Сакам да прашам...? За да направиш милкшејк од чоколадо потребно ти е сладолед од чоколадо, млеко и чоколаден прелив. Ќе ставеш околу две до три топчиња сладолед, малку чоколаден прелив и една мала чаша млеко. Сето заедно го ставаш во блендер и ете ти чоколаден милкшејк. Сега зависи од тебе колкава сакаш да ти биде густината, па во зависност од тоа додаваш сладолед за погуст или млеко за поредок да ти биде. На крај можеш да декорираш со шлаг пена и чоколаден прелив...
Сакам да прашам...? Повели: (се надевам не смета оти текстот е на Српски ) MILK ŠEJK OD ČOKOLADE (za 4 čaše) 2 dl mleka 2,5 dl slatke pavlake 200 grama sladoleda od čokolade 100 mlečne šokolade U polovini mleka na laganoj vatri otopite čokoladu koju ste prethodno izlomili na kockice. Kada se ohladi sa preostalim mlekom i sa slatkom pavlakom stavite u blender. Miksirajte dok ne postane penasta masa. Dodajte sladoled i još jednom promiksajte. Razlijte u čaše, ukrasite struganom čokoladom i služite.
Па да истиот можеш да си го направиш и од ванила, само наместо чоколаден прелив ќе ставиш ванила сируп... Или пак ако некогаш имаш некои бисквитчиња на пример чоколадни можеш да ги издробиш ептен ситно па ги додаваш и се заедно блендираш... мммм одам да си направам еден ... упс и наместо сладолед од чоколадо, нормално ванила
Благодарам девојки,сега баш ќе ги пробам рецептите, ама имам проблем неам сладолед, па ке импровизирам малце
Највеќе си ја правам оваа комбинација 1 банана и 1 чаша млеко блендирам во блендер. Понекогаш додадами пола лаж. Несквик или течно чоколадо од прилика и сипам во чаша а врз тоа додадам изблендирани јагоди (ако не се многу благи додавами една мала лаж. шеќе) или малини, боровинки, капини некое такво овошје во зависност што имам по дома со пола чаша млеко и додадам лед кој исто така се изблендира и сето тоа го сипувам врз шејкот од банана. Преубаво е, не се мешат боите и вкусовите а и многуууу витамини. Банана шејкот те заблажува а јагодата освежува и меѓу забите крцка ледот.
Го имам на друго место постирано рецептов, ама не знам точно каде. Многу е лесно да направите милкшејк според овој рецепт, а нема потреба од сладолед. милкшејк без сладолед: 1 ипол чаша млеко ( би му дошло 250+125мл) 1 третина чаша шеќер (мене ова ми е многу благо, значи може и помалку, вие после ќе си заладите) 1 четвртина чаша какао 2 лажички зејтин 1 лажичка ванила (екстракт, ама јас ставив ванилин шеќер и бива така) неколку коцки мраз шлаг(по желба) Ќе ставите се во блендер. По густината ќе осетите дали има потреба од уште некоја коцка мраз и од плус шеќер.
А за сите кои сакате милкшејк готов, за помалку од 1 мин, ќе ги најдете овие на Dr. Oetker, навистина се вкусни. Има неколку вкусови, чинат нешто помалку од 20 денари, се сипува прашокот се сипува млекото се „прошејкува“ и готово е.
И ја си купувам на Dr. Oetker одма се прават и се мн убави .. ама сепак ке пробам и некој од горенаведените рецепти
Тинекс, Веро, Тедико, може да ги најдеш и во маалските добро снабдени продавнички, мислам и во Кам ги имам видено имаат и некои германски од поголеми пакувања.
Јас си правам милшејк често и си купувам од Кам од тие германските...незнам дали сте пробале со јогурт..мој совет за тие што не пробале да пробаат мене ми е многу вкусно и ми е скоро исто како овошен јогурт...ќе земете еден шол,ќе ставите 3-4 лажички од милкшејкот и ставате јогурт...ке го измешате убаво со лажиче и потоа ќе го префрлите во други чаши (ако послужувате на некои гости) и јас одозгора си ставам или шлаг или чоколаден прелив
Јас имам дома од кам маркет и се многу убави мислам дека се германски...има од јагода и од банана .....ете како се прави : -во една чаша(обична за сок или вода ) се става две мали лажички од милкшејкот и се става маааалку млеко и се промешува.Потоа со машинка за нескафе се микса и се добива многу густа ,,смеса,, се додава уште млеко за да се наполни чашата. (дополнително и опционално) -прелив -мраз Се надевам ви помогнав А за чоколадниот или се продава или сладолед му е мајката
Милк шејк од банана и плазма кекс Се мати 1 шлаг или слатка павлака од онаа најмалата од 250мл и во неа се додаде ситно сецкана банана и мељана плазма кекс-околу 4-5 парчиња. Сите состојки се матат и се додава пополека млеко за да добиеш густина која ја сакаш. Најубав е кога ќе отстои во фрижидер бар пола час за да се олади. Вака го лажам малиот да јаде банана (единствено овошје кое не го баш обожава) Милк шејк со јаболко Ситно исецкано јаболко (излупена кора) се става во блендер со 1-2 лаж шеќер и се блендира малку. Се додава околу 1 чаша млеко во зависнот од тоа колку густо сакаш да биде и пола лаж цимет и пак се блендира. Наместо шеќер некогаш додавам и мед. Одозгора кога имам матам 1 шлаг и декорирам а кога немам ставам сецкани ореви. Фантазија е Не ги сакам купечките шејкови затоа што се вештачки со вештачки ароми и бои. Овие ги обожавам и често ги правам кога ми заостане така овошје и незнам што да му правам за да не скапе.
Славица можеш и бананата дирекно во бледер да ја мешаш заедно со млеко, јас така правам и со јагоди и било кое друго овошје што го имам во моментот Можеш и парчиња чоколадо да додедаш или пак лажичка какао. Убаво ми изгледа ова со слатката павлака
Дечки, сакав да ве прашам, која марка или каков блендер би ми препорачале за купување? Ме настрвивте со овие шејковиве, башка мн здрави и витамински се.... Тенкју
и јас исто го правам,ставам малини,капини,моментално пијам чист од праски,преубав е. банани и млеко,некогаш додавам несквик или кокос...фантазија....
Најпрактични се блендер-соковниците, јас го имам на Горење и супер работа ми врши, во зависност од финансиите имаш голем избор,а цените се од кај 2000 па нагоре. Кога сме кај шејковите најчесто го правам стандардниот банана , мелко и јас ставам бенквик. И сум против за вештачките како што напомена Славица полни се со конзерванси, адетиви и немаат ништо здраво во нив, а додека природните се витаминска бомба можеш да ги комбинираш со што имаш и шо сакаш.