1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Палачинки

Дискусија во 'Рецепти' започната од maja8, 17 јануари 2010.

  1. Temida

    Temida Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Палачинки, ги сакам многу а ги сака и ќерка ми, знам две рецепти. Па еве ги, едниот е така што на едно јајце се става 200мл кисела вода, еден помал филџан за кафе (од оние за турско-но немојте од најмалите) масло за јадење,и ставам малку сол, па колку јајца ќе ставиш така се става и другото а брашно по потреба,ако претераш со брашното додај кисела вода. Другиот рецепт е вака: 4 жолчки, 400гр млеко, 4 лажици зејтин, малку цимет, малку сол,се додава брашно како за другите палачинки, 4 белки се матат посебно со ситен шеќер. Кога ќе се стави тестото во тавата врз него со мало лажиче се става од белката на повеќе места и се пржат од едната страна се редат една врз друга со печената страна надоле редиш 4-5 палачинки и озгора ставаш една печена од двете страни. Се става чоколаден прелив. :D
     
    На RedRose97 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. NICKRIVERS

    NICKRIVERS Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    11
    јадам палачинки со еурокрем и банани, знам да ги правам а имам јадено во амати
     
  3. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    275
    Срам да ти е бе womaninwhite :D ! :wasntme: се ставало ли вакви слики тука па сеа на анима и се пријаде палачинки :D и вакви сакам,ко на сликава :mm: кај ги видов кај се зафркнав :D
     
  4. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Поховани палачинки

    Палачинките се премачкуваат со кечап, се става рендана салама, рендан кашкавал ( или сецкани на коцки) и сецкани печурки, се виткаат во ролни ( краевите се виткаат внатре за да не испаднат додатоците), се макаат во матено јајце, се пепелават во презла и се пржат во загреано масло.

    Палачинки со павлака

    Палачинките се премачкуваат со кечап, се ставаат исецкани или изрендани салама, кашкавал и печурки и се виткаат обично (да бидат долги), па се виткаат во форма на полжав. Полжавите се редат во огноотпорен сад намачкан со масло и одозгора се премачкуваат со павлака и се потпекуваат 10-на минути во рерна ( на не многуу висока температура, не знам точно на колку)
     
    На victorijaad му/ѝ се допаѓа ова.
  5. didija

    didija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    118
    Ве молам дали некој знае рецепт за посни палачинки???
     
  6. didija

    didija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    118
    Најдов :) Само не ми е јасно каков вкус би имале, но ќе ги пробам па ќе знаете и вие :)

    Посни палачинки
    Потребно (за 1 порција)
    чаша брашно
    лажичка сол
    лажичка шеќер
    Подготовка: Во брашното додајте чаша вода, сол и шеќер и мешајте со миксер додека не се разбијат грутчињата. Ако тестото е густо додајте вода, а ако е преретко малку брашно и продолжете со мешањето. Ако постите без масло, тогаш палачинките печете ги во тефлонска тава или некоја слична во која при печењето без масло палачинките нема да се залепат. Печете додека тестото не пожолти, убаво од двете стреани. Сервирајте со мед и ореви, шеќер или мармалад.
     
  7. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    21.754
    Пол:
    Женски
    Палачинки
    1 л млеко се мати со 4 јајца и 10 црпки брашно.Се става и 1 мала лажичка зејтин.Откако ќе се добие хомогена смеса,во загреано тавче се става една црпка од смесата и се прави палачинка.На крајот се мачкаат со крем,мармалад или џем,по вкус.По избор се става и банана исечкана на мали кругчиња.
     
  8. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    367
    [​IMG]


    Ајде почестете се ;)
     
  9. sweety.86

    sweety.86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    21
    Овој е мојот рецепт јас вака си ги правам и убави ми се:
    3 јајца се матат потоа се додава две чаши вода, една чаша млеко и се мати потоа брашно, пециво и малку сол.
     
  10. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Ќе може некој да ми каже рецепт за палачинки ама печени во рерна. Откако ќе се испржат и после сакам да ги направам со солен фил, но не ми е јасна постапката за во рерна се виткаат прави или се редат? Ако има некој таков рецепт нека пише. :)
     
  11. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    Еве ти линкчиња од мк сајт за кулинарство :)
    http://www.kulinar.mk/recepti/Solena-torta-od-palacinki.html [​IMG]

    ПОДГОТОВКА:
    Тесто: од наведените состојки направете тесто (како за стандардни палачинки) и оставете го да отстои 30 минути.

    Фил: испржените и оладени шампињони измешајте ги со шунката. Измешајте и поврзете ги состојките со кисела павлака.

    Испржените палачинки полнете ги со филот и наредете во правоаголна тава.

    Со малку разредена кисела павлака полијте ги наредените палачинки и посипете со рендано сирење.

    Запечете во рерна загреана на 200 степени, додека не се истопи сирењето а палачинките не добијат залтно жолта боја.
    http://www.kulinar.mk/recepti/Zapeceni-palacinki.html
    [​IMG]

    ПОДГОТОВКА:
    Палачинките испржете ги на стандарден начин.

    Измешајте ги урдата и киселата павлака, а шунката ситно исецкајте ја.

    На чинија за торта ставете една палачинка, па намачкајте со смесата од павлака, наросете сецкана шунка.

    Редете додека не ги потрошите сите состојки.

    Оставете во фрижидер до служење.

    Најдобро е ако палачинките бидат малку подебели.

    Вака наредената торта се запечува во загреана рерна.
    :)
     
  12. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу :)
     
  13. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    I jas gi obozavam na prviot nacina kako sto go opisa isto gi pravam :mm: a ovoj vtoriot so pavlaka go nemam probano ama ke go pravam vkusno izgleda:mm: Plus jas i origano dodavam ili kopar dava shmek;)
    [mod-kirilica:3snl60mh][/mod-kirilica:3snl60mh]
     
  14. golen555

    golen555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Мене ми се пријаде сега, и одма одам да ги направам оти за нешто што ми се јаде немам никаква мрза. ;)
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.001
    Пол:
    Женски
    Крокети од палачинки

    Се прават 15-16 палачинки (сите знаеме како :) ).
    Фил: Се вари и сецка пилешко бело месо, се додава 250 г исецкана шунка, магдонос, црн пипер, сол и 2-3 лажици мајонез. Се полнат (една лажица фил - не премногу, инаку ќе тече), се виткаат како цилиндар (да се затворат двата краја), се валкаат во брашно, па во матено јајце, па во презла и се пржат во врело масло.

    Солена торта од палачинки

    Се прават околу 20тина палачинки. Се редат една над друга како кори од торта, при што секоја палачинка се премачкува со смеса од мајонез и павлака (убаво измешани), па се редат цели (тенко сечени) парчиња шунка, парчиња кашкавал (да се покрие палачинката), рендани кисели краставички, малку рендано сирење, а може и маслинки, по желба (јас само за украсување ги користам). Се редат така се додека се потрошат палачинките, а последната се премачкува со павлака и се украсува по желба, како торта.
     
    На sanaqualia и LivingGlam им се допаѓа ова.
  16. seksi

    seksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    113
    СМЕСА ЗА ПАЛАЧИНКИ

    кисела вода, јајца, брашно, сол малку.. мислам дека тоа беше
    Малку да биде течно
     
  17. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    1 литар млеко
    Пола литар кисела вода
    3-4 јајца
    1 кафена лажичка шеќер
    1/3 (една третина) лажиче сол
    1 супена лажица масло
    брашно отприлика 600 грама (да се добие смеса како за палачинки)
     
    На trendy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. trendy

    trendy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2010
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    172
    и да додадам на крајот еурокремче :lol:
     
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Си ги сакам и благи и слани и си ги правам. Кога ме фати манија правам нон стоп па се заситам и одмарам така некој месец и потоа пак. Обично во замрзувачот имам по некоја слана палачинка која е испохована и наполнета со фил и кога ми се најават гости само ги испржам и ете ти вкусно јадење.
     
  20. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Ммммммммммм..... Палачинките ми се омилен десерт. Седнување во ресторан и без палачинки нема заминување :rofl: . Дома знам понекогаш да направам и се што е направено се јаде веднаш :lol: . Омилени ми се благите со крем, банана, шлаг, чоколаден прелив........... :)