Миом на матката

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од caci.caci, 10 октомври 2010.

  1. caci.caci

    caci.caci Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Imam 26 godini i pri redoven ginekoloski pregled, ginekologot mi rece deka imam miom od 4cm na nadvoresnata strana na matkata, koj treba da se otstrani po hirurski pat. sega treba da odam kaj drug ginekolkog za vtoro mislenje. Doktorot mi rece deka ne e strasno, samo sto mora da se otstrani , bidejki doprva treba da ragjam deca. Ve molam za poveke informacii, kolkav e riziokot od operacijata i slicno. Blagodaram!


    [mod-kirilica:gy4yd13g][/mod-kirilica:gy4yd13g]
     
  2. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    61
    miom na matkata

    Многу не знам,ама знам дека миомот е бенигна творба и не би требало да претставува некоја опасност.А штом веќе ти советувале да се отстрани оперативно тогаш не би требало да има некои проблеми,освен што ќе треба да се помине операцијата и заздравувањето.Тетка ми има миом веќе 20-тина години и со него го има родено и второто дете,така да мислам дека не треба многу да се секираш ;)
     
  3. Annath

    Annath Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    5.367
    Допаѓања:
    5.652
    Пол:
    Женски
    Убаво е што сакаш да побараш второ мислење, можеби така полесно ќе одлучиш што да правиш. Инаку, миомите се бенигни тумори од мускулно ткиво од какво што е и матката изградена, и обично не предизвикуваат никакви симптоми, па се откриваат случајно, при гинеколошки преглед. Докторот ти рекол да се оперираш, можеби тоа е најдобрата варијанта за тебе.
    Инаку, во бременоста, како што расте плодот, ќе расте и миомот и ќе има подобра васкуларизација, што значи ќе биде подобро прокрвен, и при породувањето ако не се внимава, може да дојде до крварење. Мислам дека заради тоа докторот ти препорачал операција, особено затоа што немаш родено. Инаку за самиот плод нема некоја опасност, освен можеби притисок, ама тоа зависи од местоположбата на миомот. Нема што да се плашиш, не е ништо опасно тоа што имаш миом, многу жени го имаат, само треба да ја следиш состојбата. Побарај и второ мислење, можеби и другиот гинеколог ќе ти даде ист совет. Операцијата не е опасна.
     
  4. caci.caci

    caci.caci Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Многу ви благодарам! И другиот гинеколог ми советуваше операција, па ќе ја правам за месец и пол, се надевам се ќе биде како што треба...
    Поздрав!
     
  5. maca22

    maca22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    1
    И јас го имам истиот проблем и се двоумам дали да правам операција или не бидејки уште не сум родила.Па ќе те замолам да ми дадеш информација каде планираш да ја правиш операцијата кај кој доктор и колку ќе чини тоа?
    Поздрав
     
  6. caci.caci

    caci.caci Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Здраво
    После сите консултации што ги направив, решив да правам операција. Препорачливо е, бидејќи за време на бременоста, матката е подобро прокрвена, така што и миомот се полни со крв, расте и може да му смета на плодот. Се уште не сум направила операција, чекам да се отвори болницата Плодност во Битола, па таму да се оперирам. Подобро е да се отстрани, тоа е вишок ткиво. Со лапароскопскиот метод, ризикот е минимален и нема голема лузна после операцијата. Во државните клиники прават со класичен рез, ама тоа е поболно и покомлицирано за опоравување.
    Поздрав
    Цаци
     
  7. maca22

    maca22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    1
    Цаци ти благодарам многу на одговорот.
    Поздрав
     
  8. aanneettkkaa

    aanneettkkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    здраво! Нова сум овде случајно прочитав за миомите и за тоа сакам да прашам некој дали после оперативен зафат на миом има симптоми (после една ипол недела ова се случува од операцијата) да мокри неконтролирано значи не се чувствува никаква потреба за мокрење.Знам само дека се случувале промени еден месец во самиот организам нормално,но сепак сакам да знам нечие мислење и искуство ако го имал.Фала однапред
     
  9. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.130
    Majка ми пред 6 месеци правеше операција и сега оди поретко да мокри. У смисла може подолго време да издржи без да оди во тоалет. Порано стануваше секоја вечер, сега не.
    А се распрашуваше за тоа она и дозна дека некои па сега почесто одат на мократ. Се е индивидуално.
    Затоа што во случаевиве што јас ги знам им е извадена матката и може бешиката да ја промени позицијата пониско/повисоко. Е сега има зафати и само миомот се отстранува, за тоа не сум запознаена.
    Ама воооошто не е добро а ни нормално да мокриш без да чуствуваш потреба.
    Тука нешто не е во ред.
    Да се посети лекар обавезно.

    И по секоја операција на телото му е потребно долго време за опоравување. Посебно операции со целосна анестезија. Таа многу влијае на организмот.
    А со вадење на матка минимум 1 година е потребно за добро опоравување, сепак орган се вади.
     
  10. caci.caci

    caci.caci Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Матката се вади во екстремни случаи. Инаку се отстранува само миомот. нормално, после тоа, треба период за опоравување...
     
  11. caci.caci

    caci.caci Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Здраво на сите
    Ви благодарам за поддршката и одговорите. Јас се оперирав пред повеќе од два месеци, ми го отстранија миомот, сега е се во ред, се си дојде во нормала, брзо се опоравив, за 2 недели отприлика. Благодарам на фемина форумот и модераторите!
    Се најнај!
     
    На maca22 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. infinity

    infinity Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    25
    цаци.цаци ме интересира каква бесе процедурата со отстрануванјето на миомот и кај го изврси зафатот посто мислам дека негде погоре процитав дека сакас во плодност а јас колку сто знам плодност ке поцни со работа по 2 мес ,мило ми е сто си во ред позз
     
  13. caci.caci

    caci.caci Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Здраво,
    бидејќи не сакав да чекам, сакав што побрзо да го решам тој проблем, се оперирав во Систина. После прегледот ме советуваа дека е подобро да се отстрани, миомот беше од надворешната страна, супсерозен. Се оперирав неколку дена после прегледот, веднаш откако ми заврши менструацијата. На болница бев нецели 4 дена, ме пуштија порано бидејќи бев добра. Многу се плашев, а помина се во ред. Го извадија миомот, матката е сега супер, најсупер :)
    Задоволна сум од операцијата и целокупниот третман во Систина, многу е чисто, персоналот, медицинските сестри, се е беспрекорно. Навистина е скапо, но здравјето е најважно. Сите што имаат некаков проблем, им препорачувам да не се плашат и да го санираат проблемот што поскоро.
    Поздрав!
     
  14. nesa

    nesa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.078
    Мене ми го открија кога ми ја потврдија бременоста. Ме фати олема паника, ама еве иако сум бремена, миомот сега за сега не расте и не му смета на бебето. Докторот ме советуваше да ја истерам цела бременост, и бидејќи ќе се породам со царски тогаш ќе ми го отстранат. сакам да прашам дали има некоја трудничка со ист ваков проблем?
     
  15. infinity

    infinity Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    25
    мене ми се појави миомот најверојатно во поодмината бременост затоа сто на првите прегледи немаШе ниШто а подоцна не се гледасе од плодот така да јас цела бременост не ни знаев дека имам миом,крајот на 38 ма недела прокрварев заради проблем со плацентата и следниот ден се породив со ЦР затоа сто не бесе возмозно поинаку ,во текот на операцијата докторите го отстраниле и подоцна ми соопстија ,опоравуванјето ми бесе нај нормално како кај сите други но да знаес дека во текот на бременоста матката се прокрвува а исто и миомот така да ти требаат многу цести прегледи ,од тогас има повеке од една година супер сум но има мала раниЧка каде сто бил миомот воопсто не ми смета и не сум свесна за тоа ,ти дрЖам срека се да биде во ред ако имаШ некои праШанја слободно праШај позз
     
    На maca22 и nesa им се допаѓа ова.
  16. Snezepp

    Snezepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Здраво. Јас сум нова на форумот. Јас пред 3 месеци се оприрав од миом кај проф.др Славејко Сапунов на клиника во Скопје. Поминав одлично и фала богу на досегашните контроли што ги правам се е во ред. Оперирана сум со класична операција, не сум шиена, а како што ми изгледа раната за некоја година и нема да се познава многу. Ви препорачувам сите што имаат миом да не се плашат, не е толку страшно. И јас немам родено сум имала досега 2 вонматерични бремености. Па од септември ќе размислуваме со мажот ми за бебенце. Поздрав до сите на форумот и кој сака може да ме праша се што не му е јасно.
     
    На maca22 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. maca22

    maca22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    1
    Здраво Снеже Добредојде на форумов.Би сакала да те прашам колку време однапред закажа за операција ?Дали многу се чека треба ли врски да се фати бидејќи и мене ми го препорачаа овој доктор па би салака да знам.Инаку бидејќи се работи за Клиника малку ми е страв бидејќи таму е хаос и би сакала да ми кажеш бидејќи од септември планираш бебе (дај боже веднаш да биде)колку време после операцијата може да се планира бременост.Ти посакувам се најдобро и многу брзо опоравување. :)
    Поздрав Маца
     
  18. nilanani

    nilanani Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Поздрав до сите.После три спонтани абортуси,др.ме прати на ХСГ каде се виде сенка(не ја дефинира) сомнение дека е полип.Потоа следеше хистероскопија (вчера)каде се утврди дека имам субмукозен миом.Значи со хистероскопија ми го отстраниа миомот вчера( малку болна постапка но се издржува).
    Бидејки имам намера да раѓам миомот не треба да е тука.По се изгледа дека тој бил причината за спонтаните.По дооооооолго влечење по клиники стотици доктори сум посетила ниеден до сега не ми рекол и не видел дека имам миом,само ме влечеа ваму таму (а посебно систина) веќе 2 год.сум нивен пациент секоја друга недела сум била кај нив.И што да се рече!Изгледа само за пари трчаат,во последно време толку гужва има што треба 1 месец да чекаш со закажување,и рутински ќе те прегледаат.Сега миомот го нема примам терапија па наредниот месец планирам бременост.Инаку јас си одам сега во Св.Лазар
     
    На maca22 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. maca22

    maca22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    1
    Здраво nilanani !
    Ти посакувам што побрзо закрепнување и забременување.Би сакала да те прашама каде се оперираше и кој доктор ја изврши операцијата и да ли се консултираше со повеќе доктори пред да се одлучиш на операција .
    Поздрав Маца
     
  20. Bogorodica13

    Bogorodica13 Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    Miom ( tumor) na matka

    Pred edna nedela mi kazaa ne eho deka imam nion okolu 2 sm. premnogu se isplasiv ,iskreno, a nemam nikakvi problemi, dobivam na sekoi 28 dena vo mesecot,nemam mnogu mi trae 4 dena, nikakvi problemi nemam, i bas se zacudiv koga mi kaza doktorkata...vo panika sum.... uspat mi zema i bris Pap i mislam za Hpv, ima li nekoj so vakov ili slicen probelem..pomagajte so soveti...vi blagodaram
     

Сподели ја оваа страница