1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Надградба на нокти

Дискусија во 'Тело' започната од Mireto, 20 ноември 2009.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.712
    Допаѓања:
    150.523
    Еј Сесилија и јас го имам овој лак...ама мене многу ми се листаат ноктите откако ќе го ставам,веќе после вториот ден,како да ми го пресушува ноктот,дали е возможно да е од тоа?!
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.830
    Пол:
    Женски

    Супер, фала. Баш ќе го побарам овој лак и ќе го искористам за маникирот ;) :)
     
  3. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Лилит мене ми се листаат ако не го ставам лакот. Баш сега водев инает дека е поскапен и велев нема да го купам, ама ноктите ми станаа ужас. Сигурно ли е истиот, бидејќи има повеќе видови за зацврстување од Аура?
    Овој има некаков виолетов одблесок и прекрасен сјај. Мене ми седи на ноктите и по една недела и ептен ми ги прави јаки, не ми се кршат, а мијам садови готвам- ноктите ми се постојано во опасност. :lol:
    Еве порано беше во оваа амбалажа, а сеуште го има на страната [​IMG]


    * Bioaktivna formula na bazi silikona i ekstrakta korala
    * Sprečava pucanje i listanje noktiju
    * Popunjava neravnine na nokatnoj površini i čini je glatkom Ubrzava rast noktiju, daje im elastičnost i čvrstinu
     
  4. Mandarinna88

    Mandarinna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    116
    Ајде да пробам и така :) Фала ти момичке
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.712
    Допаѓања:
    150.523
    Да,сигурно,дури и го земав шишенцето да се осигурам.Мене кремата на аура многу ми помага,малечка,50мл со нокт на амбалажата,се нанесува само на ноктите и нежно се масираат.Стварно е добра,мислам дека беше околу 90 денари.
     
  6. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Незнам Лилитке, сега ме зачуди, јас на сите го препорачувам и никој не ми се пожалил :tmi: :$

    Производите од аура се навистина квалитетни, а ефтини. Е сега малку што ги поскапија, ама тоа е.
    Се е до организмот, очигледно дека овој лак не ти одговара, ама еве ти линк од страната, можеш да си одбереш друг ;)
    http://www.aura.co.rs/index.php/proizvodi/nokti.html

    Барем пофали ја нијансата, да не ја предомислиш нашата невеста Ана ;) :)
     
  7. Persephonia

    Persephonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    0
    Имав ставено гелна надградба пред година дена, бидејќи мислев дека така ќе престанам да ги грицкам. По една недела и надградените ги изгрицкав и ноктите ми беа во уште пожална состојба, па решив моите некако да ги пуштам. Денес конечно по 11 години имам нокти, ама секој ден барем по два пати им ставам Дикла и пред спиење задолжително Докторс крема за нокти.
     
  8. zanes35

    zanes35 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2010
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    1
    Ako imate slabi i krslivi nokti najdobar izbor e nadgradbata na nokti.
     
  9. bile991

    bile991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    10
    Во Аеродром некое козметичко студио што ставаат надградба на нокти ?
    (Освен Сандра)
     
  10. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    381
    Ја имам надградба на нокти веќе 4 год..и искрено ептен ми се свиѓа не им се замарам цел месец...мада знам дека природно си е природно..еднаш ги одржував така додека ми пораснат само мои и отидов само да ми стави еден гел..ама не издржаа ни 1 недела веднаш почнаа да се кршат...тоа е или секој месец корекција или нема нокти во мој случај...па ја си првам нон стоп корекција :lol:
     
  11. bile991

    bile991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    10
    Кај ги ставаш и колку пари ?
     
  12. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    381
    Во Куманово..иначе 1000 ден е надградба а 700 ден е корекција.. ;)
     
  13. Tadija

    Tadija Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    14
    Порано, по цел ден висев по салоните и нон-стоп бев со надградба. Секако после две-три недели мора да се обновува гелот,затоа што со растот на ноктите гелот се намалува, а и со текот на времето и со секојдневните обврски се оштетува. Секогаш после стругањето на гелот ноктите ми беа страшни, тенки безживотни, и многу ме болеа,и едноставно станав зависник од гел за нокти! Пред некој месец кога започна летото решив веќе да престанам да идам по салони, си изнакупував многу лакови во сите најмодерни летни бои, галови за зајакнување и започнав домашен маникир, и верувајте многу подобро е! Значи заштедувате пари,и тоа многу,а и плус вашите нокти се цврсти и здрави. Веќе 5 месеци си ги имам моите нокти,и не планирам никогаш веќе да ставам надградба и да ги изложувам моите нокти на таква тортура :)
     
  14. UniqueCreature

    UniqueCreature Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    44
    ОК, значи надградбата стварно е тортура за ноктите, ама мене и онака ноктите ми се кршливи и тенки, па тоа ми е најприфатливо решение поради тоа што само на тој начин секогаш ке ми бидат средени и убави а и оти немам живци да ги лакирам и маникирам секој 3 ден. Ако се навикнеш и ако барем малку ги пазиш, нема потреба да одиш на корекција на 3 недели, јас ги чувам секогаш по месец и пол, добро сега мене не ми растат брзо, ама и кога ке ми пораснат малку, го состружувам акрилот горе (кај кутикулите, каде што расти ноктот) за да се изедначат и да не се примети разлика и ќе си го прамачкам израстениот дел со сјајче и готово, тоа го правам после 2-3 недели. И кога ќе отидам на корекција се чудат маникиркиве како сум ги дочувала толку и како не ми се познава воопшто дека ми е пораснат ноктот. Инаку само првиот пат ставив надградба, така ми пораснаа моите нокти, и сега на корекција си ставам само акрил на мојот нокт. АКРИЛ, не гел, бидејќи е 100 пати подобро и потрајно. И каде што одам јас не е воопшто скапо, а многу убаво ги прават, па така имам средени нокти месец и пол за малку пари :)
     
  15. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Надградба на нокти обожавам, ама премногу ме нервира што ми пукаат од по страните :@
    И дома со турпија сама треба да ги правам. И не сакам да ми изгледаат многу вештачки и долги, сакам пократи и поприродни. Многу брзо ми растат моите нокти, и никогаш повеке од 2 недели ги немам носено, зошто грдо изгледа. Многу сакам да си ги пораснам моите, ама ми пукаат иако пијам витамини, и ги мачкам со секакви креми. А за акрилот исто имам слушнато дека бил премногу штетен, и најмногу 2 пати годишно се дозволувало да ставиш надградба, поради акрилот, и поради онаа ламбана каде што ги печеме :o
     
  16. UniqueCreature

    UniqueCreature Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    44
    Зашто штетен? За ноктите или...? Под ламба се чуваат и со гел и тоа 3 серии по 4-5 минути, а со акрилов еднаш и тоа 1 минута. Јас ставам акрил неколку месеци со ред, а пред тоа гел ставав. Навистина би сакала да знам, поздравче :*
     
  17. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Јас колку што слушнав, акрилот во себе имал канцерогени супстанции така нешто. За ноктите не не верувам да е толку штетен, оти тие си растат и се обновуваат, и исто имам слушнато дека не го дозволувале во некои држави. А ламбата исто така била штетна, некакво зрачење... Не знам точно да не зборувам напразно а немам време убаво да прочитам на интернет, ако има некој што има слушнато вакво нешто, нека ни објасни и нека ни каже :*
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.712
    Допаѓања:
    150.523
    Акрилот не е канцероген,туку надградбата на нокти може да предизвика секакви болести на ноктите заради тоа што под нив се создава погодна средина за развој микроорганизми,а ламбата е иста како солариумот,можда затоа се смета за штетна.
     
  19. UniqueCreature

    UniqueCreature Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    44
    Фала ви, сега одма барам на нет да прочитам подетално. Ако е стварно штетно, не ставам повеќе, или барем не толку често. Сепак здравјето пред се, нели? :) :*
     
  20. sugar.nn

    sugar.nn Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    15
    Значи лампата не е штетна воопшто цтб не цваќам зошо мислите така..
    Таа ствара топлина и со тоа побрзо се суши гелот или акрилот.
    И за акрилот имам слушнато дека е штетен али незнам, еднаш ставав надгрдба со акрил и многу ми се свиѓа и од страните не ми се изеде супер беа и плус ми траеа 4-5 недели. А од гелот не сум баш задоволна ми трае едбај 2 недели и ми се јаде од страните и ми се одлепува, а имам праено и во скопје и во белград и во будимпешта со гел ии значи не е до тоа кај ги праат туку до гелот веројатно :wasntme: