1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пекарски компир

Дискусија во 'Рецепти' започната од mackice, 3 јануари 2011.

  1. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    хахах е, пак може де и во ќеса да се печат, не е тоа проблем :), оние на маги ќесите, не е страшна грешката :P има и за тоа чудо, решение. Штом пилето може и компирот може, но не би било тоа тоа, според мене :)
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893
    го направив и е превкусен :o :) му ставив презла,црвен пипер,вегета,italian herbs, и печев со путер,немам зборови :)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Повеќе пати каде што се продаваат готови готвени јадења или во порции низ ресторани гледав пекарски компир. Нешто што воопшто не ми се допаѓа е тоа што го прават неизлупен. Некако немам доверба дека доволно е измиен и чист компирот, па никогаш не сум пробала.
    Инаку дома си го правам малку сварен, па печен да зарумени и да фати како коричка, со повеќе различни зачини по избор.
    Го добивам ова
    [​IMG]

    Ама ако кај нас ваквиот компир се нарекува пекарски, на други краеви од светов пекарски компир е нешто друго :) . На едно патување порачав baked potato и добив неизлупен компир (си го излупив сама) :D ама цел, вдлабнат во средината и полнет со кашкавал, некој сос, павлака, варен зеленчук, шунка..Вкус извонреден!
    [​IMG]

    Е вчера по сугестија на Моира, испеков во рерна замрзнат помфрит на хартија со зачини и излегоа прекрасни, непремрсни, крцкави компирчиња (се прејадов :$ )
     
    На Jagoda123, zhap4e и Moira им се допаѓа ова.
  4. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Кај дечкото за прв пат пробав ваков вид на компир,односно приготвен вака.Се лупи,сечи компирот на половина ,по желба и на помали парчиња.Потоа се реди во плех предходно намачкан со маргарин или масло ,а одозгора се става ким,вегета,малки сол,рузмарин,црн бибер.Може да се стави се што сакате од зачини,изборот е голем.Се печи се додека не зарумени компирот.Вкусот е феноменален и дефинитивно препорачувам да го пробате.
     
  5. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    2.122
    Како сте домаќинки? :D Пекарски компир мммм преубаво. Читам дека го печете компирот во рерна. Јас пекарскиот (по рецептот од тато ) го правам во микробранова. Се сече компирот на кругчиња, се полива со малку масло вегета и млеко. Во микоробранова некаде 15тина минутки (зависно од микробрановата). Пробајте, поедноставно е за припрема ама во секој случај вкусно :)
     
  6. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Пекарскиот компир (или т.н компир во фурна) прво се вари неколуку минути, потоа се зачинува и се пече во релна додека зарумени целиот.

    Разликата од домашниот од тој по рестораните е што во рестораните користат замрзнати исечкани компири (а, во некои ресторани го печат во фурна), и не користат многу зачини.

    На крајот компирот мора да е убаво златесто-кафеав, одзгора крцкав, а внатре мек и да не е мрсен. (Значи не се пржи во масло, туку се печи).

    И највкусен е со одзгора изрендано сирење како на шопска. :)
     
  7. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Јас испробав многу рецепти ама пак не ги добив тие што ги барав. Претпоставувам дека по рестораните ги печат на поголеми температури така да ми останува само да одам по кафани :)
     
  8. Pufkaa236

    Pufkaa236 Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2013
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    4
    ние правиме онаков компир со сусам..
    се земаат помали компирчиња, може и поголеми сеедно!! :)
    се ставаат во тавче (ама цели) се става малку масло врз нив и под нив да не се залепат..
    потоа си ставаш зачини по желба (вегета,црвен пипер,оригано..шо сакаш) и потоа се посипува сусам врз компирите и ги печеш..тоа е тоа :)
    бонапетит! :)
     
  9. Sweetheart87

    Sweetheart87 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    706

    Потврдувам за овој рецепт... синоќа го правев и сите останаа вакви :o .
    ПРЕВКУСНО Е !!!

    П.С го правев во комбинација со Доритос сосот на Ludoto19
     
  10. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Колку сакаш прави ги дома, ќе имаш вкусни компири, ама нема да бидат исти.
    Ги печат замрзнати и во фурна. Дома во релна не се добива истиот ефект.
     
  11. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Денес планирам да го испробам,ама ќе видиме,како ќе имам време... :)
     
  12. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    822
    Јас денес го пробав, преубаво од сега се вака ќе го правам
     
  13. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    20.469
    Јас го правам вака:
    Тавчето го мачкам со маргарин за да не залепат,компирите ги сечам на поголеми парчиња и секое парче го посолувам со вегета и го ваљам во презла и сусам и го печам.Превкусен е