Вака сега прво кај споменикон не може да си сместена, споменикон е на кеј. Во брдото значи на кале ке си, калето е над чаршија. Значи се ти е тука на дофат. Места за излегување сите се добри тој период.Иима и по самата чаршија како Шила, Дак па по кејон накај света софија ликвид, кадмо. Само е преголема гужва тогаш секаде. Лична не верувам дека некаде би ти побарале. За дискотека една е Парк. И во центар нокен клуб Хавана. Плажа најубава Љубаништа ама далеку е пред Св.Наум дури, ама вреди барем еднаш обавезно да ја посетиш. А Славија и Немо се најлоши, најблиску се и преполни се. Поевтино ресторанче има и домашна храна и брза храна е Фортуна, во центар е кај старата автобуска станица. Прашај слободно што те интересира, поздрав.
Женски што се случва во ОХ?за викендот сакам да одам онака на прошетка го обожавам кафето на градските плажи покрај езеро кога почнува сезоната има гужва?
Има ли некој одено во хотел Мизо во Охрид ако имате одено може ли некој да ми каже како е бидејќи таму можеби ке одам ова лето еве слика од хотелот:
Хотел Мизо ти е на влезот во Охрид, во населба далјан.ОК е , одма е до самата плажа, среден е, ама во тој дел водата не чини.
Водата е најкатастрофа тамо, ако сака некој некоја кожна болест нека се бања таму. Да не кажувам која е причината, има да ви се загади
па во охрид е екстра има гужва да но не многу сепак ќе почне гужвата кун 1 јули...а кафулињата на градските плажи покрај езеро се преполни
Еве доказ дека нешто се работи и убаво изгледа http://lider.mk/2014/06/22/fotootvorena-zlatnata-plaza-vo-ohrid/
Здраво девојки , би сакала да ми каже некој од охрид за местово дали е многу далеку од градот нешто повеќе информации или пак искуства еве линк од местото http://www.villanikola.ezweb123.com/ , и дали знае некој за превоз дали поминува близу до вилава? поздрав
Здраво девојки сакав да прашам дали некој може да ми помогнете за смештај во близина на градска плажа ?
baram kamp vo ljubanista Dali nekoj slucajno znae nekoj shto izdava kamp prikolku vo ljubanishte ? Potrebna mi e posle 6ti Avgust i okolu 5 dena ... ve molam ako nekoj ima ili znae nekoj shto ima prikolka za odgovor , mnogu mi e itno ...
Девојки дај предложете смештај во Охрид, околу центарот нека е. Со сопствено wc и кујниче малецко барем. За двајца барам. Ако може поефтино... Најдов на facebook вила Никола, ако има некоја искуство, може да каже...
Таму некаде сум сместена, споменикот Кирил и Методиј, Калето, чаршијата.. Ама убаво објаснив А од други градови таму застануваат автобусите, кај новата?
Напишав на неколку феминки кои бараa сместување во Охрид, но еве ке напишам за сите кои бараат или ќе бараат во иднина. Апартмани во центарот на градот на 50м од старата чаршија и пешачката зона.Апартманите имаат сопствено WC и кујна. Апратманите се со посебен влез и бесплатен паркинг, балкон, голем двор, скара. Апратманите имаат телевизија, кабловска телевизија и неограничен интернет и се што ви е потребно за убав одмор. Цената е 450 денари. Сите заинтересирани или оние кои сакаат подетални информации можат да ме контактираат во порака и да им пратам слики од апартманите и куќата и точната локација преку google maps, e-mail и контакт бројче.
За таксито зависи до кој дел од калето ке те однесе, но рачунај до центарот на градот ти е 80 денари, и давам простор од 20/40 денари плус да ти дојде . Повеќе од 100 денари не би требало. Вака за автобусите од сите градови застануваат тука (Галеб, Пупе Компани , Охрид Експрес застануваат сигурно)
Јас си најдов супер смештај во Рача во куќа со базен за ептен добра цена . како ќе си поминеме ќе споделам кога ќе се вратам .