1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најмилите во лето - совети за нега и грижа во летниот период

Дискусија во 'Бебе' започната од NoellePage, 25 април 2013.

  1. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Ја отворам темава како новопечена мама, да не полниме други теми со оф топици, за да споделиме скуства за грижа во летниот период.
    Како се спремате за престојното лето? Клучен фактор е жешкото време, а нешто што мора секогаш да се има при рака е шише вода и крем за сончање со висок фактор. Се инспирирав оти вчера купив заштитна крема на Граниер со фактор 50 и сакав да споделиме искуства за истите.
    Следно, како би изгледала една дневна рутина со вашето малечко во летен период? Кога го вадите надвор, кога се повлекувате дома или под сенка, какви се рутините за одење на плажа? Планиравме да му земеме бебешко базенче со заштита од сонце на синчето, па да видиме кои се вашите искуства?
    Кои се ваши совети за безбедно сончање во летниот период и сите убавини на игри на отворено? Каква облека носат вашите најмили во лето преку ден, на вечер за прошетка и за спиење?
    Се надевам на добар старт на темава и многу среќни дечиња и мајки во престојното лето
     

    Прикачени фајлови:

    • images.jpeg
      images.jpeg
      Големина на фајлот:
      5,7 KB
      Прегледи:
      678
    На sunmoonstars, stefi23m и bitol4anka им се допаѓа ова.
  2. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Многу сум на мисла за ова....се надевам за некој месец ќе пресечам и одлучам, а до тогаш не и`ставам ништо, сакам да го прима ова рано сонце зошто за неа живот значи.
    За на лето сум во дилема да земам најнизок можен фактор за дете...
     
  3. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    156
    Одиме надвор исклучиво наутро т.е до пладне до кај 12 и попладне од 5 до 7 30 . Не ја мачкам со ништо, ама не одимеуште по кратки кога ќе се пуштиме по кратки ќе видам . Носиме само капче . Бидејќи годинава ќе ја носиме на одмор обавезно за таму висок фактор зашто јас не горам само со фактор 60 и тоа едно млеко што ми го носат до америка што таму го одобрува американската асоцијација за канцер ( нее наменето за деца), а она е беличка скоро колку мене , па и за рано наутро и попладне ( само тогаш планирам да ја изнесувам ) сепак ќе и ставам висок фактор иако не се препорачува да се мачкаат деца до 1 година скоро сум 100 % сигурна дека ќе изгори .
     
  4. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Моира, што да кажам јас т.е ние тука каде се има голем недостаток на витамин Д, баш поради тоа што нема многу сонце? Одвам само април, мај, јуни, после малкуцка средина септември и октомври. После јок! За тука не ми е проблем не му ставам ништо слабо е сонцево нека упива мали, ама за во Мк на тие пеколни горептини и јако сонце со УВ за тогаш 10 месечно бебе мислам треба да ставам. Или да го држам под сенка со слаб фактор? :?:
     
  5. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Твоето е мало, и мене мојата лани ми беше мачкана со 50 фактор (мада со овој ум сега би земала 30 фактор максимум), ама само на плажа. Преку ден, за играње, на лулашки, за шетање - јок.

    Една од најдобрите комбинации за заштите од УВ зраците е ладно цедено маслиново масло + цеден лимон, покрај фактот дека и ја потхрануваат кожата. Јас планирам оваа смеса да ја користам ова лето (а како нега после сончање - кокосово масло), па ќе видам прво на себе како ќе биде, за вгодина да ја ставам на малата.
    Генерално, не се препорачуваат млека за сончање за многу мали деца, мислам подобро држи го лесно облечен и под сенка цело време. Јас барем така би правела....

    п.с. Еве каков СПФ имаат поедини природни масла
    Мене 7ка ми е ептен доволен фактор + што што комбинацијата со лимон (антиоксиданси) помага во поголема одбивност на УВ зраците

    Тука е мислам логиката - маслиновото масло е богато со витамин Е, а лимонот со Ц :?:

    Јас лани ја користев оваа смеса (свекрва ми ми ја направи) и да ви кажам право, колку и да звучи чудно - јас не потемнав :worried: Тогаш мислев дека хормоните се`уште не ми се средени (иако година и пол поминати од пороѓај), ама сега мислам дека удел имаше маслово.
    Како и да е, ќе кажам импресии уште во јуни :)
     
    На Mama25 и Annath им се допаѓа ова.
  6. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Малиов мој фати боичка и тоа во двор,не го изнесував на јако сонце ама детево на челото и обравчињата доби боја го носам на контрола и др ми вика а малиов многу сака да шета си фатил боја :lol: ,се советував каква крема да земеме ми ја препорача еуцерин ,но немаше во зегин ништо уште немале пратка па земав бекутан крема за бебиња со 50 фактор и сега секое сабајле се мачкаме .
    Јас сум многу бела и секогаш горам на сонце колку и да се мачкам со креми независно од факторот,никако да поцрнам само црвенеам,ама малиов изгледа на таткому е одма боја а бело како сиренце беше ,ке видиме како ке биде летово на одмор.

    Ај тука да пишам за одмор со дете во Грција каде би ми препорачале ако има некој позитивно искуство нека пише во пп.
     
  7. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.898
    Допаѓања:
    103.024
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    веќе почнаа горештиниве :( и еве ние денес ја купивме оваа крема за ќерка ми , а богами и јас ке си се мачкам со неа :lol: ќе избегавам да ја носам по најтоплото (освен ако мораме) ,ако излеземе пред 11 ок , ако не најдобро е по 18:00 часот да се излегува...
    Инаку за среќа не е многу белка , неможе да изгори толку лесно , но како и да е треба богами пазење од сонцево :)
     
  8. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Леле супер тема, баш сакав да прашам деновиве и сега кога гледам сте отвориле ваква тема :clap:
    И јас ова лето планирам да одам на море со малото, некаде кога ќе наполни 6 месеци, здравје планирам да одам кај мојте кои живеат на море и да поседиме месец дена таму. Е сега зборот ми е, од колку месеци се препорачува мачкање на бебе со крема со заштитен фактор и со кој број заштитен фактор? И исто така ме интересира од колку месеци се препорачува да се оди на море со бебе и дали сме да се бања бебето во море?
    Однапред благодарам :$
     
  9. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    многу ми тебаше ваква тема...
    и јас сум во план сега деновиве да земам крем со заштитен фактор и да го мачкам кога излегуваме на лице и на раце. син ми е многу бел а јас се чудам зошто му се црвени образите овие дена :^) :^)
    исто планираме и да одиме на одмор и планирам да го вадиме рано на сабајле и после 17 и сакам цело време да е намачкан со крем. а за базенче обавезно ќе купам нека си се шлака во вода. ај нека кажат поискусните од која фирма да земиме крем во незнам јас која е најдобра за бебешката кожа.јас имам темен тен и ретко кога горам ама син ми е на мм и одма поцрвена :(
    сега засега не е многу јако сонцето ама уште 2-3 недели ќе треба многу пазење!!

    леонтина ние ќе одиме во фурка ни кажаа дека е убаво и за фамилиарни луѓе и + водата е чиста и топла. планираме да одиме крајот на септември.
     
  10. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.898
    Допаѓања:
    103.024
    Пол:
    Женски

    ние првпат ја однесовме малата на море кога имаше 4 месеца :D најубаво е или раното сабајле или приквечер кога не е јако сонцето мене ми беше многу страв да не изгори :) за бањање внатре педијатарот нас ни рече од година да ја ставаме така да лани негде 16 месеца кога имаше прв пат се избања :D
    лани и преклани ја мачкав со оваа крема [​IMG] оваа е поточно за бебиња а годинава и земавме заштитен фактор 30 за деца од Нивеа :)
     
    На kallias му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lepadama

    lepadama Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Ние планираме кон 20 август да одиме на одмор,ќе имаме 5 месеци,па би ве замолила да ми кажете какво средство да земам за бебето и со каков фактор,бидејќи знам дека до 1 година не се препорачува мачкање со фактор.
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.000
    Пол:
    Женски
    За толку малечко бебе, плус крај на август, јекодерм ќе ви биде доволен, средство со SPF не ви треба.

    Првото лето на син ми беше пред две години, го поминавме во Охрид и Скопје, го мачкав малиот само со јекодерм, надвор го вадев до 10 часот наутро, а попладне после 17-18 часот, зависи. А спиеше надвор во релаксатор или количка, си фати убава боја, ама не изгоре. Го облекував најчесто (покрај пелената) во оние шпилхозни што се по кратки ногавици и кратки ракави или без ракави, вакво нешто
    [​IMG]
    (оваа слика е најблиску до тоа што носеше син ми). Кога спиеше надвор, беше покриен само со една тетра пелена и толку. Избегнував да го шетам по најјакото сонце, па немав реална потреба да го мачкам со нешто.

    Лани малку бевме малку во Охрид, малку во Крушево, малку во Скопје. Го мачкав со крем со заштитен фактор 50 од КАМ, или со СПФ 30 на Бекутан. Ама главно, пак избегнував да го вадам на многу јако сонце, па немав реална потреба да го мачкам со некакви средства, само со лосион за тело после бањање, или јекодерм, заради влажност на кожата. На плажа го мачкав со средството со СПФ 50, оти дете не сакаше од вода да излезе, па да има некаква заштита.

    Годинава ќе гледам да не го мачкам многу. Баш и со тетка ми (педијатар, ми рече дека јекодермот е најдобар за мало бебе во лето, или пак природни масла) зборев на оваа тема пак, и ми рече дека не е можно средствата со СПФ 50 да не се канцерогени, за да штити толку мора да има некоја јака хемикалија која не е пожелна ни за возрасен човек, а камоли за дете. Па, нас одморот ни почнува за некој ден, јас спремив средства со СПФ 30 (и 50 за секој случај, ама не планирам да го користам), масло (маслиново и кокосово), јекодерм за после сонце, па ќе видиме како ќе биде.

    Сонцето е благодет за човечкиот организам - од имунитет, до правилен раст и развој. Не ги кријте децата по цели денови дома летово, секогаш кога може, сончајте ги, секако, умерено.
     
    На Moira, NoellePage, leo-n-tina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    прво да се корегирам... на одмор ќе одиме крајот на август со почетокот на септември, незнам оти вака згрешив :^) :^)

    и јас сум ЗА помал фактор, 30 е сосема доволно, баш денес гледав во зегин од нивеа ама треба да му донесат и од мустела па да ги видам и тие. никој нема да ги вади децата во најјакото сонце, пред 11 и после 17ч сонцето е послабо и мали се шансите за горење, барем такво искуство имам јас.
     
  14. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Мами, вие кои сте патувале со авион, како поминавте на патувањето? Оставаат ли да се понесе во авион нешто за пиење, тегличка со храна? Како оди тоа?
    Знам за малецките колички-чадорчиња ги земаат внатре во авион и на слетување ја добивате назад.
    Како вашите малецки го поднесоа летањето? Помогнаа лажалките за притисокот? Беа ли послушни малецките за време на летањето?
    Секое искуство е добредојдено
    Инаку сме 8 месеци и на полни 9 во 10 патуваме на одмор со лет од 2 и пол часа
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.000
    Пол:
    Женски
    Во принцип колку е помало детето, полесно е, бидејќи големи се шансите да го преспие летот. За дете е дозволено да си носиш храна, вода, млеко, за тоа воопшто не прават проблеми.
    Кога одевме во Египет, малиов мој не беше мирен во авионот. Деца над две години си имаат свое седиште, а помали седат кај еден родител и мислам дека даваат уште еден појас за да се врзе и малото. Син ми на полетувањето и слетувањето правеше проблеми, се плашеше и се буташе во мене, не сакаше никако да седи во седиштето иако мораше, па на своја одговорност го држев во раце. Спиеше најголем дел од летот (и на одење и на враќање) кај мене во раце, немаше шанси да биде поинаку, премногу плачеше. А бидејќи е поголем, цуцла лажливка или шише со цуцла не ни беа решение при полетување и слетување.
    Во секој случај, не се грижи, ќе биде во ред :)
     
    На NoellePage и lolyta777 им се допаѓа ова.
  16. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Мајки имам едно прашање, дали некоја од вас ги има користено производите за Бекутан за заштита од сонце за бебе со фактор 50? Ги гледав сега и цената не им е голема па не знам дали да му земам на синчето, со оглед на тоа дека планираме цело лето да седиме на море и мора да го мачкам со крема со заштитен фактор, па ако некоја од вас ги користила овие млека да ми каже какви се.
    Однапред благодарам 8)
     
  17. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    мене педијатарот баш тој ми го препорача, ама веќе имав нива купено. да ми се потроши и таков ќе земам.
    ми рече ,,зошто да давате пари за скапи кремови кога се исти и бекутанот е супер,,
     
    На kallias му/ѝ се допаѓа ова.
  18. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Ние планираме да одиме на одмор на почетокот на јули. Мислам дека нема да биде многу жешко, ако се погоди такво времето, тогаш ќе се шетаме и одиме на плажа наутро или после 17 час. зависи. Лани за бебето за одморот купив ваков крем
    [​IMG]
    но не го намачкав малото ни еднаш зошто и немаше потреба, не го изложив на јако сонце ни еднаш. Оваа година здравје, доколку има потреба ќе го мачкам, зависи од условите.
     
  19. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Мајки најново од совет на педијатри на Скандинавија и од вработените во аптеките овде кои го имале со педијатриве- никакви заштитни кремови за сонце не биле воопшто здрави особено со висок фактор. Препорака да се избегнува жешкото сонце, и лесно поди кога се изложени на сонце , лефтерно ама по долги ракави, ножињата може и боси. Педијатарот ми вели не коментирам, ама од кога ѕирна низ врата оти нема никој, ми вели не смеам да ширам вакви инфо оти соработуваме со аптеките ама никакви заштитни кремови. Мачкање со јекодерм или најефтината крема што ја има ама убаво мрсна да е и толку. Хемикалии се тоа штета повеќе прави од колку корист, а што е тоа малецко бебе па да се затрупува со се и сешто. Го делам неговово мислење и се надевам нема да погрешам.
    Се надевам помогнав
     
    На sunmoonstars, victoria, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. MiAmor

    MiAmor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    2.570
    Пол:
    Женски
    точно,не се препорачуваат никакви кремови со заштитен фактор,ни за нас не па за нашите деца.
    тие се најголеми предизвикувачи на рак на кожа,а не сонцето..за заштита од изгореници од сонце не се препорачува изложување после 12 часот кога е најјако сонцето!!! за бебиња најдобро време е сабајле до 10 часот и попладне после 5 без никакви кремови! сонцето е корисно, покрај вит.Д дава и енергија!