Јас многу ги сакам тие на Јогобела ама ретко јадам. Го сакам највеќе тој од праска или шумско овошје...
Oбожавам овошни јогурти, често си купувам, немам приготвено досега . Омилен ми е : oд цреша е најубав.
Не ги јадам често, и не ми се пријадуваат баш, иако дома ги има секогаш, дека сестра ми им е голем фан. Овој ми е вкусен.
Јас денеска направив. Еве го и рецептот: едно канче кисело млеко слатко (јас употребив од сливи ама може од што сакате) 300гр пресно млеко 3 мали лажички густин 1 ванила шеќер по вкус -Во длабок сад се ставаат киселото млеко и слаткото и со миксер се мешаат убаво. Во тенџере се вари млекото со густинот и ванилата и не се става шеќер. Потоа и овој "пудинг" се става во длабокиот сад и се меша. Кога ќе биде готово треба да го пробате за да видите дали ќе ви биде потребно повеќе шеќер. Јас додадов 5 малечки лажици.
Немам потготвувано до сега, бидејки незнаев како и немав рецепт, но сега дефинитивно ќе пробам да подготвам. Инаку многу ги сакам и често си купувам, скоро секој ден. Јoгобела најубави ми се.
само на дукат ги јадам бидејки дечко ми ги носи т.е дистрибутер, и многу ме освежуваат особено јагода и кајсија,и другите ги имам пробано но ми се благи некако
Еве еден рецепт од мене. Овошен јогурт со вишни - 500 мл вода - 500 мл млеко - 2 пудинга (ванила или јагода, и во двата случаи е вкусно) - 600 мл јогурт - 12 лажици шеќер - 150 гр. вишни Двата пудинга се варат со водата и млекото и во нив се додава шеќерот. Откако ќе се сварат и добро се оладат, се додава и јогуртот. Употребете миксер за да не се појават грутки. На крај, исецкајте ги вишните и додадете ги во овошниот јогурт. Нека отстои во фрижидер неколку часа за добро да се олади. После тоа имате права Јогобела Еве како излезе мојот.
Домашните ми се убави ама од купечките Иначе во блендер ставам јогурт и некое овошје(последно беше со јагода и боровинки) откако ке се направи смеса додавам од истите овошја и парчиња па го ставам во фрижидер да се стегне и потоа со шлаг пена одозгора мхмх (а може и во ладилник да се стави па ќе испадне како сладолед)
Јас ги обожавам .Еднаш мама домашен проба да ми напрај,ама купечките поубај ми беа.Само не беше праен како tHeBeAuTyFoReVeR ,што го прави.Поинаку некако.И ќепробаме и така да направиме
Јас досега секогаш купував, Јогобела ми беа омилени, но откако сум на диета избегнувам купечки работи, знам дека се полни со шеќери и сега денес еве си направив домашен. Ми искочи убав, појше ми се свиѓа него смутијата шо сум си ги праела, иако на скоро сличен начин го спремив. Го направив вака: Прво во една чаша за кафе ставив 2 лажици кисело млеко и со вода ги измешав, да дојде течно како јогурт. Во чашата ставив пола лажица мед, ама лажицата беше голема. Инаку ако ставате со мала лажица би требало 2 мали лажички за да е убаво и да има неутрализација со киселото млеко. Ставив една банана и две кајсии со се лушпите. Се од чашата префрлив во блендерот. Се ми се изблендира и ми дое ко смути некако само погусто. И после го префрлив во чаша и исецкав кајсија ама без лушпи, да има како парченца овошје. И ми излезе многу убаво, баш освежително и летно, ќе си правам често со промена на овошја