1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Напредување во висина и тежина (од 0-1 год.)

Дискусија во 'Бебе' започната од koritsaki, 17 септември 2011.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.930
    Допаѓања:
    103.250
    Пол:
    Женски
    Мојата ќерка е родена 2600 гр. а последен пат кога ја мереа пред 1 месец беше 7000 гр и 66 цм. Сега овој месец ке видиме како напреднала :)
     
    На crimson и Xana1318 им се допаѓа ова.
  2. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Моето синче се роди 4050г 51цм , а пред два дена го измерија и имаше 6700г 61цм. (на старост од два месеца и дваесет дена).
    Во просек накачува на килажа месечно по 1200г. што е супер.
     
  3. chiccush02

    chiccush02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    10
    моето синче се роди тешко 3410 .. долго 52 цм
    сега има 11 месеци . тежи 10 кг . а е долг скоро 80 цм .
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.334
    До 1 год. нормално е да бебињата напредуваат многу бргу. За месец дена качуваат 1-1,5кг. После годинка дена оди малку поспоро од 500-800гр е после втората год. уште помалку. Детето почнува да оди, трча и троши енергија и зависи дали ќе јаде и не колку ќе јаде туку колку квалитетна храна ќе внесува во својот организам.
     
    На Xana1318 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.044
    Допаѓања:
    199.193
    Пол:
    Женски
    Син ми на 6 и пол месеци е тежок 6950 гр, има 68 цм (вчера го меревме дома, оти кога го носам на контрола, стално кратат од килажата, поради пелената што ја носи). Се роди 2760гр со 49цм, па фала му на Бога, добро си напредува, иако имаме мал проблем со јадењето, т.е со млекото.

    Инаку, 1-1,5кг месечно да напредува до година дена е многу - оптимално е 600-800гр месечно во првите три месеци и после некаде до 600 гр месечно до крајот на првата година, со тоа што до 5 полни месеци бебето треба да ја дуплира родилната тежина, а до година дена да има најмалку трипати од родилната тежина. Ова сепак е некој просек. А инаку, сите деца се различни, па нормално и различно ќе напредуваат. Мене ми е најважно син ми да биде здрав, да си има оптимална тежина, а дали таа ќе задоволува некои „наши македонски стандарди“ (бебето да биде буцко како што сакаат бабите да биде, одвај да го креваш) не ми е важно.
     
    На AthenaAsamiya, S.kiki, HeidiDiWalt и 2 други им се допаѓа ова.
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.930
    Допаѓања:
    103.250
    Пол:
    Женски
    На 8 месеци керка ми е 8300 гр и 71 цм :)
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  7. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    Исти сме со должина, само со килажите сме 400 гр повеке :lol: (8 месеци има и Мартин)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  8. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    На 5 месеци 8100. За еден месец качил само 300 грама. :(
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  9. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.930
    Допаѓања:
    103.250
    Пол:
    Женски
    blond абе супер си е детето :) на почетокот само бебињата ставаат по 800-900 гр сега се помалку и помалку ке биде :) таман работа да додаваат секој месец по 1 кг :lol: штом педијатарот не ти вика ништо во врска со тежината тогаш релакс ;)
     
  10. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    На 2 месеца 5.400 и 60 долго
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.044
    Допаѓања:
    199.193
    Пол:
    Женски
    Машала ви се бебушките, само нека продолжат - блонд мила, не му се секирај... ако е доста активен, нема ни да качува многу. Овој мојов на 8 месеци и една недела е 7500г со 70цм - повеќе оди во должина отколку во тежина. Ама ич не мирува. Мислев дека досега сам ќе почне да стои, или пак ќе лази, ама ништо. Се движи најчесто со газето кога седи :D
     
    На АнеАце и koritsaki им се допаѓа ова.
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.930
    Допаѓања:
    103.250
    Пол:
    Женски
    на 8 и пол месеци - 8400 и 73 см
     
  13. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    8 месеци , се немаме мерено од пред еден месец, ама можно е да има 7кг (и нешто)цело време тргни застани со хранта, два пати во два месеци се разболе (шлајм, носе затнато, грлото црвено) и одма намали во јадењето. па и од пусти антибиотици не можевме нова храна да внесуваме.
     
  14. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    9 месеци - 9 100, должина - 73цм. [​IMG]
     
    На Annath и blond им се допаѓа ова.
  15. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.661
    Допаѓања:
    251.815
    Пол:
    Женски
    Јас во контекст на темава имам едно прашање, моево бебнце се роди со 3250гр а од болница излеговме со 3050гр за еден месец се поправи 1кг и 300гр што мене ми е малку чудно дека е премногу. Ја прашав лекарката ми рече ок е детето си јаде и си расте. Но имам еден проблем, или можеби си замислувам дека е проблем бебушот е многу лаком, би јадела нон стоп. Понекогаш ми се чини дури и и е мака од кога ќе се прејаде. А ако случајно не и дадеш да јаде плаче како да не е јадена два дена.
    Проблем со столицата нема, без проблем кака 2-3 пати на ден, што е и очекувано ваљда после толку храна.
    Некоја од вас со слично искуство....
     
  16. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Божица, колку месеци е бебето? Не грижи се и мојот беше така лаком, до душа еве уште си е таков. Првите три месеци ми качи по 1100-1200гр на месец. Добро е што јаде, барем јас така мислам. Подобро да е прејадена отколку гладна.

    Ако грешам некоја поискусна нека ме поправи.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    Кога се роди Мартин до 2 месец не се одлепуваше од градата ми. Навечер спиевме заедно, кога се подразбуди, ќе си цокне малку млекце и ќе заспие, после 1 сат пак ќе се подразбуди и пак ќе си се нацица. Бих рекла, дека скоро 24 часа беше залепен за мене. Докторката ми кажа, дека по скоро е навлечен по градите, отколку по млекото. Може и затоа да имав многу млеко, креветот го воденив, не само мајцата. Кога одев низ дома понекогаш си ги отскривав градите да им се порадувам на големото производство на млеко, прскаа како шприц :D (секој знае, дека цицањето уствари стимулира производството на млеко) . Нема ништо лошо во тоа детето да е лакомо. Мартин се развиваше многу брзо. И на килажа, и на должина (и се уште е така). Тоа е убаво, нема зошто да се секираш. Незнам колку е големо детенцето ти, но кога направи 3-4 месеци, ќе започне некаков режим. Прво на секој 3 сати, после на секој 4 сати.. и така на така. И јас си мислев, дека ќе биде дебелко, штом јаде толку многу, но докторите ми кажаа да не се секирам затоа, нека е живо и здраво, ќе си се менува многу. Кога поотрасне малку, ќе почнува многу да се движи, да ползи, да цапа, тогава дури може да почне да отслабва на килажа, което исто не е нешто на кое треба да се секираш.
    Просто уживај во мајчинството ;)
    еве еден сајт за развитие на детето од раѓане до 3 години:
    http://pepe.moetodete.bg/blogpost_339_0.html
     
    На ...Arthemisia... и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  18. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.661
    Допаѓања:
    251.815
    Пол:
    Женски
    Фала ви мамички, инаку бебушката има 48дена :)
     
  19. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Мојата бебушка има точно еден месец, и јас исто како тебе Божица, мислам дека да може, по цел ден ќе си седи на цице да си цица. Дури се збудалувам, цел ден седиме на цицкиии. Цело време цица, а се случува да се прејаде и па одма да почне да и се враќа назад млекце. Уште не сме биле на прва контрола, едвај чекам да одиме, да видам како напреднала, мада се гледа дека супер напредува, пу пу. Се надевам дека ќе биде се во ред и дека ќе си ја дојам и понатаму без проблем. Најголема желба ми беше да ја дојам.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.044
    Допаѓања:
    199.193
    Пол:
    Женски
    Girl1985, како прво, честитки, да ти е живо и здраво малечкото, големо да расте! :)
    И не се секирај многу што нонстоп сака да цица, нормално е тоа, кај сите се случува. Бебето е уште малечко и не знае за некаков ред, но и гладот не е единствена причина што сака да цица. Ја сака и твојата близина и сигурноста што ја чувствува кога ја држиш во раце. Доењето е еден од начините на кој мајката и детето се најблиски, најповрзани.
    Само, гледај сега, ако можеш да направиш интервал меѓу подоите од два, два и пол часа, со тоа се намалува појавата на грчеви. И да ги има, може и да не бидат толку силни, затоа што тоа временско растојание овозможува да не се мешаат сварено со несварено млеко во желудничето. Не знам колку имате проблеми со грчеви, ама ова дефинитивно помага барем да не бидат толку изразени.

    Он топик - денес ми е во план да го измерам малиов, да видам колку е тежок и долг. Почна и да лази, почна да станува и да стои сам, сето во рок од три дена. А инаку, има 9 месеци и 13 дена.
     
    На gjoker4e, koritsaki, girl1985 и 2 други им се допаѓа ова.