кога некој пишува со фломастер на хартија, или пак во школо кога професорот ке напишеше несто на табла со кредата хаха
кога наставничката или наставникот пишува со креда и кога кредата ќе почни да чкрипи..или некој со нокт кога ќе почни да греби по ѕид.. :geek:
Чкрипење со креда на табла,со нокти на ѕид Исто така кога некој ми кажува што сонувал,кога читам приказни-хорор,помислата едноставно ми е многуу језива
се ежам кога прв пат ќе слушнам некоја стварно добра песна и се ежам кога гледам некое тажно видео...и нормално од студ
Не знам што е језиво во чкрипењето на креда или нокти. Јас се ежам само кога ми студи и кога читам нешто тажно, ама навистина срцепарателно. Онака, нема шанси.
Се ежам на студ и допир на скокотливи места, чкрипење на ваган со вилушка, како и од мравки со крилца оние големите. Буквално се ежам од такви мравки, дури и да помислам.
Се ежам на тажни приказни,кога ќе чујам нешто лошо или кога некој филм почнува или завршува,од самата песна
Се ежам на рандом песни,без разлика дали се убави или не,дали ми се допаѓаат или не,на самата помисла на инсекти и кога ќе ме убијат во видео игра
Се ежам кога некој ќе чкрипе со ноктите по табла ,кога некој со вилушка чкрипи по тањир/тавче и кога некој ќе писка.
Се ежам кога некој во средно пишуваше со креда на таблата, а сега се ежам кога керками црта со фломастер на блок и стиска со сета силаааа
Се ежам од чкрипење, помислата на сечење нокти на нозете, кога со долги нокти допирам некој картон или допирам марамче. Всушност најмногу се ежам кога ќе помислам на нокти. Имам фобија од нокти. Се ежам и кога слушам песна и кога во филм некој умира. Се ежам од допирање било што суво и круто. Имам соученичка која со долги нокти гребеше светки од тетратките, па и лакот од ноктите си го гребеше со ноктите. И имаше навика да си игра некако со ноктите. Мислам дека од тоа добив фобија. До мене седеше едно време.