Порано не ги сакав многу-многу, ама од пред неколку години прејадов. Мммм... многу ми се вкусни и освежувачки. Спојлер Моите омилени
Многу ми се убави, а домашните ми се уште поубави. Еве ви го рецептот, нема точни мерки се е од око или колку сакате. овошје по избор шеќер во прав или обичен зависи колку сакате благо да ви биде и кисело млеко сите горенаведни состојки ги ставате во блендер се додека не се соединат убаво. Ставете го во сад и може да додате од овошјето што го користеле само да биде сецкано. Вака мене ми се многу вкусни ем знаеш што си ставил, мајка ми зимно време ако нема свежо овошје става компот.
ооо обожавам овошни јогурчиња, повеќе ги преферирам ниб отколку сладолед, со дечкоми кога сме заедно неизбежно е да јадеме овошно јогурче и тоа од јагоди, а домашно приготвени мн ретко.
А ако може некој да ми даде рецепт за домашно овошно јогуртче, ама некој поедноставен. Јас сакам да правам со слатка павлака, шеќер, исецкана праска и да го измиксирам се тоа во блендер. Откако ќе биде готово одозгора да исечкам уште неколку парчиња праска и така. Само незнам да не не ми испадне убаво, па после за џабе сум го правела..
Мразам овошни јогурти! Не можам да прекинам да ги јадам! Ќе земам едно од 500 грама го мавнувам за секунда. Леле од кајсија, па од печено јаболко, па има ли смисла бе вакви работи што прават?
Јас од овошните јогурти имам најмогу ослабено за 7.8 дена и тоа не намерно,имав болки во вилицата и ушите не можев ништо да јадам.Значи на цела мака и болка срекна бев што си намалив некое килце
Ова е мојот рецепт за овошен јогурт: Во блендер ставаш јагоди (или кое било друго овошје), јогурт и лажица шеќер. Верувајте преубаво е
Секогаш си купувам. Всушност секој ден тоа ми е појадок во последно време. Многу се вкусни а и имаат малку калории. Perfect.
Напротив,имаат многу шеќери и емулгатори. Воопшто не се здрави купечките,а ги обожавам. Затоа дома си правам со јогурт Баланс,овошје по избор во блендер,на 250 мл додавам мала лажичка мед или кафеав шеќер.Ем поздраво,ем повкусно,па додавам и мусли за ептен мерак оброче.