1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Новогодишно и Божиќно мени

Дискусија во 'Рецепти' започната од viki4ka, 13 декември 2009.

  1. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    White Chocolate Cookies

    115 гр путер,омекнат
    115гр кафеав шекер
    1 јајце биено
    250 гр брашно
    малку сол
    125 гр исечкана бела чоколада
    50 гр бадеми,или кикиритки што сакате

    Pерната загрејте ја на 190 степени
    Bо поголем сад,измешајте ги путерот и шекерот додека смесата е лесна
    додајте го јајцето во смесата,па малку измешајте
    Cледно додајте го брашното и солта(малку),мешајте добро,па додајте ги сечканите бадеми,и чоколада.

    Hа тавата поставете хартија за печење,па со лажица обична земете од смесата и ставете го на хартија за печење како да креирате кругче или топче,ама гледајте за секое колаче да ставете по лажица и пол :lol:
    Jас првиот пат кога ги ставав колачината т.е смесата ставав на едно по 2-3 лажици,па кога се збувнаа како погачи :D
    Cе печат 10-15 минути,додека позлатат во бојата

    [​IMG]

    *Cе надевам објаснав добро и ме разбравте
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  2. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Jас денес на моиве им ги направив Brownies на Tрендафилка,како за првпат убаво ми испаднаа :)
    Cамо смесата не ми се соединуваше,па им капнав мала кафена лажичка вода,па наеднаш се соедини и дојде подобро,шекер кафеав ставив па не беа многу благи :worried: Aма чоколадниот прелив заврши работа :D
    A и се пофалив во друга тема,си ги поставив :wasntme:
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. stefyle

    stefyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    110
    Пол:
    Женски
    Рецепти за Новогодишни колачи

    Состојки за тестото:

    6 жолчки
    80 гр. шеќер во прав
    1 рендана кора портокал
    цимет
    6 белки
    100 гр. шеќер
    180 гр.брашно
    2 ќесички прашок за пециво
    100 гр. мелени лешници
    80 гр. маргарин (растопен)



    Фил 1:

    120 гр. суви јаболка
    5 суви сливи
    7 суви кајсии
    неколку сецкани ореви
    100 гр. шеќер
    1/8 литри црно вино
    1/8 литри сок од портокал
    1/8 литри рум
    ¼ литри овошен чај
    цимет (по желба)
    2 ќесички желе за торти (безбојно)


    Фил 2:

    250 мл. слатка павлака
    1 лажичка шеќер во прав
    1 лажичка какао
    1 ќесичка кремфикс
    За декорација:

    250 мл. слатка павлака
    1 лажичка шеќер во прав
    1 ќесичка кремфикс
    70 гр. мелени лешници
    растопено чоколадо (по желба)
    Подготовка

    Жолчките, шеќерот во прав, ренданата кора и циметот се матат додека не се добие пенаста смеса. Белките се матат со шеќерот во цврста пена. Потоа полека се мешаат со смесата со жолчки. Брашното, прашокот за пециво, лешникот и растопениот путер се месат во тесто. Тестото ставете го во округло тавче бр.26 и печете го на 180 степени околу 40 минути. Извадете ја кората и оставете ја да се олади.

    Исечкајте го овошјето и измешајте го со останатите состојки за првиот фил. Поклопете ја смесата и оставете ја да отстои преку ноќ.

    Кората хоризонтално пресечете ја на 3 дела, така да добиете 4 тенки кори. Првиот фил ставете го малку да поврие на огин и ставете еден дел врз првата кора. Поклопете го со втората кора и врз неа оставете го остатокот од филот. Поклопете го со третата кора и оставете да се олади 1 час. Измешајте ги состојките за вториот фил и нанесете го на третата кора и поклопете со четвртата.

    За декорацијата, измешајте ги слатката павлака, кремфиксот и шеќерот во прав и со добиената смеса намачкајте ја тортата. Потоа додадете ги мелените лешници и со чоколадниот прелив направете новогодишни фигури.
     
  4. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Рецепти за Новогодишни колачи

    [​IMG]
    Потребно е (за околу 40 кекси):
    1 јајце
    750 гр. брашно
    230 мл. меласа (може да ставите и мед)
    220 гр. жолт шеќер
    200 гр. путер
    120 мл. вода
    1 прашок за пециво
    1 лажичка мелен ѓумбир
    1/2 лажичка мелен цимет
    1/2 лажичка рендано мускатно оревче
    1/4 лажичка мелено каранфилче
    неколку капки арома од ванила

    За украсување

    2 белки
    250 гр. шеќер во прав
    сок од половина лимон
    прехранбена боја


    Подготовка:
    1. Брашното измешајте го добро со прашокот за пециво, ѓумбирот, циметот, оревчето и каранфилчето. Со миксер изматете го путерот, меласата, шеќерот, водата јајцата и неколкуте капки ванила. Полека додајте ја смесата од брашно и замесете тесто.
    2. Добиеното тесто поделете го на три дела и секој дел завиткајте го во фолија. Оставете го во фрижидер 3 часа (може и подолго).
    3. На работната маса ставете повеќе брашно и развлечете го тестото. Со калапи направете колачи и ставајте ги во плех обложен со хартија за печење. Напомена: Со брашно посипете го и тестото, оклагијата и калапите за да не Ви се залепи тестото.
    4. Кексите печете ги на температура од 175 степени. Внимавајте да не бидат препечени бидејќи се повкусни кога се меки.
    5. Пред украсување треба добро да се изладат.

    Украсување:
    Изматете ги белките и додадете им го шеќерот во прав и сокот од лимон. Разделете ја смесата и на секој дел додајте ја саканата боја. Ставете ја смесата во кесичка за замрзнување, одсечете мал отвор и украсете ги изладените кекси. За украсување може да користите прехранбени панделки и други украси.
     
  5. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.442
    Допаѓања:
    34.262
    Пол:
    Женски
    Рецепти за Новогодишни колачи

    Вчера ги правев колачињава
    потребен материјал
    500гр брашно
    250гр Путер
    250гр шеќер
    1 пакетче ванилин шеќер
    2 јајца
    пола пакетче Пециво
    Шеќерот и питерот се матат со миксер , се додаваат двете јајца .Потоа пецивото се додава со брашното.
    смесата се остава да се олади ..и потоа со сукалце се растегнува ...*не треба да е многу тенко ни дебело*
    И со формите се прават колачињата ..
    температурата на рерната е 200степени се пече 6-7 мин додека не добијат златно жолта боја
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC03438.jpg
      DSC03438.jpg
      Големина на фајлот:
      206,6 KB
      Прегледи:
      803
    • DSC03439.jpg
      DSC03439.jpg
      Големина на фајлот:
      427,9 KB
      Прегледи:
      802
    На bittersweet, Serafima, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Малку офф, ама незнаев каде да прашам.
    Каде можам да купам светки, боја за храна и такви работи за колачи?
     
  7. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    551
    Допаѓања:
    447
    Пол:
    Женски
    Во поголемите маркети (во СП има сигурно). :)
     
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Новогодишни елкички

    [​IMG]

    Потребни состојки:
    2 гол.лажици шеќер во прав
    600 гр мелени бисквити
    2 белки
    300 гр мелени ореви
    200 гр чоколадо за готвење
    500 мл слатка павлака
    млеко по потреба
    зелена прехранбена боја
    разни украси за декорирање

    Подготовка:
    Белките и шеќерот ги матиме со миксер додека не добиеме цврст бел снег. Потоа ги додаваме мелените бисквити, мелените ореви и 300 гр растопено чоколадо. Мешаме со лажица. За изработка на елкичките, потребно е да добиеме смеса соодветна за обликување. Доколку состојките се суви и нехомогени, додаваме млеко. Откако ќе се добие смеса за формирање, земаме малку од смесата и формираме топче со големина на пинг понг топче. Вртејќи го во рацете во правец нагоре формираме конус.

    Хоплата ја изработуваме заедно со прехранбената боја и ја ставаме во слаткарски шприц. Со шприцот во правец одоздола-нагоре нанесуваме од смесата со хопла за да се покрие целата површина. Декорираме со украси по желба.

    Оваа смеса може да се искористи и за обликување на останати фигури покрај елкички, како ѕвездички, мечиња, срценца и сл.


    *превземено
     
  9. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    ги направив за викенд колачињата според рецептот на маценце ена погоре (благодарам за рецептот) и навистина се преубави, јас само малку повеќе брашно им ставив бидејќи не ми се направи убаво смесата со 500 гр брашно. сите ги бендисаа ( освен свекрва ми :D ) и навистина изгледаат празнично.
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.317
    Состојки
    500 гр. брашно
    80 гр. шеќер кафеав
    80 гр. шеќер
    1 прашок за пециво
    160 гр. јогурт
    120 гр. путер
    2 јајца
    2 ванили
    100 гр. чоколадо сецкано
    150 гр. ореви сецкани

    Упатство

    Сите состојки се миксираат со миксер и на крајот се додаваат парчињата чоколадо оревчињата.Се полнат хартиените кошнички и се печат на 180 степени. Излегуваат 12 мафини.

    [​IMG]
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Моето мени за Нова година

    -Главно јадење-Зимска тава по оваа рецепта http://moirecepti.mk/post/%D0%B7%D0%B8% ... %B2%D0%B0/
    -малку печено свинско
    -макало со компир и суви пиперки
    -неизбежната руска салата
    -кифлици од пченкарно брашно (купени)
    -Тирамису (мое дело)
    -профитероли (од Џино)
    -и многууу вино...со Камемберт сиренце
     
  12. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    На Konfetka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Femina555

    Femina555 Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2013
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    26
    Последни подготовки :) Сармата-готова (се крчка)
    Свинското во рерна
    Руското салатче исецкано
    Тортата филована
    Кифличките спремни

    Се надеваме на побогатно божиќно мени :D
    Нека ни се среќни празнициве
     
  14. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Нашето мени за Нова Година:
    Сарма, лиснати кифлички, месо печено, мајонез салата :)
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sasha-Fierce

    Sasha-Fierce Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    95
    Пол:
    Женски
    Девојки ај пишето некое мени за Нова Година, за оние кои ке имаат гости дома? Нешто што брзо се спрема, со оглед на тоа дека дента сме на работа?
     
  16. AnnLima

    AnnLima Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски

    Прикачени фајлови:

  17. Hope4

    Hope4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2020
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    Здраво кралици !
    Дали некоја има рецепт за божиќни колачи, но за во силиконски калапи ?
    Ве молам споделете.
    Ви благодарам.
     
  18. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.485
    Допаѓања:
    8.277
    Пол:
    Женски