Со здравје да си го користите.Верувам дека ќе ви служи како и на нас еве 6 месеци имаме и уште го користиме.
Ние имаме за на под со висечки играчки од 3 месец и сеуште го користиме по цел ден лежи на него а му ставам и други играчки, со нозете го бутка и целото му паѓа за да привлече внимание ако некој не е до него. А релаксатор немам па неможам да завршам по дома обврски кога сум сама а и кога не сум само по 15 минути ќе го почуваат и оп одма кај мама. Заби му никнуваат нови до сега имаме 2 долни и е многу нервозен деновиве, а и не кака редовно и му смрди прдежот =, маж ми вика ќе се онесвестам синоќе се покака во 11 00 и си заспа инаку не спие додека не се покака ако преку ден не е какан. Денес втор ден му давам домашна тиква од наша бавча многу е блага и ја сака.
Каде можам да најдам подлоги за играње ама нај обични без дополнителни делови што висат? Прашував во Енци Менци, Бебесупермаркет, Џамбо немаат најобични, не знам кај на друго место да видам
@Rabbit Јас во џамбо купив за поклон 700 денари без делови што висат а има огедалце и овчичка, кутре на слика.
Ај пишете шведски и тетра од кај да земам, не е битно цена, ама несакам и од ептен најскапи пишуваше од алкалоид нешто и негде...турски, српски, наши македонски. Од кои сте задоволни?
Мене мајка ми шветки и тетра ми сема од Сружанка и задоволна сум само не знам колку пари ги зема. А едно пакување тетра ми зема и од Бит Пазар ама одма во перењето ми се собраа.
@Domakica тетра пелени има во Стружанка бели 55 ден и шарени 65 ден. Има и подебели памучни 80 ден. Јас земав од таму иако не ставав широк повој, туку ги користам за се друго освен за тоа . За шведски не знам цена, знам само дека ги има исто во Стружанка и во Анжи.
Малку касно одговарам, но ако не си купила може ќе ти користи информацијата. Имаш преубава бебепка ташна во ДМ маркетите. Не е класична бебешка на изглед. Внатре имаш прегради за шишиња, пелени итн.. А плус има и подлога за пресоблекување, пелени неколку, бебешка помада, влажни марамици. Цената е 1800 денари. Има 2-3 бои. Сива, кафена и тегет мислам...
Девојки кај да најдам убаво а не многу скапо монтажно креветче? Сакам за почеток во дневна да ми спие бебуш а потоа да го однесам кај моите кога ќе одиме зошто се во друг град. Мора за сите да се купува душек или има некои што одат заедно со душече? Бев само во локо кроко но ништо не ми се допадна...
Во Бебесупермаркет ми се видоа поубави. Душек секако е препорачливо да се земе дополнително, греота е да спие на тенките подлоги што одат со монтажните креветчиња.
@chache87 погледни кај прилепчаните Алф кидс, баш деновиве имаат акција на се и сешто, а доставата им е само 200ден. Еве најевтино што видов за 2500ден, но има и други малце поскапи но и тие се намалени... https://m.facebook.com/alf.kids/pos...2166&source=49&refid=17&_ft_&ftid=u_i_8&mdf=1
http://www.fisher-price.com/en_us/brands/laughandlearn/products/Laugh-and-Learn-Learning-Piggy-Bank Дали ја има играчката кај нас или да ја порачувам?
Jas ja nemam sretnato @joy1. Jas se javiv bas kaj distributerite na fisher sakam da go najdam toa kuce seznajko ako nekoj go ima videno neka pise kade. Izvinete lat. od mob. pisuvam
@Kitten пρед месец дена видов во Том Стил во н.Бутел пρовеρи дали ги имаат сеуште, и тегет имаа или на фб.пρашај ги да не одиш џабе
Вчера не успеав да поминам во ниедна продавница на Пеко, па ако некоја од вас има инфо дали има вакви чизмички на Цицибан во нивните продавници? Ако нема, дали на друго место сте виделе сличен ваков модел? Значи нагоре да биде мек, како шушкавец однадвор, погодни за снег. Му купивме на синко чизми за снег, ама крути се, не сака да ги носи, сакам вакви да му купам, па ако знаете каде има слични, добро би ми дошла таа информација, да не лутам бесцелно. Однапред благодарам!