1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Модри патлиџани

Дискусија во 'Рецепти' започната од ludoto19, 4 јули 2012.

  1. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Не најдов ваква тема со модри патлиџани.
    Епа ајде споделете некои рецепти, за полнети, пржени, имате ли некои специфични ритуали при готвење на модрите патлиџани? :)
    Јас да ви го кажам мојот ОМИЛЕН рецепт за модри патлиџани папучки.

    Се зимаат 5 модри патлиџани, и се сечат на две половинки( да излгедаат како папуча, ), се длабат да бидат тенки, значи се вади се.
    Се пропржуваат на зејтин, малку колку да поруменат.

    На друга тава со зетјин пропржуваме мелено месо (околу 500гр) со кромид, и многу домати.
    Правиме башамел сос.
    Ги ставаме пржените папучи од модри патлџани во тепсија, им ставаме од меленото месо, па башамел сос, и се така, со сите.
    На крај им ставаме рендан кашкавал одозгора, а тепсијата ја полниме со мелени домати, може и компири како за печење, и многу малку вода.
    Јадењево е прекрасно го препорачувам,плус има и место за експериментирање, можете да си правите и некои свои комбинации :)

    Се пече на 200 степени, од прилика 40тина минути, додека не фати црвеникава накај кафеавкаста боја башамелот
     

    Прикачени фајлови:

    • papoutsaki1.jpg
      papoutsaki1.jpg
      Големина на фајлот:
      253,6 KB
      Прегледи:
      3.048
    • papoutsaki11.jpg
      papoutsaki11.jpg
      Големина на фајлот:
      57,5 KB
      Прегледи:
      3.046
    На Osamena devojka, SaIvnjaann и Adi888 им се допаѓа ова.
  2. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    Офф ги обожавамм :inlove: , мајка ми ги прај скоро секој втор ден, ко ќе има јас не јадам ништо друго..
    Денес на ручек ги дојадов, полна тава изедов самата, никој не касна :wasntme: , ќе ја терам утре пак да ми прај.
    Инаку не го знам рецептот, ќе ја прашам мајка ми и ќе пишам :)
     
  3. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Рецептов е од Вкусот на традицијата, испробан и многу вкусен :)
    А бе трудница, само нешто спешл и` се јаде :P :D :D , а и имам време на оптег :!:

    1. Мусака со модар патлиџан

    Модриот патлиџан се лупи и се сече на тркалца, се ставаат во посолена вода да отстојат половина час и потоа се редат на кујнска крпа да се упие течноста. Се пропржуваат на тивко колку да заруменат и се редат на салфетка да се упие мрснотијата.
    Може да се искористи и истото тавче ...значи се пржи кромид и мелено месо, потоа се додава ориз и зачни по желба (сол, бибер, вегета, оригано, црвем пипер), јас си додавам и томатело. Всушност зајрето е исто како кај полнети пиперки.

    Потоа во ватростално се редат круговите модар патлиџан, се истура приготвената смеса и одозгора пак се реди модар патлиџан.
    Во зависност од големината на ватросталното може и три реда модар патлиџан со два реда зајре.
    Се залева со водичка и се пече додека скоро не испари водата (како кај мусака).

    При крај се вади тавчето од релна и се посипува со претходно изматени 1 или 2 јајца со кисело млеко (неколку лажици, не цело канче) и пак се враќа во релна додека да се потпече т.е да фати коричка.

    Количината на состојките е произволна и зависи од садот во кој ќе печете и од тоа дали сакате зајрето т.е. манџата повеќе да биде на мелено месо или ориз.

    Бон апетит :)

    2. За љубителите на лук и кисело.
    Се пржат кругови модар патлиџан ама пред тоа не му се лупи кората. Откако ќе се испржат, се оставаат да се изладат и се залеваат со оцет, лук и магдонос, може и малку зејтинче, солче и се добива мезе за ракија, а може и узо ;)
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    јас правам мусака со модри патлиџани
    еве го мојот рецепт
    250 гр мелено месо
    Кромид една главица
    Три модри патлиџани-сецкани на тркалца и (малку запржени
    две домати -сецкани на коцкички
    една блага пиперка-ситни коцкички
    пола лута пиперка-ситни коцкички
    еден поголем компир-сецкан на тенки тркалца
    ------------------------------------------------------
    Најпрво го сецкам ситно кромидот го запржувам заедно со меленото месо ,ѓи додавам доматите и чушките,во тава за печење редам компир потоа филот со м.месо,па модрите патлиџани се реди за накрај одозгора да бидат модрите патлиџани,ги полевам со млака вода до пола тавче и во загреана рерна на 180с се пече да изврие водатакако додаток на оваа мусака поховам сирење
     
  5. SaIvnjaann

    SaIvnjaann Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    458
    Едно од моите омилени јадења- модри патлиџани. Ги јадам на секаков начин и пржени и печени.
    Најчесто ги пржам бидејќи не ми одземаат многу време. Ќе ви кажам како ги правам. :P
    Прво ќе ги измијам убаво патлиџаните и со се лушпа ги сечам на подебели тркалца. Потоа, ги пржам во масло и бидејќи цицаат масло и да не бидат многу мрсни ги ставам на салфетка и ги оставам додека се изладат така да стојат. Ги редам во два реда по 5-6 тркалца и одозгора им ставам павлака, магданос и лукче и се така ред тркалца ред павлака , магданос и лукче и тоа ќе си дојде високо како торта. Потоа ги ставам во фрижидер да стојат околу половина час. Ги вадам и си сечам парчиња како тората и со една чаша ладен јогурт - спас на жештиниве. :D
     
  6. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Крем салата со модар патлиџан

    -Печен модар патлиџан (сецкан, пасиран или блендиран)
    -Мелени ореви
    -Лук
    -Павлака
    -Малку мајонез

    Количински зависи од вкусот, може повеќе павлака-помалку мајонез, или обратно.
    Многу е добра како мезе.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.685
    Допаѓања:
    97.991
    Пол:
    Женски
    Модриот патлиџан ,количината зависи од вашата желба,убаво го миете,и го сечете на тркалца од 1 см.Во тава обложена со хартија за печење ги печете на температура од 180-200 степени.Се ладат и секое тркалце се премачкува со фил од лук,магданос,маслиново масло а одозгора се ренда некое тврдо овчо сирење.Секое тркалце се свиткува во ролат и се реди во чинија.Како додаток на јадење,мезе одлично е :up:
     
    На mal.ecka и slavica999 им се допаѓа ова.
  8. deliza

    deliza Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    11.949
    Потребни состојки

    300 гр. Мелено месо
    3 модри патлиџани
    1 кромид
    2 чешлиња лук
    Магданос
    Масло за јадење, вегета, сол, црн пипер

    За сосот

    3 домати
    1 кромид
    Малку сол, многу малку шеќер

    Подготовка на сосот: Доматите и кромидот се сецкаат и се ставаат во тенџере да зовријаат 15-20 мин. Се додава сол и сосема малку шеќер.

    2 парче коцка за супа. Се ставаат коцките откако водата ќе зоврие.

    Откако ќе ги измиете модрите патлиџани, без да ги излупите, сечете ги вертикално (не во кругови) (дебели половина сантиметар )Посолете ги и така нека стојат 15 мин. Потоа измијте ги и добро исушете ги. Ставете ги да се пржат (од двете страни) колку да поруменат па потоа извадете ги во хартиена салфета за да се исцедат добро.

    Во едно тенџере изрендајте го кромидот и ставете да се пржи некои 3-4мин. Додајте ги чешлињата лук а потоа и месото. Пржете ги овие состојки на средна температура. Посолувајте и додадете ги и зачините. Додадете две лажици од подготвениот сос од домати и 1/3 чаша супа. На крај ставете пола китка свеж магдонос.

    Земете ги парчињата модри патлиџани кои претходно се пржени и добро исушени и ставете ги така при што едната ќе ја ставите вертикално а другата врз нејзе хоризонтално. (Се потрудив преку сликата да ви појаснам поубаво).



    На средината ставете една голема лажица од месото и завиткајте ги (како бовча :D).. Се надевам да помага и сликата. Прицврстете ги со чачкалица. Останатото месо промешајте го со сосот од домати и додадете половина чаша од супата. Сето ова убаво измешајте го и истурете ја на тавата за печење. Редете ги пригодвените модри патлиџани и ставет ги на загреана рерна. Печете ги 20 мин на 200 C.

    Иако излгеда може малце комлоцирано, сепак пробајте, вреди!.
     

    Прикачени фајлови:

    • Untitled (1).png
      Untitled (1).png
      Големина на фајлот:
      8 KB
      Прегледи:
      2.872
  9. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    А, имате пробано чипс од модар патлиџан?
    Се сече на тенки парченца, ама не на кругови, туку како кога се лупе, сфаќате? :?: Се става во разматено јајце, па во брашно и се прже на загреан зејтин. Треба да пливат во зејтинот. Истото може и да се направе со кругови тиквички. Може и да не се става во јајце и брашно, тогаш како прав чипс изгледат. Превкусни се, ги пробав на роденденот на братучет ми. Ммм, сега да беа тука.
     
    На zhap4e и Adi888 им се допаѓа ова.
  10. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    модар патлиџан на скара со толчено лукче зејтинче и балсамико :) ...прсти да излизеш :)
     
  11. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Модри Патлиџани со Кашкавал

    2 парчиња модри патлиџани
    2 чешниња лук
    сол
    4 лажици масло
    160гр кашкавал исечен на танки пачиња ( може и од посниот , ама вкусот е поубав со другиот кашкавал бидејќи побрзо се топи :) )

    Модрите патлиџани се сечат надолжно на половина. Се засекуваат под агол oд 45º во двата правци. Засекот е длабок, а кората треба да остани цела. Се попрскуваат со сол и се оставаат да одстојат 20 мин. да се исцедат од соковите (така се намалува горкиот вкус од семето).Потоа се исплакнуваат со ладна вода и со кујнска хартија се впива водата да останат парчињата суви.

    Во лукарка се толчи лукот со малку сол, и се премачкува секое парче патлиџан по засеците со иcтолчен лук.

    Се загрева рерната на 200 ºC.

    Патлиџаните се печат во рамна тава со сечената страна према горе 45-50 мин.
    Потоа се реди кашкавал на секое парче и се враќа да се запечи уште 5-8мин.

    Многу е вкусно. Пробајте

    Извор : http://gangofamilycooking.blogspot.com


    [​IMG] Како изгледа ? :wasntme:
     
  12. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Прошлата недела направив. Како тиквички пржени ми имаше вкус. Вкусно ми беше.

    Јас ги сакам и исецкани на тркалца, испечени и наредени во тегла со магдонос, лук, оцет... зимница. Само, не многу обожавам модар патлиџан па, едно тркалце ми е доста :D

    Друго, салата со печен и сомелен модар патлиџан, урда, мелени ореви, лук и малку павлака - прекрасно.
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Eве моите модри како ги придготвувам.
    Најпрво ги сечам по должина и ја лажица ја вадам внатрешноста од патлиџанот.Потоа во зејтин пржам:кромид,морков,мелено месо и малку лук по желба(печурки,зачини по ваша желба).Сето тоа се пече на 220 степени и одозгора се поливаат со томатело сос.Превкусно.
    П.С.Доколку не јадете мелено месо си пржите зеленчук по ваша желба и го полните модрите.Еве како изгледа.
    А и мусака од модрите.Исто така мн.вкусна ствар.(се прави како и нормална мусака од компири)
     

    Прикачени фајлови:

    • Photo0587.jpg
      Photo0587.jpg
      Големина на фајлот:
      509,1 KB
      Прегледи:
      1.057
  14. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Сум си направила еден мерачки ручек денес...мхм мхм мхм
    Рецептот го најдов на странава, која патем има предобри рецепт. Секако дека не користев делимано |(
    http://moirecepti.mk/post/modri-patlidzani-parmezan/
     
  15. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.899
    Допаѓања:
    103.026
    Пол:
    Женски
    Општи прашања

    Девојки , моментално печам црн патлиџан во рерна ке правам салата со лукче и рендано сирење мислам дека знаете па колку време се печат патлиџаниве?
     
  16. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    20.736
    Варијации на тема црн патлиџан....го обожавам бдв
    Ролован црн патлиџан (името сега си го измислив пошто нз како да го нарачеам)
    Се лупи патлиџанот и се се сече(како парче леб) на тенки парчиња на надолж, но не премногу тенки.
    Се пржат во врел зејтин и се редат еден врз друг- не врз салфета, пошто не е потребно да се исцадат од маслото.
    Се сецка лук, магданос и морков (морковот пофино е кога е рендан)
    долж пржениот патлиџан се става од измешаната смеса од магданос, лук и морков, и се мота (како сарма, како увијач ) :D
    се редат во сад и одозгора се посолуваат и закиселуваат со оцет (не да пливнат туку колку да се натопат, напрскат).
    Истите можете да си ги замрзните во фружидер и среде зима да си имате деликатес од модар патлиџан.
    Се надевам пред се го разбравте рецептот, а и ви се допадна.
    Одлични се за мезе со ракивче, узо и сл.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    20.736
    Уште еден одличен и повеќе од вкусен рецепт со модар патлиџан
    Потребно ви е
    - 6-7 модри патлиџини со средна големина, измиени, исчистени од опашките и пресечени на пола, надолж, со извадено семето од внатрешноста
    - околу пола кг мелено месо
    - 1-2 главици кромид
    - 1-2 моркова
    - 1-2 пиперки
    - 1-2 мали чешниња лукче
    - 1 домат
    - магданос по желба
    - бешамел подготвен со путер/маргарин, брашно и млеко и зачини по вкус
    Патлиџани како погоре опишаното спремни се стават во "калап " од алуминиумска фолија со што долниот дел да ми им биде замотан а горниот отворен. СО алум. фолија се замотуваат баш како чунчиња, кајчиња.
    Како такви се стават малку да се потпечат во рерна, на пониска темепратура
    Во меѓувреме на тавче на рингла се стават рендани или сецкани кромидот, морковот, пиперката, се пропржуваат. Се додава и изваденото семе од црниот патлиџан- внатрешноста, која е претходно исечкана на парчиња.Се додава меленото месо додека да се соседини и хомогенизира со останатата маса. Се става изренданиот домат и магданосот и лукчето (овие по ствар на вкус). Зачини по вкус, сол, вегета црно пиперче.
    Се вадат патлиџаните од рерна, во меѓувреме се појачува темепратурата на рерната. Се полнат патлиџаните со смесата од тавчето со зеленчукот и месото.Се враќаат во рерна.Се печат уште околу 30 - минути.
    Се подготвува бешамел сос. Се става путер/маргарин на тавче се додава 2-3 лажици брашно се пропржува и пополека се додава млеко. Се меша со поголема брзина, рачно како не би загорело тавчето и понатаму се додава млеко. Кога бешамелот би стигнал до стање ни премногу течно, ни премногу густо- е готово.
    Отакако ќе се испечат патлиџаните, се вадат од рерна со се тепсијата- тавата и одозгора се полеваат со бешамелот. Се враќат во рерната на уште 5 минути.
    Можеш и да си макаш и да си јадеш а можеш и поинаку. :D
    Превкусно е.
    Пријатен апетит. (се надевам бев јасна околу елаборирањето на подготовката) :D
     
  18. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    Баба ми пак, во една тегла сече неколку модри патлиџани на кругови и ги става во теглата. Во теглата дроби малку лукче, става зејтин, неколку гранчиња магдонос и ја затвора теглата убаво. После 2-3 недели се толку мноооооооооооооогу вкусни тоа чудо. Абе лебче и патлиџанче да јадиш со месеци! :D
     
  19. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Салата од модри патлиџани на скара
    Состојки:
    2 модри патлиџани од по 500 г, сечени по должина, дебели 1,5 см
    1 луто пиперче
    масло
    сол
    2 лажици сечкан магдонос
    3 лажици бел вински оцет
    1 чешне лук, ситно сечкан
    5 средни домати, на парчиња од по 1,5 см
    1 мал црвен кромид, тенко сечен на прстени
    2 лажици мелени ореви
    Приготвување:
    Запалете ја скарата. Парчињата модар патлиџан и пиперчето намачкајте ги убаво со масло и посолете ги.
    Печете ги патлиџаните на средна температура на скарата додека убаво да се испечат и да омекнат, по околу 4 минути од секоја страна.
    Пренесете ги патлиџаните на работна површина и оставете ги да се оладат.
    Испечете го пиперчето, вртејќи го, додека да се испече и да омекне, а потоа исечкајте го. Исечкајте ги патлиџаните на парчиња од 1,5 см.
    Во голем сад измешајте ги магдоносот, оцетот и лукот. Додајте ги модриот патлиџан, пиперчето и кромидот, зачинете со сол и измешајте.
    Украсете со ореви и послужете со печени лепчиња.
    --------------------------------------------------------------------------------------------
    http://moirecepti.mk/post/modri-patlidzani-parmezan/
     
  20. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Денес открив и нов рецепт за модри патлиџани и ми е највисоко на листата.

    Сецкате модар патлиџан на кругови и ги оставаме некој пола саат/саат да се отцедат. Во тавче се става хартија за печење и се посипува со малку масло. Тркалцата се валкаат во брашно, па во јајца, па во презла и се редат во тавчето (најубаво е во еден ред, јас на две ќошиња се зезнав). Одозгора пак се попрскуваат со малку масло и се печат некои 25 минути во загреана рерна на 200 степени.

    Излегоа совршени, крцкави и воопшто не беа мрсни што мене ми пречи кога се пржат. Со малку зденка, тартар или таратур, совршени.
     
    На stetoskop и maja8 им се допаѓа ова.