1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најголема глупост што сте ја направиле!!

Дискусија во 'Насмевка' започната од Sunshine88, 29 март 2010.

  1. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Со другарка ми се фарбавме со мастило едно тегет боја, не знаевме бевме мали и после дома не фатија и не искапија веднаш ама само на кркмите ми остана подолго време паметам, и тоа место тегетно ко зелено ми светеше :D :D
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  2. zaljubena18

    zaljubena18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2013
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    139
    кога имав 3-4 години и сегогаш сум одела напродавница со некого (мама, тато, баба,дедо) и во секоја продавница нели има на сталажи ставени кондоми.. и сум прашала што се тие и ми рекле мастики. И на секое идање сум викала сакам онаквии мастикиии, и сите ми се смееле и ми рекле тие мастики се за големи не се за тебе многу се љути.. И јас пак по мое сакам и готово.. :rofl: :rofl: :lol:
     
    На Arthur и BlackMistery им се допаѓа ова.
  3. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.589
    Пол:
    Женски
    СЕ мислам од кај да почнам ахахахахаххахах :rofl: :rofl: :$
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  4. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.006
    Пол:
    Женски
    Ова беше поодамна кога со другарка ми сакавме да се фарбаме со кна. Земавме од пазар 10 денари си викаме којзнае какви се штом се толку ефтини ама ај велам нема веза. Леле кога се офарбавме и двете мирисавме на канализација на километар. Тоа беше ужас. Колку повеќе се миевме толку повеќе мирисаше. Еден месец неможев да ја повратам убавата миризба и сјајот на мојата коса. Веке никогаш не експериментирам повеке :D
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Многу биле,ѓаволско дете бев :D
    Имав навика да цртам по ѕидовите цели цртежи,ама позади завесите и не се гледаат.КОга дојде време се прскаат,мама и тато гледаат и ме прашуваат и јас викам не сум јас,а они викаат а чиј е овој потпис.Сум се потпишувала под секој цртеж,уметничка душа :D :D

    Со мојата братучетка се фалевме на сите дека сме биле за Италија и доаѓа една другарка и вика не ви верувам и ние и даваме подарок и викаме еве и овоа ти го купивме,а ние завиткавме куп црви во украсна хартија.Она коа почна да вриска,а ние се смееме и викаме па риболовот е прочуен спорт во ИТалија :D :D :D
    Направивме лулашка во маало и сите да ја испробаат,да дојде мој ред,сестра ми била позади,кога се обрна одлета во цвеќињата околни :rofl: и тато ни рече да ја растуриме :(

    Ова скоро,влегувам во продавница и стојам,па почнувам да се вртам низ рафтовите,продавачката ме гледа чудно,сигурно си викала сакам да украдам нешто,а јас луѓе 10 минути неможев да се сетам што требало да купам,завеан мозок :lol:
     
    На Arthur, Ketchup, Valerin и 2 други им се допаѓа ова.
  6. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    1.259
    Пол:
    Женски
    Напишав на тестот дека е 2001 година.
    во местото за дата
    :fubar:
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Pufkaa236

    Pufkaa236 Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2013
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    4
    а чекај, не се затвора купатилото од натре? :roll:
     
  8. Pufkaa236

    Pufkaa236 Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2013
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    4
    си праев лепчиња у микробранова, и путерот тврд камен сакав да го стопам за да може да се мачка на лебот.. :wasntme: и го пикнав путерот сосе хартија као што беше завиткан у микробранова, а дека хартијата ко златна боја па само шо го стаив и уклучив почна да гори внатре. :?: а ние па гостин имавме у дневна седеа..и одма отварам и дувам за да се угаси. И путерот жив и здрав беше а пола хартија ја скинав и фрлив. хахаха ова пред 1 месец дали беше и помалце има. :lol:
    ко мала го ишкртав зидот од дневна со црвен кармин и го покрив со перници местото хахахах ама мала бев не ме караа.. :D
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Anshu

    Anshu Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    34
    Па вака, имаме летна кујна и мајка ми најчесто таму готви во лето, за во куќата да не ни е жешко и да не ни мириса. Еднаш печеше кокошка и ми рече да се симнам долу да ја земам. Се симнувам јас и си велам конечно (тој ден отеков за јадење), влегувам, само што ја видов кокошката мислам лиги ми потекоа, луѓе толку убаво изгледаше, зацрвена одозгора, да ти е милина на душа. И така среќна си се качувам по скалите и одеднаш доаѓаат моите кучиња (имам две) среќни, нели и ним им мириса убаво, едното скока, другото ми се мота околу нозете и во наредниот момент бев испружена на скалите, кокошката летна, тие се радуваат, мавтаат со опавчињата. Станувам и таква пискам НЕЕЕ и не згазнав убаво на скалата па пак паднав. Кога ја подигнав главата погодете што видов?
    Да, да, дупето на моето кутре ми беше пред очи. :puke:
    И така станав, моите слатки суштества се гостат со кокошката, а јас жално ја гледам и си мислам блиску а сепак толку далеку. Ја зедов чинијата, влегувам во куќата и мајка ми прашува: „Што се случи?“, а јас само мртва ладна: „Па не ја скршив чинијата.“ Пукнав од мака :@

    И ова се случи неодамна. Отидов на гости кај нана и дедо и кај нив е многу ладно, а мене рацете мраз, не можам да се згреам. Дедо ми е така приќелав човек и главата му е секогаш топла, па јас рацете си ги греев од неговата глава. :rofl: :rofl:
     
    На Arthur, Quuen, Chokoholic25 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.577
    Допаѓања:
    5.706
    Пол:
    Женски
    избегав од дома :D :DDDD

    мајками ме бараше цела ден
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Blue.Ribbon

    Blue.Ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2013
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    78
    Се случи на училиште. Ја кај страмежливо девојче па уште глупост направив :$
    Се бркавме така на низ училница, ја така тазе опуштена, ќе ја брка страмежливоста демек од сега се збудалувам ама.. И една група излезе надвор и ни ја затворија вратата од училницата и не не пуштаа надвор и ние паметните демек ако нека ни затвораат ке им вратиме. И што сеа не ги пуштаме внатре и почнавме да држиме за квака а овие врескаат отварајте иде професорот и ние: а да секако
    тие: професоров е отворете, а ние упорно си држиме и почна некако "лагата" да им држит вода , отворaме и : :o :o :o :o :o :tmi:
    е стварно да ти бил тој.. :rofl:
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  12. HoneyAxl

    HoneyAxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    151
    Кога се мавав со сестрами и таа ми залепи помада на косата :lol: :fubar:
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Кога бев мала бев на одмор со мама и тато. И сега навечер кај што се шетавме имаше тезги што продаваа секакви сувенири. И јас се фатив за едно бело пакетче со слика каде двајцата се бакнуваат. И така мала палава луда глава на цел глас си прашувам што се овие и сите ме гледаа зачудено :^), сите што беа купувачи на таа тезга сите ги прашав нивната реакција беше ваква :$ и :^) . Дури продавачот ми кажува цена тие се 5евра.
    На крајот татко ми ми рече "а не не тоа не е за тебе", и јас упорно си продолжувам "ама што е тоа, кажими, тато па 5 евра купи ми ги", тој си ќути и цел пат упорно си ги прашував што беше тоа.

    Подоцна дознав дека тоа уствари биле кондоми хахахаххахаха :rofl: :rofl: :lol:
    Зини земјо голтни ме.
     
    На LittlePinky и Elena69221 им се допаѓа ова.
  14. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Денес на работа во магацинот,зедов да отпакувам кесе со сунѓерче.Додека шефицата ми објаснуваше што треба да работам јас се обидував да го отворам ама не ми одеше. Најпосле се слушна БУМ леле кога пукна, таа се стресе :@ ,другите вработени исто само јас стоев како спомениците низ Скопје :worried:hock: но после прсна невидена смеа :D :D :D :D :D
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Вчера кога се враќав од училиште со сестра ми, во лифт почнав да се дерам на цел глас да ја пеам Can't remember to forget you. И баш на тој момент кога требаше да „настапам“ со завивањето лифтот застана и комшииката ја отвори вратата. :tmi: Мислам дека срцев удар ќе добиеше бабичкава... :( Ненадејно почнав да и завивам, сигурно помислила дека сум се претварала во врколак на сред бел ден. :rofl: :$
    Ама, жал ми беше, многу е фина. :(
     
    На Amona и Arthur им се допаѓа ова.
  16. Aneto10

    Aneto10 Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2014
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    49
    Ехеее за глупости ги имам многу дури не ги ни памтам сите ама еве ќе кажам една пред неколку години со другарка ми работевме во кафич и денски немаше ич гужва ниту пак газдата беше таму преку ден и ние пуштање музика ептен гласно се збудалевме и се качивме на шанк да играме и доаѓа газдата во тој момент не знам од кај се најде среќа беше млад и неоженет и не виде и се сопна се утепа по скалите и се изнасмеа и он а ние двете усрамени хаха :D ако ми текне уште некоја ќе кажам :)
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  17. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    9.360
    Пол:
    Женски
    Беше пред 4-5 години со брат ми ставивме да се варат јајца и си седнавме да играме на компијутер.Кога по некое време слушаме наеднаш 4 пати пукна нешто.Брстми вика кој пука надвор и идеме во кујна да излеземе на тараса да видиме што се случува надвор кога гледаме јајцата ги нема во тенџерето и почнавме да ги бараме.Кога гледам нагоре и јајцата на таван.Му викам на братми:
    -Абе бате ене ги јајцата на таван и двајцата си се изнасмеавме.

    Исто така игравме фудбал дома а плус живееме на 5кат во зграда.Имавме неонка во дневната и јас ја шутнав топката и право во неонка.Среќа неонката падна на кревет и не се скрши.После братми шутира и право во столната ламб.Е за неа немаше спас.


    Вчера со цело друштво отидовме во сокак и врзавме конец.Поминува една жена за на свадба и се утепа пликото и падна кво шахта (ама шахтата е лажна ние ја направивме) и жената стана и со трчање си замина.Ние го земавме пликото и 10 илјадарки внатре.Си ги поделивме и се опаривме.После го тргнавме конецот земавме еден џогер од оние како со плетенки што се.И ај ќе плашиме луѓе.Го запаливме џогерот и се скривме а другарками сама дома и се договоривме таа да прави отвори затвори со ролетните а сестраи пали гаси со светлото.И така поминуваат луѓе и едниот мавта со џогерот а ние другите како духови а горе другарками со сесраи прават со ролетните и светлото.Абе луѓево ко фатија да бегаат помалите деца почнаа да плачат од страв а ние тераме.:D
     
  18. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    ^ Е алал да ви е за тоа со парите. Свашта шета по светов. Ова се нарекува крадење.
     
    На kjukli и Twinkles им се допаѓа ова.
  19. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Не само што е најголема глупост,туку и криминал е.Некој преживува со толку пари цел месец само тоа да знаеш.Треба да се засрамите сите и да и ги вратите парите.
    Греота за жената...
     
    На kjukli, Twinkles, LittlePinky и 2 други им се допаѓа ова.
  20. BestFriends.99

    BestFriends.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2014
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    Да греота..Ама сепак та барем требаше да се врати и да ги бара парите