Ова првпат го пробав кај баба ми и неверував дека може да е толку убаво искрено фала за рецептот баш ќе пробам да го направам , баба ми ја прашав ама ми вика ајде сега ти ќе се замараш ако ти се јаде кажи ми јас ќе направам. Едно големо благодарам конечно нема да ја малтретирам мојата супер бабичка.
Еве заборавив да напишам се вика ова *слепи риби * демек чушките и празот се риби али прекрасно јадење пшрсти да излижеш кој ке се осуди да го направи нека пише импресии
Еве јас да се пофалам денеска дојдов порано до факултет и го направив и оние кој тврдеа дома дека нејадат праз(сестра ми) рекоа дека поубаво нешто не пробале и навистина е така ти благодарам за рецептот уште еднаш.
Дали знаете како се прави благ интегрален варен ориз, има вкус нешто како блага варена пченица ама поубаво ми е со ориз, се става изгледа мед и ореви?
ММММ обожавам интегрален ориз. Се прави скоро на истиот начин како и обичниот.Само на интегралниот му е потребно повеке вода зошто повеке време се вари.Откако ќе се свари веке кога е при крај му се додава малку млеко .Крчка уште минутка две и се трга од оганот.Додека е уште топол се додава медот и оревите.А кога постам прво чекам да се убаво свари па го цадам од водата и потоа додавам ореви.А во водата каде се вари оризот додавам шеќер.Така го спремам јас,пробај вкусно е.
Moze li nekoja od dietalkite na UN dieta da mi kaze kako go podgotvuva? [mod-kirilica:3mchm8p7][/mod-kirilica:3mchm8p7]
Вариш ориз, при грај на варењето ставаш од златниот микс (грашок, морков, пченка), вариш уште 10тина минути. Процедуваш, запржуваш на маслиново масло, додаваш зачини и тоа е тоа. За да изгледа убаво можеш до некој сад да наполниш па потоа да го превртиш и да си дојде како од калапче
Ориз со печурки - го обожавам На загреано масло се пропржува кромид, морков и пашканат (може и малку целер). Во друго тавче на путер или маслиново масло пропжите свежи печурки (може и од тегла ама убаво да се измијат претходно). Пропржените печурки ги додавате во кромид, морков, пашканат. Ставате ориз во тавата и налевате пола филџан бело вино, сол, вегета (зачини по избор) и наросувате малку ѓумбир. Сето тоа се динста 3-5мин, налевате вода и ставате во релна. Одозгора наросувате свеж сецкан магдонос откако ќе се испече оризот. Посно а вкусно
Никогаш не сум пробала вака,иако моја колешка го прави исто,плус додава печурки и го јаде со павлака Вели повкусно нешто немало,секој ден би јадела да можела.
Оризот најмногу го сакам со Месен нарезок. Нарезокот се сецка и се става во плех да се пече заедно со оризот. Вака најмногу го сакам.
Значи ориз обожавам Chinese girl here! (очите ми се такви, ми викаат од ориз многу јадење ) Ориз си обожавам потпечен значи го чистиш и го ставаш во тавче со вода заедно со запршка: кромидче, вегета, морковчиња... И го печеш во рерна. Инаку и оризот што сте го спомнале со грашок и пченка е превкусен. Можда и со печурки е убав ама тие не ми се омилени така да.. Абе ориз си е ориз
Пробајте ориз на турски начин...мммммммм прсти да си излижеш па со лимета мх мх Мајка ми најдобро го прави!!
Да,јадам.Многу мие вкусен. Инаку,тој сувиот незнам како се прави,ама јас си правам така што пропржувам кромидче на зејтин,морковче,тиквичка или модар патлиџан (зависи што имам дома),пиперка и патлиџан.После го додавам преетходно измиениот ориз и пропржувам уште малку.После смесата ја истурам во тава за печење,додавам врела вода и печам половина час,четириесетина минути. Понекогаш ставам и ситни коцкички компир,а додавам и црвен пипер. И во врска со зачините,ставам сол,вегета,кари,црн пипер и понекогаш бел пипер. Спојлер ПИПЕР!
Оризот најчесто го користам во традиционалните јадења - копани со ориз, сарма, полнети пиперки. Ама во последно време (обично кога немам идеја што да направам), запржувам кромид и лукче, и се што најдам зеленчук од фрижидер - пиперки, морков, тиквичка, модар патлиџан, печурки, сецкам на ленти и пропржувам. Оризот го варам посебно и откога ќе се свари го мијам со ладна вода, го додавам во тавата со зеленчук да се пропржи уште малку и зачинувам по вкус. Најчесто вака го комбинирам со стек.
Сте пробале пржен ориз со јајца и зеленчук? Ептен вкусно јадење, било за ручек, вечера.. Не е тешко за готвење, не одзема многу време. Состојки: - Ориз - Јајца (на еден филџан ориз 1 поголемо јајце одприлика) - Растително масло за пржење - 1 морков (среден) - 2-3 листа од зелка - 1 пиперка (црвена, зелена, било каква) - 1-2 свеж зелен кромид - зачини: сол, црн бибер, и се што ви прави мерак! (јас ставам зачин за „кинески ориз со јајца„ , но во Македонија нема таков .. така да може да експериментирате, ќе испадне вкусно како и да е! Подготовката е следна: Оризиот сварете го (сварете колку што ви треба, на еден човек од прилика еден филџан ориз). Во меѓувреме, во длабока тава испржете ги јајцата (маслото убаво да се загрее, и откако ќе ти додадете јајцата, тргнете ги од оган, и мешајте. Целта е да добиете ситни парчиња пржени јајца). Оризот се вари брзо, исцедете го. Проверете дали во тавата има доволно масло и додате го оризот. Парчињата зеленчук измијте ги, исчистете и се што спаѓа во таа категорија. Исецкајте на ситни коцки и додадете ги во тавата. Посолете, не штедете на бибер. Додадете други зачини по желба. Промешајте се убаво и на ниска температура ставете ја тавата. Покријте со капак. Мешајте секоја минута ипол, за да не подгори на дното. За одприлика 5 минути, оризот е готов!
Домаќинки дај кажите некој рецепт за студентски ориз, ми се јаде бел ориз ама не ме фаќа ум како да го искомбинирам, а да не биде печен и нормално да нема ногу сложени намирници и скапи пред се