1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Моцарела рецепти

Дискусија во 'Рецепти' започната од Dog-lover, 28 февруари 2013.

  1. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    знаете ли некои рецепти со моцарела ако темава е глупа или дупла одма канта :rofl:
    моцарела-салата

    2 домати ги сечкате на кругови и сечкате парчиња моцарела и ги редите во чинија ги попрскувате со маслиново масло пипер и сол и ствате малце босилек по желба

    пилешки гради со моцарелa, тава ставате масло и пржите колбаси сечкате и црвен кромид и пршите(може и сунка и др сувомеснати прозиводи ама мене ми е убво со колбаси и кромидот е благ не мириса !!) на пилешките гради им сечете ко џепце и ги полните со смесата од тавата и ги попрстувате со вагета маслиново масло сол пипер и малце бело вино и ги ставте 20 мин на 205 степени
    потоа правите сос 2 домати им сечете икс и ги свате во врела вода 1 мин и потоа ги стават во ладна вода (за да не се сварат) и ги лупите ги сечете на пола и ги ваѓате семките и ги цечкате потоа ставате 1л сенф попрскувате маслиново масло сол,пипер и ставате сечкан магданос и сево ова го мешате и го ставате врз пилешките гради

    топчиња моцарела

    сечкате моцарела и ја мрцкате во јајца и во лебни трошки ( купете лебни трошки и во нив изрендајте малце кашкавал и исечкајте дршките од магдоносот) и испрезте ги ставете ги во цинија и одстрана можете домашен кечап и да си мрцкате или купете томато сос

    преубаво е гледав од kitchen boss и ја натерав мајка ми нешто да направи
     

    Прикачени фајлови:

    На tace73 и mims-89 им се допаѓа ова.
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Јас си правам салата со моцерала според мој измислен рецепт :lol: Количината на состојките е по желба, јас ставам марула, варена пченка, пилешко бело месо ситно сецкано сварено, моцарела, домат и сето тоа го мешам, попрскувам со маслиново масло, зачинувам со оригано, копар, сол и шарен мелен бибер и балсамико или цеден лимон. Салатата е лудница.
    Некогаш додавам и сос 1000 острови, и така е многу убаво.
     
    На joy1, tace73 и Dog-lover им се допаѓа ова.
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Обично ја користам за сосови ама супер поминува и со исушено лебче или во салата, пица, печурки...

    Многу сакам сирења и врв ми е сосот за тестенини со 3-4 вида на сирења (зависи што имам по дома). На загреано масло пропржувам 1 чешне лук па додавам сецкани на ленти свежи печурки кои ги пропржувам со малку оригано, па додавам павлака за готвење, моцарела, кашкавал, горгонзола или рокерфорт и сирен намаз некој. Гледам да се 2 вида тврди и 2 вида меки сирења за да смесата ја добие потребната густина иако се се стопи скоро на крај.
    Преубав сос за сите видови тестенини.

    Кај потпечените слани палачинки одозгора ставам моцарела и потпекувам во земјено мало тавче во релна на кратко колку да се стопи моцарелата.

    На исушено лепче, го премачкувам со путер, лукче, солам оригано и одозгора редам парчиња моцарела и ги потпекувам кришките. Преубав доручек за на работа :$

    Салата - сецкам марула и спанаќ, па додавам парчиња пршута и моцарела. Зачинувам со малку сол, сусам и балсамиран оцет

    Моцарелата ја ставам и во сите видови на пици....

    Не ми текнува др. колку за инфо- моцарелата се прави од млеко од биволица чија масленост достигнува до 7% за разлика од обичното кравјо кое има 3,2% масленост.
     
    На Annath, mims-89, karenin и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.186
    Допаѓања:
    25.561
    Пол:
    Женски
    Моцарела нај често ја користам за пица или сосови за тестенини, ама нај многу дома сите обожаваме пилешко со пармезан и моцарела,еве рецепт

    Chicken parmesan

    2 тегли доматен сос за тестенини- јас користам купечки,немам домашен :)
    4-5 парчина пилешки стек( тепани со чеканче )
    Моцарела,пармезан,презла,јајца,сол,вегета,црн бибер и масло

    Во презлата се ставаат зачините и пармезанот.потоа стекот се брбела во таа мешавина и потоа во маткано јајце.се пржи во загреано масло но не скроз да се изпржи,туку колку да фати коричка, околу две-три минути од страна. Во подлабок сад за печење се тура од доматниот сос и се реди стекот а врз него парчиња моцарела и се дотура сосот.се печи околу 20 мин.или дури да се зготви месото.
    Пре убаво е за со шпагети,пробајте го нема да зажалите :D Ветувам!
     

    Прикачени фајлови:

    • image.jpg
      image.jpg
      Големина на фајлот:
      22,7 KB
      Прегледи:
      666
    • image.jpg
      image.jpg
      Големина на фајлот:
      312,9 KB
      Прегледи:
      665
    • image.jpg
      image.jpg
      Големина на фајлот:
      16,6 KB
      Прегледи:
      666
    • image.jpg
      image.jpg
      Големина на фајлот:
      15,8 KB
      Прегледи:
      665
    На tace73 и hermosa им се допаѓа ова.
  5. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893