е сега ми текна и на онаа од КОКТА со двете овци што блееат:ццрнаа тиии штоо ти се случилооо? а другата цела демек искубана и вели переев на 90есеееет хахахах
Во принцип сите реклами наши ми се глупи,можеби сум мн.критична ама ништо оргинално незнат да направат за жал...На прво место ми е рекламата на Гуте фрухте,незнајш дали реклама за сок почнува или пред игра за порно филм ужас... Втора реклама рекламите на Вип операторот мислам дај нека се опрат со голотијата во рекламите она на ништо не личи страмота...
Новата на Даниел и неговиот сок. Рекорд за најглупа реклама дефинитивно. Како успејаа да снимат таква глупост.
Дефинитивно по глупа здравје..Па и која фаца ја прави додека пие,дал да плачам или да се смеам незнам.
на даниел со сокот ми е мислам најморонска..... и на always рекламите сите до една се глупи. Значи чим добијат они облекуваат бело, идат на гимнастика, на писта и не знам уште што. А тоа гласот што пее у позадина заедно со "песната" ја прави рекламава најглупа
Нa плажа биди опуштен,сонце, вода ,уживај а за да се освежиш СУТАШ ајран отвори.............. Бог да чува, кој ли пие јогурт на плажа, да го стегне нешто
"Овде и принцеза би се испотила"... А што демек принцезите не се потат? ... "Фатив место, пливав вешто, колегата го исплашив и рекламава ја снимивме..." Оффф
Седат девојката и момчето во убер романтична атмосфера, загледани во ѕвездите и... - Душо, ја гледаш онаа големата ѕвезда? Е тоа си ти... А онаа помалата - тоа сум јас... А оние една над друга што се? - Да..? - Е тоа сум јас и мојот трактор... Не знам дали ја имате видено најновава глупост по нашиве телевизии деновиве, али рекламава ми е асоцијација за насловов и школски пример за сељачизам. Ноу комент
Не знам дали се сеќавате на една реклама кога се рекламираше Тест за бремност поглупава реклама во живот не сум гледала
Спојлер Мароске, believe it or not озбилно се работеше за некоја марка трактори Сеа стварно више не би ме изненадило било што да почнат да рекламираат
Ма поглупава реклама од онаа „ќе имаме бебе ... ќе го има твоето носе“ - нема, нема и не ќе се роди! Без разлика што е пропаганда на надлежните, сепак е најневкусната „шала“ која некогаш сум ја видела по телевизија.