1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Облека за на работа - Што носите?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од babyketi, 21 февруари 2010.

  1. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Зависи како сум расположена :D Најчесто по фармерки или панталони, поретко сукњи...Горе обавезно кошулче или цакано блузиче, па за да не биде ептен спортски...А на нозе чевли,чизми или балетанки...Ретко и патики (кога многу ми се спие на сабајле и облекувам што ќе најдам) :$
     
  2. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Ах дрес кодот и еротиката низ средните училишта :) :tmi:
    Резили , ни дадоја униформи и ги носевме само првите недели , чисто из досаде колку да бркаме мода и да се осетиме онака тинејџерски штознам :?:
    Колку ли е невкусно кога без да сакаш погледот ти паѓа во нечие деколте , или во разголените колена на некое девојче , да не зборувам за голите мешиња кои сами знаете какви последици носат по здравјето .Високите потпетици , проѕирните маички со пулејки и разни светкави детали верувам се наменети за вечерни излегувања
    Во приватниот живот би рекла сакам да се облекувам провокативно, искрено да ! Ама не и за во школо :^)
    Ало тоа е образовна институција не стриптиз бар!!!
    Не велам дека треба да се закопчаме до врат , ама ниту пак треба да носиме нешто што ќе откопча нечиј патент од силна ерекција |(
     
    На MissDesertRose и karak им се допаѓа ова.
  3. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    34
    Пантолони и кошула, блузичка
    тоа што повеќе ме прави да се осеќам комодно.
     
  4. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Работам во една поголема фирма каде што постои се и сешто од костумизирани девојки до спортски изглед на 35 годишни жени со патики. Иако најчесто во петок сите се поспортски облечени, што ми се допаѓа, во странство често постои таа практика во петок.
    Јас не сакам костуми или високи сукњи со кошули и штикла 10ка. Си носам тоа што ми се допаѓа од фармерки темни тесни, црни панталони или панталони кои гледам да не се пресветкави. А горе во глобала кошулки, џемперчиња, штосни блузички. На нога балетанка, гладијаторка, чевла со мала штикла, чизми ...се во зависност од годишното време. Висока сум 180 цм и не сум навикната преку ден да носам штикла висока, сепак тоа го оставам за посвечени пригоди и вечерни искачања, за на работа мала штикла.
    Не фурам преелегантен стил не сум ни тој тип, а и со 24 години не сакам како тетка да изгледам (не ме сваќајте погрешно сепак кога би се барало тоа од мене и би било задолжително би носела).

    мои фаворити
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG][​IMG]
     
    На Name и girl1985 им се допаѓа ова.
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Таква ми е работата да баш фармерки и патики не одговараат да носам. Носам панталони, убави кошулчиња, блузички е сукња не носам. Вака за по чаршија ок ама на работа не, имам само машки колеги и тамн работа да почнам да се мувам по погонот за производство во сукња. Малку и ми е срам за на раб. штознам.
     
  7. Mini.girl

    Mini.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    12
    Си носам сукњи во примерна должина, паталони, кошулки, знам и фармерки да искобинирам со подолга кошула или штосно џемперче, штикли, летно време и балетанки. Како и да е, најважно ми е тоа да изгледа средено и согласно на работното место.
    За жал околу мене има и такви кои си доаѓаат со пола гради надвор, оние со вишок килограми не ми е баш пријатно да ги гледам во тесни парчиња облека... :geek:
     
  8. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    јас работтам во канцеларија со двајца мажи па внимавам со сукњите :D иначе за на работа зависи, во лето фустани и сукњи над колена се разбира и широки никако залепени. ако немам некој состанок или ако не терба да излегувам сум си како денес во чизми фармерки ролка и џемпер додека во поннеделникот кога бев на пат и на состанок носев сукња до над колена тесна со кошула и сако и штикли нормално. инаку ролки и туники ми се дел од секојдневието, значи секој ден е различен и тоа ми го диктира начинот на облекување.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    [​IMG]
    Само во женска униформа :)
     
  10. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Нема dress code па најчесто одам во фармерки или поспортски панталони искомбинирани со кошулче, џемперче, во лето со памучни маички и што е најдобро не морам да носам штикли, па најчесто си одам во удобни рамни обувки или пак на ептен мала штикличка. Чат-пат облекувам и сукња или фустанче, со должина до колена и без длабоки деколтеа.
    Претходно работев во државна администрација и таму морав да сум поелегантна, ама не како теткица :lol:
    Мразам миничи, деколте до папок, сепак одиме на работа, а не на журка.

    п.с. Блонд полицајка си?
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  11. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    :wasntme: :nod:
     
    На Sweety-Tweety му/ѝ се допаѓа ова.
  12. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.110
    Допаѓања:
    2.701
    Пол:
    Женски
    Најчесто се облекувам со црни панталони и некое блузиче или кошулче одозгора.Понекогаш носам и сукњи ама должина до колена никако кратка или некое фустанче.Искрено кај мене на работа постои дрес код, ама секогаш не го почитувам, поготово во делот за сандали летно време неможам а да не ги носам иако не се дозволени ама стварно не можам во затворени обувки летно време.
     
  13. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Работам во бутик и немаме униформа, така да изборот на облека си го правам зависно од расположението! Едноставни секојдневни фустанчиња искомбинирани со дебели (најчесто дезенирани) хулахопки, туники и хеланки, поретко фармерки и блузи, панталони... Секогаш сум со удобни чизми кои имаат помала штикла и во последно време ставам почесто некоја марама!
     
  14. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.744
    Допаѓања:
    130.743
    Многу се нервирам кога изгледам како да ме исфрлила поплава, а ќе излезе некој непредвиден или заборавен состанок :)

    Денес воопшто не ми се допаѓа како сум облечена, па уште косата не ми е миена, и излезе некој коктел што го заборавив.
    И сега не знам дали да одам да се облечам, ама немам време да мијам коса - значи не ми менува многу, да не одам на коктелот, или да одам ваква каква што сум, па да се срамам :D
    Или да се убедам сама себе дека не е страшно :D
     
  15. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Ариел, ако ти се наоѓа малку бебешка пудра стави на косата да ја упие маснотијата, собери ја да изгледа педантно, пудричка на лицето и оди на коктелот.
    Кој не се нашол во таква ситуација :emo:
     
  16. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    За моја голема среќа dress code-от каде што работам не е толку строг како во институции слични на онаа во која работам, па дозволена ми е и спортса елеганција.
    Најчесто сум во панталони, со кошулче или блуска, врз која носам или ролка, или најобични класични џемперчиња, секогаш со штикли т.е. салонки. Толку ми се широки и долги сите панталони, што би изгледала смешно во балетанки а и повеќе се издолжува ногата на штикла ;)
    Во зима, обожавам да носам волнени фустани или сукњи со чизми, коса најобично врзана во репче или пак пристојно исфенирана. Должината на сукњите е дозволена до коленици. Се случува некоја да ми избега со по некој сантиметар над коленици но се е во граница на нормала, не смеам и не сакам да си дозволам да изгледам непристојно на работа. Стилот ми е токму ваков и ко за беља и денес носам нешто многу слично :)
    [​IMG]
    Во последно време се облекувам во некојси „јавачки“ стил, со тесни панталони, обични рамни чизми врз нив, кошулче и сако врз кошулата или пак широко долго џемперче.
    Кога имам побитни состаноци омилен избор ми се класичните бизнис црни фустани до коленици, со обична салонка.
    [​IMG]
     
    На eli25, rossonerka и girl1985 им се допаѓа ова.
  17. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.364
    Допаѓања:
    5.310
    имам многу тиролчиња кошулки и интересни комбинации за на работа но штета што неможам да ги носам затоа што имаме униформи и сме цело време спорски облечени. така да до работа одам со фармерче и некоја маичка. баш ми жал :)
     
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    бидејки некое време сум во потрага по работно место, почесто одам на интервјуа, во компанија се знае кошулка и сако, а во помалите фирми некое волнено џемперче со фармеки и чизми

    здравје кога ке се вработам не би ми било проблем да носам сако и елегантни панталони со кошулка ако има кодекс на облекување а ако има униформа би било супер.

    дефинитивно сум против длабоки деколтеа, кратки сукњички на работно место-ми изгледа провокативно па дури и вулгарно.
     
  19. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски
    [​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG][​IMG]
     
    На Thallia, Nina24 и Phyramide им се допаѓа ова.
  20. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.448
    Најчесто панталони, црни имам неколку модела, ѕвон, цевка, помалку, повеќе тесни, неколку пара кафеави, сиви, крем, тегет, и комбинирам најчесто со кошулка, бела, црна, виолетова, тегет, и одозгора блузичка во в израз, на еден попуст си изнакупив 10 за 10 фунти, во сите бои :rofl: ...и тие ми се најомилени комбинации...исто елечиња имам неколку, цевка панталони комбинирам со подолги кошули и каиш на средина, ѕвонот со кошулки кратки и блузички, со елеченцата, сакоа комбинирам со се... и така....сукња сега си купив, многу убава баш ко што сакам, ама уште не сум ја облекла, не сум навикната на ,,бизнис сукњи,, :D па да ја сварам првин јас идејата па после ќе ја облечам :D
    Инаку немаме дрес код официјално, ама постојат општо прифатени правила кои скоро сите ги почитуваме....ништо строго, само пристојно ;)