Низок крвен притисок

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Victorya, 8 јули 2010.

  1. Victorya

    Victorya Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    429
    Наследно имам низок крвен притисок, но тоа понекогаш многу ми смета, особено ако не сум доволно наспана. „Нормален“ ми е 100/60, а се случува да ми падне и до 50/30. Тогаш се чувствувам омалаксано, имам ужасна главоболка која никако не поминува, преморена сум за спиење а никако не можам да заспијам, ми се гади, имам вртоглавица...
    Инаку, пијам течности (можеби не по 2 литри во денот, но повеќе од 1 литар секако), физички сум активна, пијам барем по едно кафе во денот, пијам само кока кола...
    Па, би сакала да знам дали има уште некој овде со проблем како мојот и како се справува со него.
     
  2. Lolipop23

    Lolipop23 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    1.385
    Допаѓања:
    1.445
    И јас имам низок притисок 90 со 60. Само до сега не сум имала никакви проблеми. Тој сигурно како таков е нормален за моето тело. Јадам и пијам се и сешто. До душа никогаш не научив кои работи се за висок кои за низок притисок. Ако знае некој добро би било да ги пише. Сигурно твоите главоболки се од тоа, знам дека ако те боли од напред главата притисокот е висок, ако те боли позади кај тилот догаш ти е низок. Ама како и да е никогаш не сум сметала дека тоа ми е проблем и едноставно го игнорирам.
     
  3. Echo

    Echo Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2010
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Јас исто така имам низок притисок. И мене ми смета многу, зашто ми пречи не само поради тоа што ме омалаксува, туку и зашто ми ја ремети концентрацијата, ме отапува. За да си го покачам, јас не можам да пијам кафе, ама затоа ми имаат препорачано да пијам вода. Значи НЕ сокови, затоа што содржат шеќер, а знаете дека кога ќе се најадете дека притисокот паѓа. Шеќерот е всушност храна за нашиот организам, па затоа не е баш добра таа опција да пиеш сокови, па ни кока кола, затоа што и таа содржи шеќер. Свежа вода, по можност таман ладна, витамин Ц (овошје, зеленчук, убаво е да си правиш лимонада кога ти е така лошо, мене ми помага, ама со малку шеќер, онака вода и на врв на лажица сол), солено да јадеш, зашто солта го повишува притисокот, затоа на тие со висок им ја забрануваат... И тоа... Ајде да се лечиме! :hai:
     
    На Angela12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.696
    Допаѓања:
    4.803
    Јас имам слушнато дека за низок притисок е добро да се напиеш кафе. Исто така една чаша вино во денот обавезно. Не сум сигурна но мислам дека и кикиритки и такви намирници се добри
     
  5. Echo

    Echo Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2010
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Da da, kafe e klasika, ali vodata e supstitut za tie sto ne mozat da podnesat kofein, kako jas. Mene mi predizvikuva srcebienje i posle toa mi se tresat race, noze, mi se gadi, mi preci na stomakot... Mnogu problematicen organizam imam, a vitaminot C e isto taka mnogu dobar stimulans.
     
  6. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    437
    Оф, и јас имам проблеми со нискиот крвен притисок, ама некогаш ни кафе не ми помага. Иако сум наспана, се чувствувам омалаксана, и не можам да се сконцентрирам и да учам. Ќе пробам со виното, можеби ќе помогне :D
     
  7. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    272
    Кафето не е добро да се пие кога се има низок крвен притисок, затоа што одма ќе го покачи, па потоа ќе го спушти уште пониско од првиот пат!
     
  8. Victorya

    Victorya Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    429
    Пијам кафе и вода колку што можам, а тоа е околу 1 литар дневно. Сол јадам колку што можи жив човек да јади... навистина не познавам некој кој јади толку сол како мене, а вино не можам да замислам, едноставно ми е одвратно. :puke:
     
  9. mims-89

    mims-89 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    5.266
    Допаѓања:
    12.696
    Пол:
    Женски
    Ухх тој низок притисок, ужас!
    Ми се затнуваат ушите, ми се гади, и што уште не.
    И јас не го поднесувам кофеинот, ми се лоши и ми се тресат рацете.
    Дајде уште предлози како да го контролираме, јас пијам и шумечи со калциум, и витамин Ц, па тоа некако помага.
     
  10. Zocuska

    Zocuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    1
    niskiot krven pritisok bi go narekla dolg zivot:D i mojot eee mnogu nizok iii napiete se voda ili kasnete blago ako vi e loso i se ke bidi vo red.
     
  11. julie77

    julie77 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.321
    Допаѓања:
    10.286
    Дали пиеш доста вода?Треба најмалку до два литри да пиеш дневно.И да јадеш овошје повеќе.Инаку не е лошо да почнеш со кафе барем по едно на ден...или ако осетиш да ти е многу низок тогаш кока кола напи се..тоа и доктор ќе ти препорача.А вака, за витаминот Ц не го пиј често зашто верувала или не го снижува притисокот.Да си земеш шумеќи со железо од Суправит многу се добри и го јакнат крвот а со тоа и притисокот се нормализира.
     
  12. KuklickaSk

    KuklickaSk Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    1.174
    Допаѓања:
    844
    деновиве ептен ме заебава притисоков. ахххх неможам ништо да правам. Само ми се спие, ми се лоши и ми се врти. :( глуп притисок
     
  13. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.600
    Допаѓања:
    9.439
    И јас имам проблем со протосокот. Мислам дека сама сум си крива од причина што веќе неколку години наназад пијам многу кафе. Организмот ми е навикнат... :|
    И кога нема да се напијам кафе, одма почнува главата да ме боли, да ми паѓа притисокот, и морам да се напијам.
    Исто и железо пијам, не само заради притисокот, туку и анемична сум по природа, слабо јадам зеленчук.

    Особено последниве денови , многу ми е тешко, не знам дали заради времево...
     
  14. zumbul

    zumbul Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    1
    lele luge isto i mene mi e mn loso periodov dali deka vremevo e promenlivo neznam stvarno ... :worried:
    inaku mn me boli glava od pozadi , usite mi se nekako zatnati osekam pritisok vo niv... mi se vrti nenormalno :worried:
    se osekam omalaksana... kafe ne pijam i mene mi stvara tahikardija me iritira...
     
  15. julie77

    julie77 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.321
    Допаѓања:
    10.286
    Тоа ти е на психолошка база.Те читав и си многу анскиозна.Е па тоа влијае на организмот и нормално одма се јавуваат физички симптоми.
     
  16. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.264
    Допаѓања:
    569
    sekako deka poarno e da imas nizok otkolku visok pritisok, mene mi pomaga edna tableta analgin koga epten ke mi padne , posebno sega na zeskovo, i jas ne pijam kafe mi smeta , a voda sekako pomaga , napravete si sveza limonada so sto pomalku seker ke ve vrati vo zivot :rock:
     
  17. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.079
    Допаѓања:
    312
    хахахах с еизнасмеав од коментарите што е подобро да имаш,луѓе ништо не е добро ако го имаш повеќе или помалку,јас нимам низок крвен притисок но никогаш немам проблеми освен на лето,значи од жешкото сонце секогаш притисок нормално с енамалува за да се покачи и да делува тогаш е со големо количество вода,може и кафе ама на тој што му смета кафето само вода и овошје како лубеница со големо количество вода.а ако и понатаму чувствувате тегоби,обратете се на лекар со лекарстав да го контролирате.поздрав
     
  18. Gkatzopulu

    Gkatzopulu Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2010
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    6
    Pritisok

    Cesto pati imam glavobolki koj napocetok neznaev sto e pricinata ama go proveruvav pritisokot koj mie nisok pokraj sto sum debela telesna tezina.Sekogas mi e vo blizina na pr.maliot e 60a golemiot 80.Togas doaga do povrakanje i mi tece krv od nosot.Bi sakala da mi kazete poveke za pritisokot niskiot visokiot sto e pricinata da dojdat vo blizina dali e nasledno sto e lekot pokraj apcinjata sto gi piam pisete mi poveke za ova tema.Pozdrav i vi blagodaram za dami odgovorite
     
  19. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.806
    Допаѓања:
    5.769
    И јас имам низок крвен притисок. Максимумот што сум го достигнала е квалитетна бројка од 110/70. :?: Кога бев тинејџерка (како за којзнае колку далечно време да се работи :lol: ), имав големи главоболки, и чудно но вистинито, чести крварења од носот. Ми се случи два пати на час по физичко да изгубам свест.
    Сега, после 6 години од несвестиците, имам сеуште притисок 100/60 и константни главоболки на кои се навикнав. Апчиња за главоболка не пијам никогаш, пијам кафе 2-3 шољи дневно зашто сум кафеманијак (инаку кафето е одлично за нормализирање на притисокот, значи и за висок и за низок), пијам течности нормално, без претерување и без дехидрирање... накратко, имам сосема нормален живот, не применувам ништо конкретно за нормализирање.
     
  20. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    437
    И јас бев исти случај! Порано не пиев многу кафе, ама сега за време на колоквиумски и испитни сесии премногу пијам и после не можам да издржам ден да не се напијам! Ги мавав по три-четири на ден и турско и нес и експресо, ма све! Арно ама цврсто бев решена да го намалам кафето и да си се вратам во нормала, па откако помина нова година и бев 2-3 недели дома без обврски на факултет - не се напив ниту една шолја кафе. Кога ќе почувствував дека ми се спие - си легнував, а кога ме болеше глава се занимавав со нешто колку да не мислам на тоа. И ете ми успеа! Сега повторно пијам кафе на 5-6 дена :)
     

Сподели ја оваа страница