^ Зошто дане си носиш, супер е блузичката, со некое кошулче ептен добро би стоела, мене блузичката ми е унисекс.
Каде да купам балони за ефтина цена?Нормална големина ми требаат не треба огромни нешто...Во џамбо 5/6 балончиња 80 денари...абе ајде
Дали знае некој дали во велес прават штикли по нарачка? Јас само за весна - бутиците знам? Имали некој други?
Може да порачаш обувки со штикла во бутикот што се наоѓа во близина на пицеријата Да Винчи.Не знам како се вика, но единствен е во тој ред.Порачката важи само за кожни обувки, а ги изработува кумановска фирма.
кога ќе излезеш од тоа како порта шо е нели први се тие тезги со наочарите ,па имаш за чанти до нив и продолжуваш нагоре по уличето,тука продаваат завеси,некои дрвенарии и одма тука на патот има една продавничка како за бижутерија ,до неа има друга со секакви џиџимиџи и до неа уште една .. џабе незнам дали ме разбра пошо слаба сум до објаснување
Ќе може ли некој да ми каже како да направам да не се гледа вака икончево,туку сликата да се гледа (ако разбравте)
Девојки да ве прашам ова оригинал е? Јас прашав но ми рекоа дека е оригинал. Во него има 2 камени пудри и руменило.
Девојки знае некоја дали се вади флека од фарба за коса со хидроген, се измешана и се покапав на фармерките, а светли беа, некоја светла сива боја?
Да ве прашам дали сигурно е бесплатен превозот со јсп денес од 19 часот?ако е во можност некој побрзо да ми одговори
Дали некој од вас девојки знае од колку до колку се зема крв на Државна, конкретно на Клиниката за Гинекологија и Акушерство (Медицинска биохемија)? И дали кога се оди за мерење на хормони треба да се оди гладен? (претпоставувам не )
Ах тоа тешко дека ќе можеш да го извадиш. Една моја пријателка си ги направи тренерките и со се проба но не излезе фабрата. Единствено што ми текнува е лимунтос и сода бикарбона да измешаш, остави ги нека постојат а потоа со сјај истриј ги, ама пак ти викам тешко дека ќе излезе.