1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.476
    Допаѓања:
    5.789
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно од сите диети што сум ги пробала во последно време, како најефикасна за мене можам да ја посочам диетата со хељда. За 2 недели се губи од 7-10 килограми. Највеќе ми се свиѓа што не е многу ригорозна во поглед на количините, само намирниците се ограничени. Исто така и ако се направи грешка не мора да се прикине диетата туку се продолжува понатака по правило. :))
     
    На Sasha-Fierce и macence4 им се допаѓа ова.
  2. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Јас се дружам од денеска со чичко Жан :D Сега моментално ручам кисело млеко, и тоа цело канче од 400 гр. пола саат уште го јадам.Не осеќам некоја глад одсабајле, јес да доручкував во 1 попладне, ќе гледам и вечерата да ми е пред 8.јајцето што го јадев му бапнав и кари, телешко не можам да мириснам ќе го заменам со пилешко или туна, и сирење што го има во еден ден со кисело млеко или јогурт.Си одам и во теретана редовно, приметив дека ми се познаваат мускули на раката и доста кондиција набив, цел ми се некои си 10-12 кг, а се научив многу помалце да јадам периодов, еднаш бурек јадев го повратив многу тешко ми дојде, од тост домашен еден се прејадов цел ден ништо не јадев друго, исто од 2 парчиња пица а порано пола пица јадев комотно па и благо после, затоа сум цел живот симни 8 качи 10, мерка немам за јадење колку 3 жени јадам заедно.
     
  3. Viktorii4e

    Viktorii4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    258
    tie sho rabotite cel den na biro sho jadete?
     
  4. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    За една недела -2кг, ама навечер ептен кризи ме фаќаат:worried:
     
    На macence4 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.712
    Допаѓања:
    150.522
    Kаква е таа диета со хељда?
    Мени (теби), детаљи и така натака...
     
    На Rose-tulip и Smiley11 им се допаѓа ова.
  6. Rose-tulip

    Rose-tulip Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2014
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    287
    Пол:
    Женски
    Овошје и тоа некое лесно што се лупи- банана, мандарини, јаболка и по некое јогуртче или кисело млеко, али тоа поретко :)
     
  7. waterllady

    waterllady Популарен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2014
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    3.181
    Едно прашање, зошто кога трчам/пешачам, деловите каде што имам сало многу ме чешаат?
    И што би ми препорачале за топење на салото на нозете, значи нема нешто што не сум направила, трчам, правев чучњеви, џогирав, вежбав видеа од интернет, се, а нозете што е најинтересно не ми се ни загреваат.
     
  8. pato

    pato Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Можно е да доаѓа до тирење на кожата па затоа да те чеша.
    А за вишокот мој совет и според мене единствен начин е со калориски дефицит и високо интензивни вежби.
     
  9. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    Еве ме и ја :rofl:
    Значи мразам диети, сакам здрав режим на исхрана!!!!
    Ме затера стресен период кој заврши со пневмонија. 20 дена во кревет, јогињата у мене вриштеше за тренинг и квалитетна храна. Јас ко да бев у некој дисбаланс, акутна фаза на депресија која постпразнично ми дојде на изволте со пневмонијата. И така фино си се опуштив и си качив 4 килца кои ете, направија 28мица фармерки да не ме собираат :@ У рок од 2 дена симнав 3 кг. Нека не ве чуди, многу лесно вадам вода и слабеам зошто цел живот со спорт се фуцкарам. Сега освен јога немам ништо вежбано (а општо познато е дека од јога не се слабее) само дека оздравев се вратив на стариот ми живот. Подршка у стилот бутни ме да кинисам , не ми треба, ама се придружувам ако подршка ако некој му треба. :D
     
  10. inn

    inn Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    29
    има ли некој што ја држи диетава од жан митрев?
    сакам да ја почнам, исто сакам да прашам што јадете за викенд? и дали баш така почитувате кафе чај во редослед како што пишува?
     
  11. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    @waterllady мене ме чеша кога се топи сало.
     
    На waterllady му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sasha-Fierce

    Sasha-Fierce Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    95
    Пол:
    Женски
    Многу ме нервирате вака коа си пишувате за ефикасни диети а не ги наведувате кои, која е протекал диета, која е диетата со хељда,и која е диетата со слабеете 10 кила за 7 дена?
     
  13. viktorxD

    viktorxD Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    341
    Пол:
    Машки
    Моја Диета..10 кг за 1 месец
    1.Не се замарајте со тежината
    2.Малце по малце намалете со јадење..
    3.Повеќе пешачење
    4.Повеќе јадите житарици,мусли ово оно..
    5.Секојдневно вежбање...
    Позз :D
     
  14. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Ако некој го интересира:
    [​IMG]
     
    На MiaNmaR и mirandaa им се допаѓа ова.
  15. Rose-tulip

    Rose-tulip Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2014
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    287
    Пол:
    Женски
    Многу ме интересира една работа. Сите зборуваат дека треба да си во калориски дефицит за да ослабеш па затоа и сите дити се со калориски рестрикции. Но, познавам луѓе кои ослабеле преку сирова храна, а таму јадат мнооооооогу овошје и зеленчук што според мои стандарди надминува нормален дневен калориски внес. Значи зборувам за 2500- 3000 калории дневно, меѓутоа преку овошје за доручек и ручек(за доручек по 8-10 банани), а за вечера може и нешто варено/ печено како компири,ориз(ќе кажам мннооогу компири) плус салата. Е нема воопшто сол и масло, а вклучува физичка активност, како трчање и сл. И? Како така? Ениуан?
     
  16. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Јас така ослабев, не беше намерно, само го сменив начинот на исхрана. Од 68 дојдов до 55kg за неколку месеци, плус јас користев масло и сол. :)
     
    На Rose-tulip му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Rose-tulip

    Rose-tulip Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2014
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    287
    Пол:
    Женски
    Па да да, знам и верувам дека слабеат само ме интересира на кој начин се врзуваат состојките од храната во организмот за ти и после толку калории внесени пак да слабееш. И ќе го почнам овој начин на исхрана( Raw till 4) кога ќе почнам со постот, па баш да видиме...Сега исклучив месо и сол, до 4 само овошје јадам, уште млечни производи да исфрлам и супер...ајде од март идам јако :D па ќе раскажувам и јас после :)
     
  18. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    Значи темава не е КАЖИ ДИЕТА,туку е морална подршка.Можеш слободно да прашаш по лп или овде.Не се нервирај до толку.
     
    На IronLady и m2m2m2 им се допаѓа ова.
  19. pato

    pato Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Се додека си во дефицит ќе слабееш. А тоа дека ако внесеш 2500 калории од јадење само овошје и пак ќе слабееш се чисти глупости. Телото познава само калории. Што значи дека јаглехидратите телото (црниот дроб) ги претвара во глукоза и ги користи за енергија а бидејќи калоријата е единица за енергија телото вишокот на енергија=калории ги складира дел во црниот дроб и дел во муслулите како гликоген и ако тие резерви се пополнети тогаш вишокот е скалдиран во вид на масно ткиво што е еднакво на дебелеење.
    И според мене не е возможно да изедеш 2500 калории само од овошје.
     
  20. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    Е многу грешиш у тоа што го кажа.
     
    На Rose-tulip, Angel.girl и Jordanovska-K им се допаѓа ова.