1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Медицински факултет

Дискусија во 'Образование' започната од Victorya, 24 ноември 2010.

  1. Femini girl

    Femini girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    18
    Да да, барем тоа имам уште 2 години да си уживам, ајде реков да видам за мислењето на другите зошто стварно има учење, но барем знаеш дека ќе ти се исплати. ^_^
     
  2. Euthymia

    Euthymia Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2014
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, јас планирам да се запишам на медицина ама многу се тревожам дали ќе ме примат :( Сега завршувам гимназија, и смерот не ми е пмб, што значи во четврта немав биологија и хемија. Материјалот го учев преку годината, меѓутоа дали ќе ми се одземаат поени поради тоа што немам оцени по овие предмети од четврта година? Вториов проблем ми е задолжителната математика како трет екстерен на матура.. Со тоа што ја наметнаа како задолжителна, моравме да избереме само еден екстерен, нормално избрав биологија, а хемија зедов како проектна. Имате ли некои информации дали ќе земат во предвид тоа што одбираме само еден, па нема да бараат хемија? ;( Инаку три години сум со просек 5.00, само во втора имам една 4ка на екстерно. За матура се скапувам од учење, така да ги очекувам 5ки..
     
  3. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.127
    Пол:
    Женски
    За матура не се гледаат предмети туку се пресметуваат поени, така што нема врска кои предмети си ги слуашала, ниту кои си ги полагала. Јас завршив средно медицинско а само две години слушав хемија (и не полагав), додека на матура полагав биологија зошто беше задолжително. Нема тоа никаква врска, не се секирај, имам колеги кои за проектна матурска бирале општи предмети како мајчин јазик и историја па никому ништо.:)
     
  4. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.127
    Пол:
    Женски
    Штом уште си втора година средно не му ја мисли, имаш време колку сакаш и ќе се премислиш сто пати. Јас до два дена пред уписи не бев сигурна дека ќе запишам медицина, а не пак ти две години унапред. :D А за тоа дека се исплати, точно е, ама не секој го издржува притисокот. Медицината бара многу жртвување и лишување на долги години од младоста, и затоа со запишани 300+ луѓе во генерација, на крај на шеста едвај завршуваат околу 15-20, грубо проценето. Самиот факт што се исплати не е доволен, треба многу јаки нерви и силна волја, пред се', а дури потоа доаѓаат на ред стотици и стотици страни материјали и препарати за учење, непроспиени ноќи и подочњак на кој секој би ти завидел. 8-|8)
     
  5. Blabla16

    Blabla16 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Колку години е општа медицина, 5 или 6? Во прирачникот пишува дека има 12 семестри, а гледам во 11 и 12 семестар нема часови, туку недели - на пр. 12 недели гинекологија, 5 недели хирургија итн. Дали тоа значи дека шестата година е само пракса ?
     
  6. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.127
    Пол:
    Женски
    Општа медицина се води како 5+1, со тоа што последната, шеста година се води како клиничка пракса, т.е., нема предавања туку се оди на вежби по сите клиники.
     
  7. draganaxx0

    draganaxx0 Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2015
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Za fizioterapevt vo sk so kolku primaat?
     
  8. BigMisterP

    BigMisterP Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2015
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    101
    Во врска со новиот концепт на матура, дали има врска што ќе избереш како екстерен предмет? Јас избрав англиски и математика, а интерен биологија. Некој да ме упати како оди бодувањето за медицински факултет? Дали ќе беше подобро да изберев физика или хемија наместо математика?
     
  9. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.127
    Пол:
    Женски
    Нема врска кој предмет си го избрала, туку колку бодови имаш (што се пресметува преку оценки).
    На одбрани предмети се гледаше порано кога се полагаше приемен на факултетите па на медицински имаа предност оние кои избрале хемија и биологија, ама сега бидејќи се полага матура а нема приемен испит нема врска кои предмети ќе ги одбереш, важни ти се само оценките.
     
  10. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    Магс, ќе те поправам дека има малку врска зашто ако предметот ти е несоодветен за смерот ти се одземаат поени, така да и на тие предмети мора малце да се припази што се бираат за матура. Оценките ги добиваш во однос на резултатите од предметите што си ги полагала а потоа во пресметувањето на поените убаво си пишува колку поени се одземаат за несоодветен предмет :)
     

    Прикачени фајлови:

  11. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.127
    Пол:
    Женски
    Јас ова го кажав зошто познавам луѓе кои доаѓаат од гимназија со општи предмети, одличен успех и се примени меѓу првите во државна квота. Доколку има измени тогаш не гарантирам. :)
     
  12. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    Еве на ова мислев. Вака појасно ќе биде можеби :D
     

    Прикачени фајлови:

    • matura.png
      matura.png
      Големина на фајлот:
      70,3 KB
      Прегледи:
      67
  13. nonamefanatic

    nonamefanatic Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    53
    Прашање до оние кои се на медицина. Дали првите две години на медицина предавањата се на ПМФ? Ова го дознав како информација па не знам дали е точна.
     
  14. blueeyes7

    blueeyes7 Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    10
    неееееееее од кај ти е оваа дезинформација
     
  15. nonamefanatic

    nonamefanatic Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    53
    Па очигледно од некој кој што не знае што зборува :D :D
     
  16. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.127
    Пол:
    Женски
    Хахаха не бре нема врска, на ПМФ се одржуваат само вежбите по биофизика (што се слуша само во прв семестар).
     
  17. daks

    daks Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    107
    dali nekoj znae koga se upisite ? i dali na medicinski e proshirena kvotata ? kolku dushi ke primaat godinava?
     
  18. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.364
    Допаѓања:
    2.470
    Пол:
    Женски
    Уписите се обично во август околу 20ти, но се уште е рано,. Ни конкурсот не е објавен. Како е конкуренцијава годинава на ОМ? Дали многу ќе се запишуваат во Скопје?
     
    На daks му/ѝ се допаѓа ова.
  19. daks

    daks Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    107
    па не знам затоа и прашав :/ најверојатно после резултатите од државната матура ќе знаеме за квотата
     
    На srcence1607 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Man07

    Man07 Активен член

    Се зачлени на:
    17 април 2015
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Сакам да се запишам на факултетот во Штип, медицина-физиотерапевт , ме интересира колку поени треба за упис?