1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Низок притисок

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Victorya, 8 јули 2010.

  1. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Црно вино помага за низок притисок...една чашка, не повеќе :!:
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Од сите испробани работи како што е црвено вино, кока кола, солени супи, газирано, течности 100литри мајката му е - јогурт со многу сол!
     
    На thatnorma му/ѝ се допаѓа ова.
  3. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    понекогаш ми достигнува и 60/30,имам главоболки,да пијам по 1 чаша вино,а и понекогаш,од толку низок притисок не можам да се разбудам,бев на лекар ми дадоа Бедоксин -.-
     
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Девојки како стоите со притисокот неделава? 100/70 ми е “нормален“, а малце ми се симне и како со мокра чорапа некој цела ноќ да ме мавал |(
    цела недела ми е вака, дали е од времево или нешто мене ми се дешава :^) Утре идам да си проверам крвна слика и успат консултации. До тогаш ќе глеам да ја одржам главава на рамена и да пијам многу вода :yawn:
     
  5. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Од времето од топлото ти е, пиј доста течности и биди на поладно
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  6. danika

    danika Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Мене ова лето ми тргна со нискиот притисок,ми паѓа доста,3 пати ми ставаа инфузија ама џабе е тоа кога од жештината повторно исто :sweat: :sweat: .Ме боли глава,челото посебно,при нагли движења ми се стемнува пред очи,бледа,чувствувам срцето забрзано чука од што немам циркулација,нозете ми се ладни,нема шанса да излегувам некаде кога е топло бидејќи едвај стојам на нозе кога е температурата 40.
    Сите доктори исто советуваат,повеќе вода,сок,ладен чај,кока кола,кафе,посолена храна за да се покачи малку барем да дојдам до 100/60 да живнам колку-толку. А којзнае како би ми било ако требаше да одам на работа вака летово со температури од 40 степени,сигурно ќе колабрирав некаде :doh:
    Понекогаш и да е низок притисокот не го чувствувам толку не ми прави проблем ама некогаш е толку досаден и никако неможам да функционирам посебно вака во лето :sweat:
     
  7. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Иако имам слушнато дека од кафето се покачува притисокот,јас кога пијам сум приметила како да ми се намалува.Прашањето ми е дали е можно нискиот притисок да ми е од кафето или пак од топлово време?
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.954
    Допаѓања:
    198.634
    Пол:
    Женски
    Кафето прво го покачува притисокот, а потоа го смалува. Може да ти е низок притисокот и од топлово време, не е исклучено. Јади повеќе сол, ќе ја задржува течноста и би требало и притисокот да ти се покачи барем малку.
     
    На ceca-1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Мене никако не ми се покажува тој низок притисок кога го мерам, а се осеќам тупо, глупо, неупотребливо со ужасни болки во главата, вратот и рамењата, слаба концентрација и гадење. Барем порано така беше ептен често, сега кога почнав со јога дека дека ми е подобро. Ама чудна работа јас секогаш сум пиела многу течности... Како и да е, од сега па натаму вино ќе си дрмам. :D

    Сите викате од топлото, јас пак во зима сум најзаникаде.
     
  10. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Леле јас деновиве умирам на работа. Не можат да ми го најдат нискиот притисок, од толку што е низок. 50-85 ми е. Е аман значи. Кафиња, сокови ма ништо не помага :( :( :( Па и шеќерот почна да ми паѓа. Од што може да е? Прво мислев од диетата, ама еве почнав нормално да јадам, а пак истото ми се случува.
     
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    16.984
    Допаѓања:
    233.270
    Од времето ви е. Најчесто се случува да паѓа при промена на времето, било да е од студено кон потопло или обратно, а најкритично е кога врне дожд. Тогаш ми иде да си пукам у глава. Јас сум со константен низок притисок, па маки мачам со горештините и временските промени. Или, пак цел ден ако сум на сонце, вечерта на тешки маки сум.
    Исто така би ве советувала да си го проверете и серумското железо. Кога повеќе денови сум со паднат притисок, матичниот обавезно тоа ми го проверува. Комбинацијата е убиствена, нема апче кое ќе ви помогне. Во тие моменти се шетам колку можам повеќе. Никави течности, ни пак вино ми помага, само пешачење или било каква физичка активност. Или да спиеш. Друг лек нема.
     
    На thatnorma му/ѝ се допаѓа ова.
  12. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.001
    Пол:
    Женски
    И јас имам низок притисок, односно секогаш ми е таков, и цело време се чувствувам омалаксано, уморно, секогаш ми се спие.Притисокот ми е 90/60 тука некаде а може некогаш 100/70...Ако може некој да ми каже што се препорачува за зголемување на крвниот притисок бидејки јас не се разбирам мн мн, а инаку пулсот ми е секогаш 100ка и што и да направив не ми се симнува :^)
     
  13. nitsuj

    nitsuj Активен член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    18
    Мојот исто така "нормален" притисок ми е 90\60.Многу ми смета нискиот притисок,секогаш сум уморна,ми се спие.Спијам каде стигнам и неможам да стојам на нозе.А на 40 степени надвор? веднаш се онесвестувам.Пробав и со кафе,кока кола,солена храна.мислам дека ништо не ми помага..
     
    На Marmalade му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.247
    Допаѓања:
    124.624
    Низок притисок

    Јас имам 60 со 80 :D вртоглавици исто и болки во задниот дел од вратот и триста чуда ама навикната сум и никому ништо ;) имам читано дека луѓето со низок притисок живеат подолго во споредба со оние со висок но понеквалитетно :!:
     
  15. nepoznaata

    nepoznaata Активен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    6
    И јас го имам истиот проблем, дури и сосема го сменив начинот на исхрана меѓутоа и тоа воопшто не ми помогна ...
     
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Мене во последно време левото уво почна многу често да ми се затнува и едвај со прозевање го одзатнувам, веќе почна да ме нервира! До нискиот притисок е или нешто друго е во прашање? :?:
     
  17. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    805
    Пол:
    Женски
    и јас имам низок притисок 100 со 70, ама пулсот ми е 60, значи многу слаб, и само спијам :) лек нема, само кисела вода и движење... таа е
     
  18. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Обично мислев дека имам висок притисок.Но се покажа дека не е така.Веќе 10 дена по ред мерам притисок и се е низок дури зачудувачки.И во стресни ситуации се погоди да мерам,џабе пак е низок.Лоша проценка сум имала.Значи и кога се нервирам не вреди... :?:
     
  19. atma

    atma Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    6
    Јас страдам од споен притисок.. 100 со 80, или 110 со 90. Барем еднаш во денот ми се слошува, се чувствувам омалаксана и имам главоболки. Голем минус е и тоа што патам од постојани вртоглавици..
     
  20. Marmalade

    Marmalade Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    хаха леле се исто...спиењето значи..12 саати и пак сум ко утепана,прст ред очи не гледам...
    на последната крвна слика хемоглобинот ми беше 115 а границата е 120,па сега повеќе спанаќ и се што содржи железо...а по итна постапка милка кока кола и кафе турско :D