1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Миом на матката

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од caci.caci, 10 октомври 2010.

  1. Anetaoh

    Anetaoh Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2013
    Пораки:
    1.031
    Допаѓања:
    2.701
    ооооффффф,фала на одговорот Маца,а докторот ми рече на контрола по 6 месеци кога ќе одам најдобро ќе биде да бидам бремена....како бе да бидам бремена со толкав миом,а тебе Маца на која страна каде ти се наоѓа миомот,мене ми е на задниот ѕид на матката,можеби не смета ама се плашам многуууу уште ова ми фалеше ;(
     
  2. maca22

    maca22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    12
    Ане,
    мене ми е од левата страна од надворешна страна на матката накај задниот зид и мојот како демек не смета ама додека не правев лапаро и хистероскопија неможеа точно да ја одредат местоположбата и на ехо и хсг даваше погрешна слика.Е сега точно се знае каде е лоциран и иако не смета ми препорачаа да го извадам.Инаку и мене ме фаќа страв и кога ми кажаа дека треба да се оперирам се утепав од плачење ама што е тука е.Да не го мислам после многу подобро е сега да ми го извадат.
    Поздрав и без страв :)
     
  3. Anetaoh

    Anetaoh Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2013
    Пораки:
    1.031
    Допаѓања:
    2.701
    Маца,а каде реши да ја правиш операцијата? на клиника или? таму добар доктор е Горан Димитров јас лани се правев хистероскопија на полип кај него и сум многу задоволна,пиши ми што реши...
    Позз...:)
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. maca22

    maca22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    12
    Јас решив на клиника да правам кај др.Трајковски.Задоволна сум од него ептен е ок и он ми правеше и лапаро и хистероскопија пред 1 месец.Фала за советот ама јас кај него почнав и сега за сега несакам да менувам.Он ми ја знае целата ситуација а и доста е спремен.
    позз
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Anetaoh

    Anetaoh Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2013
    Пораки:
    1.031
    Допаѓања:
    2.701
    Маца,молим те пиши ми како помина,колку трае,дали е болно,колку дена остануваш во болница и дали навистина ставаат катетар зошто не можеш да стануваш
    Поздрав и со лесно... ;)
     
  6. nonenceee

    nonenceee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    1.016
    Секако дека стават катетар , пред да отидеш на операција и мислам дека стои 2 дена .
    И од мене нек ви е со лесно на сите што ке се оперирате .
     
  7. maca22

    maca22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    12
    Ане фала ти .Јас уште немам правено операција во март се договоривме со докторот после циклус.Да ти кажам искрено незнам како ќе биде,само знам дека е класична операција и сигурно 4 до 5 дена се ле
    жи во болница.Претходниот пат добро поминав ама тоа беше лесна операција и само една ноќ останав во болница.Несакам да мислам пред време како сака нека биде ќе издржам само со плод да вроди.Јас повеќеод тоа се плашам неколи од самата операција.
    поздрав и тебе со лесно нека ти биде :) и без страв ;)
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kargo80

    kargo80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    3
    Само можам да кажам, дека најдобар доктор е д-р Марјан Стојовски. Тој ми ја спаси матакта со миом со големина од 130-140 мм (13-14 см). Бев кај многу доктори на прегледи, и сите ми викаа дека нема шанси да ми ја спасат матката, односно дека ќе мора да се вади се, со можност да ми останеле јајниците. Ама чуму јајници, без матка. Само д-р Стојовски ми рече - ДА, ќе ја спасиме матката. Единствено, ми рече дека можеби нема да мое да се спаси, ако се јави крварење кое не би можело да се сопре. Ако е се во ред и ако нема крварење, тогаш ќе успееме. И успеја. Човекот е магионичар, виртуоз во областа на гинекологијата. Само толку имам да кажам. Секој има право на избор и затоа не сакам да сугерирам дали да го барате него. Но, јас сега видов дека се говори на оваа тема и едноставно чувствував потреба да кажам дека професорот Стојовски е најдобар. Имав среќа, ми ја спаси матката и кога ќе одлучам, можам да раѓам, без никаков проблем. Ви посакувам многу среќа на сите што ќе одите на операција. инаку се лежи 5-6 дена, и катетерот стои 2-3 дена, се зависи од пациентка до пациентка. Се надевам дека мојов пост некому ќе биде од корист. :)
     
    На dromka и maca22 им се допаѓа ова.
  9. Tochkata

    Tochkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2013
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    1
    здравоо..јас пак :)) Сега сакам да ве прашам нешто др околу миомите. Мајками пиеше едни капки и апчиња клаира и пред неколку дена беше на контрола за миомот, и рекоа дека бил слезен долу и дека се викал миоом кој се раѓа. Сега не треба да ја сечат , ке го изваделе миомот од долу...незнбам како се вика таа операција. Сакам да ве прашам ако некој знае повеќе за ова да ми одговори . Многу се плашам , кажетеми ако знате колку е е страшна операцијата и колку дена ке треба да ја задржат во болница и за колку време ке закрпни. Ви благодарам :* :D :)
     
  10. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    По ова што го имаш објаснато мислам дека на мајка ти ќе и направат еден вид киретажа(како што се извршува абортусот),а тоа не е страшно и не би требало да лежи многу на болница.
    Пред неколку години ова и го направија и на мајка ми,ама пошто нејзе и беше многу ослабната крвта ја задржа ја на болница само за да и даваат крв.Така да не се секирај се би требало да помини во најдобар ред.
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Anetaoh

    Anetaoh Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2013
    Пораки:
    1.031
    Допаѓања:
    2.701
    Ќе можеш ли да ми кажеш како се викаат капките кои ги пиела мајка ти...
    Однапред ти благодарам
     
  12. mfem

    mfem Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    здраво, пред некои две недели ми открија миом на матката и барав по интернетов повеќе информации и сфатив дека за мојата возраст и не е нормално зашто секаде пишува дека се јавува кај жени над 30та година, а јас имам 18... дали знаете некој на моја возраст со истиов проблем, или барем да ми кажете некој совет
     
  13. Hristina-P

    Hristina-P Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    имам 37 години, немам родено. Ги направив сите испитувања и немам никаков проблем освен што имам миом некаде позади матката 62х54 мм. Мојот матичен гинеколог предлага да се одстрани за да се исклучи како проблем за да останам бремена. Ме прати во државна болница кај Д-р Сапунов. Ме прегледа докторот и без коментари рече дека мора да се отстрани. Ми рече дека треба со класична операција. Прашав дали може лапараскопски, ми рече не без никаков коментар. Од друга страна друг доктор со консултација на моја роднина рекол дека може да се одстрани лапараскопски. Сега ме интересира до која големина миомот може лапараскопски да се одстрани. Јас не сум да се одстрани со класична.
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. maca22

    maca22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    12
    Здраво,
    јас направив операција пред две недели и тоа класично на клиника и да ти казам дека првите неколку дена е тешко но потоа од ден на ден ти е се подобро и бргу се заборава и се опоравува.И јас прашав дали мозе лапараскопски но ми рекоа не ,бидејќи миомот е поголем од 5 см и на клиника немале такви инструменти за мелење за да го извадат лапароскопски.На приватниве клиники мозеби има прашај си .
    Ако си решена за вадење подобро среди си го тоа поскоро да не му ја мислиш , мене барем ми олесна а плус за бременост е ризично.
    позз и со среќа :) :)
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. maca22

    maca22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    12
    ане,
    конечно направив операција !!!!!! Да ти казам дека не е баш едноставно ,да болно е малку потоа ама се трпи.Инаку јас лезев 5 дена се зависи од тоа колку бргу ќе закрепнеш,првите денови си со катетар не смееш да стануваш а после мораш сакала нејќела.Ќе бидеш решето од инекции ама што мора мора :)
    позз и со лесно и прашај нешто ако те интересира :)
     
  16. Anetaoh

    Anetaoh Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2013
    Пораки:
    1.031
    Допаѓања:
    2.701
    Маца,мило ми е што си супер и што ти помина операцијата,ајде сега бебенце што побрзо.. :P ..а дали лапароскопски е помалку болно од класична операција? или исто е? туку кај 2 операции уште една би издржала :D треба да одам мај месец на контрола па ќе видиме.....поздрав
     
  17. maca22

    maca22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    12
    фала ти Ане :)
    лапараскопски е побезболно и немаш рез само две мали дупчиња а класично е потешко и повеќе болно потоа.инаку операцијата е со анестезија и ништо не чуствуваш и кај двете .Ама потоа кај класичната е :worried:
    така да ако мозеш лапараскопски да поминеш супер.
    позз и со среќа :D
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. vesnik

    vesnik Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Женски
    Ве молам дали некој од Вас кој веќе се оперирал во клиниката во Скопје(морам на клиника бидејќи превисоки се цените на приватно) може да го подели подетално Вашето искуство со оперативниот зафат отстранување на миом.Имам миом субсерозен надвор од матка на петелка на маткин ѕид.Мора да одам на ин витро оплодување поради не толку добра спермограмска слика на мм па фондот за здравство ми бара отстранување на миомот.Премногу се плашам и можеби звучи детинесто се плашам од инекции,не толку во вената туку во бутот.Имам 32 год.и неможзм мн да чекам за бебе а досега не сум раѓала.Ве молам доколку некој може подетално да ја опише операцијата,подготовката пред операцијата и после неа,како се чувствувавте. И препорачајте ми некој доктор.Ви благодарам!!!
     
  19. vesnik

    vesnik Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Женски

    Леле како тоа не е баш едноставно и решето од инекции,те молам пиши подетално како помина операцијата???
     
  20. vesnik

    vesnik Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Женски
    Леле како тоа не е баш едноставно и решето од инекции,те молам пиши подетално како помина операцијата???

    Аватар на корисникот
    vesnik

    Фем почетничка

    02
    Мислења: 10
    Зачленет: 11 Јул 2012, 13:43