1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Палачинки

Дискусија во 'Рецепти' започната од maja8, 17 јануари 2010.

  1. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.106
    Допаѓања:
    88.099
    Пол:
    Женски
    Сакам палачинки, солени и благи, но повеќе благи. Правам по дома, но повеќе сакам да си јадам во Амати, најубави ми се таму.
     
  2. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Женски
    Oбожавам палачинки знам да си направам кога нема нешто благо дома.Најчесто ги јадам со еурокрем,шлаг,банани,џем од јагоди или пак со сладолед,а може и солени ама поретко.Најубави ми се палачинките во тренд,амати,маракана,дал мет фу,палма.
     

    Прикачени фајлови:

  3. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.983
    Допаѓања:
    5.727
    тестото незнам сама да го направам ..мајка ми го прави тестото , а јас ги превртувам во тавчето .. :D
    но веќе мислам дека ми се одјадени оти кога бевме на одмор само тоа јадев , си правев дури и за на плажа :D
     
  4. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Ако за нешто можам слободно да кажам дека сум специјалист, е тоа се палачинките. Со оглед на тоа што ги правам од 6то одделение и срамота би било да не ги усовршам :D
    Омилени ми се оние со мелени лешници, нутела и банана мммм :inlove:
     
  5. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    225
    Лел луѓе јас веќе никогаш нема на ги читам темите за храна,па нема смисла само таму ми е паметот кога ке прочитам нешто.Еве веќе ми кркорат цревата.А да те вратам на темата,јадам палачинки,како солени така и благи.Има една изрека татко ми постојано ми ја кажува-За локомо свинче нема лоша помија :D :D :D *помија е храната што им се дава на свињите.
     
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    ФБИ, сакаш палачинка battle да правиме? :muscle: :)

    Ептен сакам да ги правам. Палачинките се најдоброто и воедно првото нешто што научив да го готвам уште од многу млади години. Научив од тогаш до сега некои нови и интересни рецепти.

    Пробајте да ставите на палачинката шеќер во прав и капнете малку лимон, по препорачка на една Французинка - толку едноставно а сепак вкусно!
    Или вмешајте во тестото парчиња јаболка или пак некое друго овошје ;)
     
    На FBI и Lux им се допаѓа ова.
  7. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Мојата желба за јадење палачинки е обратнопропорционална со моите способности да ги направам истите. Ама затоа со задоволство се канам на гости кај што има палачинки, или едноставно и досадувам на мајка ми дур не ми направи. :D

    Солени не јадам, ама благи...ех, што беља ми направи темава, лиги ми потекоа!
     
  8. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Смесата никогаш не ја правам јас, затоа што незнам да ја направам, но затоа тука сум за да ги превртувам во тавче :D . Најчесто ги јадам со еурокрем, банани и чоколаден прелив.
     
  9. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    Мн ги сакам палачинките....Највеќе сакам да ги јадам со крем, кокос и плазма... најубавите палачинки што сум ги јадела беа минатото лето во црна гора. Беа со банана внатре , крем одозгора со прелив...,ммм ми се пријадува кога поммислувам на нив...хех :D :D :P
     
  10. Bajaderka

    Bajaderka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    339
    уф обожавам палачинки,секогаш му текнува на дечко ми да јадеме,дека не ги прави он инаку чисто сумјам дека ќе ги јаде толку често :D
    тестото го правам одоко, не е по рецепт само за благите додавам и несквик во него(мммм).Ги премачкувам со нутела им става мелена плазма и исечкани банани. Од солените ги обожавам само со сиренце во нив или пак внатрешната страна премачкана со мајонез, павлака наполнета со варен стек исецкан на парчиња и печурки. Фантазија од солена палачинка. Еднаш една тетка ми правеше едни чудни палачинки :D
    Во претходно зовриена вода со лук и сол ги потопуваше палачинките, онака само колку да го добијат мирисот ги брцнуваше, потоа во тава за печење ги редеше ред палачинки ред сирење и ги потпече. Интересни беа само јас не обожавам лук, тоа ми беше прв пат во животот да јадам нешто со лук.
     
  11. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    ^^
    Има и уште еден рецепт за солени палачинки со лук, но не го знам баш, а го јадев последен пат на слава. Нешто како солена торта од палчинки со ореви и лук.
    Јас се улетав да пробам, ама каков шок ми беше кога осетив лук, не можам да објаснам. Ми се преврте желудиникот, и тоа најмногу од лукот што го имаше во трипати поголема количина од препорачаното.
    Дури и сега кога пишувам ми се гади по малку.
    Рецептот значи, идејата не е лоша. Ама толку лук.....ја расипува палачинката.
     
  12. Isidora-Veles

    Isidora-Veles Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    124
    Ммммм моето омилено јадење... ги обожавам :inlove:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG] :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На KuklickaSk и esperanca им се допаѓа ова.
  13. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Обожавам палачинки.......сами си ги подготвувам....правам само благи а сакам некогаш да си направам солени :D
     
  14. beautiful87

    beautiful87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    116
    Обожавам палачинки особено со нутела и рендани оревчиња внатре. А за да ви бидат полн погодок додека ги подготвувате во тестото внатре на најситно изрендајте малку кора од лимон и од портокал, ммммм така добиваат посебен шмек :inlove: . Ама немојте да претерате малку изрендајте за да не ви загорчува.
     
  15. eki4k2

    eki4k2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    41
    Најубави ми се со крем лешници и кокос,а ги јадам и солени со салама кашкавал кечап и мајонес мммм....мми се пријаде :)
     
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Немам ништо против солени палачинки, ама не знам некако, од старт јас палачинките си ги гледам како нешто слатко така што за мене благи палачинки ми се фаворит. Со фил од се што е слатко, од овошен микс, до оние со фил од чоколадо ммм
     
  17. noli

    noli Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    Обожавам палачинки.....највкусни ми се :)
     
  18. Lady-PinkHeart

    Lady-PinkHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    135
    Баш синоќа правев палачинки... со еурокрем и банани... И лесно, и вкусно... ммм.. :)
     
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Денес направив 50тина палачинки, со нутела и плазма :inlove:
    се изедоа за 2 мин, цело маало ми дојде на врата од миризбата :)
     
  20. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    180
    Пол:
    Женски

    Ја обожавам таа комбинација, добро, ако се нема плазма, може и обични мелени бисквити, плус мелени ореви, милина. :)

    Арно ме потсети, да тркнам до кујната.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.