1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.955
    Пол:
    Женски
    Уште еден успешен реализиран ден!

    Си дојдов од работа, се спремав и :muscle:

    За време од точно 84 мин комбинирано - пешачење - трчање 9,24 км.

    Реализирана цел и bye, bye. За потрошени калории ми покажува 725. :^)

    Од орбитрек и тегови одмарам денеска, утре ќе ги врбувам. А недела, недела ден за одмор, сосем заслужено.

    Денешно мени
    појадок компир со тиквички и моркови.
    ручек салата од домати и туна.
    вечера само салата од домати. Може и лубеница да си додадам, ама ќе видиме, немам дома, ако се натерам да испаднам и да купам. :rofl:

    Ариел ти благодарам!
    ме одржува желбата никогаш повеќе да не се вратам на старата килажа! Не сакам да се задоволам со овие -29 кг, јас одам понатаму!

    Е сеа, оти сум кепец од 162-165 идеална ми е 55 кг! ах! посакуваната килажа ќе ја постигнам но посакувана висина од Џин 180 цм никогаш! :rofl:
     
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.819
    Допаѓања:
    38.328
    Пол:
    Женски
    Зека и мене ме воодушевуваш колку си упорна и позитивна.Браво, се надевам ќе ја постигнеш својата цел.

    Инаку јас од 45 мин зголемив на 1 час вежбање, богами се изморив.
    За доручек јадев овесна каша со млеко, праска, модра слива и лажица мед.
    За ручек си спремав динстан пилешки џигер, со кромид, морков, печурки и пиперка, морав и парче интегрален леб со ова да јадам.Превкусно ми беше.
    Вечера нема веројатно да имам зошто ќе излезам, ама ќе надокнадам со пиво сигурно, што малку ми е мака, али сепак не сум на толку строг режим, а и сигурно нема да седнам во паб на пиво и да пијам вода.
    Инаку ослабнав две кила и обемот ми се намали за уште 2 см :dance:
     
    На zeka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Едно пиво 150 калории.
    Една убава салата исто толку калории и повеќе ќе те држи.
    Другите што мислат за тоа не е битно,битно е да водиш здрав живот.
    Пивото не е здраво.
     
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.819
    Допаѓања:
    38.328
    Пол:
    Женски
    Знам дека не е здраво, ама јас си пијам пиво и убаво ми е, не дека ми е што другите ќе помислат за мене.Се договорив да излезам на кригла пиво, па тоа ми беше муабетот.
    Инаку не сум толку внесена во тоа да водам здрав живот, едноставно сакав да се хранам поздраво за да не ми е џабе вежбањето.
    Сепак фала на советот.
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.893
    ^^
    Салата не е за секоја пригода а едно пиво не те разболува.
    Со умереност може да се слабее, не се откажуваш од никаква храна, само треба да се води ред.
    Ослабнав 10 кг за една година, не се форсирав, не брзав, не се откажав од ништо, ги научив калориите напамет па отприлика со секој залак знаев колку внесувам и држев некоја нормала. Сега не можам да замислам да јадам количински колку што сум јадела порано, малку ако претерам и веднаш ми е тешко, а порано сум јадела скоро дупло повеќе без проблем.
     
    На AngelOfArh, Abeja, Sky-butterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  6. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.657
    Допаѓања:
    95.768
    Пол:
    Женски
    Дримке, сакам да ти кажам дека грешиш многу, не е дека ти држиш некоја диета, туку едноставно растеш, ако се сеќавам добро ти си во развој, и мислам дека тука е одговорот на твоето прашање. Е би ти препорачала да внимаваш сега, не да пробаш, да не помислиш на чипс, газирано и пржено. Ова е твојата можност за слабеење. И движи, многу движи, да имаше мене некој на твоја возраст да ми каже да се движам да не се залежувам дома, поточно да и каже на мајка ми, пошто таа не ми дозволуваше ништо што вклучуваше егзибиции, како точак, ролери, кошарки (замислете ќе сум израстела нагло и ќе сум си направела проблем ако играм кошарка |( ), во мое време серва се играше, е не јас цели лета ги преседев во библиотека и во атеље, не викам дека ми беше лошо, ама требаше малце и да го мрднам газот, белки немаше сега да се мачам волку. Муабетот ми е, се гледам себеси во некои твои размислувања, ај ќе ПРОБАМ чипс, не го јадам, не, не си во право, ако пробаш чипс ти е исто како и да го изедеш пошто ти не го мирисаш, го јадеш, додуша јас никогаш не сум била некој фан на чипс, го јадам во исклучителни ситуации со пиво, ама и тоа многу многу ретко, не сум фан на грицкалици кои го залажуваат стомакот. Значи летово што преостанува, еден месец, искористи ги да се посветиш максимално на спортски активности, јади повеќе лубеница, диња, пиј вода и ладни чаеви без шеќер, имаш опција во Септември да тргнеш во школо и да ја започнеш годината многу поубаво или да се повлечеш уште дополнителни 9 месеци, бидејќи додека си во школо немаш толку можности за здрава храна, јадете чипсови, тостови, смоки и слични глупости. Твој е изборот. И би ти советувала и додека си во школо да се храниш здраво, не мора да јадеш од глупавата храна во школо, спремај си од дома сендвичи, така ќе научиш да ја контролираш храната која ја внесуваш во себе, јади обавезно овошје наутро, пиј многу вода и никогаш не го препуштај часот по физичко.
    Е сакам и јас виртуелно да ја изгушкам Зека, срцка таа, колку е само посветена, браво. Синоќа додека вежбав имав некој опаднат елан, некако како неволно вежбав, па се сетив на сите вас, на Зека пред се, на Анабелка која иако не не дружи за мене е херој на оваа тема, па ко попче си продолжив да си вежбам :D
    Е така, на тема храна јас сеуште сум на исто ниво, редуцирам нешто, некогаш си јадам повеќе, вчера на пример немав ручек па јадев лепче, сиренце и патлиџан, оброкот на летото, но си знам дека од тоа треба троа повеќе да изедам за да не ме фати во 8 саат криза, ама добро беше, не беше многу страшно. Дополнив со праски некаде кај 9 саат, после вежбањето, обично ама ич ништо не јадам навечер, евентуално едно кафе, ама овој пат праските се најдоа на патот до кујна и така. Обично овошјето гледам да го изедам до 18 часот, сметам дека какви такви и тие се шеќери, но се извадив на слабиот ручек. Вода веќе пукнав од вода пиење, мислам дека едно балонче од 10 литри на работа мене не ми стига за 3 дена. Сума сумарум не сум на диета, но слабеам :D
     
    На anuskaNESTLE, anabel-a, zeka и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Пивото е здраво ! (штета што јас од голтка, после мрсна храна, не можам да испијам повеќе)

    Туку, сакав да кажам дека пред да се изложите на било каква диета, најдобро е да си ги испитате сите хормони кај ендокринолог, бидејќи вашата склоност кон дебелеење или слабеење може да се должи на хормонската нерамнотежа.
    А ако веќе си знаевте-супер тогаш.

    Како што кажа Bridget, не мора да се откажувате од храна, можете само да јадете во умерени количини. Кој ќе успее да балансира што и како ќе внесе во желудникот, ќе има резултати.
     
    На Doozy, Bridget и 1209 им се допаѓа ова.
  9. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.552
    Допаѓања:
    21.650
    Пол:
    Женски
    ^Кога веќе ја спома Анабела,пред некој ден јас ја најдов низ темата,буквално се воодушевив,херој ни стана,озбилно :rofl: Инаку,јас сум на речиси истата килажа како неа,а сакам да бидам шеестина кила,работам на проектот.
    Јас не се мерам,стварно не знам што живци има Дримка.

    Кога сме веќе кај мојата исхрана,добро ми иде.Вода пијам повеќе,се хранам според планот на исхрана,вчера чокобиквит изедов,ама да знаете како убаво ми дојде,ммм....Пред 5 дена,бев на гости и сладолет јадев,и затоа поради овие „грешки“ си ги намалив останатите оброци.Звучам како калуѓерка :rofl:
    Сите ми кажуваат дека сум ослабена,само јас не можам да приметам,секогаш е така. |(
    Метарот,пишав во еден пост,ми вели -3цм обем и -2цм колкови,а јас неможам да го приметам тоа.Ај,на мене е само да се хранам правилно и да вежбам,другото гајле ми е :D
     
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.657
    Допаѓања:
    95.768
    Пол:
    Женски
    Е да, забораив Бриџит да ја поздравам за муабетот, дефинитивно, ако јадеш се, умерено, ако балансираш нема да имаш никаква мака. Мислам дека и Стеф се обидува истото да го каже, дека дури и мешањето на видови храна не е страшно ако не го поминеш нивото на внес на калории во денот, ако сум сфатила нешто погрешно ете нека ме исправи. Мислам дека не е потребна строга диета од типот 3 јајца и 2 парчиња двопек, само треба да внесуваме храна умерено.
     
    На Bridget му/ѝ се допаѓа ова.
  11. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Да ама за алкохол не се согласувам дека е здрав :)
     
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Бутовите намалени по 1цм, а стомакот за 2цм кај стомакот треба минимум уште 2-3 да симнам зборам за делот некој сантим под пупакот. Моменталната состојба е стомак 77цм, бутовите по 51цм. Гради половина и задник 90-60-90. 8)
    Целулит на изглед немам, а ако пристиснам сосема малку на деловите под задникот. Ќе го снема и тоа.
    Сега имам доста работа околу стомакот за зацврстување и треба да се префрлам на некои по екстремни вежби за побрзи резултати и уште малку поткревање и зацврстување на задникот. Не ми е целта незнам какви плочки на стомакот само сакам да ми е рамен и цврст тука голем удел има и храната нели.
    Сега сум уште по мотивирана иако енергијата денес ми е на многу ниско ниво така да на вежби се фрлам дури во недела. :emo:
     
    На waterllady, do-re-mi, zeka и 5 други им се допаѓа ова.
  13. befit

    befit Активен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2014
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    12
    Јас одлучив дека ќе ја почнам ун диета од понеделник, а до тогаш се припремувам така да денес за доручек изедов мала кружна интегрална векна, половина со парче кашкавал од тие во пакетче што се а другата половина со малку нутела. Потоа изедов едно јаболко и сега само што јадев нудли(супа со зачини, малку масло и шпагети). До вечер можеби ќе изедам една овошка или сладолед во случај ако излезам.
    Што друго треба да правам(јадам) за да убаво се подготвам за диетата?
    Благодарам однапред.
     
  14. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.955
    Пол:
    Женски
    Благодарам. :$

    Претерано внесување на поголеми количини намирници во организмот, без разлика дали станува збор за храна или алкохол, ќе резултира со акумулација на масно ткиво.Доколку пиеме умерено и доколку сме свесни дека и во алкохолот има калории а тоа значи и дополнителен внес на калории тогаш можеме правилно да компензираме.

    Клучот лежи во Умереноста. Како за храната, така и за алкохолот.

    Така и за благото. :rofl: - скоро еден месец не сум си ја засладила душичката. Ми недостига.
    Во скоро половина година редовно конзумирав благо но - Умерено. Бев свесна за калориите и компензирав и повторно слабеев, на задоволително ниво. Сега од други причини апстинирам, Не дека сум многу послушен пациент, но после многубројни предупредувања која храна да ја исфрлам решив да бидам послушна, барем додека не дојде се во нормала.
    Црно чоколадо незнам што е - не го сакам. Затоа сникерс , марс од малите на неделно ниво обавезно.

    А потоа и кафенце со шеќерче (средно го пиев) и повторно имав резултати. Но умерено. :!:

    Денешна активност
    30 минути орбитрек, 6,3 км пешачење Со Висок напон ( :rofl: ) и кратко се дружев со теговите, дали 10 или 15 минути, се збркав. :^)

    Реков дека не пешачам денес, само орбитрек, но едноставно не се одбиваше поканата. :wasntme:
    Комбинирано, од се по малце. Лол.

    На денешно мени:
    За појадок на работа имав гравче - тавче. Со краставички. Тоа избрав.
    За ручек печено пиле (само пилиња ми се во глава) и салата од домати, За ручек нешто лесно, зеленчук-овошје.

    Најважно е да се има правилен став и јасни цели.
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.955
    Пол:
    Женски
    :hai: Од зајче.

    На денешно мени
    За појадок на работа имав полнети тиквички со месо, моркови.
    За ручек туна и салата домати.
    За вечера ке си подготвам 100 гр стек со павлака. И исто така домати, салата. Каде без нив. :wasntme:

    Стекот ми беше планиран за ручек, ама, ќе ми беше касно 17 х ручек , додека го зготвам. :?:

    И вака сум задоволна, скромно. Налик на зајчето. :rofl:

    Една недела измина од последното мерење на вага. Ми текна нешто!
    Нешто што не сум го направила во изминативе месеци. Зајчето има за цел повторно да се мери на вага на 17.08.2014 година. Значи, цел ми е, цели 4 недели да не застанам на вага а притоа на 17 да се пофалам со уште 6 кг помалку! Би дошла некои 75 кг и таман, чекај, на почеток од Септември цели 70 кг! Што и јест моја цел одамна.

    Мојата потсвест ми вели ајде зајче, Ти можеш, слабеењето е долготраен процес кој бара многу силна волја, упорност и дициплина а ти токму тоа го поседуваш. :clap:

    Честото мерење може да делува исклучиво фустрирачки бидејќи вишокот на килограми не може да се изгубат преку ноќ.

    Успехот не доаѓа преку ноќ, Треба да ги засукаме ракавите, да го свиткаме грбот за да дојдеме до награда. Ако се откажеме ништо не сме направиле. Да бидеме истрајни, да веруваме во себе, да бидеме трпели, зашто единствено така може да се вивнеме до ѕвездите. :inlove:

    Доста филозофирам, одам да се фатам на работам.
    Да вежбам, цел ми се 35 мин на орбитрек, ќе видиме, покасно! :geek:
     
    На Rose-tulip му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.263
    Допаѓања:
    8.703
    Јас сум за утепување. Денес се мерев и сум симнала уште едно кило.Од 81 дојдов на 62 конечно.Уште само 4 до целта.И вечерва фино лепо си изедов цела чинија потпечени макарони со сирење,па уште и сладолед после тоа каснав. Сега ми е криво,ама тоа е што е. Продолжувам од утре со здрава храна. Прееска за да се мотивирам ,да не јадам веќе глупости си го средував плакарот.Речиси се ми е точно од времето кога имав меѓу 56-58 кг. Големите алишта ги спакував и се надевам дека веќе никогаш нема да ги видам.Така сега и во плакарот имам место за нови алишта и мотивација плус ми е тоа да ги смачкам и овие преостанати 4 кг. :)
     
    На Rose-tulip, do-re-mi, Ariel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Ако се наградуваш за време на промената ќе бидеш помотивирана.
    Не си направила ништо лошо.
    Баш напротив,само продолжи напред.
     
    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. smiley16

    smiley16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2012
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    51
    А јас сакам да слушнам мислења за сочогледот за грицкање. Дали дебелее, колку количински е нормално да се изеде ?
     
  19. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Семките од сончоглед се доста здрави,ама ако се без сол.Содржат омега 3 масни киселини,како и витамин Е и селен.Значи има добро влијание врз пигментацијата на кожата,а и го спречува нејзиното стареење.
    Во 100 грама имаш 580 калории отприлика,така да не треба да претераш со јадење,ама една рака на ден не би штетела.
     
  20. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.552
    Допаѓања:
    21.650
    Пол:
    Женски
    Класчето во каква група на храна спаѓа?Протеини/скроб...?Или пак е како секое друго овошје/зеленчук ?