Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Омилени продукти на месецот

Дискусија во 'Тело' започната од frutini, 25 февруари 2011.

  1. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    1. Долготрајни кармини, L'Oreal Colour Endure, бр. 622 Tres mauve

    Карминчево мислам дека е од постарите колекции на L'Oreal, земајќи го в предвид пакувањето. јас случајно го најдов низ една локална парфимерија и има веќе 2 месеци како го користам, скоро секој ден. Преубава боичка која е нешто измеѓу лилаво темно/бордо/кафеаво, која совршено прилега на мојот тен.
    Текстурата му е СОВРШЕНА! Како балзам за усни. Едноставно се аплциира иако е во потемна нијанса, се суши на устата (но не ја суши и устата) и останува така цееел ден, се додека самите не изразите желба да го отстраните. Јас си се опремив со залихи од карминчево, кое патем чини 150 денари. :)
    [​IMG]

    2. Avon, SuperSHOCK водоотпорна маскара.

    Едно од поубавите нискобуџетни маскари (споредено со тие на Лореал или Макс фактор) која јас ја имам користено. Трепките ми ги прави како лепеза и што е најбитно за мене не се рони под очните капаци.
    [​IMG]

    3. Jimmy Choo - Eau de parfum


    Јас како голем љубител на парфеми, а воедно и нивен колектор, отсекогаш тешко сум издвојувала еден најдобар, за разлика од сега кога првото место кај мене го зазема дефинитивно овој парфем на Jimmy Choo. Нежен- пренежен, траен- претраен, мириса позади мене кога ќе поминам, што ми е и те како битно. 8):D Добар за сите годишни времиња!

    [​IMG]

    4. Max factor - Creme puff, pressed powder - Translucent


    Уште еден омилен производ, кој не планирам да го сменам во блиска иднина. Пудрава ја имам негде околу 6 месеци и не ми е ни до пола потрошена, а ја нанесувам редовно, зошто јас имам комбинирана кожа, а пудрава не дозволува да светнам цеееел ден. Дава нежен, кадифест изглед на лицето, што мене лично многу ми одговара.
    [​IMG]


    За месец октомври, а воедно и ноември толку.(hollest)
     
    На EMoonlight, SimonaTino, duffi и 18 други им се допаѓа ова.
  2. Kom.pot

    Kom.pot Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    1.815
    Моите омилени за ноември се
    1, Seventeen Matte Lasting Lipstick number 03.
    Предобар е , не ги суши усните како другите мат кармини, бојата е малку посветла отколку на сликата, на усни стои супер. Го препорачувам, одличен е и за денска и за вечерна шминка. Во план сум и некој друг да земам од оваа колекција.

    , [​IMG]

    2, Estee Lauder Perfectly Clean Splash Away Foaming Cleanser
    Исто така одличен производ , чисти шминка без никаков проблем, дури и маскарата ја вади скрос. Го користам неколку месеци , презадoволна сум. Со многу мала капка прави пена за да се измие темелно цело лице, па и долго ќе трае.
    [​IMG]

    3, The Body Shop Vitamin E Moisture Cream дневен и ноќен крем
    Ги купив кремиве од на free shop, намалени беа па си реков да ги пробам, а излегоа повеќе од добри. Особено ноќниот , доста е помрсен, баш како за мојава сува кожа, па наутро ми е многу меко лицето.
    [​IMG]
    4, The body shop Moringa body butter
    Уште еден производ на Body Shop од кој сум задоволна.Одлично ја негува кожата, ја хидрира за во зима е совршен. Само да напоменам дека има доста јак мирис, па доколку не преферирате јаки, цветни мириси овој путер не е за вас. Мирисот се задржува 24 часа на кожа, а за облека не правам муабет, до наредно перење.
    [​IMG]
    5. L'occitane foot cream
    Луѓе знам дека производите на l'occitane се доста поскапи, но верувајте дека вредат. Овој крем за стапала ми е must have, значи незамелнив е. Стапалата се меки и негувани, дури и ако не ги истружам со турпија. Препорачувам
    [​IMG]
     
    На Mama25, Doozy, SV1911 и 14 други им се допаѓа ова.
  3. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.964
    [​IMG] чудо на чудата, ПРЕПОРАЧУВАМ, го земав од Франција. Крем за раце, течен е, мириса на нешто што, верувајте, неможам да го објаснам. Малку се поскапи, кај нас во Рамстор ова е 500ден, мало е за тие пари, ама вреди. На фришоп се малку поефтини, ама ако ги фатите на промоција.

    [​IMG] второто нешто за пофалба, преубаво, најубаво на свет , мириса преубаво и вреди за парите иако не е толку скап како што се другите на Lacoste.
     
    На SV1911, duffi, Sexybaby86 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Прекрасен е :l:
     
    На ancebanance, rainbowec, Aleksandra-Kukla и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. bubic.k

    bubic.k Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2014
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    3.783
    Пол:
    Женски
    download.jpg New In #13 5 balea (4).jpg
     
    На crazylady, joy1, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  6. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    5.751
    Пол:
    Женски
    ноември :P
    многу работи се десија во ноември 2014 :nod:
    нема да навлагам многу во козметика зошто во глобала истите работи од октомври се ..

    1. NYC expert last caramel lipstick
    од моите стари постови знаете дека кармините од nyc ми се многу добри , овај месец нова колекција излезе и многу ми се допадна овај со вкус/мирис на карамела. Mногу е нежна боја и прекрасен вкус на карамела има

    [​IMG] [​IMG]

    - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿

    2. Cappuccino Supreme

    ноември , секако дека ќе пијам каупчино..ова и уште едно со вкус на минт зедов и плус whipped cream на него .. yummy :inlove::inlove:
    [​IMG]

    - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿

    3. Чај од малинка

    океј од прво ми беше многу чуден , но кога се навикнав ПРЕдобрар .. малинка ми е омилено овошје од кога бев мала и чај омилена пијачка:D .. така да ..
    [​IMG]

    - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿

    4. Музика

    * Imagine Dragons слушам цел месец .. некако обсесија фатив со бенов , во soft music навлегов многу есенва ..Night vision и I bet my life (y)
    * двете нови песни на AC/DC : Playball, Rock or Bust
    па ќе чекам на јутуб другите од новиот албум да ги уплоадираат
    * две три песни од Skid Row ( Here I am, Piece of me, Sweet lil sis .. ) онака да ја рефреширам душата

    * smooth jaz и rock-blues
    - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿ - . ✿

    5. Honorable Mentions :

    последно морам да го нагласам во favorites оти долго време чекав е Fender електрична гитара што ја купив на 23 ноември во 7:15 часот и 4 секунди додека врнеше дожд во ноември ;);) и Атмосферата беше тивка .. :d:
    и пижами со минион :| , што ги купив на black friday и кога ги отворив дома забележав дека се машки пошто имаа дупка од напред на нив и така си ги носам сега


     
    На ElenaRbd му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.554
    Пол:
    Женски
    Malena лакови за нокти
    Како третокласна фирма за козметика морам да признаам лаковите за мене се совршени а најбитно од се со пристапна цена. Имаат преголем избор на бои и нијанси што е огромен + за некој како мене што се лакира секој трет ден бидејки лесно му се здосадува една иста боја. Имам доста нивни лакови,но последен што го купив ми е со број 25 темно црвен. Совршена нијанса на црвена боја баш каква што сакам јас.Ни пресветла ни претемна. Осеќам ке ми биде бојата не само на месецот туку и на цело ова зимо. Ги кпувам најчесто од Космо по цена од 40 ден.
    [​IMG]

    Bvlgari Omnia Amethyste и Bvlgari Omnia Coral

    Аметистот го користам веке 2 години и ми е меѓу омилените парфеми. Според мирисот повеке ми е зимски парфем иако тоа не ми е некој репер кога и како да го нанесувам. Во Коралот се заљубив уште прв пат на тестер кога го помирисав бидејки сум љубител на лесни и свежи парфеми и за нијанса ми се допаѓа повеке од аметистот. Го добив на поклон пред месец дена и од тогаш постојано се шприцам со него како неарна.Со вакво темпо ке го потрошам за кратко време па ке си седам со прстот во уста после. :tmi::tmi:
    [​IMG]
    [​IMG]
    Balea Diamanten Traum
    И ова како и парфемите ги добив на поклон. Во колекцијава Балеа има млеко за тело,гел за туширање и мрежичка за бањање. Има преубав мирис а млекото за тело е прехидратантно што мене особено многу ми одговара бидејки нејкам мрсни креми и ме нервираат кога ке ги нанесам на кожата. Ова за брзо време се упива а мирисот му останува,дури и собата после тоа ми мириса на млекото.
    [​IMG]

    Balea Маска за Коса
    Maскава ја користам веќе година дена и тоа сосема случајно кога мајка ми мислејки дека е шампон ја купи и од тогаш не ја сменивме. Има некој преубав мирис на чоколадо а косата ја прави неверојатно мека и лесно се расчешлува. Наменета е за темнокоси девојки бидјеки пушта боја па и на самата опаковка пишува дека не е пожелно да ја користат девојки со светла коса или фарбани бидејки може да им ја смени бојата.
    [​IMG]
    Catrice camouflage cream
    Нема да должам бидејки коректоров е рецензиран милион пати и има зошто е тоа така.Конечно коректор кој може солидно да ги сокрие моиве исконски подочњаци а не кошта милиони. За 205 ден нема подобар избор од овој коректор.
    [​IMG]
     
    На joy1, Doozy, SV1911 и 13 други им се допаѓа ова.
  8. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    106.333
    Пол:
    Женски
    YSL Waterproof eye pencil / YSL Babydoll mascara

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    Овие два производа на YSL ги имаше во едно списание како поклон , секако во тавел сајз (моливчето и не е баш мало како што гледате )
    Маскарата е солидна , четкичката е пластична ми се допадна што оставаше јако црна боја , повеќе ми ги издолжува трепките отколку што ми дава волумен , но еве би ја ставила на исто рамниште со маскарите на Лореал , а каде каде оваа е поскапа. Не би ја купила full size

    Моливчето е најубавото нешто што сум ставила на окото , толку е меко како путер да ставаш на окото , немора да се притиска воопшто додека се црта , остава прекрасна јако црна боја , а и водоотпорно е , минатитот пат згрешив и морав да ставам малку мицерална вода за да го извадам со рака со ништо не се брише.Ако го најдам на попуст некаде сигурно би го купила :)(y)
     
    На joy1, LaraSolare, slavica999 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    5.156
    Пол:
    Женски
    1. Oriflame - Dancing Lady Eau de toilette
    Јас го имам ова мало пакување од 30ml, го добив на подарк уште пред 1 година ама си го ц'цкам за да ми трае подолго. :)
    Иначе мириса најубаво на свет, според мене одговара и за лето и за зима и најбитно од се е што е доста траен! :inlove:

    21564_1.png

    2. Oriflame wonder colour lip liner
    Уште еден производ од Oriflame што ептен ми се свиѓа, моливче за усни во преубава розева нијанса.
    Тоа е бр. 1 моливчето на сликава.

    PC310066.JPG

    3. Oriflame Love Nature corrective stick
    Епа стикчево е топ, си ја врши работата многу добро.
    Кога и да ми се појави некој створ на лицето, ќе си мацнам од ова на местото и за ден два го смирува.

    DSC_0042-001.jpg
     
    На joy1, SV1911, Giovanna и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Се спремам да пишам веќе подолг период ама се некако време немам... За одредени производи и незнам дали ги има кај нас зошто не ми се купени од Скопје.

    L’occitane Serum Fabuleux – серумов ми ја препороди мојава дехидрирана кожа и апсолутно ќе ми стане омилен производ се додека не му најдам адекватна замена. Ова ми е второ паковање како го користам иако бев скептик на почетокот,ептен ми се погоди. Идеален е за во зима ми ја препороди кожава. Идеален е за сува кожа иако јас немам сува само образите дел од зимата ми патат. Комбинацијата му со хијалуронска киселина и карите путер. Инаку нема класична текстура на серум.повеќе личи на кремаста емулизија, баш поради составот. Слушнав дека ќе му ја менуваат формулата па се надевам дека неговиот наследник ќе биде исто така добар како овој.


    Guerlain Lingerie de peau- Пудрава ми спаѓа исто во омилени продукти на годината. Случајно пробав тестер по наговарање на братучетка ми,истата ја добив и на поклон од неа. Нормално одкако ми се засвиѓа/ Со оглед на тоа дека споро трошам пудри ќе ми трае доста време.
    Текстурата не е претечна,ниту прелеплива.Многу лесно се нанесува а уште полесно се бленда. На кожа не е баш мат,туку некаков полу-dewy finiš, рефлектира здрав сјај на лицето и не делува воопшто масно и претешко ко останати пудри, баш напротив кожата дише и е хидратизиран ама ептен.
    Најбитно ми е што не ми ја масти воопшто т зоната и до сега не се слушило да ми предизвика иритација ,ниту мозолка. Најбитно е што има пумпица која одлично ја дозира потребната количина.
    После долга потрага по идеална пудра,оваа не ја менувам;)

    Alverde lippenbalsam cranberry kirsche- балзам за уста,не остава трага одлично хидрира. И тој од невен е добар ама овој преубаво ми мириса. Не е леплив ,јас си го носам цел ден на мене. Вода може да му носат сите балзами.

    Balea Body-Öl Harmonie
    Маслово го купив уште летоска за после сунчање ама си го користам сеуште. И ова ми е второ шише. Миризбава му ја обожавам. Интезивно ми ја храни кожава и е за сите типови кожа. Не масти воопшто и приметив дека пижамите ми мирисаат на него. Без боја и е во пакување од 150 мл.


    Essie all in one- нега за нокти 3 во 1 .Мислам дека сум го пофалила во зацврстувачи ,ама еве пак ќе се повторам. Мене ми служи како зацврстувач и ноктите ми се ептен оправении потпораснати. Не содржи формалдехид. Штета што го нема кај нас.

    За сега толку :whew: Простете за сликиве ама со новава платформа незнам како се вметнуваат измеѓу текст:hai:
     

    Прикачени фајлови:

    На SV1911, Giovanna, joy1 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    1. VICTORIA крема за коса со термална заштита и арганово масло за права коса
    Имам користено неколку препарати демек за исправување на косата и ниту еден немал никаков ефект и се откажав од потрагата и помирив со фактот дека мојата коса не може ништо да ја исправи подолго од 24 часа. Кремава ја земав заради аргановото масло и демек заштита од топлина ама она што ме изненади беше права коса со едно пеглање до наредно миење. Спијам секогаш со собрана горе во пунџа (не можам поинаку) и претходно ја допеглував секое сабајле зошто ми фаќаше кривини косава, а сега сум си стани носи :rofl:
    Структурата делува малку лепливо на раце ама на коса е сосема ОК и не ја сплеснува/затестува воопшто. Има пријатен мирис и лесно се расчешлува. Колку има ефект за заштита од топлина не знам ама со оглед на фактот дека пеглањето ми е мнооооогу оретчено верувам дека е доволно и тоа. Гледам дека имаат и силиконски капки од арган за испукани врвови и некои регенератори од макадамија па наредно ми е во план да ги пробам и тие.

    Цена околу 250мкд во ДМ.

    [​IMG]

    2. Catrice камуфлаж коректор 020
    За коректоров е пишувано и пишувано, можам само да потврдам дека дефинитивно ми е производ на годината, не само на месецот. Одлично покрива: црвенила, подочњаци, бубулички... совршенство. Најголем плус има од мене што не се растекува и не ми се собира во пределот под очите. Јас го нанесувам со четка за коректор и го натапкувам - така најубаво ми изгледа зошто имам чувство дека лесно може да се претера со прст и да делува многу зацементирано. Коректоров исто така е добар и како подлога за сенки.

    Цена околу 200мкд во ДМ.

    [​IMG]

    3. Essence молив за усни: Satin mauve 06
    Ептен сум задоволна од моливчињата на Есенс со оглед на цената. Кремасти се, долготрајни и може да се носат самостојно бидејќи не ја сушат устата. Нијансата конкретно satin mauve мене ми е фаворит: препреубав nude лила тон, совршен за есен. Понекогаш од горе нанесувам од Baby Lips лилаковото лабело (peach kiss) и се добива супер сатинест изглед. Единствена замерка (ако може така да ја наречам) е што со едно/две нанесувања моливчето буквално отупува и би било добро да се носи резерва острилка за да може да се користи повторно.

    Цена околу 120мкд во ДМ.

    [​IMG]

    4. E.L.F. Бронзер и руменило: St Lucia
    За крај го оставив ова бидејќи не ми е омилен продукт од овој месец туку веќе подолго време. Сеуште не ми е верно како еден волку евтин производ може да замени многу други поскапи. Бронзерот има убава кафена боја (не портокалова), нема светки и ептен е пигментиран. Руменилото има убава нежно розе нијанса и дискретни светки. Долготрајни се и двете, плус симпатиите ми ги освои и со практичното пакување кое ми е секогаш прв избор кога треба некаде да патувам.

    Нарачано од iHerb, цена околу 150мкд

    [​IMG]

    Имам уште неколку производи на E.L.F. што ми се незаменливи ама ќе пишам во некоја наредна прилика :hai:
     
    Последна измена: 1 декември 2014
    На joy1, Doozy, SV1911 и 12 други им се допаѓа ова.
  12. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.036
    Допаѓања:
    10.591
    Пол:
    Женски
    Артемисион , и јас го имам сетот на E.L.F. во истата нијанса и баш е светкав.:/
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    @cooll бронзерот е скроз мат, посебно откако ќе му го тргнеш тој првиот површински слој :)
    Руменилото има дискретни светки ама ништо нападно, мене скоро и да не ми се познаваат. Ако земеш да ги споредиш со NARS Orgasm/Laguna дуото (на интернет има дури и премногу споредби, јас лично го немам користено ама велат дека E.L.F. е негова копија) ќе видиш дека во глобала светките се разликата.

    [​IMG]
     
    На cooll му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    За изминатиот месец Ноември:
    1. Balea гел/пилинг/маска за лице
    [​IMG]
    Го земав по препорака на СуперГрл и веднаш ми стана омилен. Давам трета шанса на Балеа и ова баш ми се погоди со оглед на тоа што кожата почна да ми се мрси и челото малку да ми се исфрла. Одлично мие и вади шминка, содржи гранули кои супер чистат и му прават ексфолијација на лицето. Не ми ги досушува сувите делови на лицето, а мрсните ми ги освежува и одржува така свежи преку целиот ден. Многу убав мирис има и уште еден плус му е што е 3 во 1. Како гел го користам два пати на ден со поголема количина на вода, како пилинг го нанесувам два пати неделно на сува кожа па тријам, а како маска еднаш неделно, оставам да постои 15тина минути па плакнам. Цената му е одлична, 175 денари во ДМ. Топло го препорачувам, дефинитивно подобар од Нивеа, Гарниер, Лореал од тоа што имам користено.

    2. L`oreal gel intenza гел туш за очи
    [​IMG]
    Совршениот туш за очи е пронајден. Има убава гел структура, со четчето многу лесно се нанесува, прецизно и лесно се прави убава линија со совршен завршеток. Траен е по цел ден дури и на врнежливо време мене не ми се размачка, со масло се отстранува веднаш, со други отстранувачи малку потешко. Јас би рекла дека количината е дури и голема, се плашам да не ми се засуши брзо од стоење и од отвори/затвори па ќе гледам побрзо да го потрошам, ма дапо структурата би рекла дека нема да се исуши така лесно. Ќе видиме уште ми е тазе :) Цената му е околу 700 ден. го има во секоја парфимерија.

    3.Estee Lauder double wear light пудра за лице
    [​IMG]
    Од совршената пудра имало верзија и за мене. Лесна за секојдневна употреба, солидна покривност, трајност по цел ден, хидратантна е. Кожата изгледа здраво и свиленкасто, ми се допаѓа што дава баш таков мазен финиш и малку сјај. Многу лесна и течна структура има, мала количина е потребна за да се нанесе убаво на цело лице. Јас добив тестерче од 10мл при едно пазарење како подарок и баш ми ја погодија нијансата 3.0. Цената не ја знам ама претпоставувам дека е иста/слична ко и Double Wear stay in place околу 2800. Наредна пудра ќе ми биде оваа дефинитивно ако ја начекам на попуст некаде.
    [​IMG]

    4. Dior Addict ultra gloss flash 982 сјај за усни
    [​IMG]
    Сум користела повеќе сјајчиња од Диор и им ја знам структурата, тука ме освои бојата. По структура се многу убави, не тежат на усни, не се лепливи, баш се хидратанти и убава ја прават кожата на усните, после тоа е мазна ко да сте користеле балсам. Сјаеви преферирам повеќе од кармини бидејќи ми се некако полесни за нанесување, кармините ми се покомплицирани, сјајчево може комотно да му парира на било кој црвен кармин (добро не на било кој :lol:) многу подобро ми се покажа од неколку црвени кармини што ми се моткаат низ несесер. Баш е некоја бургунди боја, мава и на виолетово, најдов една слика која не ми прави баш ќеиф кај мене излегува многу по интензивна бојата. Трајноста не е нешто wow,ама сепак е сјај, би рекла некаде 3-4 саати. Го земав на попуст 1200 ден. во Космо.
    [​IMG]
     
    На Mama25, Kom.pot, bubac и 18 други им се допаѓа ова.
  15. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    984
    Допаѓања:
    17.166
    Пол:
    Женски
    1. e.l.f. Essential Lipstick Captivating
    [​IMG]
    Го имам од поодамна, ама не знам зошто не го користев. Има кремаста структура, преубава интензивна портокалова/кафена боја, со солидна трајност од неколку часа.

    2. Johnson's baby bedtime lotion
    [​IMG]

    Го помирисав прв пат на внука ми и останав без зборови. Уште наредниот ден го набавив, совршено ја хидрира кожата, а нежниот мирис кој трае и трае му е само уште еден плус. Мислам дека си го најдов совршениот лосион, не би го менувала во скоро време.

    3. Lorvenn Exotic Oil
    [​IMG]

    Го земав првенствено за заштита на косата од топлина при фенирање и пеглање, во упатството пишува дека може да се употребува и за тело, но јас не го користам за тоа. Го нанесувам на влажна коса, после тоа косата е мека и свиленкаста, а има и евидентен сјај кој со ниту еден друг препатат не сум го постигнала.

    4. Radiant Balancing Tonic Lotion
    [​IMG]
    Нежен лосион кој иако наменет за сите типови на кожа, одлично се покажа и за моето мрсно проблематично лице. Преубаво ја чисти кожата, ги минимизира порите, па и досадниот мрсен сјај на т-зоната.

    5. Tommy Hilfiger - Peach Blossom
    [​IMG]

    Го начекав на попуст и морав да го имам. Иако повеќе е летен парфем, со нежна, сензуална овошно-цветна нота, совршено ми ги ароматизира овие дождливи денови.
     
    На bubac, Doozy, anuskaNESTLE и 11 други им се допаѓа ова.
  16. mariolet

    mariolet Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    18
    [​IMG] Најдобриот спреј за тело што го имам пробано до сега.
     
    На bubac, rainbowec и duffi им се допаѓа ова.
  17. lolanomnom

    lolanomnom Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    2.324
    Повеќето ствари што ги купив месецов ми се фаворити али пошто убаво си се информирав веројатно затоа и ми се погодија...
    [​IMG]
    1. Биодерма мицеларната ја купив месецов најмалото пакување го земав да ја пробам чисто да видам дали се исплати да ја купам големата варијанта и се исплати секако. Многу убаво го чисти лицето нема потреба да се менуваат по 3-4 памукчиња, јас со две совршено ја чистам. Гарниерот е блиску до него да кажам ајде поефтина варијанта е таа ама секако не е волку добра. Лореалот според мене не ја бива за ништо.

    [​IMG]
    2. Пилингов за лице ме изненади, случајно така го земав не очекував многу ама преубаво го листи лицето, не е груб воопшто а си ја врши работата перфектно.

    [​IMG]
    3. Лицето ми се пресуши пред недела дена пошто долго бев надвор на ладново така да кремата за масна кожа џабе ја ставав. Ја најдов на некоја акција кремава за смешна цена и се одлучив за неа, најмногу ме привлече тоа што има арганово уље па претпоставував дека добро ќе се покаже. рвите 2-3 дена и сабајле и навечер ја става, навечер во два дебела слоја и во рековдно време кожата ми се врати во нормала. Носот ми се лупеше многу па на него ставав и плус дебел слој бекутан и после 3 дена лицето ми беше сосема нормално. Наменета е за сите типови на кожа ама мислам дека е најидеална за сува до нормална кожа. Навечер ја ставам оваа а како дневна крема ја користам...

    [​IMG]
    4. Е оваа крема ја користам преку ден, мирисот и е одвратен, така да ако не поднесувате лоши мириси заобиколете ја, после минута го снемува. Многу брзо се упива и не го мрси лицето воопшто. Доколку имате некоја раничка на лицето или некоја расчепкана бубулици никако не нанесувајте на неа бидејки знае мноогу да пече. Се на се однос цена квалитет е одличен така да супер е кремчево.

    [​IMG]
    5. Пудрава е доста кремаста, а пошто не можам да ја ставам есте на толку суво лице ја земав оваа да ја користам додека не го средам лицето. Не можам да кажам дека сум нешто пре задоволна али добра е. После толку време користење есте некако ми рипнале многу стандардиве, порано ова би ми била идеална пудра, али пак ќе кажам однос цена квалитет топ. Многу ми се свиѓа што ги покрива порите, многу природно изгледа на лице и не ми го суши лицето. Нијансата ја погодив за некое чудо иако условите на избор ми беа боже сачувај, земав со шолт подтон и се изненадив колку посвежо ми изгледа луцето со неа а пак природно. Трае некои 6-7 саати после може да почне да се губи. И мноогу убаво се бленда.

    [​IMG]
    6.Дома имам 4-5 бронзери и сите до еден влечат на портокалово што мене премногу почна да ме иритира така да тргнав по бронзер што не влече на портокалово и го најдов ова мало чудо. Доста темна нијанса е ама нема апсолутно ни малку портокалово. За контурирање е измислен, стварно многу добар бронзер за прифатлива цена.

    Сигурна сум дека нешто забораив али ќе се навратам со 2 дел сигурно:)(hollest)
     
    На Mama25, bubac, rainbowec и 13 други им се допаѓа ова.
  18. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    106.333
    Пол:
    Женски
    Korres Pomegranate Concealer

    [​IMG]

    Пред некое време го купив овој коректор и можам да кажам дека е најдобриот коректор што го имам пробано досега. Еве го неговиот состав

    Pomegranate:

    The Pomegranate extract is a rich source of tannins, anthocyanins, vitamins (A, C, E) and minerals and is widely used for its antioxidant properties. The Pomegranate fruit contains three times the antioxidant properties of red wine or green tea. This high level of antioxidants found in Pomegranate is effective in combating free radicals that cause premature ageing of skin cells. Pomegranate extract also has significant astringent properties, due to its tannins content. As a result, it tightens the pores and strengthens the skin epidermis, thus being ideal for oily and combination skin.
    Ingredients:

    Hydrogenated Polyisobutene, Talc, Caprylic/Capric Triglyceride, Squalane, Dipentaerythrityl Hexahydroxystearate/ Hexastearate/Hexarosinate, Hydrogenated Styrene/Isoprene Copolymer, Nylon-12, Ethylhexyl Stearate, Stearalkonium Bentonite, Boron Nitride, Propylene Carbonate, Caprylyl Glycol, Dimethicone, Phenoxyethanol, Punica Granatum Seed Oil, Hexylene Glycol, Pentaerythrityl Tetra-Di-t-Butyl Hydroxyhydrocinnamate. [+/- (May Contain) CI 77891 (Titanium Dioxide), CI 77491 (Iron Oxides), CI 77492 (Iron Oxides), CI 77499 (Iron Oxides), CI 77007 (Ultramarines), CI 77288 (Chromium Oxide Greens), CI 77289 (Chromium Hydroxide Green)]

    Покрива супер , јас ја земав најсветлата нијанса PC1 ,истовремено покрива и дава светлина под окото. По структура е густ и одговара само на мрсно лице
     
    На senza.parole, SV1911, anuskaNESTLE и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Една добра фасада која успешно ми маскира и умор и лошо расположение,
    и една вечерна релаксација со мирис на јаболко и цимет!

    43588_250.jpg bild-balea-creme-oel-dusch-peeling-apfel-zimt-data.png
     
    На LaraSolare, senza.parole, ivancekitty и 9 други им се допаѓа ова.
  20. viviette

    viviette Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Женски
    1. Конечно најдов решение за флеките од акни. Благодарение на мојата нетрпеливост, имам обичај и најмало нешто да ми се појави сама да го "средам" и после ми останува флека уште цел месец што не може ни со пудра да се покрие. Дефинитивно го препорачувам кремов од ДАЛТОН со овошни киселини. За 2-3 дена се гледа осветлување на флеките.
    [​IMG]
    2. Прекрасно мириса и многу ги омекнува усните. :inlove:
    [​IMG]
    3. Дефинитивно ми е омилена маскарава, не прави грутки, а убаво ги издолжува и им дава волумен на трепките (се врти четкичката и се зголемува и намалува). Препорачувам! :)
    [​IMG]
     
    На senza.parole, ivancekitty, Sunshine.Sunshine и 8 други им се допаѓа ова.