Си ја сакам елкатаааа одвај чекааам само оваа сестрами некако ми крши клечкии не обожавала толку многу елки
Без елка никаде. Дома настан е китењето елка, и воопшто китењето на домот. Мајка ми се потпревнува Елко, елко порасни уште две три педи, и брише лампиони татко ми украсува прозори, тераси, дрвата надвор, дворот итн. а јас и брат ми ја китиме елката. Обожавам да китам елка. И сакам да е шарена, со сите бои, весела. За мене тоа преставува елката, симбол на ведрина и среќа, Нова Година... Не сакам во неколку бои, не ми личи за елка.
Никогаш немав елка каква што сум посакувала, огромна, со најубавите украси и многу многу сијалички. Сега веќе некако не ми е ни мерак за елка, но знам дека кога ќе имам деца ќе им ја купам и направам најубавата елка на светот
Никогаш мојата елка не беше онаква каква што ја сакав, ама бев среќна што и таа ја имав. Секоја година истата си ја китам. Годинава се мислам нова да си купам. Мерак ми е да имам убава и голема елка. Инаку, секогаш ја китам после Св. Никола, па тогаш и сликче ќе поставам. Од другиве години, барав ама не најдов некоја слика.
Не ми прават ќеиф, кога се кити елка јас сум редовно отсутна, а најсреќна сум кога се откитува, како помала сум се радувала на новогодишни елки, но тоа траело неколку години, со време се помалку ме интересираа за на крај да не ме интересираат воопшто. Инаку елката ни е едноставно накитена секогаш, доминираат црвени и златни лампиони и по некое зелено или бело, свеќички и дното секогаш го украсуваат моите со борови дрвја и Витлеем.
Од пред 4 години си имам елка баш таква како што од секогаш сум сакала, голема и ептен разгранете и полна со лампиони. Едвај чекам да ја накитам ја обожавам пред Новогодишната атмосфера
Мноооогу, многу сакам новогодишни елки, некако и даваат душа на новогодишната атмосфера. Во дневната имам гооолема елка со црвени и златни лампиони. Целата новогодишна атмосфера некако ме полни со позитивна енергија. Со душа чекам да ја красам елката, мм ме зафркава дека се радувам повќе од мало дете
Уф ме трефнавте со темава. Во сабота одам да си купам ОГРОМНА елка до плафон. Си имам простор и конечно на 33 години ќе си имам елка каква што сакам. Ни пари жалам ни труд ни време. Гоиднава сакам да имам елка од соништата. Обожавам нова година, целата еуфорија како мало дете се радувам. И уште снегче да паднеше ... милина !!!
И јас во сабота идам по елка, сакам некоја висока, бујна така раскошна. Знае некој каде има баш убави елки, само да не е кинеска продавница. За декорацијата се мислам да ја направам црвено-златна, ама ако има некој друг предлог не се устручавајте да пишете. Нешто вака
И јас сум заинтересирана за нова елка годинава. Ајде скопјанки пишете каде може да се најде убава а не многу скапа елка. Ги гледав елките во Валери ми се допаѓа Елка Галаксија 225 cm, ама пак 9.890 денари не ми се дава за елка
Јас имам таква како што сакам и денес ја накитив. Можеби сум подранила но многу ми се допаѓа тоа чуство,таа топлина кога ќе видиш новогодишна елка .