Епа нели е очигледно? оригинален е оригинален, а корејски е копија на оригиналот и се разликува малку, ама ако знаеш каде се разликите би приметила. Послаба камера, послаба резолуција, подоцна проблем со мрежа, се лупи предното копче, правевме истражување со копииве и ако имаш прашања пиши ми лп
сакам да прашам да ли има четкиче за шминка што ако ставиш моливче со тоа четкиче правиш мат излгед..? ако го има каде можам да го најдам
Фала ти за комплиментот за слончето Муабетот ми е како да ставам слика како да објавам пример фустан ташна накит ??? малку смотанка сум изглеа во тој поглед
1. Слика од твојот компјутер прикачуваш така што одиш на Прикачи фајл--> Choose file и си бираш која сакаш. Ако сакаш повеќе да прикачиш, откако една веќе си избрала, само кликни на Додај го фајлот, па повторно истата постапка co Choose file. 2. Слика од интернет прикачуваш така што го копираш нејзиниот линк (десен клик, Open image in a new tab), и го ставаш измеѓу И нареден пат, прашувај овде za-forumot/prasanje-za-forumot-t10089/
Постојат 2 начина за прикачување на слика. 1. Ако сликата се наоѓа на некој веб сајт За Mozilla Firefox Десен клик на сликата, изберете „Copy Image Location“. За Internet Explorer Десен клик на сликата, изберете „Properties“. Копирајте ја адресата што се појавува десно од „Address: URL“. За Google Chrome Десен клик на сликата, изберете „Copy Image URL“. Потоа, кликнете на копчето Img (се наоѓа веднаш над полето за пишување на мислење) и притиснете Ctrl+V на тастатурата (Paste). Треба да добиете код што изгледа вака: КОД: СЕЛЕКТИРАЈ 2. Ако сликата се наоѓа на вашиот компјутер Кликнете на јазичето „Прикачи фајл“ (се наоѓа во синото поле под копчињата „Зачувај“, „Преглед“ и „Испрати“). Кликнете „Browse“, изберете ја сликата што сакате да ја прикачите и кликнете на „Додај го фајлот“. Ако сакате, можете да напишете и коментар за сликата (пример: Моите омилени чизми).
Знае некој каде урамуваат сложувалки? Прашав во населба, ми рекоа дека мора со стакло. Значи знам дека нема потреба од стакло, кога сложувалката е убаво залепена со лепак, плус на картон. Неколку пати имам видено урамени сложувалки и ниту една не била со стакло. Шо ќе ми е стаклото... само рамка ми треба. Знаете некое место?
Колку пари чинат Veet лентите и дали делат, пошто ми треба само за надусни. ( едно лентиче колку чини )
да ги делат не се скапи до 50 денари треба да е . И кога ке купиш побарај да ти дадат и влажно марамче бидејки се некако посебни и убаво го бришат остатокот од лентата што со обични марамици не е можно
Со што можам да ја направам ваква косата освен со фигаро? Неколку пати имам пробано со пегла ама некако не ми испаѓаат многу убави, плус кога сакам да ги разделам малце со чешел да не ми излгедаат многу ''здрвени'' катастрофа ми се прават. Некој испробан туторијал или некој друг начин? Итно ми е. Спојлер
Откако ке се избањаш стави пена за коса и потоа исуши ја со фен,но треба да имаш со фенот еден дел мислам дифузер се вика и со него се прави ваква. Спојлер Еве ваков дел^ Се надевам дека ти помогнав, јас вака ја правам и изгледа многу убаво
Си отворив нов профил на твитер, и сега сакам да си ги најдам пријателите на фб. Но тука пишува дека можам да ги најдам само на е-маил, а на фб не. Помош?
Многу често ми искачаат како ранички кај што се спојуваат долната и горната усна, не е херпес. Дали има некое посебно име со кои што ги нарекуваме, сакам да побарам на гугл од што се појавуваат??
Недостаток на витамини. Мене ми се појавуваат кога ми паѓа имунитетот, Белодент крема земи си. Не е сериозно, ама е непријатно и пецка кога јадеш.
Имам белодент, ке се намачкам штом помага. Да, неоријатно е дури знае и да прокрвари ако зинам повеке . А дали знаеш за кој витамин се работи?