1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неуредни девојки

Дискусија во 'Тело' започната од Strumka22, 30 септември 2013.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Читав после мене што пишувале членки и секоја си е во право на свој начин
    Со некои не се согласувам, но тоа си е нивно мислење и не реплицирам.

    Не е само сапун и вода да се ,,плиснеш,,

    Само што за теорија сите сме доктори на науки
    Не сваќајте лично, општо пишувам, но кога станува збор за хигиена сите едногласно знаеме да кажеме ама верувам дека има и такви кои се најгласни а позади нив се шири реа.

    Плус хигиена е едно а уредност е друго

    Хигиена е капење, редовно миење...заби...тело..

    Уредност е (според мене)-
    уредна коса (не велам фризирана, туку не масна ,негувана и чешлана),
    средени нокти значи не велам лакирани туку средени),
    депилирани нозе (велам депилирани ај да не речам бричени),
    чиста облека (не велам брендирана туку чисто прано и пеглано)
     
    На guguence, LUCERKA, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  2. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека ние девојките треба да бидеме уредни. чисти секогаш дотерани итн. Не ги оправдувам девојките кои не се одржуваат какви се тоа девојки кои не се уредни искрено никако не го оправдувам тоа
     
    На Beautiful_girl.. и Priroden им се допаѓа ова.
  3. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Изгледот може да ве прелаже многу често...
    За некои девојки и жени за кои што сум мислела дека се уредни според работите што сте ги навеле претходно, првиот момент штом сум им стапнала дома им паднало се во вода.
    Џабе си уредна на улица, скоцкана тип топ, ако дома живееш во свињарник.
    До степен да му биде гад на човек кафе да се напие...за тоалетот да не зборувам ич...
    Ете така, според мене уредноста на една девојка или жена без разлика се гледа прво по тоа дали и е чиста кујната и тоалетот!
    Покрај тоа одат и другите работи што сте ги навеле како лична хигиена.
     
    На Silver.E, LUCERKA, RedWine и 5 други им се допаѓа ова.
  4. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    Уфф имав една другарка така која мн се занасваше а она не се погледнала у огледало,ни заби се миеше,ниту ги отстрануваше интимните влакна под мишка и на нозе и шо е најлошо вошки вриеше:o на едно влакно од коренот се до врвот гниди изнаредени(јас мислев првут да не е но мајка ми запримети а и првутот паѓа овие како закачени на влакно беа,не паѓаа)и со сиот памет ми вели фризура да и правам:x и сеуште си ги носи не и текнува да се очисти или пак неможе незнам..а глупаво ми беше да не ја навредам да и го спомнам тоа и понастрана од неа..а премногу се занесуваше учела козметичко а она поим нема од тоа,ако дотолку ја бивало за тоа ќе се погрижеше за сопствениот изглед таа требаше да е тип-топ средена од глава до пети,не она врие гниди,косата замрсена,ноктите никакви еден тон кал под нив..абе ужасс,недај боже она да те шминка(пошо ептен се фалеше за тоа демек знела да шминка :lol:) Ужас незнам шо да кажам повеќе:lol:
     
  5. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.407
    Пол:
    Женски
    Zena, onaka okolu40 denes vo avtobus doterana, ubava obleka, cevli, isfenirana, nakit, nasminkana, ocila za sonce i da...ne depilirani/briceni pazuvi. Ne, vakvi raboti nikogas nema da mi bidat jasni. Zensko od bilo koja vozrast, osnovno nesto da ne pravi za sebe, da odrzuva higiena.
     
    На buba4e89, Tanjamm, Скопјетесакам и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    11.257
    Тие примерите за девојки што не менуваат веш секој ден, ооооо па тие прво сами на себе си пречат. А за пет дена да не смени веш, тоа е претеризам.
     
  7. SWagger274

    SWagger274 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    508
    Пол:
    Женски
    Лелеееее и јас имав една иста таква пријателка во основно во 8-мо одделение но таа облекуваше мини сукња со танга гаки од кои ѕиркаа влакна...:puke: Нозете влакнести како маж исто така и рацете.Згора на све како што кажа-вошки и гниди,мрсна косата како 20 години неизмиена ...носеше рамбовка и градникот драч розов и пагаше....штикли почна да носи пооорано во 5-тоо оделение :o
    Фала богу си замина од каде што дојде...:puke: В село некаде отиде :puke::puke:леле ми се поврака кога ке се сетам на неа :puke:
     
    На ninja35, cresa-jagoda и LadyInTheDark им се допаѓа ова.
  8. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    Omg!:rofl::rofl: АХАХХАХАХАХАХАХАХАХА а знаеш шо??-Оваа јас не ја познавав одамна бидејќи беше дојдена од некаде па се населила во едно од блиските села до мојот град, ја запознав кога коа имаше 13год(и тоа кога она дојде да полага екстерно во мојот град се запознав со неа) а да не се работи за истата мајката??!Затоа како што ми опиша и ти скрозз истатаа рамбовки носи,од маала слушав свашта правела и штикли сама ми кажа дека од рани години обожавала,и не ги отстранува интимните влакна:rofl:АХАХХАХАха аиии значи можете да се уверите дека не лажам хахаа аии се изнасмеав:lol:хмм..сомнително баш!:lol::lol:
     
  9. SWagger274

    SWagger274 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    508
    Пол:
    Женски
    Па можеби и за истата зборуваме...
    Црна коса и црни очи има ?:rofl:
    А можеби и близначка и е дека таа 4 сестри 1 близначка и 3 брака имаше...:rofl:
     
    На LadyInTheDark му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    Хахахахаххахахах:lol: лелеее цело стадо :lol: па скоро истата црна коса(моментално фарбана) и темни очи има само што нема толкаво семејтсво ,не била истата,ама како близначки се богами ист памет се :rofl:АА туку дааа има другарка нејзина иста копија на неа да не е она??хахахаахах и таа е со црна коса и црни очи ама ист мозок се,си се погодиле..И да уше оваа ти им ја најде и тандем сите три!:rofl:
    шала на страна ,мора да ги запознаеме хахахахахаха:rofl:
     
    На SWagger274 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Еееееее, да ми кажуваше некој дека и тука ги има такви, немаше да му верувам.(facepalm)

    Значи сериозно, толку ме истрауматизира девојчево со реата што се шири од неа, немам видено вакво нешто. Копа, ама копааааааа, ај она нека си копа за неа, дома ако си сама во соба нека си се угуши во смрдеата.... ама кога делиш простор со други луѓе и кога работиш со други луѓе, а па посебно кога си во контакт со клиенти и муштерии тука, не знам што да кажам.

    Денеска моравме и да реагираме оти други над нас реагираа.... Брука. А како да реагираш и да и кажеш, првпат да се најдам во толку непријатна ситуација ради туѓа нехигиена. Ај трпи, трпи, си поќутував, не викав ништо, ама до тој степен дојде да каде и да престојува во одредена просторија, откако ќе ја напушти, зад неа останува миризба во собата. И ја викна една мома настрана, и вика извини ама, многу мирисаш, после тебе се сеќава мирис, обрни малце поголемо внимание на хигиената.... Ааааа изгледа од јакната ми иде, одамна не сум ја испрала. А сигурно ли од мене е мирисот, да не си грешка? Не бе, од мечките во планината е.:envy: Сестре, ако сакаш центрифугирај се и ти сама во машинана, ама додека не почнеш да се бањаш секој ден и да си ги переш униформите 2-3 пати неделно, ништо не правиме.

    Еми не се бања после работа, еми сестро физичка работа работиш, цел ден наваму натаму, а машала си има и снага.... :tmi: Си иде и правец си се валка во креветот, што е пресоблекување и од каде се купува е работава. Оти сум си имала алишта за после работа, за вежбање, за на работа, итн итн, она само со едни панталони си седи (еми ај носи нешто 24/7 и нека не мириса после, ако не го переш преку еден ден, како леш да носи во гаќите:worried:) уморна била, ја мрзело да се истушира, не била доволно топла водата, ја чешала кожата после бањање.... аааааааа, мене косата ми се крева, па дури и креветот и мириса оти не ги пере чаршавите.... многу лошо, ептен.(facepalm)

    Некогаш ќе и текне насабајле се шминка, се пудри, се мириса со едно спрејче што чисто сумњам дека е антиперспирант, а тоа мирис врз мирис се таложи, леле.... Ни се крсти оти сме се бањале и сме се туширале, појела ме туѓа срамота кога ќе почне пред некој што го гледа првпат да кажува и да објаснува дека се танчела и се сушела кожата од миење, а од неа арома се шири. Стварно не става сите во толку непријатна ситуација, да не знаеме веќе и како суптилно да ја потсетиме (море од купување дезодоранси, до стикчиња, до шприцање парфеми, па демек ,,загушливо,, е тука, па демек ,,нешто мириса,, до правење муабет дека е убаво пред спиење да се истушира човек, па муабет за прашок, омекшивач, јок бурда, или се прави на три и пол или стварно нема осет) и сите ја имаат приметено, само она сама себе не се приметува.

    Не се пере, пак и тука има објаснување, се оштетувал материјалот на алиштата со толку често перење (па ако треба ќе купувам секој месец нови гаќи ама има да ги перам бре, море ќе ги вријам... и се знае веш колку често се менува, а не уанс ин а блу мун), па еден пар чарапи по 2-3 дена си ги носела, толку и собирал куферот;(, и што да ви кажам, кога ќе си ги остави така да и се излуфтираат, мхмхмх.... суперишка хигиена.... а имаше место за тоа балските фустани, а немаш за најосновни работи како веш, антиперспирант и сапун.... Па кога ќе земе да собира веш за перење во едно ќесе отворено, па од вешот една реа, ееееееееее, само што пишувам ми иде мирисот во уста мислам. :drunk:

    Па оти си ставаш маски за лице, леле секогаш кога си слободна си ставаш маска (морииииии мааарш таму:emo:) па леле како си ги правиш веѓите, моите и вакви се убави, аха, ок, у реду... А леле ама јако ти мириса шампонот, дотука можам да те помирисам, многу јак шампон користиш, ауууууу и се пеглаш секогаш, не не, мене таман ми е вака (си прави едно фризурче ала Луј од Франција). Браво, бра-во, сега ми ја кажа големата. :D Кога беше жешкото, дефилираше во едни шорцеви, небричена, недепилирана, ајде еднаш на пример, еве да сфатам некако, ама така да си се шеткаш лабаво... ами жилетчиња колку сакаш има тука, фани среди си се, малце бе сам на себе убаво да ти дојде.

    И ако ви кажам дека е од развиена европска земја, дека има 20+ години, дека имала дечко 3 години... сигурно нема да ми верувате, нели... :bandit:

    Е тоа ви е мили мои, неуредно моме... Бањајте се, перете се, користе антиперспирант, ги имате еден куп да си изберете најпогоден и за цена и за трајност и за квалитет.... изговори ги има сто, еееее, де уморни, де испити, де работа, па така ми мириса потта, де вака де така... Срамота е, не се срамете пред народ, грозно е, на ништо не личи во 21 век, со доток на вода, со толку избори на сапуни и гелови за туширање и чуда, да шетате и позади вас да се влече реичка.
     
    На nena2010, SWagger274, bittersweet и 26 други им се допаѓа ова.
  12. SWagger274

    SWagger274 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    508
    Пол:
    Женски
    Ахахаххахаха во право си :rofl:
    Таа и уште едно стадо пријателки ги имаше некој копија на неа друа различна трета исто како различната...
    Абре све :rofl:
     
    На LadyInTheDark му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Hinebrra

    Hinebrra Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    256
    Читајќи ја Дузи вака, ме потсети на цимеркава ланска, која због моје лоше срече очигледно и оваа година ми се тупна в соба без при тоа да праша некој дали ја сакаме за цимерка или не. Али за тоа, потоа. :D

    Си заминав така лани бруцошки на студии кај што не познавав никој ама буквално и тука добро ме служеше среќата и си се паднав со супер цимерки. Ама, Марфи не може да ме заобиколи, па едната цимерка ни се исели и ни остана празен кревет. И си останавме 4ри и така многу фино си вегетиравме еден месец сами.

    И си седиме така еден ден си пржиме компири во ходникот за да не ни се замирисаат алиштата внатре, кад..одозгоре иде Дунав. Си влегува типкава, ние се погледнуваме дискретно, али шта је ту је. Леле кога влеговме в соба, ми се одјадоа и компири и се`, се отворат џамови и врати на големо, промаја у пичку матер.И тука започнува патешествијето.

    Па тоа не миење заби насабајле (само со водичка и со прстот си ги поминуваше така, боже сачуј), па шлакање пудра секое сабајле без претходниот ден да ја има извадено онаа одстојаната, па гел за туширање беше научна фантастика, дезодоранс никако не купи цела година, косата ја миеше на почетокот во Вц-то во лавабото и тоа само врвовите, а корените никако. После ја освестивме малку, секој втор муабет со цимерките ни беше за гелови за туширање, дезодоранси па почна да се бања така троа.
    Постелнината не ја однесе на перење ниеднаш дома, башка имаме и перална во студентскиот можеше комотно да ја пушти со нашите ко ги пуштавме, ама не, нејзе убо и беше. Еднаш и ја исправме со цимерките ко си беше замината, па тоа мирисање, па тоа чаршавот одоздола имаше фатено такво жолто, мрсно брр. Исто и капутот никако не го испра, и кога ќе влезеш в соба, те онесвестува буквално од што не се поднесуваше. Гости почнаа да избегнуваат да не ни идат ради неа.

    Е сеа, оваа година ќе мора да бараме некое решение, или да ја иселиме од соба или да и кажиме јасно и гласно: Смрдиш ебате.
     
    На nena2010, cresa-jagoda, kjukli и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    11.257
    Дали ги сметате за неуредни машки и женски кои и покрај тоа што земаат големи плати, постојано носат едни исти алишта, буквално додека не ги искинат и изветат што се вика. И многу машки одат така. Еве еден тип кој зема плата некаде околу 1000 евра, јас постојано го сретнувам во истите панталони, и на слики на фб во истите и кошулата иста, се исто. Не знам дали е тоа скржавост или неуредност.

    Знам и жена на добра позиција во администрација, абе колку е демоде облечена некогаш чудно е дури. Фармерки излижани од носење, чевли едноставни најобични или патики. Не знам што да кажам. Во сред зимо при толакава плата да носи патики, а да не купи чизми, чудно ми е. Плус ладно е на нозе зимно време во патика.
     
  15. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Се додека алиштата се чисти, не го гледам проблемот. Нивни пари се, што сакаат можат да прават со нив, не им е на сите приоритет да си купуваат облека :)
     
    На blackwave, elisabeta, Rose96 и 23 други им се допаѓа ова.
  16. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm што е проблемот со наједноставни чевли? Битно е да бидат удобни и штом ги носи цело време и издржале да не се скинат сигурно не се баш евтини. :)
    И јас го делам истото мислење со @crimson. Не гледам проблем во носење на исти алишта се додека луѓето се чисти, се перат, бањаат и не смрдат. На пример, имам професор што да го видиш на улица ќе речеш дека е без пари бидејќи си има 2-3 џемпери, 2-3 кошули и исто толку панталони, сосем обични, едноставни и два пара чевли.
    Не гледам проблем во тоа што некој не се облекува по последните модни трендови. Има многу побитни работи од облекувањето. ;)
     
    На blackwave, cresa-jagoda, kjukli и 8 други им се допаѓа ова.
  17. SWagger274

    SWagger274 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    508
    Пол:
    Женски
    Леле боже...Прееска бев отидена кај баба ми по мајка во село и таму со комбе се оди и имаше многу луге.седев станата.Се беше во ред додека не влезе една постара жена. Леле боже...облечена по фустан,ракавици,шал,чизми (а времето прежешко!) и седна на едно седиште се стутка некаде и се рашири една миризба...бог да чува ке повратев ! Се чудев кој мириса де свртив зад мене и мириснав. Мирисаше преубаво ! Се свртив напред кај старата и.. Сакав да и речам но не и реков : ЖЕНО ОДИ ИСКАПИ СЕ !
    Се воздржав. Излеговме надвор кога стигнавме и бев благодарна на воздухот! На вракање пак истата жена.едвај дочекав да стигниме и стигнавме. Едвај дишев ! На крај ја видов во продавница.се рашири една таква реа што реков дека овој пат навистина ке се угушам. Ке и речев но не е културно.Се надевам дека на светов не постојат повеке такви луге како неа.
    капете се ! :o
     
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    11.257
    Само прашав дали тоа го сметате за неуредност. Да работиш со странци, фина работа, да си нон стоп со видни луѓе, а да носиш сомот панталони од пред 10 години не оди. Во истата установа кафекуварката е попретставителна со шминка и убаво ускладена облека. Сепак некој што зема 40.000 или 60.000 зар не може да се среди?
     
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Јас во неуредност не вклучувам шминка и облека, секако освен кога тоа е неопходно.Секој си има свој стил на облекување и нема секој можеби пари за многу облека. За шминка - подобро да има само римел и сјајче отколу 3кила пудра нашлакано - прстот да ти пропадне ако пипнеш.
    Под неуредни подразбирам наводење редовна хигиена на тело, коса лице итн
    Инаку некои имаа спомнато дека под неуредност подразбирате и девојки со рапави раце. Е јас да ви кажам. Зимно време кожата многу ми пука. Мачкам крема, секад носам ракавици надвор али неќе. Ми се праат дури рани и ми се осетливи на топло и ладно. Ај од крема малку ми омекнуваат, барем немам толку рани, ама пак ми се груби. Не би рекла дека ова е неуредност туку едноставно проблем...
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.252
    Допаѓања:
    124.608
    Абе треба да си претставителен, ама странецот не знае дека стари ти се алиштата, еднаш те гледа :) Може парите ги дава на болна мајка, на домации, на вонбрани деца... Како и да е, битно да е чист и да мириса на свежо, колку е старо е небитно. Мајка ми има капут 20 години стар, нема друг, ама го пере, го чисти пред сезона. Не значи дека е неуредна. Само нема 100 евра за капут.
     
    На anuskaNESTLE, elisabeta, j......s и 8 други им се допаѓа ова.