Да, така правам и јас (види мој претходен пост) ама во овој така правам за да може бананата да се спои со плазмата Што занам кој и да земеш нема да погрешиш, цената им зависи од тоа дали мељаат/блендираат коцки лед или не. Јас имав Филипс кој го зедов кога малиот беше бебе па за брзо време се скрши (со мала помош од малечкиот ) сега имам некој си анонимус од техномаркет кој го зедов за 1700ден пред 2-3год. па ми врши работа
Јас го правам најобично, млеко, банана и плус некоја јагода ако се наоѓа + две огромни лажици мед. Во блендер, и за 1 минута ете ми. Еднаш го правев без банана, само млеко и јагоди, и воопшто не чинеше, беше пенлив, со грда конзистенција, не се пиеше. Ова е единствен начин на кој што конзумирам банани, инаку ги мразам.
јас земав филипс од нептун 1600 беше мислам,сега е околу 1300 на попуст,супер работи со 2 брзини и опција за пулсирање.350 w,е сосема доволно ,осве ако не сакаш некој и со мелница и за незнам што... http://www.technomarket.com.mk/products ... ps-hr-2000 eve go 1500
Чоколаден милкшејк од пиво Потребни состојки: 2 и пол топчиња сладолед од чоколадо 150 мл темно пиво 5 лажици млечен коктел во прав (или јачменов слад) Начин на подготовка: Ставете ги сите состојки во блендер и миксајте додека не добиете хомогена пенлива смеса. Сипете ја во чаша и уживајте. Оди одлично со помфрит и пржени прстени кромид. e ова е многу убаво еднаш така една голтка пробав и ми остави впечаток.....
Фала ви многу на сите, ги видов овие понудите во Техномаркет и има доста ефтини машинки Зимам деновиве па ќе ве дружам после со „рецепти“
Баш сега ќе напрам милкшејк со сладолед од чоколадо. Расположена сум за готвење денес Никогаш не ми текнало за милкшејк со сладолед, само со банана и млеко си праев
Во летниве денови постојано правам. Ставам 3 топчиња сладолед од чоколадо, 1четвртина банана, 1 супена лажица мелени бисквити и млеко по потреба.
Незнам како не ми текнало да ја отворам темата претходно Преубо е, освежително. Вчера си напрајв и многу беше убо само денес нема наеднаш да го пијам оти грлото ме фати Фала за споделените искуства и рецепти феминки
Ќерка ми(2ипол год.) во последно време го обожава милк шејкот на др.еткер па ми треба ваше мислење дали да и давам или е мала за него,на упатството ништо не пишува А и општо дали и на вас ви се допаѓа милк шејкот на др.еткер?
Милк шејк Не знам за овие купечкиве ама мене во блендер од свежо овошје со млеко многу убав ми прават,така да мислам многу е поздраво таков да и спремаш отколку ваков купечки да и купуваш.
Милк шејк Па незнам зошто не би можела,но за здрав,секако дека не е.Има многу шекери,а ако сакаш можес да и правиш смуди,ама како милкшејк.Измиксај малку банана со млеко и како,и цимет и супер е.Има вкус на чоколадна бананка.
Милк шејк Да да и правам јас и домашен милк шејк,со банана и аронија,банана и јагода,зависи што имам дома....ама сакав да прашам и за овој дали смее толку мало дете да го пие,сепак фала за советите
Мене многу ми се допаѓа, го купувам од Веро Мислам дека нема никаква опасност ако го пие вкусни се јас како мало дете си купувам и си пијам ванила,јагода и чоколадо ммхмммм
Од овие готовите милкшејкови на др.еткер можам да ги правамво блендер или тие се директно за во чаша и со млеко... И ако може во блендер,ке ми ја каже некој постапката... )))