив...
    Fair enough. :toivo: :D :drunk:
     
    На KateKane, WildMk, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.
  11. fezolol

    fezolol Активен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2017
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Машки
    Ако го земеш надвор од контекст, да, така звучи.

    Можеш многу работи да научиш и од жена, но не е тоа неопходно да биде блиска (платонска) другарка.

    Едноставно различни работи се учат од маж и жена.
     
  12. fezolol

    fezolol Активен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2017
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Машки
    Да, точно е, само во еден случај, ако го земеш надвор од контекст и не размислиш подлабоко како ти што правиш во случајов. Инаку не е тоа поентата на муабетот. Воопшто не си разбрала што пишува.
     
  13. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    И те како се продуктивни машко женските пријателства. Најфините момци што ги знам, другаруваат и со женски, поеманципирани се од тие како тебе, имаат поголема почит према женскиот род и понормални сфаќања за истиот.

    Мажите кои тврдат дека не би функционирало ваквото пријателство, уствари никогаш и не ни имале блиска женска особа до нив на пријателска база.
    Зошто толку ве плаши таа помисла не знам.
    Дали пошто сметате т.е не бирате особа туку само да е женско т.е вагина да има и готово потенцијална партнерка е, или мислите дека сте неодоливи па секоја жена во ваша околина ќе бара да ја оплодите.
    Луда работа.
     
    На WildMk, Nausicaa, Independent Girl и 6 други им се допаѓа ова.
  14. fezolol

    fezolol Активен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2017
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Машки
    За да го сфатиш тој проблем, ќе треба да сфатиш дека кај маж се многу мали шансите да тој бара платонска блиска другарка, за разлика од жена на која што воопшто не и смета да има 10 платонско блиски другари чисто за внимание.

    Типовите на врски по редослед кај маж и жена се различно рангирани според тоа што им е приоритет во моментот затоа што различно функционираат од биолошка гледна точка.
     
  15. 96kiko96

    96kiko96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2018
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    529
    Пол:
    Машки
    Не постои машко-женско пријателство, и нема да постои, стојам на тој став со миљарда посто сигурност и од болно искуство...
     
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Не сум разбрала, јас само жена сум. Не сум доеволуирала во маж. ;) Мажите, супериорни суштества - што не може да се дружат со инфериорни на нив :D
     
    На theowndemon, Alisa22, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  17. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    3.999
    Допаѓања:
    22.519
    Пол:
    Машки
    Шо лупеташ? Имам 4-5 другарки од кои 2 знаат скоро се' за мене, дури и ствари шо некои машки другари не ги знаат. Стварно не знам од кај си ги вадите ваквите ставови. Или ко ќе прочитам дека машко-женско пријателство не постоело. Пошо нели на сите целта увек ни е секс. |( А машко-машко и женско-женско пријателство кај геј луѓето постои ли? :D

    Tуку,
    а од феминисти (мажи) бегаш ли? :rofl:
     
    Последна измена: 2 мај 2019
    На WildMk, Nausicaa, Bitter-Sweet и 2 други им се допаѓа ова.
  18. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Ти се изјасни дека си би, така да не спаѓаш у групата на мачо типови и затоа вака размислуваш. Али јас не сум би а го делам твоево мислење, што не е у ред со мене којзнае..:worried:
     
    На Biljarkata и candy.cane им се допаѓа ова.
  19. fezolol

    fezolol Активен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2017
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Машки
    Види, ти лично ако се гледаш себеси за таква личност, ок, јас немам ништо против. Јас нигде во ниедна реченица не спомнав дека жените или мажите се супериорни или инфериорни. Тоа ти можеби така го разбираш.

    Платонски блиски другарки? Како ги имаш запознаено?

    За геј луѓето, не знам како функционираат нивните пријателства, бидејки немам такво лично искуство или пак слушнато од некој што е геј да сподели.

    Да, бегам и од феминисти.
     
  20. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    3.999
    Допаѓања:
    22.519
    Пол:
    Машки
    Дел од средно, дел преку други. Шо е па тоа сега важно за тоа дали можеш да бидеш пријател со некого?