1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.068
    Допаѓања:
    44.096
    Пол:
    Женски
    Еве каква е ситуацијата кај мене.
    Имам сува кожа на лицето,поточно кај образите,а кај носот и челото нормална.Многу често ми се појавува црвенило,при промена на температура,а и на нервоза,но често и од ништо наеднаш се вцрвува кожата. :?

    Исто така,многу се лупи,имам користено Кутерид Г и Белогент,но краток период бидејќи не смеат долго да се користат.Користев и Нивеа крем со екстракт од невен,но не бев баш задоволна(имам пишано во темата "производи што не би ги купиле повторно" зошто не е погодена).

    Користам Здраве,но не знам дали да прекинам со користење бидејќи има чудна структура и некако суши,
    ја купив поради цинк оксидот,ми имаа речено дека било добро за црвенило,но ете не одговара баш,иако отпрвин мислев дека е погодена
    па да користам само Бекутан или Пантексол(едно време оваа ми ја препорачаа)? Совет?
     
  2. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Болдираното, повеќе од 3 дена не смее затоа што е кортико односно ствара зависност. Јас користам само Бекутан или Павловичева цел живот инаку имам кожа исто како тебе односно и на 47 год.сеуште истите креми :) Сега од време на време пред спиење знам да се намачкам кантарион домашно направен со маслиново масло, а исто така домашно направена крема од невен.
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  3. blagica1991

    blagica1991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    209
    здраво феминки . не знаев каде да го поставам прашањето па сигурно оваа ќе биде најсоодветна тема :) откако се породив започнаа моите болки кои како минува времето стануваат се неподносливи. пред 5 месеци ми се јави страшна болка во половината која се ширеше по р'бетот не можев ни да се исправам,ниту да се движам и завршив во болница со кетонал инекции...матичниот ме испрати на ортопед , тој на ренген и на сликите излезе дека е се во ред и ми дадоа кетонал маст . во петокот почна истата болка но наместо во р'бетот се шири низ куковите(неподнослива до колената) и се спушта се до стапалата. бев во брза помош ми ставија кетоал 2 инекции но не помагаат. не можам да се движам. болката е присутна и кога лежам. дали некој е имал ваков проблем? на ортопед ми закажаа повторно но бидејќи нема термин треба да чекам до среда , а болките не се трпат. секој совет е добредојден . поздрав
     
  4. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Хитнооо
    ве молам за помош се изпаничив...
    седејки така ме зачеша препоната и осетив некоја грудка на левата страна баш на препуната малку накај вагината со прсти осеќам голема грудка која што на левата страна ја немам.

    ве молам за помош за што може да се работи ?
    Грудката е дебела одприлика како палец....страв ми е многу
     
    На Vikiliks му/ѝ се допаѓа ова.
  5. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    не паничи можеби е жлезда ,најубаво да отидеш на лекар
     
  6. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753

    дали е опасно ако е жлезда?и дали се лекува или се одстранува?
    благодарам
     
  7. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    не воопшто не е опасно и не се отсранува хирушки сама по себе ке се повлечи ,ама сепактреба да отидеш на лекар.
     
    На Vikiliks и Nana19 им се допаѓа ова.
  8. Vikiliks

    Vikiliks Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    32

    Може да е и чир исполнет со гној или поткожно влакно ..
     
  9. Vikiliks

    Vikiliks Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    32
    Сега и јас имам едно прашање и би сакала да ми кажете доколку некој го имал истиот пеоблем:) татко ми пред три месеци се опериса од слепо црево..беше многу ризична операција бидејки две недели примаше инфузии и го лечеа од бактерија во желудникот:ѕ ..веке неколку дена одма до операцијата е потечен и местото муе тврдо..изгледа како една топка мала да има голтнато и да му останала тука..после доживеаното :) олкав маж се плаши да оди на доктор..ве молам пишете ми..позз
     
  10. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.135
    Допаѓања:
    88.484
    Пол:
    Женски
    Мене ми се појави така пред некоја недела со тоа што наредниот ден од кога ја забележав грутката, мене ми потече цела страна.
    На лекар ми кажаа дека е некоја бактерија, пиев антибиотик и ставав облоги од борова вода. За 5 дена ми помина.
    Отиди си на лекар, ќе ти проверат крв и урина.
     
  11. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Тука никој не може да ти каже што може да му е тоа. Најубаво е да го убедиш и да си појде на лекар. Посебно штом е била ризична операцијата, мора редовно да прави контрола барем до првата година после операцијата. Може да се работи за хернија (кила), може да е лимфен сад или не дај Боже некоја компликација (иако е може касно за неа, со оглед што веќе поминале 3 месеци).
     
    На Vikiliks му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Vikiliks

    Vikiliks Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    32
    Тоа е тоа..ке морам денес да се убедвам :) фала ти
     
  13. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    ^Имам слушнато дека после операција, ако се појави топче во близина на лузната, тоа е последница од недоволно добро шиење, ткивата не биле добро споени и во тој меѓупростор се собира лимфа. Ако е ова во прашање, ќе мора повторно хируршки да се интервенира зошто само од себе нема да помине, туку и ќе се зголемува како што ќе поминува времето.
     
  14. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Ќе нагаѓаме, ама можно е и кила да се појавила. ако е лимфа се отстранува со пунктирање на течноста, туку да си појде на лекар.
     
  15. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Луѓенца помоќ. :D

    Имам проблем со одење по голема нужда. Буквално ми се случува и по 3-4-5 дена да не изодам, и нормално чувствувам огромна подуеност, и цревата ми кркорат, желудникот ми свири како леб да немам јадено, а не ми се оди. (не е запек, да не помисли некој, не дека ми се оди а не можам, туку немам едноставно потреба да дефецирам). Не сум обожавател на манџи и такви работи, да се рече дека јадам само сува храна - и не е баш така, јадам и овошје и зеленчук и се. Едно време ми помагаше кафето од сабајле на гладно срце. Сега пробувам и со јогурт, едно време пробував и со ленено семе и не, не и не. :(
    Што друго од храна да пробам, да ја управам работата.Како балон се чувствувам. :D
     
  16. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Пробај да јадеш овесни снегулки, мене многу ми помагаат. Јас ги преливам со врело млеко и додавам лажичка несквик. Можеш да почнеш да додаваш и мелено семе од лен во јадење (ако можеш да му го поднесеш вкусот)
     
  17. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    @gingerchild пробај и суви сливи, мене тоа ми помага.
     
    На gingerchild му/ѝ се допаѓа ова.
  18. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.135
    Допаѓања:
    88.484
    Пол:
    Женски
    Земи си парафинско масло и насабајле на гладно две лажици пред појадок и пред ручек исто две.
    Чај од маточина. Не очекувај истиот ден резултати, но после 2,3 се средува организмот со редовно земање на парафинско и маточина.
    Јас пред речиси две години го применував ова околу месец дена, ми се среди организмот.
    Мене ленено ми помагаше но само ако го јадев со овошен јогурт.
     
    На gingerchild му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Мене ова ми многу помагна кога имав проблеми со дебелото црево и не можев да одам во вц. 100 гр сусам, 100гр ленено семе и 100 грама сончоглед (лупен, но да не е печен), се тоа се мела во оние машинките за кафе што се. Смесата ќе си ја собереш во некое канче и ќе си ја чуваш на ладно. Секој ден по 3 големи лажици од смесата помешани со кисело млеко ( му доаѓа нешто како кашичка :D ) се јадат и додека консумираш од смесата обавезно пиј многу вода. Ефект ќе видиш по вториот ден. Мене столицата ми се среди, секој ден одам во вц, ама пред да го пијам утринското кафе :D Значи нема да ти треба кафе за да одиш во вц. Исто така ова е добро и доколку се има проблем со хемороиди. Еве тетка ми имаше проблем со одењето во вц, и ја направив смесата и сега ми е многу благодарна :D
     
    На gingerchild му/ѝ се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Девојки пред некое време пишав дека имам проблем со кашлицата, таа самата се смири но не се повлече. Мислам настинкава нејќе да ми се повлече. Ми е срам да одам на доктор више 2 месеци трае ова. Носот ми тече на моменти и кашлам. Чаре?