Инспирирана од многубројните видеа на Youtube со наслов Favourites of the month, сакав да ја отворам оваа тема каде сите ние можеме да споделуваме продукти (шминка, козметика, нега на тело, лице, коса, нокти... се) кои навистина ни оставиле впечаток, ни помагаат. Немора да се однесува на омилените продукти за месецот, може на денот, неделата, или пак оние кои постојано се наоѓаат во вашето козметичко катче Но воедно сакав и да даваме подетален опис зашто некој продукт толку ни се допаѓа, како ни помогнал, и која е разликата во однос на другите продукти кои ги имате користено за иста намена. Знам дека има тема како - Продукти од кои сте задоволни и од кои не сте. Но сепак мислев тука да им дадеме поголемо значење на оние продукти кои ни се допаѓаат, со опис зошто. Ако сметате дека темата е вишок слободно избришете ја (се надевам нема хахаха ) Еве да почнам јас. Овој месец, благодарејќо на вас девојки го открив најдобриот шампон кој досега сум го користела. ТА ДАМ.... Најпрвин ми се допаѓа тоа што навистина ми помогна против првутот, за разлика од другите шампони кои ја правеа ситуацијата само полоша!!! После ми ја прави косата свиленкаста без употреба на регенератор! А воедно и повеќе не ми се мрси косата после 3 дена јухууу хаха Иначе да напоменам јас овие проблеми ги немав до пред некое време кога почна косата да ми се мрси, ми се појави првут! Претпоставувам дека е од некој производ кој сум го користела но навистина кој, никако не открив Иначе ПРЕЗАДОВОЛНА сум од шампонов, поубав неможев да најдам. А воедно и сите Дове шампони ми се преубави Ајде чекам одговори од вас! И јас ќе ја ндаополнам листата наскоро
Втор продукт од кој сум презадоволна се сенките од Seventeen. Пред неколку месеци си купив 2 нијанси (251 Star Shine, 284 Hot Cocoa) , а предходно имав уште една (238 Rosy Peach). Ги обожавам, и воопшто не се скапи во однос на некои други сенки, по 200 денари се! Ги има во два вида Silky Shadow и Sparkling Eye Shadow. Има неверојатен избор на прекрасни бои. Пред се ми се допаѓа пигментацијата. Навистина се пигментирани, и не треба да земате многу сенка за да има убав изглед. Лесно се нанесуваат, и остануваат долго (без употреба на база или прајмер). И плус во едно кутивче добивате навистина многу сенка и ќе ви трае долго време!!! А еве се и оние кои ги имам јас 251 Star Shine 284 Hot Cocoa 238 Rosy Peach
јас си купив цела колекција од Clear Face на менхетен, за проблематична кожа.Многу се добри антибактериолошки се.
За четките од Аура се изнапишав. Но сакам пак хахахаха Комплетот содржи три четкички-2 за очи и една за руменило. Од четките за очи едната е помалецка и јас ја користам за нанесување на сенка во работ на очниот капак (eye crease-не ми текнува македонското име ). А поголемата четка за нанесување на сенка на целиот очен капак. Сите се од природни влакна. Супер е тоа што се убаво спакувани и секогаш кога одите на патување можите да ги ставите во куфер без да се грижите дека ќе се уништат. Тоа се моите први четкички за шминкање И сигурно ќе речете дека има 100 пати поубави четки, но за парите за кои ги земав се преубави. Навистина се квалитетни. Од природни влакна, меки, убаво нанесуваат сенка и руменило. Јас таа четката за руменило ја користам и за бронзер Ајде чекам коментари кои се вашите омилени продукти - споделете искуства, пофалете некој производ, зашто ви се допаѓа Па може и на некој друг ќе му се допадне и ќе го купи, па ќе му помогне и на него. поздрав
Ајде вака мојот производ за фебруари е дефинитивно Maybelline satin liquid! A зoшто? Епа затоа што ми се истроши минатиот месец после речиси 1 година користење на таа нијанса и јас речиси цел фебруари експериментирав со нови пудри божем да сменам, за на крај да си го исфрлам лицето и да ми се појават повторно лишаи. Поточно пробав дебора која ми е многу тешка пудра па и ја вратив на мајка ми. Купив Менхетен пудра од која лишаите и мозолките ми се појавија и ја џитнав, очигледно менхетен се најтапа за сува кожа пудри. Па земав тестери на Боржуа Хелти Микс, ни таа пудра не ми се допаѓаше. За на крај да си ја земам старата Мејбилајн Сатин Ликвид и конечно си имам пак пудра со порцеланско лице. И си го вратив сјајот на лицето. Не ја менувам и не експериментирам веќе со пудри, крај!
Maца пишав дека имам сува кожа. Исклучиво за сува кожа се мислам дека, добро може и на тие што имаат нормална а сакаат посветкав изглед. Даваат сјај, хидратација и посветкав изглед, она што и фали на сувата кожа. Не дека свети многу не се приметува тоа дека сувата кожа бара сјајност бара влажност, ова и го дава Мејбилајнот.
Имам комбинирана кожа односно проблем со Т-зоната (поточно челото и носот) иако не е ништо страшно сепак ми претставува нервоза тоа мрсење на овие делови. Не се приметува многу, но сепак ми пречи. Минатиот месец од Орифлејм ја купив Essentials balancing face cream оваа крема за комбинирана и мрсна кожа. Јас сум многу задоволна. Го чистам лицето со хлоракол лосион за лице и веднаш потоа го мачкам лицето со оваа крема. Истата постапка ја повторувам секое утро и пред легнување. Кремата навистина ми прави баланс на кожата и немам никаков проблем во текот на целот ден. Си ја има потребната влажност, лицето не ми е ниту суво, ниту мрсно. Кожата конечно ми стана онаква каква што посакував да ми биде. Можеби и годи на моето лице, а можеби Орифлејм навистина направиле полн погодок овојпат. Кој знае!? Инаку еве сликичка да видите за која крема станува збор:
Ја омекнува косата, полесно се расчешлува и дава убав сјај и убаво мириса. Многу поубаво изгледа косата и посвежо До сега еднаш имам користено маскара од оваа фирма и бев презадоволна па решив да земам уште една нивна маскара која има три ефекта т.е. може да се подеси волуменот и густината на трепките и сите три ефекта се прекрасни и се приметува разлика. Ја добив на подарок и решив да ја пробам и многу ми се допадна. Прво ја омекнува кожата и мириса прекрасно...
Мајка ми ја купила маскарава,а јас бидејќи сакав да сменам малце,ја пробав и останав ваква Толку добри ми ги направи трепките и тоа само со 1 нанесување. Не планирам да ја сменам уште долго време.
Редактирам ... ова само за тело било а јас тука портокали си ставив Сега видов се извинувам за офф топик
моментално омилени продукти ми се млекото за тело на елдена овде во ср го нема никаде и ми го донесе другарката од друг град а решив да си го земам откако ги прочитав постовите на оние кои го користеле и стварно не згрешив прекрасно е убаво мириса и за мене што е најбитно ми ја негува сувата кожа потоа омилена купка е џенерата со мирис на капини и мошус прв пат го купувам и само пофалби за неа а исто така омилени ми се и косметиката на есенс посебно кармините.
одамна е порачано чудово, ама немав појма дека толку прекрасно мириса и вчера се изнауживав во топлата купка, дури и собата ми мирисаше на бела лилија
Aцикловир 5% во производство на Алкалоид (бе успеав да најдам оригинална слика на интернет) Многу ефикасно сретство против херпес. Мојот го среди за еден ден (само не претерувајте со ставање, многу ја суши кожата)
Ова би можело да се проба! мака мачам со херпесите, доволно е само да ми застуди малце повеке и оп ете херпес, а понекогаш и по 2,3 на едно место!
Лосион за тело на Гарниер, прекрасно мириса, веднаш се впива и убаво ја омекнува кожата. Го земав од новото Веро, пишуваше дека е нов производ, има неколку различни за различни типови кожа, ама сите убаво ми мирисаа
Омилени продукти за февруари: Совршено и одговара на мојата кожа! Му нема замена за вадење на маснотијата на мојава кожа!