1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.609
    Пол:
    Женски
    Извини вака не сакам да ти се мешам, не се многу 8 кила за 8 недели, таман е, но зошто тек сега почнуваш? Место да се нервираш овие два месеци, да си почнеше бар мај ќе ти беше порелаксирано.

    Тоа ме нервира, сите во јуни да почнале да вежбаат и слабеат за на плажа 7 дена. Не бидете мрзи, бар шетајте по 1 час и не јадете после 8часот навечер, и почнете уште од април, мај. Не сфаќам. Оф бре (facepalm)
     
    На Marossa, Viktorijaaa5 и IronLady им се допаѓа ова.
  2. popovich

    popovich Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    533
    Воопшто не се нервирам, отваравме фирма со мајка ми и апсолутно не ми беше паметот на вежбање и здрава исхрана, во тој стрес јадев кога ќе стигнев. Знам, лесно е да се коментира од страна, ама не знам кога ќе сфатат луѓето дека секој прави што му одговара од причини кои се индивидуални. Не се каам што не почнав во април, пресреќна сум вака и нема простор за критика на мојата одлука :)
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ilovemedicine

    ilovemedicine Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2014
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    695
    Пол:
    Машки
    Девојки неколку совети од менe:Патот до посакуваната тежина ќе биде трнлив
    -ќе бара повеќе време
    -ќе бара посветеност
    -ќе бара волја
    -Ќе бара откажување од многу слатки задоволства
    -Понекогаш ќе има искушенија
    Но ви ветувам ќе видете дека сета истрајност се ислаќа кога ќе го достигнете вашиот гол, односно вашата идеална тежина.
    Сето ова ви го кажувам од свое лично искуство.Јас имав проблем со тежината.Уште од 3 одд постојано имав вишок некои 10,15 кг.Пробував секакви диети,вежби, но резултатите или воопшто ги немаше, или беа минимални.Толку години се борев со вишокот килограми, но никако не ми успеваше да ја постигнам својата цел.Ми недостигаше нешто во целата ситуација, а тоа беа Истрајноста и Волјата.
    За чудо оваа година некои работи се променија во позитивна насока.Се случија некои работи кои ме мотивираа да стегнам заби, и да променам нешто во мојот живот.
    И така почнав диета стандарна со намален внес на калории, односно калориски дефицит.Го намалив внесот на калории за 1000 на ден.Конзумирав околу 1200 kcal,и во целиот овој режим воведов вежби.Кардио, и дигање тежини.Благото целосно го исфрлив од својата исхрана, бидејки ги согледав негативните ефекти од рафинираниот шеќер.Наместо бел леб почнав да јадам 100% интегрален пченичен леб со цело зрно.Овошје,јаткасти плодови,сирење,кафеав ориз , маслиново масло,зеленчук,пилешко месо,стек од мисирка,свинско каре беа дел од продуктите кои ги конзумирав во изминатиов период.
    Благодарение на цврстата волја, и истрајност успеав да издржам а да не ја прекршам диетата.Дома честопати јадеа многу вкусни продукти кои за жал беа забранети за мене. Многу родендени,прослави,излегувања по ресторани, поминав со празна чинија.Бев убеден дека го правам вистинското бидејки секоја недела губев константно килограми.И конечно дојде денот кога сето тоа се исплати.За неполни 3 месеци изгубив 13.5 кг,и 15 цм обем на половина.Претходните неколку месеци исто така изгубив 6 кг.Се на се за период од 5,6 месеци ја достигнав мојата идеална тежина.
    Машко со височина 169 цм тежина 62 кг, обем на половина 71цм.Сега сум посветен на одржување на тежината и поголем дел од неделата минувам во пешачење и теретана.
    Успеав јас можете и вие. Од се срце ви ја давам целата подршка.
     
    На tanjamkd, bucimir, kjukli и 5 други им се допаѓа ова.
  4. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.474
    Вчера ја изневерив мојата диета со огромна панцерота и палачинка со сникерс. Глупо ми беше, идеш на јадење, тие со тебе си земаат обилни калорични ствари, ти се тешиш со минерална вода и салата.
    Ама сега... жими се, се осеќам ко да сум направила најголем грев. Осеќам грижа на совест ко прво, ко второ на пола панцерота се осеќав прејадено и ја оставив, па со сила продужив на палачинката. Тоа се тони калории што ќе ги топам наредниве 10 дена.
    Вакво ненаситно јадење - never more. Златна салатка... Идемо даље, појако! :rofl:
     
  5. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.333
    Допаѓања:
    83.573
    Пол:
    Женски
    Оваа рекламиве за Здрава храна-шпајзот на Македонија или како беше ,уште толку ме мотивира и ми дава идеи за здрав ручек секој нареден ден :lol:
     
  6. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    3.933
    Допаѓања:
    30.765
    Пол:
    Женски
    @Viktorijaaa5 Баш и јас од тука гледам секој ден, многу добри идеи имат, многу се вкусни. :)
     
    На Viktorijaaa5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Се префрлив на ЛЦХФ исхраната. Цедам лимони и цитрони наутро, пијам и ленено семе со мед. Избегнувам зејтин, сол... Јадам претежно варено и свежо. Сеа за сеа супер ми оди , пошто 3 ден ми е ете така.
     
  8. Rose-tulip

    Rose-tulip Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2014
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    287
    Пол:
    Женски
    Која ти е таа исхрана ако може малку поопширно? :)
     
  9. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    3.933
    Допаѓања:
    30.765
    Пол:
    Женски
    Женскиииииииии! :sun:
    Сакам да ви се пофалам дека симнав 10 кила! :muscle:
    Ептен сум радосна, неможам да поверувам на моите очи кога ќе се качам на вагата. :wasntme: Ви препорачувам на сите што едвај чекате да сте радосни како мене, само треба цврста воља! Гледајте да одбегавата благо и газирано, а за леб, можете со црн.
    Со среќа на сите! :hug:
     
    На Marossa, Viktorijaaa5, tanjamkd и 5 други им се допаѓа ова.
  10. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.500
    Пол:
    Женски
    за колку време толку ослабе ?
     
  11. Aquarius21

    Aquarius21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Женски
    @QweenSM честитки мила за постигнатиот успех :hug:
     
    На QweenSM му/ѝ се допаѓа ова.
  12. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    3.933
    Допаѓања:
    30.765
    Пол:
    Женски
    @anakonda88 За 3 месеци симнав. Види на предходните страни, таму напишав што јадам.
    @Aquarius21 Ти благодарам мила, како и оди на сестра ти? Гушки. :hug:
     
    На anakonda88 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=61214101198&id=49&setIzdanie=23197

    Еве за што се работи,исхрана која вклучува месо,риба, јајца, зеленчук,млечни производи .Овошје појадувам наутро , од млечни производи само јогурт и немасно сирење ,не внесувам бело брашно(леб, тестенини,) не внесувам шеќер. Од страна на алкохол, со пивото си раскинав, во исклучителни прилики со винце се дружам. :)
     
  14. MMReb

    MMReb Нов член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Јас сум нова на форумов ама сакав да ви се пофалам малку..
    со правилна исхрана и со вежбанње (фитнес и трчање редовно) успеав за месец и половина од 112 да стигнам до 93 килограми што на мојата висина 183цм не се многу ама би сакала уште да ја постигнам посакуваната фигура.Значи не држам некоја многу јака диета само правилно и здраво се хранам. И најголемо благодарам на некои од Феминките кои ми беа мотивација.
     
    На mamma му/ѝ се допаѓа ова.
  15. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.376
    Пол:
    Женски
    Тука ми беше некако логично да споделам еден мој немил настан - пред 2 години ослабев 40 кг поради болест но откако се стабилизира се, повторно ги повратив кг. И да крупна сум но свесна за мојот проблем и сум на диета. Но она што боли се глупавите и цинични луѓе т.е недоквакани млади момци кои се прават кул пред своите девојки.
    Јас сум крупна мојата најдобра другарка премногу слаба, пиеме ние кафе а наспроти нас тип си девојка. Толку беше очигледно дека ме оговара мене и се смееше, што девојката му ја затвораше устата да замолкне.
    Сте се нашле во таква ситуација и како БИ сте се справиле ако се најдете
     
  16. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.474
    Јас како помала бев премногу слабо девојче и често добивав прекар Олива.
    Секогаш кога ќе ми го кажеа тоа бев на раб на солзи, и нормално дете како дете ќе те боли.
    Како што растев и престанав со спортување, па здравствени проблеми се здебелив нагло 12тина килограми. Тие килограми јас ги симнував повремено, ама повторно ги враќав истите со плус некое кило.
    Добивав коментари дури и од брат ми дека телото, особено во нозете делувам деформирано, особено кога беше нервозен ме споредуваше и со животни. :)
    Пред месец дена ослабев до тежина каде што немам вишок, ниту кога ќе облечам фармерки, ниту маичка, исклучиво од инает да им докажам на најблиските дека можам, иако моите плус килограми секогаш му изгледале симпатично на дечко ми. Имам добра конструкција на тело, гради, струк и откако ослабнав сето тоа си дојде до израз.
    И погоди што? Јас повторно добивам коментари од брат ми, зошто сум ослабнала толку, лицето сега ми делувало испиено, послатка сум била со пополно лице.
    Ама мене веќе не ме допира ниту еден коментар, јас си имам зацртано во глава, и ќе слабеам (или дебелеам) се' додека си се допаѓам и сум сама задоволна од себеси.
    Затоа што луѓето секогаш ќе имаат негативни коментари без разлика на тоа како изгледаш, ама кога си се допаѓаш сам себеси, ќе си застанеш пред огледало, дали со плус/дали со минус килограми и си викаш "тоа е тоа" и се смешкаш најзадоволно и полн со самодоверба, никој друг не е важен. :sun:
     
    На Victorian, jasmina00, kjukli и 3 други им се допаѓа ова.
  17. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.500
    Пол:
    Женски
    мене ми е веќе преку глава од диети , држи недоиздржи , од пред една недела сум на диета со кефир габата и ленено семе има ефекти ама додека не ослабам овојпат не прекинувам .... инаку за тоа погоре исмејувањето сум имала и јас такви ситуации со еден школски кој нон стоп ме исмејуваше пред сите и на матурата ми рече дека ме сакал и дека сакал да излези со мене дека му било жал за тоа што ми го кажувал итн проблемот е во психата нивна а не во нас и игнорирајтеги ваквите нелуѓе !
     
    На bucimir му/ѝ се допаѓа ова.
  18. waterllady

    waterllady Популарен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2014
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    3.181
    Може да ми препорачате некоја програма со кардио вежби намемети за оние што имаат повеке за симнување? По можност програмата да може да се симне и на телефон.
    Ми здосадија видеата на фитнес блендер, а и немам некој резултат од нив. Другиве видеа што ги најдов ми изгледаат како да се повеке за затегнување, а мене ми требаат вежби што ептен ке ме испотат, мислам, кардио вежби што го топат салото.
     
  19. MMReb

    MMReb Нов член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски

    Најдобро појди си на фитнес ќе видиш резлутати :D И никогаш не вели дека немаш време еден саат што ќе седиш пред тв можеш да вежбаш.
     
  20. waterllady

    waterllady Популарен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2014
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    3.181
    Имам време, ама немам услови. :)
     
    На bucimir му/ѝ се допаѓа ова.