Ориз

Дискусија во 'Рецепти' започната од maja8, 2 ноември 2010.

  1. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    1.335
    Јадете ли ориз и како го приготвувате?
    Знае ли некој да ми каже како го прават оризот да биде сув, како што го сервираат во ресторани како гарнир? Па има во него и малку морковче и грашок. Ако знае некој рецпт нека пише :)

    Инаку ориз најчесто јадам кога ќе направат дома со пилешко
     
  2. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    1.782
    Mаја кога го видов насловов,ми се отвори апетит :) јас го правам на два начина,бел ориз:-сечкам кромид,малку лукче и да се пропржат малку на тивко,сега зависи колку ориз правиш,ако ставиш 1 чаша ориз-на крај 3чаши вода му ставаш :) значи ги пржиш кромидот и лукчето,и му додаваш 1 чаша ориз и пржиш некаде 5-10 мин.после земаш тава,распоредуваш оризот,му ставаш вода со малку сол во неа(3чаши) ако сакаш одозгора стави му грашок ама сварен,изрендај морковче,вегета,сол,црн,бибер и в релна.гледај го одвреме-навреме зашто за брзо е готов,јас го вагам дури е сешуте водест,поубав ми е така :P другиот начин ориз со црвен пипер : ја правиш истата постапка,со кромид,лук,и ориз пржеш,само што му додаваш 2-3 лажици црвен пипер,пржеш убаво,после ставаш во тава,па вода,и солиш,ако сакаш можеш да ставиш колбаси да се испечат заедно со оризот :mm: јас и вака правам дури се пече оризот без ништо така,си пржам печурки,па после заедно ги мешам :) кажи како испадна оризот :wasntme:
     
    На Libera, Mateya и rici.aaaaa им се допаѓа ова.
  3. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    93
    јас повеќе по бел ориз. значи јас исто како и волфче, со мали исклучоци. не ставам ни кромид ни лук , смао ориз пржам со рендан морков и еден цел исцеден лимон. па после во тава со вода да се пече...исто и со печурки пржени е многу вкусно :) оризот ми е омилено јадење.
     
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    13.877
    Допаѓања:
    10.751
    Обожавам ориз и ми е едно од омилените јадења. Најмногу го сакам потпечен со малце запржено кромидче и пилешко. Исто така многу ми е убав с спанаќ и + одозгора кисело млеко :mm:
     
  5. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.264
    Допаѓања:
    569
    Ориз сакам исклучиво со пилешко, знам сама да си го зготвам и го обожавам така направен. Може некогаш и со риба на скара, ама поретко :)
     
  6. ivanapinki

    ivanapinki Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2009
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    5
    Јас вака го правам оризот: Во 1 литар вода ставам 2 коцки пилешки за супа да зоврие.Во тепсијата каде што ке се пече оризот тставаме малку зејтин и 3 големи црпалки или како сакате кутлачи ориз и тоа се пропржува 1 минута кога ке се пропржи ја додаваме зовриената вода и сето тоа треба да врие од 10 до 15 минути а одозгора може да се стави мелен црн пипер по желба и потоа се става да се пече 15 минути.Многу лесен рецепт и вкусен затоа сто коцките зовриени со водата му даваат посебен вкус :P
     
    На mime87 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.444
    Допаѓања:
    827
    wolf4e прво печурките ги пржиш и потоа ги додаваш во тавата со ориз заедно да се печат во релна?
     
  8. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    111
    Не и е омилено јадење, ама онака си јадам нормално. Како хипица, го сакам со пилешко или со спанаќ и кисело млеко :)
     
  9. marama

    marama Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    3.654
    Допаѓања:
    19.872
    Пол:
    Женски
    Сакам многу ориз. Го сакам со пилешко, го сакам како посно тавче со компир, со спанаќ, или пак ориз со грашок и морков. А многу сакам и сутлијаш.
     
  10. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    1.782
    He туку дури се пече оризот,јас пржам печурки,и после го вадам оризот дури е прикрај така водест и пржените печурки му ги ставам :) а можеби е убав оризот и со печени печурки,немам пробано,ке пробам и ке пишам :P
     
    На liders му/ѝ се допаѓа ова.
  11. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.260
    Да не знае некој рецепт за приготвување на интегрален ориз, но без пржење ??? :)
     
  12. Lux

    Lux Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.031
    Допаѓања:
    5.225
    Ориз обожавам :inlove:
    Сакам во тавче кога е подпечен си го јадам онака без леб со уживање лезетски. :D
    Многу сакам и сутлијач е и тоа ми е еден вид на замена за благо, мајка ми не става многу шеќер во него.
     
  13. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    142
    Уфф ориз сакам многу.Мама го прави на повеќе начини.Мене највкусен ми е со печурки.Ставаш ориз да се вари.Во меѓувреме ситно сечкаш кромид или праз-по желба и на ливчиња ги сечкаш печурките.Откако оризот ќе се свари преостаната вода од него ја цедиш.Настрана ги ставаш на масло да се пржат кромидот и печурките.Кога ќе зарумени кромидот го додаваш оризот и ги пропржуваш онака колку да се измешаат и во пржењето додаваш сол и бибер по вкус.
    Превкусно е така. :)
     
  14. Pandelka.o.O

    Pandelka.o.O Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    6
    Пред некој ден го пробав овој рецепт,ми го кажа една пријателка...Предобар е....
    Си вариш ориз,без масло,без зачини..ништо да нема....Од како ќе се довари,го ставаш на цедилка. Потоа земаш во тавче,му ставаш масло,сенф и морковчиња...Тоа го подпржнуваш и му го ставаш оризот...Можи и зачини по желба...После 10тина минутки пржење,се става оризот во сад и му се полева киселинка малце.И толку...Вреди да се проба... :D
     
  15. ana-banana

    ana-banana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    465
    Штом ја видов темава се залетав да коментирам ама го видов и твојот коментар па ќе се надоврзам..
    Значи обожавам обожавам обожавам ориз и исто како тебе највеќе го јадам со пилешко и со спанаќ па ај ќе ги напишам рецепт како ги правам ;) ;)

    Е сега зависи колку количински сакате да подготвите :D

    Потребни состојки за ориз со пилешко:
    1 голема шоља(од овие за чај) ориз
    3 шољи вода
    1 кромид поголем или 2 помали
    2 морковчиња средни
    2 копани (со надкопан дека тие се големки)
    2 лажици вегета (или по вкус)
    малку црн бибер

    Првин ги варам копаните и тоа да зовријат во една вода па им ставам друга. Кога ќе бидат готови ги чистам од кожа и коски и ги ситнам на ситни парчиња месо, па ги ставам во садот за печење а водата ја чувам.
    Потоа во тавче го пржам првин кромидот ситно исецкан да омекне, па го ставам претходно срендано морковче и пржам уште малку па потоа го додавам и оризот и пржам уште 3-4 минутки. Смесата од тавчето ја ставам во садот за печење и од водата во која се вареле копаните ставам 3 шољи вода, додавам 2 големи лажици вегета и малку црн бибер и печам околу 35-40 мин.

    Истиот рецепт си го применувам и кога правам ориз и спанаќ само што не ставам морков, а спанаќот го превривам 5 минути со малку сол во водата и после тоа неговата вода ја фрлам.

    И двата мои специјалитети си ги јадам со кисело млекце...а поретко оризот со пилешко може да го јадам и со некоја салата..ама оној со спанаќ исклучиво со кисело млеко
     
    На mamence му/ѝ се допаѓа ова.
  16. del-fin

    del-fin Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    11
    Во тавЧе ставам кромид сецкан да се потпржи пото истурам една Часа орис и 3 Часи вода зовриене со половина коцка за супа.Потоа му додавам една конзерва риба туна и пеЧурки.Малку да врие и го ставам во рерна.Сервиран во Чинија му додавам рендан каскавал.
    А кога не ставам риба му ставам грасок,брокули,морков исто пеЧурки.
     
  17. del-fin

    del-fin Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    11
    Па мозес да не го пржис стави го во вода веднас да врие.
     
  18. Hova

    Hova Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    122
    Јас најчесто оризот го правам на стандардниот начин со пропржено кромидече, морковче зачини. Но последниве години многу почнав да готвам кинеска храна, и со неа подготвувам ориз како во рестораните. Ќе ви ја откријам тајната.За оризот на има млечно бела боја и да е компактен, најпрво земам ориз и го мијам. Ја истурам водата и пак ставам вода нежно го промешувам со лажица и пак ја истурам. Водата е бела, матна , и го мијам додека водата не биде проѕирна( околку седум осум пати). Потоа тој ориз го варам во многу вода десетина петнаесет минути( не смее да се превари). Откако ќе се свари ја истурам водата. Овој ориз најмногу одговара со кинеска храна,,,јас ваков најчесто со неа го комбинирам... а убаво одговара и со пржени печурки и малку соја сос ... :mm:
     
  19. Noemi

    Noemi Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    985
    Допаѓања:
    1.710
    Го обожавам оризот на пареа на мама.
    Се става околу половина до 1 чаша фиде за супа да се пропржи во тенџере со загреано масло. Кога ќе зарумени му се додава количината ориз која што сакате да ја приготвите. Се додава малку вода и се остава на тивок оган да се готви. Фидето му дава посебен шмек и мене лично многу ми се допаѓа.

    Сега мојот начин на приготвување ориз - Ставам ориз да се свари со сосема малце сол во посебно тенџере. Го тргам настрана и во друг тенџере ставам маслиново масло, кромид и исчекан морков и го пржам додека да зарумени кромидот. Потоа го додавам сварениот ориз со лажица. Една чаша замрзнат грашок ја ставам во врела вода околу 1мин да не се свари и да не омекне само да се обари. Го додавам и грашокот во оризот и морковот и мешам. Додавам малку црвен пипер, мелен црн бибер,оригано и до душа секој зачин што ќе ми се најде при рака. Пропржувам уште малку и по потреба додавам уште малку маслиново масло. Оризот најчесто ми добива кафеаво/кремаста боја и е превкусен! :)
     
  20. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.806
    Допаѓања:
    5.770
    Па каков ориз сум направила... мх мх мх... Маро мори, мед да лижеш. ]:)

    Во масло пропржив кромиче, му додадов 1 филџан ориз, пропржив заедно, па 4 филџани вода.
    Се вареше некое време... значи на рингла, не во рерна како стандардниот рецепт.
    Леле луѓе милиииииииии................. ух оргазам е оризов.
    Не ве викам, зашто се соса.
    Наредниот пат ке направам мегаориз за сВите. ]:)
     

Сподели ја оваа страница