1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ориз

Дискусија во 'Рецепти' започната од maja8, 2 ноември 2010.

  1. sweet.star

    sweet.star Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    47
    Мене ми е едно од омилените јадења.
    Го варам со веѓета,магдонос и рендан морков. :)
     
  2. Kathlin

    Kathlin Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    232
    Состојки:

    2 филџани бел ориз
    2 коцки супа (кокошкина, говедска или од зеленчук)
    1 голем исечкан кромид
    2-3 големи лажици путер
    2 кутии шампињони
    1 кафена лажичка сушен копар

    Начин на подготовка :

    Згответе го оризот според најбезбедниот светски познат метод на готвење ориз - во сооднос со водата од 2:1 (2 филџана вода на 1 филџан ориз). Кога водата во тенџерчето ќе го достигне истото ниво со оризот, намалете ја ринглата, покријте го тенџерчето и гответе на тивок оган уште околу 15 минути.

    Додека го динстате оризот, ставете го кромидот да се пржи во голема тава заедно со путерот, а потоа додајте ги коцките супа. Откако кромидот ќе стане златен, додајте ги печурките и сушениот копар и динстајте сè додека печурките не станат меки.

    Кога оризот ви е веќе готов, помешајте го со смесата од печурки и кромид во поголем сад, но внимавајте да не го смачкате оризот. Украсете со неколку гранчиња свеж копар.
    Мајка ми ова често го прави и многу е вкусно :inlove:
     
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.544
    Допаѓања:
    95.414
    Пол:
    Женски
    Моето височество рижотото е најлесната работа на свет. Обичен, најобичен ориз на свет, бел, од Кочани, го пропржуваш на масло, ама никако, никогаш немојте да миете ориз, тоа е првата грешка во приготвувањето на ориз. Значи се пропржува на маслиново масло додека не побели, се додава вода онака како што се прави класичен ориз, една мерица ориз, три вода, со првата мерица вода му ги ставаш и зачините, јас ставам Биозачин од Виталија, Бибер на Вегета со мирудии во него и малку сол, проврива со втората мерица вода, го исклучуваш од оган и го оставаш со третата мерица да се соедини само, бидејќи кога ќе му ставиш вода како да се одделува малку оризот од водата. Претходно класични сурими ракчиња од маркет, смрзнати ги потпекуваш на фолија 5-10 минути, колку да заруменат, со малку сол и бибер, колку да се одмрзнат и да се исушат. Доколку сакаш цели, ако ти се големи можеш и на пола, ги додаваш кај оризот и додаваш и мала конзерва пченка, зачинуваш уште малку по желба, ситно сецкан магдонос или сув ако немаш свеж и го враќаш со малкуто вода која ти останала од третата мерица, нели го тргаш од оган пред да изврие водата. Се потпекува колку да испари водата, да остане значи растресит, да не се лепи, тоа е всушност рижото. Го вадиш во тањири и си зачинуваш по желба, јас денес наросив со пармезан ала биено сирење бидејќи не го поднесувам пармезанот кој го продаваат во ќесички а троа скап ми е да го купам свеж, салата по желба ама најубаво иде со зелена салата и се разбира многу апетит бидејќи јадењево е закон.
    Ова е рецептот на Лудото19 што и го пишав, нема да ми се налути што малку го сменив само и ви го презентирам и вам. Денес така вкусно сум се најала од ова што морав да ви пишам.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Сакам ориз секако подготвен,а и саканиот мој го сака,така да... :inlove: :)
     
  5. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Ах оризот едно од моите најомилени јадења :inlove: .Може да се прави и бел во тава печен со пилешко,но исто така и црвено оривче со стекче или мелено,а можи и без ништо.Еден филџан ориз се потпржува со една лавица кромид,лукче и црвена пипер.Се става еден домат,пиперка,морков и сува црвена пиперка,а по потреба и едно парче пилешки стек.Сето тоа се става во подлабок сад пример тенџере во кое што се тура водичка и сето тоа се вари се додека не се згусни.Се додава сол,бибер и вегета по вкус,се меша додека не се згусни целосно и се сервира на маса за делкање :D Добар апетит :)
     
  6. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.189
    Пол:
    Женски
    Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

    Девојки, со што одговара да спремам интегрален ориз? Зеленчук, месо....?
    До сега не сум спремала ваков така да незнам со што да го комбинирам, незнам каков е на вкус.
     
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.544
    Допаѓања:
    95.414
    Пол:
    Женски
    Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

    Интегралниот ориз ти е ист во принцип како и белиот ориз, само што нема поминато низ процес на рафинирање, вадење од последната лушпа. Таа лушпа го прави малку потежок за варење и готвење, а вкусот не го менува воопшто. Можеш со што сакаш да го приготвиш, баш како и обичниот ориз, само имај во предвид дека се готви малку подолго од обичниот и сака малку повеќе чистење бидејќи неретко наоѓам во него цели камчиња ;)
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

    Домаќици..го миете ли оризот со вода пред да го готвите?
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.656
    Пол:
    Женски
    Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

    Јас го мијам, го ставам во цедалка и го мијам под млаз ладна вода.
     
  10. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    12.529
    Пол:
    Женски
    Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

    јас оризот секогаш го мијам,но непосредно пред да го спремам го мијам и веднаш во тава,зашто имам слушнато дека така зрната остануваат цели
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.544
    Допаѓања:
    95.414
    Пол:
    Женски
    Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

    Јас сум позната оризоготвачка во моето опкружување, спремам ориз на сто начини :lol: Никогаш не го мијам отизот, секогаш го чистам, го средувам и така го ставам да се готви. повкусен е и не се лепи за тавчето, убаво се испржува и многу бргу се спрема.
     
  12. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

    Мене ми е сумљива цела процедура од оризово поле до кај нас дома купен од продавница ориз дека си останал чист и све у ред (најмногу па прашина). Ние секогаш го миеме. Јес да се готви на висока температура и се тоа...ама кога ќе видиш и грав и грашок се мие...
     
    На Glasna и maja8 им се допаѓа ова.
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.544
    Допаѓања:
    95.414
    Пол:
    Женски
    Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

    Ах тоа секако дека е сомнително, ама досега не сум имала никаква мака, и стопати подобро ми се зготвил отколу миен.
     
  14. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Кулинарски прашања, совети и брзи идеи

    Е добро де, нели може да го измиеш па да чекаш да се исуши па тогаш да го готвиш (ако неќеш да го готвиш мокар)? :D

    Јас нема шанси нешто да готвам без претходно да го мијам. Којзне што све има на него
     
    На london-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.544
    Допаѓања:
    95.414
    Пол:
    Женски
    Си пробала некад да сушиш ориз? Муабетот е да не набабри, да не се залепи. Инаку на оризот може само да се налепи прашина, бидејќи е во неколку обвивки завиткан, башка сега се е автоматизирано, ама од кај знаеме како е додека да дојде до нас. Како и да е, веќе 5-6 години ориз ми е главно јадење па не се жалам :D
     
  16. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    леле што сум направила абе прсти да изедиш :D се пофалив набрзинка :rofl: и ај ке бидам фина ке ви кажам за и вие да си направите ако сакате :)

    1 филџан за чај ориз
    3 филџани вода
    2 кафени лажичиња вегета
    150гр кисело млеко
    сето ова се става на оган да зоврие и да врие најмногу 10мин

    во тава за пржење се става
    1 главица кромид (15мин. са се попржи) потоа
    пола тегло печурки сецкани на ситно
    и 2 сецкани и претходно излупени домати
    на ова зачини им се става црн бибер, оригано, вегета, 2 мали лажичиња шекер и малку сол
    сето се остава околу 15-25минути на оган колку доматите да се растопат и да се династаат заедно со кромидот и печурките.

    потоа смесите се соединуваат и се ставаат во сад за печење а врз смесата се редна кашкавал околу 2 прсти одозгора и се става да се пече.
    јадењето ке биде готово кога ке видите дека кашкавалот добил златна боја.

    Добар апетит
     
    На lepadama, london-girl, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    И јас денеска оривче правев.
    Tочни мерки немам, од кутура си ставам :?:
    И јас се водам по принципот 1 шолче ориз, 3 шолчиња вода.
    Во една голема тава пржам сецкано кромидче и потоа додавам сецкани паприка, домати, морковче и зелен грашок.
    Го додавам оризот во тавата, така сув се пржи пола минута со останатите додатоци и потоа му дотурам жешка вода.Неколку ливчиња миен магдонос и минц ставам во водата истотака.
    Тавата ја дополнувам по потреба уште 1-2 пати со по малку жешка вода.
    Додека е тавата полна со вода ставам вегета, бибер, црвен пипер, петерсилие.

    Доколку има потреба да го пригревам оривчето во микробранова, му ставам малку бутер.

    Најчесто сецкам и кромпири, па со дел од предходните дотатоци си правам паралелно и супа.
     
  18. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.831
    Го сакам оризот и не ретко го приготвувам.
    Еве како:
    Ставам малку да се пропржи оризот(претходно измиен),некогаш ставам кромид,некогаш не(повеќе сакам да е без кромид),во меѓувреме ја загревам рерната на 200 степени.
    Потоа турам вода,во сооднос на 1 филџан ориз,3 филџани вода,ако е потребно и повеќе и сето тоа заедно се крчка,односно врие.
    Ставам зачини,црн пипер,мешан зачин и обавезно пилешка коцка за супа,која дава посебен шмек на оризот.
    Откако ќе почне да врие околу 10-15 минути,ја ставам тавата во рерна.
    Превкусно. :inlove:
     
    На lepadama и london-girl им се допаѓа ова.
  19. LadyMac

    LadyMac Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    јас кога правам ориз секогаш ставам вода што врие, не разбрав дали има врска ако се стави ладна дри се пропржува оризот со кромидот?
     
  20. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    ова е посно јадење и е од пра баба ми кажам рецепт што викам јас сиромаско јадење :lol: :lol: :lol:
    Се земаат 2 снопа праз(под сноп подразбирам стапче праз)едното го пржиме со зејтин предходно изсецкан па го додаваме оризот (околу 2филгани) го пропрзуваме го тргаме настрана па додаваме вегета, црн бибер ,и 1 мала лажичка црвен пипер
    Потоа полеваме со 3 филгани ладна вода и го вракаме на ринглата додека да почне да врие
    Во мегувреме релната да ни биде загреана на180 степени
    Откако ке поцне да врие оризот одозгора во тавата редиме суви црвени пиперки и праз исечкан на долгнавести стапчиња сето тоа оди после во релна да се прокрчка али се вади да биде малку водликав да има за макање
    Уште поубаво е ако имате и сува пиперка која малку ке налутнува
    На крај празот и пиперките треба да бидат како риби врз оризот одозгоре наредени и потпечени
     
    На irenna, Mama25, Cence и 3 други им се допаѓа ова.