Денеска бев на факултет, мислам дека цела Македонија даваше документи за упис на Медицински , страшна работа
Добредојде во кужвата колешке Оваа година барем беа поорганизирани, лани имаше и туркање, онесвестување итн.. медицински тоа е
Колешки како е со нуклеарна медицина и радиологија...Петти семестар сум-општа,па се заинтересирав за овие предмети дали се тешки за учење,како поминавте?
Со оглед на тоа дека премногу студенти се на Медицински ке се обратам тука Најверојатно има некој кој е од друг град и ке мора да живее во Скопје Дали најдовте стан ...Јас на Стоматологија ке идам и барам и стан и цимери , ако некој е заинтересиран нека пише пп или ако има било каква информација . Фалаа
Дали некој има информација од прилика колку бруцоши поднесиле документи годинава на медицинскиот факултет?
Во конкурсот пишува дека 250 студенти ќе бидат примени оваа година,а во преелиминарните резултати има 368,дали е можно квотата да е проширена или до официјалните резултати уште кандидати ќе бидат елиминирани за списокот да ја добие бројката од 250 студенти?
Прелиминарните е списокот на сите што се пријавиле. Значи, ќе бидат отфрлени кандидати додека не се стигне до бројка од 250 студенти.
женски што треба да носиме сега кога официјално ќе се ззапишеме? индекс , пријавни листови од каде се купуваат?
Во конкурсот за запишување пишува дека лицата што се примени на факултет со кофинансирање мора во рок од 24 часа да достават изјава дека се согласуваат со кофинансирањето ..слушнал некој нешто за ова или?
Индекс ти даваат од деканат( барем лани така беше), а тие пријавните листови од таа зелената трафика спроти млечниот ресторант, прашај таму би требало да има
Може ли некој да ми каже која е жиро сметката за тие 1000 ден што треба да се уплатат за студентски информатор на медицински факултет.