Ориз

Дискусија во 'Рецепти' започната од maja8, 2 ноември 2010.

  1. Idealno.losha

    Idealno.losha Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    Обожавам ориз, го приготвувам на неколку начини, дел беа веќе споменати. Јас сакав да прашам дали можда некој знае рецепт од кинеската кујна? На пример како се приготвува пилешко со кисело-благ вкус...? :)
     
  2. Nina24

    Nina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    302
    Уууф рижото квази кинески рецепт обожаавам.
    Вака си го подготвувам:
    Варам долгозрнест ориз (може и обичен), но не да се развари премногу да се растурат зрната, туку да си остане цело зрно во повеќе вода, значи не оној познат однос 1:3, туку повеќе. Откако ќе се провари, го прецедувам, го мијам под млаз вода и го оставам да отстои во фрижидер.
    Во меѓуреме варам мешан зеленчук (грашак, морков, пченка). Додека се вари на друга рингла пропржувам лукче на маслиново, додавам печурки буковки, убаво да испари течноста која ја пуштаат, додавам сецкана свежа зелка или брокула по ваш избор, и на крај сварената златна мешавина (пченката, грашакот и морковите), додавам уште малку маслиново масло, три-четири лажици соја сос, сол, сосема малкуцка кари. Можете да додадете и млади тиквички сецкани на коцкички.
    Се пропржува уште 2 минутки и го додавам сварениот ориз. Се меша се убаво, останува на рингла уште едно 2-3 минутки, да се упие маслото и соја сосот, да се добие убава хомогена смеса.
    Од зачини можете да додате и шафран, сусамово уље, босилок...
    Се трга и се служи. Не мора да се јаде топло, превкусно е и ладно.
    Ако сакате можете да го комбинирате со динстано пилешко во сос.
    Превкусно е.
     
    На Idealno.losha и zhap4e им се допаѓа ова.
  3. Dushichka

    Dushichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1

    http://www.google.de/products/catalog?h ... HQQ8gIwAw#


    ако има ваков апарат во мк за готвење ориз, тоа ти е одличен избор за да добиес таков сув ориз, и во него се готви со басмати или јасмин ориз
     
  4. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.916
    Допаѓања:
    635

    има апарат за готвење ориз на фирмата Северин.
    [​IMG]
     
  5. cvet957

    cvet957 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    30
    Интегралниот ориз се вари 1 (шоља ориз) према 3(шољи вода) со малку сол колку еден прстофат.Од кога ќе зоврие се намалува на тивко и се вари 45 минути.Нздравје ;)
     
  6. agi

    agi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    60
    ние дома така го правиме обичниот ориз
     
  7. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    2.981
    Допаѓања:
    1.552
    Пол:
    Женски
    и јас вака правам обичен ориз но сакам да направам со грашок да има во него ајде некој нека ми помогне плс?
     
  8. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    2.981
    Допаѓања:
    1.552
    Пол:
    Женски
    ова со коцките морам да го пробам :$
     
  9. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.916
    Допаѓања:
    635
    успеав да сконтам како рестораните добиваат убав ориз кој се двои, има таков специјален да се купи кој е исклучиво за гарнрири и евентуално во рерна, а тоа е оној жолт ориз со долго зрно и басмати оризот, го има во Веро, баш онака се двои, со него не може да се прави рижото бидејќи не ја впива водата.

    најеверојатно тие по рестораните го спремаат токму тој ориз, така што го варат со грашок и пченка и нели кога е готов го пропржуваат на тава и мислам треба да се стави така малку повеќе сол од обично, бидејќи тој тип на ориз има сладок вкус.
     
  10. catty

    catty Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    17
    јас оризот го правам на секаков начин како ќе ми дојде...најчесто прво запржувам кромидче па рендам морков и заедно ги пропржувам,па ставам веѓета обавезно и лукче во прав си користам,малку чили зачин...(додуша јас си ставам и мн др зачини по вкус :) )кога сето ова ке се пропржи ставам ориз малку се пропржува и додавам доматно пире или доматен сос или рендан домат свеж...додавам сосема малку бело винце и вода од око (секогаш така готвам,ретко да мерам)го оставам малку да се подвари и после во тава да се пече,а одозгора му ставам биберче обавезно :D е сега на сето ова најчесто додавам и компир како за мусака сечен додека се подварува а понекогаш и макаронки оние како спирала што се мн е вкусно,а ако го правам со месо тоа е најчесто пилешко дали стекчиња или батачиња со карабатаче или сецкано пилешко и обавезно во водичката додека е на оган ставам коцка за супа :D
     
    На stilas7 и SanjaKirchner им се допаѓа ова.
  11. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.806
    Допаѓања:
    5.772
    Правев ориз за ручек, на следниов начин. Пропржив кромид во масло, додадов шолја бел ориз, малце интегрален и лажиче ленено семе. Ставив 4 шолји вода, му ставив сол и го оставив да вари на рингла. Уф, каков оброк имав... :inlove:
    Излезе прекрасно како за прв пат, варен ориз како со сос... мх мх мх... совршено. Утре пак! :wasntme:
     
  12. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    229
    Го правев пред некој ден овој рецепт и ресив да го споделам, затоа сто испадна мн вкусно (извинете за буквиве но немам мкд поддрска)

    Чорба од ориз и компири - во една тава ставете пола литар вода(мозе и малку повеке зависи колку сакате да е густо)
    растворете една коцка од оние сто содрзат заЧини и додадете неколку капки маслиново масло.Оставете го додека не поЧне да врие.
    Во друга голема тава додајте 40 гр маргарин, кромидЧе и неколку компири исеЧени на ситни коцки,додајте сол и оставете ги да се пропрзат малце поклопени со капак затоа сто со пареата се повкусни. Потоа додајте ја зовриената вода. 20 мин пред да го тргнете од огин, додајте ориз (2 солји ориз). Бон апетит.
     
    На stylishh му/ѝ се допаѓа ова.
  13. maca78

    maca78 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    64
    повекето основни начини сте ги напишале а јас само можам да ви кажам нешто плус да пробате...не видов дека некој има напишано....за кинески ориз-може да се стави јајца пржени,значи оризот изварен па моркови,грашак,кој сака кромид пржен,пилешко месо сецкано пржено,зачини, и јајца обични пржени се коа ке замешаш е многу вкусно.пробајте па кажете дали ке ви се свидит оризот со јајца.....
     
  14. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.875
    Допаѓања:
    9.360
    Пол:
    Женски
    Мојата рецепта е од цимерката,секогаш ја гљавев да ми прави,после се научив,иначе можи со пилешки коцки,а можи и со вегета,јас така го правам,исто ми е :) ќе ви приложам и слика :)
    РЕцептот:
    (Е сега јас го правев само за мене,дури и многу ми беше така да ако е за повеќе луѓе удвојувате или утројувате :D )
    1/2 чаша долгунавест ориз(можи и обичен)
    пола пакетче зеленчук мешан(од замрзнатите по маркетите)
    2 лажици вегета
    1 и половина чаша вода

    Значи го запржувам зеленчукот сам,во тенџерче,а може и поголемо тавче со малку масло,потоа по 5 минутки го ставам оризот и мешам,и тој да се помеша со маслото и малку да се запржи.Во меќувреме треба да сум брза и да си спремам чаша вода во која ја мешам вегетата и кога ќе почне по малку да се лепи оризот(а тоа мн брзо станува) ја додавам водата.Па уште половина чаша нели.Оставам да врие околу 20тина минути и промешувам од време на време.Кога ќе ја снема водата и почне да се познава зрното на оризот(и да изгледа малце кашесто не е важно) го тргам и го покривам.Треба да стои покриен околу 5-10 мин. После тоа веќе може да се јади :) Многу ми е вкусен.Понекогаш си додавам и лимон кога е сервиран.
    Се надевам да ви се допадне :)
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC02341.JPG
      DSC02341.JPG
      Големина на фајлот:
      84,4 KB
      Прегледи:
      2.782
    • DSC02711.JPG
      DSC02711.JPG
      Големина на фајлот:
      121,3 KB
      Прегледи:
      2.782
    На sunfemina, Bright, sonce777 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. lunicka

    lunicka Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    14.579
    Ме интересира само каков ориз користиш?
     
  16. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.875
    Допаѓања:
    9.360
    Пол:
    Женски
    Јас користам ваков ко на сликата,долгунавест,ама можи и со нашиот обичниот,исто ми излегува :)
    [​IMG]
     
  17. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.916
    Допаѓања:
    635

    Го направивме, само наместо вегета измешана со вода, ние ставивме вино и излезе прекрасно и од тогаш често го правиме, користиме или Даути ориз или оној од Кам маркет така малку е долгнавест и убаво се двои.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  18. sara1973

    sara1973 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    2
    рецепт за сув ориз

    односот ориз вода е 1 спрема 2

    на малку масло се пржи кромирот. е додава две чаши вода и зацини какви сакаш и чекаш да зоврие.кога ке зоврие се додава една чаша ориз и веднаш се затвара скроз со капак тенџерето и шпоретот се исклучува.така со затворен капак и исклучена рингла стои 20 минути.за тоа време ке си ја прими цела вода.и многу е убав за сервирање.
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  19. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    1.651
    Освен стандардните рецепти за ориз, сега почнав во оризот да ставам многу кари....Многу ми е вкусен таков...Како за промена.
    И обавезно магданос. Без магданос не ми е тоа тоа! ;)
     
  20. LadyEvil

    LadyEvil Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    13
    Мојот рецепт за ориз е оној за кинески ориз. Може да се направи со било каков ориз.

    Потребно е (за 4 лица) :

    -1 шолја ориз
    -3 шолји вода (скоро секогаш, односот ориз-вода е 1:3)
    -1 лажичка вегета (може и други зачини по вкус)
    -неколки капки сок од лимон

    Најдобро е да го правите на шпорет на струја, не на плин. Ринглата се загрева на највисока температура. Доколку шпоретот е најнова технологија, не користете највисока температура, затоа што вегетата брзо загорува. Оризот се запржува 1-2мин на загреано масло и се додава вегетата. Додека го запржувате оризот постојано мешајте. Ги додавате 3те чаши вода, мешате и чекате водата да зоврие. Кога водата ќе зоврие, додавате неколку капки лимонов сок, ја исклучувате ринглата, го затворате тенџерето и оставате 1 час да стои. Понатаму оризот сам се приготвува :)

    *Лимоновиот сок е тајната за делење на зрната на оризот.
     
    На sunfemina, ada21 и interesna им се допаѓа ова.

Сподели ја оваа страница