1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    557
    8ми ден ми е од менструацијата....
    Цел ден имав онака проѕирно, сега кога бев со извинение по голема нужда, од напорот изгледа, пак ми потече кафеаво, ама онака посветло, не како она кога тече на 6 или 7ми ден....Инаку вчера ми течеше кафеаво....
    Можно ли е да е остаток?
    Премногу се исплашив :(
     
  2. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    557

    Стави ги малку во ладна вода...Незнам од што би можело така
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. marta.99

    marta.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски

    Ставај ладни облоги може да ти е алергиска реакција а може и да те полазало некое бубаче или да те каснало нешто , добро што си испила лоратадин мислам дека до утре би требало да спласне отокот :)


    snegce- не е ништо страшно , сигурно ти е остатокот од менструацијата на некои жени циклусот им трае 10 дена така да без гајле :)
     
    На Jagoda123 и snegce им се допаѓа ова.
  4. chavenera

    chavenera Активен член

    Се зачлени на:
    14 март 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    4
    Поздрав!Еве ме по подолго време повторно!!!И натаму имам кркорења т.е пукање во стомакот.Во меѓувреме го сменив матичниот па сега сум позадоволен.Пред се од тоа што конечно почнав со тестирање,а не како претходно само лекови,лекови и лекови.Направив ехо,крвна слика комплетна,копрокултура но не беше најдено ништо.Реално ситуацијата ми е влошена т.е пукањата од порано,па сега повеќе ми лази по главата,а исто така си продолжува и пукањето во стомакот.Инаку имам во столица веќе долго време некако како парталчиња,но денес откако бев по голема нужда и пуштив вода се појави жолт слој врз цела површина.Знае ли некој дали е тоа некој паразит или нешто друго.И дали со овие нашиве анализи се проверува буквално се или сепак е тоа постара технологија.Не ми е навистина јасно како ништо не може да се најде,а јас проблемот го гледам и имам.Каде да би се обрател...Некоја идеја
     
  5. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    557
    Да немаш случајно зголемен холестерол? Можно е од тоа да е така....Инаку пукањето е предизвикано од гасови во стомакот....Избегнувај храна која ги создава. Пример не јади грав, не пиј газирани пијалоци. Исто така немој да пиеш ладна вода, бидејќи како што велат "настинува" стомакот. Тие парталчиња незнам...Доколку не покажало нисто на копрокултурата, не би требало да е ништо. Само нешто што си јадел. Мене ми се има случено така од ориз.
     
  6. marta.99

    marta.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Ако веќе одиш пак да правиш преглед, најдобро ќе биде да одиш на приватно пошто реално гледано се поопремени, по стручни се и по професионални ова е сепак мој совет.
    смени ја храната може и од некоја храна да ти се појавуваат грчеви како на пример грав(јас си имам мака со гравот) . да не имаш тврда столица па од поголем напор ти се појавуваат тие парталчиња ? :?: сепак најдобро провери си уште еднаш па да знаеш што и како
     
    На chavenera му/ѝ се допаѓа ова.
  7. chavenera

    chavenera Активен член

    Се зачлени на:
    14 март 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    4
     
  8. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Веќе месец и нешто имам страшен проблем.
    Језиво е шо толку многу ме чеша увото, значи внатре, целото каналче, и осеќам како продолжува чешањето надоле по грло.
    Верувајте до лудило ме однесува ова!
    А сега исто многу често и само грло знае да ме чеша, абе чешање ми се иде рака низ него да пикнам и да го чешам...
    А исто и ме чеша тоа во усната празнина горниот дел цел што е над јазикот.
    Што е воа чудо?
    Алергија може ли да е, ама пијам Лоратадин и не мине, не минее!
    Совет ве молам...
     
  9. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.504
    Допаѓања:
    144.206
    ^^
    Анушка мислам дека е алергија, истот мене ми се случува сега кога ми е активирана алергијата од поленот. Исто и мене Лоратадинот не ми помага.. ама ете си го пијам со надеж да оди на подобро. За грлото спијам со шише вода до мене, а за ушето нема лек..
    А плус мене и очите ми отекуваат и ме чешат.. ама за нив капките помагаат.
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  10. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    после некои јадења како паштети,салами.... често ми се појавуваат по тело црвени големи точки што ме чешаат невидено дали се работи да алергија од јадење?само во зима немам ваква алергија
     
  11. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    anuskaNESTLE ако не се лажам имаше претходно пишано за проблемот со јазикот...дали се потврди за што станува збор?
    Мене тоа тогаш ми асоцираше на габична инфекција, а и сега со чешањето на увото и грлото (ако не е алергија) пак ми асоцира на кандида зошто исто така и на тие делови може да се појави :^) .
     
  12. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Деновиве имам проблем со нозете. Кога ќе одам, без разлика дали брзо или споро, и без разлика дали сум во патики, штикли, балетанки, веќе после 5 минути одење некако нозете ми се отсекуваат некаде под колениците и чувствувам некоја тапа болка, едвај ги движам нозете, ми се нема дешавано ова порано, само последната недела дена.
    Што би можело да биде? :?:
     
  13. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Немав кандида на јазикот тогаш, од терапија тешка што примав ми бил бел јазикот.
    Од кога ми завршија терапијата, ми се повлечи белото...

    А ова со чешањето не нерви ми удара искрено.
    Во четврток ке си одам дома, и одма летам кај матичниот, ќе одам брисови да ми земат - у случај па некоја кандида да имам или непто во учите од што се ме чеша поврзано со нив - грло и усната празнина, а и он ќе ми каже ако е од алергија па посилни апчиња да ми препише, или да ги пијам два пати дневно...
    Како некоја луда со прст се чешам горе во устата :| А да не зборам дека со мене секаде носам чепкалки за уши, денес дури од предавање испаднав, во вц заминав да си ги исчешам салам ушите со чепкалките...
     
  14. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Мора да се испита тоа, се надевам дека ќе помине во најскоро зошто верувам дека е многу непријатно и незгодно чешањето. Внимавај само да не се повредиш со чепкалките, а и премногу сувост во ушите (отстранување на ушниот восок) знае да предизвика дополнително чешање.
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  15. vw-girl

    vw-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    162
    извиниете за офф-топик ама сакав да напишам на некоја тема која повеќе се чита.
    бидејки во денешно време многу е голем бројот на девојки кои имаат проблем со вирусни брадавички или кондиломи најдов една крема која била ептен ефикасна , а исто така и линк од каде да се нарача прочуената папилома крема за кондиломи. Линковите се следни
    1.http://mksk.info/products.php?product=Папилома-крем

    2.http://primed.mk/index.php?option=com_content&view=category&layout=blog&id=50&Itemid=70

    мислам дека вреди да се проба :)
     
    На duffi и sunfemina им се допаѓа ова.
  16. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    775
    се осеќам умалаксано и имам вртоглавици, мерeв притисок ми беше 95/60, срцеви отчукувања 72.. што може да биде причина за тоа.. што да направам за да го покачам крвниот притисок.. :( :(
     
  17. nonenceee

    nonenceee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    1.016
    Замивај се со ладна водичка , јади повеке солено , и не седи внатре движи се , пешачи, работи нешто надвор ...биди активна .
     
  18. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Можна ли е главоболка поради замор?
     
  19. marta.99

    marta.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    ии тоа како е можна. земи пиј вода, види да не ти е намален притисокот можеби, земи благо нешто , некое витаминче или напиј се аналгин или аспирин :)
     
  20. marta.99

    marta.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски

    може да е алергија ако не знаеш на што си алергична најдобро напраиви си тестови, или пак можеби е некоја инфекција на увото, или пак да си си била болна па да си лечена не долечена што се вика па симптомите да ти се продолжиле. најдобро е да отидеш на лекар па ќе се реши .