Форумџика на годината

Омилени продукти на месецот

Дискусија во 'Тело' започната од frutini, 25 февруари 2011.

  1. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    81.970
    Пол:
    Женски
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. havai 123

    havai 123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Zdravo mozda ne bas za ovde ama da ve prasam dali ovaa maska za lice ja ima negde kaj nas po marketive za kozmetika ,GLAM GLOW-maska za lice
     
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.656
    Допаѓања:
    106.722
    Пол:
    Женски
    @havai 123

    Јa немa мaскaвa штo јa бaрaш кaј нaс , мoжрш дa јa нaјдеш вo Грцијa нaјблизу пo прoдaвнициве Сефoрa
     
    На havai 123 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.656
    Допаѓања:
    106.722
    Пол:
    Женски
    Alverde - дезодоранс со мирис на нане

    Презадоволна од овој дезодоранс на Алверде со мирис на нане. Заштитува цел ден , се прскам насабајле испробано и на +40 степени. На прва позиција е алкохолот , но ако немате иритирана кожа слободно може да се користи (мене не ми прави никаков проблем). Го препорачувам , бев скептик бидејќи пред околу 4 месеца купив кристал за под пазуви но кога се стопли времето почнав да мирисам при потење , а со овој на Алверде немам гајле. Цена - околу 150 денари
    [​IMG]

    Bourjois black serum mascara -

    Мислам секој на форумов веќе знае дека сум обожавател на производите на Буржуа , во последно време излегоа многу нови производи од оваа фирма и секако сакам се да пробам. Решив да ја земам оваа маскара , четкичката е со средно кратки влакна . Дава совршен волумен и по малку ги издолжува , но би рекла дека повеќе волумен дава. Само е многу воденеста на почеток нешто како маскарите на Мејбилин и се собира доста производ на четката и затоа пред секое нанесување се обидувам да `извадам`малку производ од неа а кога ќе се подзасуши мислам ќе биде уште подобра

    Цена- околу 860 денари


    [​IMG]
     
    На A-j-a, Bozica1980, ivancekitty и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.366
    Пол:
    Женски
    Ако некој бара поефикасен пилинг, на душа само да остане, гола и боса.:rofl:Ова.:mm:
    download (1).jpg
     
    На Acka22, Oxymoron и LollySky им се допаѓа ова.
  6. ^angel^

    ^angel^ Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2015
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    1.264
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Екстра за во лето
     
    На OmniaVanitas, fallenangel, Oxymoron и 2 други им се допаѓа ова.
  7. havai 123

    havai 123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Ova za lice e ili za telo od kaj go zema I kolku dobar e :)
     
  8. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.366
    Пол:
    Женски
    За каде годе:D Јас го користам и за лице и за тело, а го земав од парфимерија во мојот град, 290 ден:)
     
    На havai 123 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. angel4444

    angel4444 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    684
    Допаѓања:
    786
    Пол:
    Женски
    не на месецот,на животот :D:inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    На Acka22, Oxymoron, Elence93 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Одамна немам пишувано во темава.
    Ќе се сконцентрирам главно на нега на лице. Со оглед на тоа дека не користев ништо освен крема за лице, веќе и гурам полека но сигурно кон 30ка па се решив да поработам малку повеќе на моето лице.
    Имам комбинирана кожа со мрсна т-зона и суви делови кај подочниците, склона сум кон акни и бубулици само пред менструалниот циклус.
    По препорака на една членка од форумов го земав гелот за чистење на лице од Балеа односно 3 во 1 гел, маска и пилинг. Во упатството пишува дека е за комбинирана кожа, јас ја користам како маска 3 пати неделно. Првата недела и по второто користење забележав значителна промена на моето лице. Решен ми е проблемот со мрснотијата, лицето ми е мазно и освежително, хидратирано. Многу сум задоволна од оваа маска и повторно би си ја купила. Кога ќе се потсетам колку ми се мрснеше лицето и од испотеноста не можев да се гледам во огледало. Сега за сега во план сум кога ќе ја потрошам повторно да ја купам.
    [​IMG]
    Под реден број 2 го сместувам гелот за чистење лице/вадење шминка од истата линија.
    Во претходниот гел што ви го пишав 3 во 1 има и гел, но сепак полесно ми е кога знам дека имам само гел за шминка вадење. Постојано сум надвор и во движење и кога сум премногу уморна сакам да си имам нешто што ќе ми е при рака.
    Го имам пробано и без да имам потреба да вадам шминка, наутро и навечер кога си легнувам.
    Прво што забележав е дека порите ми се измазнети, воопшто не ми е сува кожата, напротив ми е мазна.
    Го имам пробано и како средтство за вадење шминка и она што ми се допаѓа е што темелно ги вади останатите нечистотии што топлата вода не ги извадила при миеење на шминката. Тоа многу ми се допадна бидејќи претходно од кога ќе се измиев лицето ми беше суво, а другиот ден комбинирано, мрсно. Во врска со мрснотија солидно и кажав збогум.
    Пак би го купила, понатака сум го план и тоник и кремата да ги купам, видов дека најпродаван производ од оваа линија е ноќната крема за лице. Мислам дека е ова е мојата линија за нега на лице. Го препорачувам топло за оние со комбинирана кожа.
    [​IMG]
    Под реден број 3 ги сместувам дезодорансите на La Line за под пазуви. Претходно користев на Нивеа и воопшто не бев задоволна, ќе се напрскам и ќе изветрее и мирисам на пот. Никогаш не сум го сакала мирисот на пот и не сум се довела до ситуација да мирисам, Нивеата ја добив на поклон и се радувам што половината што остана од неа ја заборавив во фитнесот кога вежбав.
    Ги има во Кам по цена од 75 денари. Ги сместувам во оваа категорија поради тоа што не изветруваат брзо, мирисот им се задржува, не мирисам на пот туку мирисам на свежина. Можам да се испотам колку сакам ама повторно ќе мирисам свежо.
    * Не можам да најдам слика*

    И под реден број 4 го сместувам артдеко камуфлажниот коректор. Иако е сув и малку тврд, сепак одбраната нијанса совршено се склопува со мојот тен. Во лето не сакам да користам пудра бидејќи ми е тешка само во одредени прилики. Од артдеко ќе нанесам на подоцните и сум подготвена за на кафе.
     
    На A-j-a, SV1911, ivancekitty и 5 други им се допаѓа ова.
  11. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    DSC06439.JPG
    Не знам зошто воопшто го менувам некогаш
     
    На Oxymoron и joy1 им се допаѓа ова.
  12. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Месециве ми поминаа во знак на неколку продукти што фино си ја завршија работата :)
    57122.jpg
    Гел за туширање од бела праска. За секојдневно бањање после секојдневно пливање во море/езеро, ми се најде ем погоди.
    Balea_Bodylotion Syrah Fe.png
    Лосионов од Балеа, смешна цена од 99 денари. Мирис на ванила сладолед, супер за навечер да се покријам од глава до пети во слаткост, а и либето го бендисува како му мирисам. Не е најсовршениот лосион, но за цената е одличен :)
    PROD_1166382_XL.jpg
    Го добив на подарок. Интензивен мирис, одлична емулзија, се мачкам на петици, колена и лакти. Би си го нарачала кога ќе ми се потроши.
    uxdmkgu8mz.jpg
    Лосион за после сончање, го купив како најефтина опција во Грција, но изненади функционалноста. Ми ја смируваше кожата и има пријатен водлест мирис.
     
    На SV1911, EMoonlight, Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. girl1111

    girl1111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    Ќе сакаш ли да ми кажеш кај се наоѓа продавницата за моливчињата имам едно кафеавко,го добив на подарок и многу ми се допаѓ сакам да си земам на повеќе нијанси
     
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Не се сеќавам за кој месец имам пишано последен пат во темава, ама еве ова нека бидат моите омилени производи за јули и август :)

    Seri маска за коса со арганово масло
    [​IMG]
    Шери маската ја користам со години, ги имам пробано сите 3 и од сите сум задоволна. Оваа со арганово масло е нова, ја видов во понуда на Grouper, па си реков морам да ја купам. Малку е поскапа од другите, ама во секој случај е многу исплатлива, особено затоа што ќе ја користите којзнае колку време, цело кило е. Густа е, мирисот е прекрасен, а ефектот одличен.


    Carroten tanning oil
    [​IMG]

    За ова масло прочитав различни коментари на интернет - едни беа презадоволни, други па не виделе никаква разлика откако почнале да го користат. Јас почнав да се мачкам со него кога веќе бев малку исончана, без никакви очекувања. Си реков ако ништо друго ќе ми биде мека кожата :D Првиот пат откако се намачкав на едната нога, забележав дека ми изгледа поисончана :) Да се разбереме - маслово не е за сончање, ниту има УВ фактор, туку улогата му е само да ви го истакне тенот. Јас се мачкав пред да одам на плажа попладне, кога сонцето не беше толку јако. Мене ми се допадна, единствена замерка е тоа што малку пушта боја, па треба да внимавате да не си ги направите алиштата.


    Malena лак за нокти (нијанса 66)
    [​IMG]
    Лакчево го земав случајно, додека чекав во dm на каса ги забележав, па си одбрав едно зашто ми се допадна бојата. Не сум некој голем фан на Малена лаковите, ама ова супер се покажа! Бојата не е убаво доловена на сликата, некоја циклама нијанса е, мене ептен ми се допаѓа. Сакам лакчиња кои лесно се нанесуваат, без да се тегнат и размачкуваат, а ова е баш такво. И доволен е еден слој за да добиете убава боја на ноктите. После од dm си земав уште три други нијанси :D


    Лак за нокти Golden Rose Ice chic (нијанса 24)
    [​IMG]
    Пред некоја година си купив Golden Rose лак за нокти во летна боја, па барајќи го истиот, налетав на новите ice chic кои ги немам користено претходно. Скоро цело лето го поминав со ваква боја на нокти. Овој е малку погуст за разлика од Малена, ама убаво се нанесува, само што од овој обично ставам два слоја. И ми се допаѓа тоа што не е толку стриктна нијанса, па да не можам да ја комбинирам истовремено и со розево и со црвено. Многу сакам такви лакови :D


    Sundance млеко за тело за после сончање
    [​IMG]

    Едното го добив на подарок, другото сама си го купив :) Мислам дека се комплетно исти, барем јас не забележав некоја разлика. Имаат убав мирис на кокос, разладувачко дејство и светкавци кои искрено јас не ги обожавам баш, ама кога е лето и шетам малку поразголена, убаво е кожата да ми сјае :wasntme:
     
    На A-j-a, SV1911, Oxymoron и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.014
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Не знам од кога немам пишано овде, меѓутоа, ова отприлика се моите нај нај производи кои ми го обележаа изминатово лето. :)
    [​IMG]
    NIVEA
    1. Mлеко за чистење лице (~200 мкд)
    2. Антиперспирант (100-160 мкд)
    3. Гел за туширање (~ 150 мкд)
    4. Diamond Gloss шампон за коса (~ 200 мкд)

    Некако ме фати носталгија за Нивеа, затоа што отприлика тоа беа првите производи од препаративна козметика кои почнав да ги користам уште од основно школо. :)
    Мирисот на Нивеа ми навраќа убави сеќавања, а и ми здосадија продуктите кои ги користев за нега на лице и тело, па мала промена не е на одмет никогаш.

    Нема што многу да се зборува за Нивеа како бренд - антиперспирантот го пофалив во соодветна тема уште пред некое време, за гелот нема потреба да се полемизира многу-многу, а млекото за чистење лице многу ми годи, поготово во летниот период кога зачестено користам матирачки бази па лицето има потреба од дополнителна хидратација при отстранувањето на шминката.
    Исто така, ми делува како енерџи бустер во вакви периоди кога времето нагло се менува. Го користев и како ноќна крема, па и како подлога за мојата течна пудра - нема утка и би го купила повторно без сомнеж.

    Шампонот е одличен и многу ме потсеќа на Pantene Aqua Light, кој за жал не ми одговара, ама затоа Diamnod Gloss прави партали! Косата ми е лелеава и сјајна, лесно се обликува, не ми се масти дополнително и што е најважно - не ми го иритира скалпот!

    Аура
    1. Течен мат кармин (624-Last Goodbye; 612-Matte Mess; 626-Misstress) (240-290 мкд)
    2. Матирачка база (~300 мкд)
    3. Течен туш за очи (160 мкд)

    Течните мат кармини на Аура ми се најомилените кармини од ваков тип на нашиот пазар. Малена се одлични и подолготрајни, меѓутоа има огромна разлика во моментот кога имате потреба да го освежите карминот - со Аура никогаш не ми се случило карминот да изгледа неуредно како растопен шлаг од торта, без разлика колку слоеви ќе нанесам. Делува пристојно, природно и не ми ги суши усните.
    Никс не ме воодушевија толку многу, сепак Аура ми одговараат повеќе и во однос на квалитет и во однос на цената. Нијансите се прекрасни, особено оние црвените. Имам уште, ама ова е моето „Свето Тројство“ - неутрална нијанса за секоја пригода, виолетова и бордо кога сум расположена за нешто „вамп“. :)

    Многу ми се допаѓа матирачката база, особено ми е важно тоа што одлично се вклопува со мојата дневна крема, па и течната пудра. Секогаш нанесувам малку пудра во прав или фиксатор на зоните кои почесто ми се мастат, меѓутоа факт е дека пудрата секогаш ми е на место и не ми сјаат деловите од Т-зоната на крајот од работниот ден, додека пак, кога ја фиксирав течната пудра само со пудра во прав, корекција ил две во текот на денот ми беа „задолжителни“, да не кажам морални :, )))))))) .
    Мислам дека заслужува да добие шанса, посебно во летниот период, од припадниците на комбинирана и масна кожа.

    Нема да должам многу околу тушот за очи, веќе дадов поопширно мислење во соодветната тема, само ќе додадам дека му го најдов „лекот“ за да ми остане постојан на очите дури и кога ми солзат малку, па дури и кога врне - малку фиксатор и нема гајле додека не го тргнам од очи со средство за вадење шминка. :)

    * Maскара Lash Princess, Essence (~250 мкд) - ја купувам веќе неколку пати и ми е back up маскара кога не можам да ги најдам маскарите на Maybelline некаде на акција која ми одговара со цените.
    Епа, нека ми извинат, но премногу се тие 400 и кусур денари за ваков дрогериски бренд каков што е Maybelline. Уште си тажам по времињата додека бев средношколка и истата маскара ја купував за 270 денари од Космо. Од тогаш до сега, поскапена е речиси два пати од тогашната цена, а оваа од Есенс покрај поволната цена, ми нуди и ист ефект како мојата омилена Falsies.
    Не ми ги иритира очите, не се разлева над/под очитe, лесно се отстранува, им дава одличен волумен на трепките и солидно ги витка.
    Па што можам повеќе да барам од маскара, прекрасна е. :)

    * Avon Nutra Effects (~200 мкд), дневна крема во зелено пакување, наменета за осетлива кожа. Си имам агенда: во периодот зима-пролет ја користам NE во плаво пакување, додека пак оваа со зелена амбалажа ми е најпогодна во лето-есен.
    Не матира, но прекрасно „соработува“ со течната пудра и ми се допаѓа како ми го хидрира лицето.

    * Makeup Revolution (Iconic 3) палета (~400 мкд). Ја купив затоа што ми се допаднаа розевите и песочните тонови. Ако се поделат во тројки и четворки, испаѓаат прекрасни комбинации од боите кои најдобро ми прилегаат и најчесто ги користам.
    Мислам дека слободно можат да им парираат на сенките од рангот на Артдеко (Артдеко ми е врв на сенките од дрогериските брендови на нашиот пазар), со оглед на тоа што, кога се шминкам со MUR не користам база, а сепак шминката останува свежа ко да сум ја нанела пред пет минути.
    Многу добро се блендаат самостојно и меѓусебно, комбинациите што можат да се направат се навистина неверојатни, не се ронат додека ги земам со четка, ниту пак прават облак од прашина додека блендам.
    Ме изненади тоа што дури и без база, остануваат на место и не се собираат во борите на очните капаци, а сум ги носела на око +12h. Со база изгледаат уште поубаво.
    Ако се снабдам со уште некоја палета, богами, ќе имам доволно и за во неколку наредни животи. :)
     
    На A-j-a, Doozy, SV1911 и 12 други им се допаѓа ова.
  16. *Mariposa

    *Mariposa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2016
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Женски
    Авон мат кармин - Adoring love
    Avon-Perfectly-Matte-Lipstick-Adoring-Love-1-1024x737.jpg
    Косата ми се радува на шампонов :D:inlove:
    23150g.jpg
    Лак Lavender Sky - Авон 5016090-1--avon-gel-finish-lavender-sky-4303-4.540.jpg
    Позитивно сум изненадена од пудрава на Luxe.. luxe.jpg
     
    На joy1 и ivancekitty им се допаѓа ова.
  17. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    986
    Допаѓања:
    19.683
    Пол:
    Женски
    Девојки, може прашањево не е соодветно за темава, но сакам да ми предложите:
    1. Шампон за суво миење за мрсна коса
    2. Средство за чистење лице за мрсна кожа, по можност да не ја суши кожата.
    3. Некој гел за туширање со убав лесен мирис, само ванила да не е!
    4. Шампон за коса, да не ми ја мрси косата, користам на Лореал, ама 2ден веќе ми е мрсна.
    Благодарам однапред! :)
     
  18. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.656
    Допаѓања:
    106.722
    Пол:
    Женски
    @piglet1

    Шампон за суво миење на Балеа од Дм јас сум мн задоволна , за шампон ти го предложувам од Афродита со коприва и средство за чистење лице од Балеа во зелена опаковка со зелен лимон топ е за масна кожа
     
    На Acka22, piglet1 и Antolinaa им се допаѓа ова.
  19. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    986
    Допаѓања:
    19.683
    Пол:
    Женски
    Имаш слика од средството? Дај препорачај уште некое од кое си задоволна. Мрсна ми е кожата, иам пробано на гарние, галафарм, јангдерм, асодерм... И ништо не помага. Немам мозолки или акни, само масна ми е Т-зоната и ми се прават црнки. Помагај ако знаеш, хаха.
     
  20. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.896
    Допаѓања:
    18.087
    @piglet1 Се надевам не смета што одговарам јас. [​IMG]
    Ова е. И јас потврдувам за него. И Мишела мислам го имаше фалено.
     
    На Rose96, koritsaki и piglet1 им се допаѓа ова.